Добар ден. Се случува медицинска револуција околу нас, која ќе ни помогне да ги победиме некои од најзастрашувачките состојби на нашето општество, вклучувајќи го и ракот. Револуцијата се вика ангиогенеза, и е базирана на процесот кој нашите тела го користат за да растат нови крвни садови.
Зошто би се грижеле околу крвните садови ? Па, човечкото тело е буквално преполно со нив, со должина од 60,000 милји кај просечна возрасна личност. Од крај до крај, тоа ќе направи линија која би ја обиколила земјата двапати. Најмалите крвни садови се викаат капилари. Имаме 19 милијарди такви во нашите тела. И овие се садовите на животот, и како што ќе ви покажам, тие исто така можат да бидат садови на смртта. Сега најинтересната работа околу крвните садови е нивната способност да се адаптираат на било која средина во која растат. На пример, во црниот дроб формираат канали за да ја детоксифицираат крвта. Во дробовите, тие ги опшиваат воздушните кесиња за размена на гасови. Во мускулите, се усукуваат за да можат мускулите да се контрахираат без да ја прекинат циркулацијата. И во нервите, тие се простираат како енергетски линии, одржувајќи ги нервите живи. И сите овие крвни садови ги добиваме уште кога сме во матката. Тоа значи дека, кај возрасните, крвните садови обично не растат, освен во некои специјални случаи. Кај жените, крвните садови растат секој месец за да ја изградат опшивката на утерусот (матката). За време бременоста, тие ја формираат плацентата, која ја спојува мајката со бебето. И после повреда, крвните садови всушност мораат да растат под крастата со цел да се залечи раната. Тоа всушност вака изгледа. Стотици крвни садови растат кон центарот на раната.
Тоа значи телото ја има можноста да го регулира бројот на крвни садови кои се активни во секое време. Го прави тоа преку комплициран и елегантен систем на проверки и балансирање, стимулатори и инхибитори на ангиогенезата, кои, ако ни треба краткотрајно дополнување од крвни садови, телото може да го направи тоа со ослободување стимулатори, протеини кои се викаат ангиогенични фактори кои делуваат како природно ѓубриво и го стимулираат про'ртувањето на нови крвни садови. И кога тие вишок садови не се веќе потребни, телото ги пресушува враќајќи ги назад на првобитната состојба користејќи природни инхибитори на ангиогенезата. Има и други ситуации каде почнуваме под базичната состојба, и треба да пораснеме повеќе крвни садови за да се вратиме на нормално ниво. Тоа е на пример, после повреда. И телото може да го стори и тоа истотака, но само до нормалното ниво, до таа одредена точка.
Но она што го знаме е дека за некои болести, постојат дефекти во системот, каде телото не може да ги пресуши вишокот крвни садови или не може да произведе доволно од новите на вистинското место во вистинско време. И во овие ситуации , ангиогенезата е вон рамнотежа. А кога ангиогенезата е надвор од рамнотежа, цел спектар на болести се појавуваат. На пример, недоволна ангиогенеза, не доволно крвни садови, доведува до рани кои не зараснуваат, срцеви удари, нозе со слаба циркулација, смрт од мозочен удар, нервни оштетувања. И од друга страна, прекумерна ангиогенеза, премногу крвни садови, ги помагаат болестите. И ова го гледаме кај ракот, слепилото, артритис, прекумерна дебелина, Алцхајмерова болест. Се на се, има повеќе од 70 сериозни болести, кои афектираат повеќе од милијарда луѓе низ цел свет, кои на површина изгледаат сосема различни една од друга, но всушност ја делат абнормалната ангиогенеза како заеднички именител. И ова сознание ни овозможува да ги реконципираме начините на кои им приоѓаме на овие болести преку контролирање на ангиогенезата.
