Follow TED
Be the first to know about new TEDTalks, TED news and other announcements.
Click on any phrase to play the video from that point.
Во 1962, со „Тивката Пролет“ на Рејчел Карсон, мислам дека за луѓето од светот на правење работи, славејот во рудникот не пееше веќе. Така прашањето дека може да ги изгубиме птиците стана фундаментално за нас кои шетаме наоколу барајќи ги птиците кои се чини сосема исчезнаа. И прашањето беше, дали пееја птиците? Сега, јас не сум научник, да расчистиме. Но, знаете, само што ја завршивме дискусијата што е птицата. Што е птица? Па, во мојот свет, ова е гумена патка. Доаѓа од Калифорнија со предупредување „Овој производ содржи хемикалии познати од Калифорнија дека предизвикуваат рак и дефекти при раѓање или други репродуктивни проблеми.“ Ова е птица. Каква е таа културa која произведува ваков вид продукти и ги обележува и ги продава на деца ? Мислам дека имаме проблем со дизајнирањето.
Некој кој го има чуено мојот 6 часовен говор наречен „Дијалозите Монтичело“ на НПР, и ми го прати следново како благодарност -- „Сфаќаме дека дизајнот е сигнал на намера, но исто така треба да се случи во свет, и мораме да го разбереме тој свет со цел да ги обвиткаме нашите дизајни со вградена интелигенција, и како што гледаме назад кон основната состојба во која дизајнираме, ние, на некој начин, треба да влеземе во примордијалната состојба за да го разбереме оперативниот систем и рамката на услови на една планета, и мислам дека возбудливиот дел се добрите вести дека е таму, бидејќи вестите се дека има изобилие, а не ограничување, и мислам дека нашата култура се мачи себеси во моментов со тирании и грижи околу граници и страв, а ние може да ја додадеме ова друга димензија на изобилие кое е кохерентно, водено од сонцето, и да замислиме како би изгледал тој свет кој го делиме.“ Тоа беше убава работа да се добие. Тоа беше една реченица. Хенри Џејмс ќе беше горд. Ова е -- Го ставам доле на дното, тоа беше спонтано, очигледно.
Основниот проблем е тоа што, за мене, дизајнот е првиот сигнал на човечките намери. Така што се нашите намери, и што би биле нашите намери -- ако се разбудиме наутро, и имаме дизајн на светот -- кои би биле нашите намери како вид сега кога сме доминантни на планетава? И не е само дебата за слугување и владеење бидејќи во основа, владеењето е имплицитно на слугувањето -- бидејќи како може да владеете над нешто ако го убиете ? И слугувањето е имплицитно во владеењето, бидејќи не можете да слугувате на нешто ако не можете да го владеете.
Прашањето е, што е првото прашање за дизајнерите? Сега како Чувари -- да речеме дека државата, на пример, која го резервира правото да убие, правото да биде измамничка и така -- прашањето кое му го поставуваме на Чуварот во овој момент е дали ние треба и, како требаме, да ги осигураме локалните друштва, да создадеме светски мир и да ја спасиме околината? Но не знам дали тоа е општата дебата.
Комерцијата, од друга страна, е релативно брза, креативна, високо ефективна и ефикасна, и искрена во основа, затоа што не можеме да разменуваме вредности долго време доколку не си веруваме еден на друг. Така ги користиме алатките на комерцијалата за нашата работа, но прашањето што го донесуваме е, како да ги сакаме децата на сите видови за сите времиња ? И така ги почнуваме нашите дизајни со тоа прашање. Бидејќи она што го сфаќаме е дека модерната култура изгледа има усвоено стратегија на трагедии. Ако дојдеме дотука и кажеме, „ па немавме намера да направиме глобално затоплување по пат,“ и речеме, „Тоа не е дело од мојот план,“ ќе сфатиме дека е тоа дел од нашиот де факто план. Бидејќи тоа е она што се случува кога немаме друг план.
