Марва Ал-Сабоуни
939,288 views • 10:25

Здраво! Се викам Марва, архитект сум. Родена сум и пораснав во Хомс, град во средно-западниот дел на Сирија и отсекогаш тука живеам. По 6 години војна, Хомс денес е пола уништен град. Моето семејство и јас имавме среќа- нашиот дом сеуште стои. Иако веќе 2 години сме како затвореници дома. Надвор имаше демонстрации и борби, бомбардирања и снајпери. Со мојот сопруг водевме архитектонско биро на плоштадот во стариот град. Го нема веќе како и поголемиот дел од стариот град. Половина од останатите делови на градот сега се урнатини. Од прекинот на огнот кон крајот на 2005-та, поголеми делови на Хомс беа повеќе или помалку мирни. Економијата е целосно уништена и луѓето сеуште се борат. Трговците кои имаа тезги во стариот дел на градот сега работат надвор на улиците. Под нашиот стан има еден столар, слаткарници, месара, печатница, занаетчиски дуќании и многу други. Почнав да предавам хонорарно и заедно со мојот сопруг, кој има неколку ангажмани, отворивме мала книжарница. Другите луѓе се занимаваат со разни работи за да опстанат.

Кога го гледам мојот уништен град, се разбира, се прашувам: Што придонесе за оваа бесмислена војна? Сирија во голем дел беше место на толеранција, историски приспособена за различности, прифаќајќи бројни различни обичаи, потекла, навики производи и храна. Како мојата земја- земја со заедници кои живееја во хармонија и слога околу нивните различности- како се изопачи во граѓанска војна, насилство и раселеност и невидена секташка омраза? Имаше многу причини кои ја предизвикаа војната- социјални,политички и економски. Сите тие повлијаеа. Но,сметам дека има една основна причина што не е земена предвид и која е значајна да се анализира зашто од неа многу ќе зависи дали ќе бидеме сигурни дека ова нема повторно да ни се случи. Таа причина е архитектурата.

Архитектурата во мојата земја имаше значајна улога во создавањето,водењето и засилувањето на конфликтот меѓу завојуваните страни и ова веројатно е така и за други држави. Има сигурна поврзаност меѓу архитектурата на едно место и видот на заедницата населена во тоа место. Архитектурата игра значајна улога во тоа дали заедницата ќе се разедини или ќе се зближи. Сирија долго време го одржуваше заедничкиот соживот на различните традиции и нивното минато. Сиријците ги почувствуваа успесите на отворена трговија и оддржливи заедници. Уживаа во вистинското значење на припадност на едно место и тоа се рефлектираше во нивниот начин на градење, во црквите и џамиите изградени едни кон други во испреплетените базари и јавни места и пропорциите и размерот засновани на принципите на човечност и хармонија.

Оваа измешана архитектура сеуште се гледа во остатоците. Стариот исламски град на Сирија беше изграден врз многуте слоеви на минатото, во спој со него и неговиот дух. Така и заедниците. Луѓето живееја и работеа заедно на место кое им даваше чувство на припадност. и ги правеше да се чувствуваат како дома. Тие споделуваа исклучително поврзано постоење.

Но, во текот на минатиот век, постепено чувствителниот однос на овие места бил засегнат; прво од урбаните планери на колонијалниот период кога Французите почнаа со ентузијазам да го трансформираат тоа што го сметале за не-модерен сириски град. Ги збришаа градските улици и ги преместија спомениците. Тоа го нарекоа унапредување и тоа беше почеток на еден долг и бавен расплет. Традиционалниот урбанизам и архитектура на нашите градови обезбедуваше идентитет и припадност не со поделеност, туку со сплотување. Но, со тек на време старото стана бескорисно и новото преовлада. Хармонијата на изградената околина и социјалната средина ја растргнаа елементите на модернизмот- брутални, недовршени бетонски блокови, запуштени, естетски уништени, разединет урбанизам кој ги сврсти заедниците по класи, вера или моќ.

Истото се случуваше и со заедниците. Како што се менуваше обликот на изградената околина, така се менуваше и животниот стил и чувството на припадност во заедниците.

Во регистарот на заедништво и припадност архитектурата стана начин на разликување и заедниците почнаа да се оддалечуваат од сржта што ги зближуваше, од душата на местата кои го означуваа нивното заедничко постоење.

Иако имаше многу причини за војната во Сирија, не треба да се потцени начинот на кој, придонесувајќи за губење на идентитетот и само-почитта, урбаното зонирање и слепата, нечовечна архитектура предизвикаа секташка поделеност и омраза. Со тек на време,соединетиот град се претвори во градски центар со гета низ перифериите. Како резултат,кохерентните заедници станаа посебни социјални групи, меѓусебно оттуѓени и оттуѓени од местото. Според мене, губењето на чувството на припадност и чувството на споделување на местото, го овозможија неговото уништување.