Сега ќе се фокусирам на ракот бидејќи ангиогенезата е главно обележје на ракот, секој тип на рак. Одиме. Ова е тумор, темна , сива, застрашувачка маса која расте во мозокот. И под микроскоп, може да видите стотици од овие кафени точкасти крвни садови, капилари кои ги хранат ќелиите на ракот, носејќи кислород и нутриенти. Но раковите не почнуваат вака. Всушност, ракот не почнува со врски со крвниот ток. Тие почнуваат како мали, микроскопски гнезда на ќелии кои можат да пораснат само до половина кубен милиметар во големина. Тоа е врвот на едно пенкало. Потоа не можат да пораснат повеќе бидејќи немаат прилив на крв, па немаат доволно кислород и нутриенти.
И всушност, ние веројатно ги формираме овие микроскопски ракови цело време низ нашето тело. Аутопсиски истражувања на луѓе кои загинале во сообраќајки покажуваат дека околу 40% од жените на возраст од 40 до 50 години всушност имаат микроскопски ракови во нивните гради. Околу 50% од мажите во нивните 50-ти и 60-ти имаат микроскопски ракови на простата. И речиси 100% од нас кога ќе стигнеме 70 години ќе имаме микроскопски ракови кои растат во нашата тироида. Сепак, без прилив на крв, повеќето од овие ракови никогаш нема да станат опасни. Др. Јуда Фолкман, кој ми беше ментор, и кој беше пионер на полето на ангиогенезата, ова го нарече „рак без болеста“.
Така способноста на телото да ја балансира ангиогенезата, кога работи како што треба, ги спречува крвните садови да ги хранат раковите. И ова по се изгледа е еден од нашите најважни одбранбени механизми против ракот. Всушност, ако ја спречите ангиогенезата и спречите крвните садови да ги достигнат клетките на ракот, туморите едноставно не можат да пораснат. Но штом еднаш ќе почне ангиогенезата, ракот може да расте експоненцијално. И ова е начинот на кој ракот преоѓа од неопасен во смртоносен. Ќелиите на ракот мутираат и ја добиваат способноста да ослободат многу од овие ангиогенетски фактори, природното ѓубриво, кое ја преместува рамнотежата кон тоа да крвните садови го нападнат ракот. И штом тие садови го нападнат ракот, тој може да се шири, да ги напаѓа локаните ткива. И истите садови кои ги хранат туморите, дозволуваат клетки од ракот да влезат во циркулацијата како метастази. И, за несреќа, овој доцен стадиум на ракот е моментот кога најверојатно ќе биде дијагностициран, кога ангиогенезата е веќе вклучена, и ќелиите на ракот растат како луди.
Така ако ангиогенезата е точката на прекршување меѓу неопасен и опасен рак, тогаш eден голем дел од револуцијата ангиогенеза е нов пристап кон лечењето на ракот со прекинување на неговата исхрана со крв. Ова го нарекуваме антиангиогена терапија, и е комплетно различна од хемотерапијата бидејќи елективно цели на крвните садови кои го хранат ракот. Ова можеме да го сториме бидејќи крвните садови во туморот се различни од нормалните, здрави садови кои ги гледаме во другите делови од телото. Тие се абнормални; тие се лошо конструирани; и поради тоа, тие се многу ранливи за третманот кој е таргетиран кон нив. Kако резултат, кога ќе им дадеме на пациентите од рак антиангиогена терапија -- овде, имаме експериментален лек за глиома, које е тип на мозочен тумор -- може да видите дека се случуваат драматични промени кога туморот ќе го изгладниме од крв. Овде е жена со рак на дојката која е третирана со антиангиоген лек наречен Авастин, кој е одобрен од ФДА. Може да забележите дека прстенот од крвни садови исчезнува после третманот.
Ви покажав два многу различни типови на рак кои реагираа на антиангиогена терапија. Така, пред неколку години, се прашав „Можеме ли да одиме чекор понатаму, и да лечиме и други типови рак, дури и во други видови?“ Така овде имате 9 годишен боксер кој се вика Мило кој имаше многу агресивен тумор наречен малигнa неурофиброма кој растеше на неговот рамо. ги имаше нападнато и неговите плуќа. Неговиот ветеринар му даде 3 месеци живот. Па така креиравме коктел од антиангиогени лекови кои можеа да се помешаат со неговата храна како и антиангиогена крема која можеше да се нанесе на површината од туморот. И после неколку недели од третманот, можевме да го успориме растот на ракот така што на крај можевме да го продолжиме животот на Мило до 6 пати од тоа што му го предвиде ветеринарот, и притоа со добар квалитет на животот.