Бев и во Белата Куќа со Претседателот Буш, среќавајќи се со секоја федерална служба и агенција, и им посочив дека делуваат како да немаат план. ако крајната цел ни е глобално затоплување, одлично им оди. Ако крајната цел е загадување со жива на нашите деца во линија со централите на јаглен како што го исцедија законот за чист воздух, тогаш сметам дека нашите едукациски програми треба да бидат експлицитно дефинирани како, „Мозочна смрт за сите деца, не оставајте ни едно.“
Така, прашањето е, колку федерални претставници се спремни да се преселат во Охајо и Пенсилванија со своите фамилии? Ако немате цел за нешто прекрасно, тогаш само ги поместувате шаховските фигури наоколу, ако не знаете дек треба да го заробите кралот. така може да развиеме стратегија на промена, што бара понизност. И во мојот бизнис како архитект, е лошо што зборот понизност и архитект се немаат појавено во ист параграф од „The Fountainhead.„ Ако некој овде има проблем со концептот на понизност во дизајнот помислете на ова -- ни требаше 5000 години да ставиме тркала на багажот. Така, како што Кевин Кели посочи, не постoи крајна цел. Постои бесконечна игра, и ние учествуваме во таа игра. Затоа ја нарековме „од Колевка до Колевка,“ и целта ни е многу едноставна.
Ова го презентирав во Белата Куќа. Нашата цел е прекрасно разновиден, сигурен, здрав и праведен свет, со чист воздух, вода, почва и енергија -- економски, правично, еколошки и елегантно уживан, точка.
Што не ви се допаѓа околу ова? Кој дел од ова не го сакате? Сфативме дека сакаме целосен диверзитет, иако можеби е тешко да се сетите што кажа Де Гол кога го прашале како е да биде претседател на Франција. Рекол, „Што мислите како е да водите земја со 400 вида сирење?“ Но во исто време, разбираме дека нашите производи не се безбедни и здрави.
Така дизајниравме производи и ги анализиравме хемикалиите до дел од милион. Ова е ќебе за бебиња од Пенделтон кој ќе го храни вашето дете наместо да добие Алцхајмерова болест подоцна во животот. Можеме да се прашаме, што е правда, и дали правдата е слепа или е слепилото правда? И во кој момент униформата се промени од бела во црна ? Водата е прогласена за човечко право од Обединетите Нации. Квалитетот на воздухот е очигледна работа за секој кој дише. има ли некој тука што не дише ? чистата почва е критичен проблем -- азотното загадување, мртвите зони во Мексичкиот залив. Фундаментално прашање кое не е одговорено. Ја видовме првата форма на соларна енергија која ја победува хегемонијата на фосилните горива во форма на ветер овде во Големите Рамници, и така таа хегемонија си заминува. И ако се сетиме на Шеик Јамани кога го формираше ОПЕК, го прашаа, „Кога ќе го видиме крајот на нафтеното доба?“ Не знам дали се сеќавате на неговиот одговор, но тој беше, „Каменото доба не заврши бидејќи ни снема камења.“ Гледаме дека компании кои работат етички во овој свет имаат подобри резултати. Го гледаме токот на материјали како застрашувачки момент. Ова е болнички монитор од Лос Анѓелес, пратен во Кина. Оваа жена ќе се изложи себеси на токсичен фосфор, ќе ослободи 2 кила токсично олово во средината на нејзините деца, кое е од бакар.
Од друга страна гледаме големи знаци на надеж. Еве го Др. Венкатасвами во Индија, кој нашол начин како масовно да обезбеди здравство. Тој им има помогнато да прогледаат 2 милиони луѓе бесплатно. Гледаме во нашиот тек на материјали дека челикот од колите не се преработува пак во челик заради загадувачите во прекривката -- бизмут, антимон, бакар, итн. Тој станува градежен челик. Од друга страна, работиме со Беркшир Хедавеј, Ворен Бафет и Шо Карпет, најголемата компанија за теписи на светот. Развивме тепих кој е континуално рециклабилен, до дел од милион. Горниот слој е Најлон 6 кој оди назад во капролактам, дното, е полиолефин -- термопластика со бесконечна можност за рециклирање. Да бев птица, зградата на лево е проблем. Зградата на десната страна, која е нашиот корпоративен кампус на Геп со античката ледина, е богатство -- таа простор за гнездење.
Еве од каде доаѓам. Израснав во Хонг Конг, со 6 милиони луѓе на 40 квадратни миљи. За време на сувата, сезона имавме 4 часа вода секој четврти ден. Односот кон земјата кој го имаат фармерите таму е причината што работат на истото парче земја веќе 40 векови. Не можете да обработувате исто парче земја 40 века без да го разберете текот на нутриентите. Моите лета во детството беа во Пугет Саунд на Вашингтон, меѓу првиот голем раст. Мојот дедо беше дрвосечач учесник на Олимпијадата, Па така имам доста карма од дрва која треба да ја надминам. Учев во Јејл школата, учев во зграда со овој стил на Ле Корбизие, нагалено позната во нашиот бизнис како брутализам. ако го погледнеме светот на архитектурата, гледаме со кулата на Миес од 1928 во Берлин, прашањето може да е, „па каде е сонцето?“ И ова можеби функционирало во Берлин, но го изградивме во Хјустон, и прозорите се сите затворени. А со многу производи кои не биле планирани за затворен простор, ова е всушност вертикална гасна комора.
