3,699,981 views | Хаџер Шариф • TEDSummit 2019
Како семејната вечера да се искористи за учење политика
„Секој треба да учествува во донесување одлуки и во политика, а тоа започнува дома“, вели активистката Хаџер Шариф. Таа претставува едноставна, но сепак преобразувачка идеја: родителите можат да им пренесат знаење за политика на децата со тоа што ќе им дозволат да учествуваат во управувањето со домаќинството, преку спонтани фамилијарни состаноци каде секој може да го искаже своето мислење, да преговара и прави компромис. „Мора да ги научиме луѓето дека политичките, националните и глобалните работи се исто толку релевантни колку личните и семејните работи,“ вели таа. „Дали можете да си дозволите да не бидете заинтересиран или да не учествувате во политика?“