Потоа третиравме повеќе од 600 кучиња. Имаме околу 60 % стапка на реакција и подобрено преживување на овие миленици кои требаше да одат на еутаназија. Да ви покажам неколку уште поинтересни примери. Ова е 20 годишен делфин кој живее во Флорида, и таа имаше лезии на устата кои во период од 3 години, се развија во инвазивни сквамус рак ќелии. Па така креиравме антиангиогена паста. Ја премачкувавме преку ракот три пати неделно. И во период на 7 месеци, ракот комплетно исчезна, и биопсиите се вратија на нормала.
Еве рак кој расте на усни на коњ кој се вика Гинис. Тоа е многу, многу смртоносен тип на рак наречен ангиосаркома. Се имаше веќе проширено во неговите лимфни јазли, па така користевме антиангиогена крема за кожа за усните и орален коктел, за да може да го третираме од внатре како и од надвор. Во период од 6 месеци, тој доживеа комплетно повлекување. И еве го 6 години подоцна, Гинис, со својот многу среќен сопственик.
Е сега, очигледно, антиангиогената терапија може да биде користена за широк спектар на ракови. И , всушност, првите третмани, за луѓе, како и за кучиња, веќе стануваат достапни. Има 12 различни типови лекови, 11 различни типови рак, но вистинското прашање е: Колку добро функционираат во пракса? Еве ги реалните податоци за преживување на пациентите од 8 различни типови на рак. Столбчињата претставуваат времиња на преживување земени од ерата кога имавме само хемотерапија, или хирургија, или радијација. Но почнувајќи од 2004, кога антиангиогените терапии прво станаа достапни, па може да видите дека има 70 до 100% подобрување во ратата на преживување за луѓето со рак на бубрезите, мултипла миелома, колоректален рак, и гастроинтестиналните стромал тумори. Тоа е импресивно. Но за други типови на тумори и ракови, подобрувањата беа доста скромни.
Почнав да се прашувам себеси, „Зошто не можевме да направиме повеќе?“ И одговорот, за мене, е очигледен; Го лечиме ракот многу доцна во процесот, кога е веќе воспоставен, и, често, е веќе раширен или метастазиран. И како лекар, знам дека, штом болеста има толку напреднато, успехот да се излечи може да биде тежок, ако не и невозможен. Па така се вратив назад на биологијата на ангиогенезата и почнав да размислувам: Може ли одговорот за ракот да биде спречување на ангиогенеза, победувајќи го ракот во сопствената игра па така раковите да неможат никогаш да станат опасни ? Ова ќе може да им помогне на здравите луѓе како и луѓето кои го победиле ракот еднаш или два пати и сакаат да најдат начин да го спречат да се појави пак. Така за да најдам начин за превенција на ангиогенеза кај ракот, се вратив назад на причините за ракот. Она што навистина ме заинтригира беше кога видов дека исхраната влегува во 30 до 35% од причините за ракови поврзани со животната средина.
Сега , очигледното нешто што ми текна е што би можеле да тргнеме од нашата исхрана, што да извадиме. Но, всушност јас заземав комплетно спротивен пристап и почнав да се прашувам: Што може да додадеме во нашата исхрана кое е природно антиангиогено, кое ќе го засили одбранбениот систем на телото и ќе ги победи тие крвни садови кои ги хранат раковите ? Со други зборови, можеме ли да јадеме за да го изгладниме ракот? Па, одговорот е да. И ќе ви покажам како. Нашето истражување за ова не однесе на пазарите , на фармите и во шкафчињата со зачини бидејќи она што откривме е дека мајката природа ги пронижала голем број на јадења и пијалоци и билки со природни инхибитори на ангиогенезата.