Јасен показател за ова е неформалниот систем на домаќинства, кој пред војната опфаќаше 40% од населението. Да,пред војната,речиси половина од населението во Сирија живееше во сиромашни квартови, периферни области без прописна инфрастуктура, бескрајни редици на голи блокови од бараки населени со луѓе, луѓе кои претежно припаѓаа на иста група, според религија, класа,потекло или сѐ заедно.

Овој гетоизиран урбанизам се покажа како очигледен предзнак за војна. Конфликтите се многу полесни меѓу претходно поделени области- каде „другите“ живеат. Врските кои порано го поврзуваа градот- било социјални преку кохерентни градби, или економски, преку трговијата во базарите, или религиски, преку заедничкиот соживот- беа изгубени во слепата,без визија модернизација на градбите.

Дозволете една дигресија. Кога прочитав за хетерогениот урбанизам во други делови на светот, во кои се и етничките делови во британските градови или околу Париз и Брисел, го увидов почетокот на еден вид нестабилност кој катастрофално го доживеавме овде во Сирија.

Безмилосно ги унштивме градовите, како Хомс,Алепо, Дараа и многу други и речиси половина од населението на државата е раселено.

Се надевам војната ќе заврши и морам да се запрашам како архитект: Како повторно ќе изградиме? Кои принципи ќе ги примениме, за да не ги повториме истите грешки? Според мене, главниот фокус теба да биде на изградба на такви места во кои луѓето ќе чувствуваат дека припаѓаат. Архитектурата и планирањето треба повторно да опфатат некои од традиционалните вредности кои го правеа токму тоа, создаваа услови за соживот и мир, вредности на убавина кои не изразуваат снобизам, туку достапност и едноставност, морални вредности кои промовираат великодушност и прифаќање, архитектура која е за секој да ужива, не само за елитата, како што беа алеите под сенки во стариот исламски град, и мешаните дизајни кои создаваат чувство на заедништво.

Има едно маало тука во Хомс што се викаше Баба АМР и беше целосно уништено. Речиси пред две години го претставив овој дизајн на конкурсот на ОН „Хабитат“ со цел да се реконструира. Идејата беше да се создаде урбана структура инспирирана од дрво, со способност да расте и органски да се распространува налик на традиционалниот мост надвиснат над старите алеи, каде што ќе има станови, приватни дворишта, продавнци, занаетчиски дуќани,паркиралишта зеленило за игри и забава дрвја и сенковите простори. Далеку од реалноста, очигледно. Направив слица за неколку часа додека имавме струја. Постојат многу можни начини да се покаже припадност и заедништво преку архитектура. Но, споредете го ова со самотните, неповрзани блокови предвидени со официјалниот проект за реконструкција на Баба Амр.

Архитектурата не е оската околу која се движи животот на луѓето, но,таа има моќ да укажува и да го води начинот на кој луѓето функционираат. Во таа смисла,населувањето,идентитетот и социјалната интеграција се создавачите и производот на ефикасниот урбанизам. Кохерентниот урбанизам на стариот исламски град и на многу други европски градови, на пример, промовираат интеграција, додека редици на бездушни домаќинства или градски блокови, дури и да се луксузни, промовираат изолација и „да се биде поинаков“. Дури и едноставните нешта како што се сенковити места,овошни дрвја или јавни чешми во градовите можат да направат разлика во тоа како се чувствуваат луѓето таму, и дали ги сметаат за благородни места кои нудат простор вреден да се чува и придонесува за него, или пак ги гледаат како оттуѓени места, посеани со семето на омраза. Едно место за даде нешто, треба и неговата архитектура да дава.

Градбите во околината имаат значење. Структурата на нашите градови се рефлектира во структурата на нашите души. Без разлика дали се дивоградби за сиромашни, излитени социјални живеалишта прегазени стари градови, шуми или висококатници, современите урбани архетипови кои навлегоа низ целиот Среден Исток беа една од причините за оттуѓување и расцеп на нашите заедници.

Може да извлечеме поука од ова. Може да научиме како да градиме на поинаков начин, како да создадеме архитектура која ќе придонесува, не само за практиччниот и економскиот аспект на животот на луѓето, туку и за нивнте социјални, духовни и психололошки потреби. Тие потреби воопшто не беа земени предвид во сириските градови пред војната. Треба повторно да создадеме градови кои ќе ги споделуваат заедниците населени во тие градови. Ако го сториме тоа,луѓето нема да имаат потреба да бараат идентитет спротивен на другите идентите наоколу бидејќи ќе се чувствуваат како да се дома.

Ви глагодарам на вниманието!