Зошто да не ја покриеме пустината со соларни панели? - Ден Квартлер
4,832,560 views |
Kristina Stamenova |
TED-Ed
• October 2021
Протегајќи се на површина од речиси 9 милиони км2 покриена со песок што достига температура од 80 степени целзиусови, секоја година пустината Сахара добива околу 22 милиони терават часови сончева енергија. Тоа е над 100 пати повеќе енергија отколку што човештвото троши годишно. Па, дали покривањето на пустината со соларни панели може да ги реши нашите енергетски проблеми? Ден Квартлер ја истражува можноста на ова прашање. [Во режија на Кристоф Сароу, AIM Creative Studios, раскажана од Џек Катмор-Скот, музика на Андре Аирес].