Така има систем кој го развивме. Во центарот е прстен од кој стотици крвни садови растат во форма на зраци. И може да го користиме овој систем за да тестираме фактори на исхрана во концентрации кои се можни да се добијат со јадење. Да ви покажам што се случува кога ќе ставиме екстракт од црвено грозје. Активната состојка е ресвератрол. Исто така се наоѓа во црвено вино. Ова ја инхибира абнормалната ангиогенеза за 60%. Еве што се случува кога ќе додадеме екстракт од јагоди. Потенцијално ја инхибира ангиогенезата. И екстрактот од зрна од соја. И еве ја растечката листа на нашите антиангиогени храни и пијалоци за кои сме заинтересирани да ги проучуваме. И за секој тип на храна, веруваме дека има различна јачина во различни нишки и подврсти. Сакаме да го измериме ова бидејќи, додека јадете јагода или пиете чај, зошто да не го изберете оној кој е најмоќен во спречувањето рак.
Така еве ги четирите различни чаеви кои ги тестиравме. Сите се доста вообичаени, Кинески јасмин, Јапонска сенча, Ерл Греј и специјална мешавина која ние ја подготвивме. И може да видите јасно дека чаевите имаат разлика во нивната моќност од помалку до повеќе моќни. Но она што е многу кул е дека всушност нашата комбинација од двата помалку јаки чаеви, комбинацијата, смесата, е помоќна од самите нив. Ова значи дека има синергија во храната.
Еве уште податоци од нашите тестови. Сега, во лабораторија, симулираме ангиогенеза на тумор претставено овде со црното столбче. И користејќи го овој систем може да ја тестираме силата на лековите за рак. Колку е пократко столбчето, помалку ангиогенеза, тоа е добро. И еве некои познати лекови на кои им се припишува намалување на ризикот од рак кај луѓето. Статини, не стероидни анти-инфламаторни лекови и уште некои други, исто така ја инхибираат ангиогенезата. И овде се факторите на исхраната кои одат рамо до рамо со овие лекови. Kако што гледате, тие лесно се одржуваат и во некои случаи се посилни од лековите. Соја, магдонос, лук грозје, зрнести плодови, Можам да отидам дома и да зготвам вкусно јадење користејќи ги овие состојки. Замислете ако може да го креираме првиот светски систем на рангирање во кој може да ги бележиме типовите храна според нивните антиангиогени карактеристики за заштита од рак. Тоа е она на кое работиме сега.
Ви покажав купче податоци, и вистинското прашање е: Какви се доказите кај луѓето дека јадењето одредени храни ја намалува ангиогенезата кај ракот? Најдобрите примери кои ги знам е студија врз 79000 мажи која ги прати во рок од 20 години, во која е пронајдено дека мажите кои консумирале готвени домати два или три пати неделно имаат до 50% намалување на ризикот да развијат рак на простата. Сега, знаеме дека доматите се добар извор на ликопен, и ликопен е антиангиогеник. Но она што е поинтересно од оваа студија е дека мажите кај кои се појавил рак на простата, и кои јаделе повеќе порции сос од домати всушност имале помалку крвни садови кои го хранеле нивниот рак. Така оваа човечка студија е примарен доказ за тоа како антиангиогенетските супстанци присутни во храната и консумирани на практични (реални) нивоа можат да влијаат на ракот. И сега проучуваме каква улога има здравата исхрана со Дин Орниш и универзитетот на Сан Франциско и Туфтс Универзитетот за улогата на оваа здрава исхрана врз маркерите за ангиогенеза кои може да ги најдеме во крвниот ток.
Сега, очигледно, она што го споделив има далекусежни импликации дури и надвор од истражувањето за ракот. Бидејќи ако сме во право, може да влијае на едукација на потрошувачите, прехрамбените услуги, јавното здравство па дури и на осигурителната индустрија. Всушност, некои осигурителни компании веќе започнуваат да размислуваат во таа насока. Видете ја оваа реклама од Блу Крос Блу Шилд од Минесота. И за многу луѓе во светот, превенцијата на рак преку исхраната можеби е единственото практично решение бидејќи не секој може да си ги дозволи скапите третмани на рак, но секој може да има корист од здрава исхрана базирана на локални, одржливи, антиангиогени посеви.