Кога бев во Јејл, ја имавме првата енергетска криза, ја дизајнирав првата куќа со соларно греење во Ирска како студент, која потоа ја изградив -- што ви дава чувство за мојата амбиција. И Ричард Мејерс, кој беше еден од моите учители, доаѓаше на мојата маса да ме критикува, и ќе кажеше „ Бил мора да разбереш -- соларната енергија нема ништо заедничко со архитектурата.“ Претпоставувам не го читал Витрувиус. Во 1984, ја направивме првата таканаречена „зелена канцеларија“ во Америка за одбраната на животната средина. Почнавме да ги прашуваме производителите што има во нивните материјали. Рекоа,„Тие се заштитени, правно, одете си.“ Единствената квалитетна работа во земјава во тоа време беше спонзорирана од Р.Џ. Рејнолдс Тутунската компанија, и беше за да се докаже дека нема опасност од пасивно пушење на работните места.
Така, одеднаш, еве ме, дипломирам од средно училиште 1969, и ова се случува, и сфаќаме дека „надвор“ одите понатаму. Се сеќавате кога фрламе работи , покажуваме надвор ? и сепак , NOAA ни покажа , на пример -- ја гледата плавата маса над Хаваи? Тоа е пацифичкиот вртлог. Скоро го чешлаа за планктон научниците, и најдоа 6 пати повеќе пластика од планктон. кога ги прашаа, рекоа,„ тоа е како огромен тоалет кој не тече.“ Можеби тоа е надвор. така бараме правила за дизајн за ова -- Тука е најголемиот биодиверзитет на дрва во светот, Иријан Џаја, 259 видови на дрво, и ние тоа го опишавме во книгата, „Од Колевка во Колевка“. Самата книга е полимер. Таа не е дрво. Тоа е и името на првото поглавје -- „Оваа книга НЕ е дрво.“ Зашто во поезијата, како што посочи Маргарет Атвуд, „Ја пишуваме нашата историја на рибини кожи со крвта на мечките.“ И со толку многу полимери, она што ни треба е техничка прехрана, наместо да користиме нешто толку елегантно како дрво -- замислете ја дизајнерскава задача: Дизајнирајте нешто што произведува кислород, го користи јаглеродот го корегира азотот, дестилира вода, акумулира сончева енергија како гориво, произведува сложени шеќери и храна, креира микроклима, менува бои со годишните времиња и се само реплицира. Море, што не го исечеме и да пишуваме врз него ?
Така, гледаме на истите критериуми како повеќето луѓе -- знаеш, можам ли да си го дозволам тоа? Дали работи? Дали ми се допаѓа? Ја додавеме Џеферсонова агенда, јас доаѓам од Шарлотсвил, каде имавме привилегија да живееме во куќа дизајнирана од Томас Џеферсон. Додаваме, Живот, Слобода, и стремежот кон среќата. Сега ако го погледнеме зборот компетиција, сигурно повеќето сте го користеле. знаете, повеќето луѓе не сфаќаат дека доаѓа од Латинското competare, кое значи да тежнееме заедно. Тоа го означувало начинот на кој Олимпијците тренирале заедно. Тие постигнувале кондиција заедно, и се тогаш се натпреварувале. Сестрите Вилијамс се натпреваруваат -- но една победува на Вимблдон. Така Гледавме на идејата на натпреварување како начин за соработка со цел да постигнеме кондиција заедно. Кинеската влада сега има -- Јас работам за Кинеската влада во моментов -- сега тоа го има преземено. Ние исто така го разгледуваме преживувањето на најспремните, не само во контекст на компетиција како што ја подразбираме во модерен контекст каде го уништуваме другиот, или го спружуваме на земјата, туку навистина да станеме спремни заедно и да изградиме ниши и да постигнеме раст кој е позитивен.
