Нов вид лек, изработен по мера од ситни протеини
1,886,238 views |
Кристофер Бал |
TED2019
• April 2019
Некои од најчестите лекови што спасуваат животи, како на пример инсулинот, се направени од толку големи и кревки протеини што мора да се инјектираат наместо да се пијат во форма на апчиња.
На пат е нова генерација лекови -- направена од помали, поиздржливи протеини познати како пептиди. Во својот брз и содржаен говор, Кристофер Бал, молекуларен инженер и член на ТЕД, објаснува како тој користи компјутерски дизајн да создаде моќни пептиди што еден ден би можеле да го неутрализираат грипот, да штитат од ботулизам, па дури и да ги спречат клетките на ракот да растат.