На крајот, зборував за храната, зборував за ракот, сега има уште една болест за која мора да ви кажам а тоа е прекумерната дебелина. Како што се испостави адипозното ткиво, салото, е многу зависно од ангиогенезата. И, како и туморите, салото расте кога се шират крвните садови. Па прашањето е: Можеме ли да го намалиме салото ако го намалиме дотурот на крв? Горната крива ви ја покажува телесната тежина на генетски прекумерно дебело глувче кое јаде нон-стоп, додека не се претвори во тениско топче. А долната крива е тежината на нормално глувче.
Ако земете дебело глувче и му дадете ангиогенетски инхибитор, тоа губи тежина. Ако престанете со третманот, повторно качува тежина. Стартувајте го третманот, повторно губи тежина. Престанате со третманот, повторно качува тежина. Всушност, може да се движите горе долу со тежината со едноставно инхибирање на ангиогенезата. Така пристапот кој го правиме кон превенција на ракот може исто така да има примена и кај прекумерната дебелина. Највчудовидувачката и интересна работа околу ова е дека не можеме да ги натераме дебелите глувчиња да изгубат повеќе тежина од нормалната тежина за глувци. Со други зборови, не може да направиме глувци супермодели. (Смеа) И ова зборува за улогата на ангиогенезата во регулирањето на здравите почетни точки.
Алберт Зент-Ѓорги еднаш рече дека, „Откритието се содржи од тоа да го видите она што сите го гледаат, ама размислувајќи го на начин на кој никој не го размислил.“ Се надевам дека ве убедив дека, за болести како ракот, прекумерната дебелина и други состојби, може да се направи многу со напаѓање на нивниот заеднички именител, ангиогенезата. И тоа е она што мислам дека му треба на светот сега. Ви Благодарам.
Џун Коен: Значи овие лекови не се -- не се баш вообичаени третмани за рак во моментов. За оние кои имаат рак, што би им препорачале ? Дали им препорачувате да пратат вакви тремани, за повеќето пациенти од рак ?
Вилијам Ли: Сега има антиангиогенски третмани кои се одобрени од ФДА. И ако сте пациент заболен од рак или работите за некој или се борите за некој пациент, треба да прашате за овие третмани. Има и многу клинички проби. Фондацијата за Ангиогенеза прати речиси 300 компании, има речиси над 100 лекови во тек на тестирање. Побарајте ги одобрените, видете кои се тестираат во клиниките, но додека гледате што може лекарот да стори за вас, треба да размислите што може да направите сами за себе. И ова е една од темите за кои зборував како да ја прифатиме силата да сториме за себеси, она што лекарите не можат да сторат за нас, а тоа е да го користиме знаењето и да превземеме акција. И ако мајката природа ни дала некои трагови, мислам дека има нова иднина во вредноста на она што го јадеме. А тоа што го јадеме е вистински нашата хемотерапија три пати на ден.
ЏК: Точно. И во линија на овие зборови за луѓето кои можеби имаат фактори на ризик од рак, дали би им препорачале да ги пратат овие третмани од превентивна улога или едноставно да ја пратат точната диета со многу сос од домати?
ВЛ: Знаете, има многу епидемиолошки докази. И сметам дека во информациското доба, не треба многу време за да се најде веродостоен извор како Пубмед, или националната библиотека на медицина, за да се најдат епидемиолошките студии за намалување на ризиците од ракот базирани на исхраната и базирани на општи лекарства. И ова е секако нешто кое секој може да го погледне.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Вилијам Ли презентира нов начин на размислување околу третманот на рак: ангиогенеза, која е насочена кон крвните садови кои го хранат ракот. Круцијалниот (најдобриот) чекор: да се бориме против ракот преку исхраната која го победува ракот на негов терен.
William Li heads the Angiogenesis Foundation, a nonprofit that is re-conceptualizing global disease fighting. Full bio »
Translated into Macedonian by Marko Marcevski
Reviewed by Sasha Stamenkovski
Comments? Please email the translators above.
19:25 Posted: Jul 2007
Views 741,313 | Comments 129
18:49 Posted: Oct 2006
Views 473,877 | Comments 182
23:44 Posted: Feb 2010
Views 340,868 | Comments 155
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.