Повеќето енвиронменталисти, велат дека растот не е добар, затоа што, во нашиот лексикон, асфалт содржи два збора кои значат вина. Но ако го погледнеме асфалтот како наш раст, тогаш сфаќаме деке се што правиме е го уништуваме фундаменталниот планетарен оперативен систем. Така кога ќе видиме Е еднакво на М Ц на квадрат , од поетска перспектива, Е ја гледаме како физика, Хемијата како масата, и одеднаш, ја добиваме сета таа биологија. и имаме многу енергија, така ќе го решиме тој проблем, но проблемот со биологија е потежок, зашто како што ги отпуштаме овие токсични материјали кои ги исфрламе, никогаш нема да може да се повратиме. Како што рече Францис Крик, 9 години откога ја отрки ДНК со г-н Вотсон, дека животот сам по себе го има растот како предуслов -- тој мора да има слободна енергија, сончева светлина и треба да е отворен систем на хемикалии. затоа бараме вештачките работи од човекот да стана жива материја, и сакаме раст, сакаме слободна енергија од сонцето и сакаме отворен метаболизам за хемикалии Тогаш тука е прашањето не за дали има раст или не, туку што сакаме да растеме? Така наместо да растеме деструкција, сакаме да ги растеме работите во кои уживаме, и еден ден можеби FDA ќе ни дозволи да правиме Француско сирење.
Така, ги имаме овие 2 метаболизми, на кои работев со Германски хемичар, Мајкл Браунгарт, и ги идентификуаваме двата основно метаболизми. Биолошкиот, сигурен сум го разбирате но тука е и техничкиот, каде земаме материјали и ги ставаме во затворени циклуси. Ги нарековме Болошка и Техничка исхрана. Техничката исхрана е еден ред на величина од биолошката исхрана. Биолошката исхрана може да задоволи 500 милиони луѓе, што значи дека ако сите носиме Биркенсток и памук, сосема ќе се потрошат светските извори на плута Така ни требаат материјали во затворени циклуси, но мора да ги изанализираме до милионити дел од соединението за рак, дефекти при раѓање, мутагени ефекти, нарушување на имуниот систем, биодеградација, постојаност, содржина на тешки метали, знаење како да ги правиме и произведуваме, итн.
нашиот прв производ беше текстил каде ги анализиравме 8000 хемикалии во текстилната индустрија. користејќи ги интелектуалните филтри , елиминиравме 7962. Ни останаа 38 хемикалии. Од тогаш ги сместивме во база на податоци 4000те најчесто користени хемикалии во човечкото производство, и ќе ги објавиме податоците во јавност за 6 недели така дизајнерите низ светот да можат да ги анализираат своите продукти до милионити дел од материјата, за човечко и еколошко здравје.
Развивме протокол со кој фирмите можат да ја проследат истата порака низ сите ланци за набавка, затоа што кога ги прашавме повеќето компании со кои работиме,- околу трилион долари- -- и рековме „ Од каде ви стигнуваат сировините?“, рекоа, “’ од добавувачи“ „Каде не носи ова“? „Корисниците.“ Така ни треба нешто помош таму.
Биолошките нутриенти, првите платна -- Водата која доаѓаше како резултат беше доволно чиста за пиење. Техничките нутриенти -- Ова е за Шо Карпет беконечно икористлив тепих. еве го најлонот како оди назад во капролактам и назад во тепих. Биотехничките нутриенти -- Моделот У на форд Мотор Автомобил од колевка во колевка -- концептен автомобил. Патики Најк, каде горниот слој е полиестер, бесконечно рециклабилен, долниот слој е од биоразградлив ѓон. влезете со старите чевли, излезете со новите. Нема крајна линија. Идејата со автомобилот тука е дека некои материјали ќе се враќаат во индустријата засекогаш, а некои во почвата -- и се е напојувано од соларна енергија.
Ова е зграда на Оберлин Колеџот која ја дизајниравме и која произведува повеќе енергија од што и треба и си ја прочистува сопствената вода. Ова е зграда за Геп , каде античките треви на Сан Бруно, Калифорнија се на кровот.
И ова е нашиот проект за Форд Мотор Компани, за ревитализација на реката Руж во Деарборн. Ова е очигледно колор фотографија. Ова се нашите алатки. Ова е како ја продадовме идејата на Форд. Им заштедивме на Форд 35 милиони долари на овој начин, од ден еден, што е еквивалентно на Форд Таурус со 4 проценти маргина на нарачка од 900 милиони долари. Еве го. Ова е најголемиот зелен кров, 4 хектари. Овој кров, заштедува пари, и ова се првите видови кои пристигнаа на него. Ова се килдер птиците. Се појавија после 5 дена. и сега имаме работници од 160 килограми како учат птичји песни на Интернет. Развиваме нови протоколи за градовите -- кои се дом за техничките нутриенти. Земјата -- домот на биолошките, и ги составуваме заедно.
и ќе завршам покажувајќи ви нов град кој го дизајнираме за Кинеската влада. Работиме 12 града во Кина во моментов, базирани на од колевка во колевка како шаблон. Нашата задача е да развиеме протоколи за домување за 400 милиони луѓе во 12 години. Направивме баланс на маса и енергија -- ако користеа цигла, ќе ја потрошеја целата почва и ќе го изгореа целиот јаглен. ќе имаа градови без енергија и храна. Потпишавме меморандум на разбирање -- еве ја Мадам Денг Лан, ќерката на Денг Ксијаопинг -- за кина да го прифати од колевка во колевка. Затоа што ако се загадат самите, како најефтин произведувач, и ако го прата на најефтиниот дистрибутер -- Вол Март -- и ако им ги пратиме сите наши пари, она што ќе откриеме е дека сме добиле, ефективно, како кога бев студент што викавме взаемно поделено уништување.
сега го правиме на молекуларно ниво. Ова се нашите градови. Градиме нов град до овој град, видете го пејсажот. Ова е просторот. Нормално не обработуваме зелени полиња, но на ова требаше да се гради, и не донесоа да помогнеме. Ова е нивниот план. Тоа е испечатена мрежа која а поставиле врз просторот. Не донесоа и ни рекоа , „Што би направиле вие?“ Ова е она што тие би го добиле на крај, што е уште една колор фотографија. Ова е постоечкиот простор, и како изгледа сега, и еве ја нашата понуда.
Начинот на кој му пристаивме на ова е, ја проучивме хидрологијата многу внимателно. Ја проучивме биотата, античката биота, тековните начини на одгледување и протоколите. Ги проучивме ветровите и сонцето за да се осигураме дека секој во градот ќе има свеж воздух, вода и директна сончева светлина во секој апартман во некој дел од денот. Потоа ги земавме парковите и ги поставивме како еколошка инфраструктура. Ги поставивме градежните простори. Почнавме да ги интегрираме комерцијалните и мешаните простори за луѓето да имаат центри и места да се собираат. Транспортот е многу едноставен, секој е во близина од 5 минутно одење до некоја станица. имаме 24 часовни улици, така имаме места што се стално активни. Системите за прочистување се поврзани. Ако пуштите вода, вашиот измет оди во преработувачки централи, кои претставуваат помош а не ризик. Кој сака фабрика за ѓубриво која произведува природен гас? Водите се собираат за да создадат бари за реставрација на живеалишта за животни. И тогаш произведува природен гас, кој повторно оди во градот за да ги има гориво за готвење за целиот град. Ова е -- ова се гасните централи на ѓубриво. Тогаш компостот целиот се носи назад на крововите од градот, каде имаме фарми, бидејќи она што направивме е го дигнавме градот, пејсажот во воздух -- за да го задржиме природниот пејсаж на крововите од зградите. Соларната енергија од сите фабрички центри и сите индустриски зони со своите лесни кровови го напојуваат градот.
И ова е концептот за врвот на градот, Ја подигнавме почвата на крововите. Фармерите ќе имаат мали мостови за да одат од кров на кров. Ќе го населиме градот со животен/работен простор на сите приземни нивоа. И ова е постоечкиот град, а ова е новиот град.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Еколошки-ориентираниот архитект и дизајнер Вилијам МекДоноу прашува како би изгледале нашите згради и производи ако дизајнерите ги земат во предвид да бидат „за сите деца, за сите видови, за сите времиња.“
Architect William McDonough believes green design can prevent environmental disaster and drive economic growth. He champions “cradle to cradle” design, which considers a product's full life cycle -- from creation with sustainable materials to a recycled afterlife. Full bio »
Translated into Macedonian by Marko Marcevski
Reviewed by Zoran Blazevski
Comments? Please email the translators above.
If anybody here has trouble with the concept of design humility, reflect on this: It took us 5,000 years to put wheels on our luggage.” (William McDonough)
17:34 Posted: Apr 2007
Views 410,779 | Comments 85
19:24 Posted: Oct 2008
Views 214,135 | Comments 50
31:57 Posted: Mar 2008
Views 247,313 | Comments 40
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign out.