Follow TED
Be the first to know about new TEDTalks, TED news and other announcements.
Click on any phrase to play the video from that point.
Понекогаш ги прелистувам постарите списанија. Таму го пронајдов овој опсервациски тест во врска со приказната за арката. Уметникот кој го нацртал овој опсервациски тест направил неколку грешки, има неколку пропусти. Тука има помалку или повеќе 12 пропусти. Некои од нив се многу лесни. Тука е оџакот, антената, една лампа и клуч за навивање на арката. Некои се во врска со животните, со бројот. Но има и еден многу поважен пропуст во целата оваа приказна за арката кој не е прикажан овде. А тоа е овој пропуст: каде се растенијата? Значи имаме Господ кој трајно ќе ја поплави целата Земја засекогаш, или барем за многу долг период, и при тоа никој не се грижи за растенијата. Ное требало да земе по две од секој вид на птици, од секој вид на животни, од секој вид на суштества кои се движат, но ни збор за растенијата. Зошто? Во друг дел од истата приказна, сите живи суштества се само живи суштества кои излегле од арката, значи птици, добиток и диви животни. Растенијата не се живи суштества. Во тоа е поентата. Тоа е поента која не произлегува од Библијата, но е нешто што постојано го прати човештвото.
Ајде да го погледаме овој убав законик кој го има во една книга од Ренесансата. Овде го имаме описот на редот во природата. Ова е убав опис бидејќи почнува од лево -- ги имаме камењата -- веднаш по камењата, се растенијата кои едноставно се способни да живеат. Ги имаме животните кои се способни да живеат и да чувствуваат, и, на врвот на пирамидата, тука е човекот. Ова не е обичен човек. "Homo studiosus" -- човек кој учи. Ова е прилично утешително за луѓе како мене -- Јас сум професор -- ова да биде на врвот на создавањето. Но овде има нешто тотално погрешно. Вие многу добро знаете за професорите. Но исто така е погрешно и за растенијата, бидејќи растенијата не се само способни да живеат; тие се способни и да чувствуваат. Тие се многу по софистицирани во чувствувањето отколку животните. Само да ви дадам еден пример, секој еден врв на коренот е способен да детектира и да набљудува истовремено и постојано најмалку 15 различни хемиски и физички параметри. Тие исто така се способни и да покажат и да изведат толку фини и комплексни однесувања кои може да се опишат само со термини на интелигенцијата. Па, ама ова е нешто -- ова потценување на растенијата е нешто кое е постојано со нас.
Ајде сега да го погледнеме овој краток филм. Го имаме Дејвид Атенбург. Дејвид Атенбург е вистински љубител на растенијата. Тој ги направи некои од најубавите филмови за однесувањето на растенијата. Сега, кога тој зборува за растенијата, се е точно. Кога зборува за животните, [тој] се стреми да го помести фактот дека растенијата постојат. Синиот кит, најголемото суштество кое постои на планетава. Ова е погрешно, комплетно погрешно. Синиот кит, тој е џуџе ако се спореди со навистина најголемото сусштество кое постои на планетава -- тоа е, прекрасниот, величенствениот Sequoiadendron giganteum. (аплауз) Целото ова е жив организам кое има маса од најмалку 2 000 тони. Сега, приказната дека растенијата се некој низок степен на организми беше формализирана многу одамна од страна на Аристотел, кој во делото „За душата“ -- ова е многу влијателна книга за Западната цивилизација -- напишал дека растенијата се наоѓаат на границата помеѓу живото и неживото. Тие имаат само еден вид на многу низок степен на душа. Тоа е така наречена вегетативна душа, бидејќи растенијата не се движат, а поради тоа тие и немаат потреба да чувствуваат. Ајде да видиме.
Во ред, некои од движењата на растенијата се многу добро познати. Ова е многу брзо движење. Ова е една Dionea, едно инсектојадно растение кое лови полжави. Жалам за полжавот. Ова е нешто кое беше отфрлано со векови, и покрај доказите. Никој не можеше да каже дека растенијата имаат способност да изедат животно, бидејќи тоа беше против редот на природата. Но растенијата се исто така способни да покажат многу движења. Некои од нив се многу добро познати, како цветањето. Прашање е само дали ќе користите некоја техника како што е оваа : одминување на времето. Некои од нив се многу по софистицирани. Погледнето го овој млад грав кој се движи постојано за да ја улови светлината. И тоа е навистина толку грациозно. Тоа е како ангел кој игра. Тие исто така се способни да си играат. Тие навистина си играат. Ова се млади сончогледи, и ова што го прават тие не може да се објасни со ниту еден друг термин освен со играње. Тие се тренираат себе си, како што прават многу млaди животни, за во возрасното доба, кога тие ќе треба да го следат сонцето по цел ден. Тие се способни да се справат со гравитацијата, се разбира, па така фиданките растат спротивно од векторот на гравитацијата а корените во насока на векторот на гравитација. Но тие исто така се способни и да спијат. Ова е една Mimosa pudica. Значи во текот на ноќта, тие ги свиваат листовите и ги редуцираат движењата, а во текот на денот, имаме отварање на листовите -- има многу повеќе движење. Ова е интересно бидејќи, оваа машинерија која спие, е перфектно очувана. Истото се случува и со растенијата, и со инсектите и со животните. Па ако треба да го проучувате проблемот на спиењето, полесно е тоа да го проучувате кај растенијата, на пример, отколку кај животните, многу е полесно и по етично. Тоа е еден вид на вегетаријанско експериментирање.
Растенијата се способни дури и да комуницираат. Тие се одлични комуникатори. Тие комуницираат со други растенија. Способни се да ги разликуваат растенијата кои им се фамилија од они кои не се. Тие комуницираат со растенијата и со други видови, комуницираат и со животните преку продуцирање на хемиски испарувања, на пример, за време на поленизацијата. Сега поленизацијата, тоа е многу сериозно нешто за растенијата, бидејќи со неа поленот се движи од еден цвет на друг, но сепак тие не можат да се движат од еден цвет на друг. Затоа им е потребен вектор, и овој вектор, нормално е некое животно. Многу инсекти се искористувани од страна на растенијата како вектори за пренесување на поленот, но не само инсектите; дури и птиците, рептилите, и цицачите како лилјаците се исто така искористени за пренесување на поленот. Ова е сериозен бизнис. Ги имаме растенијата кои им даваат на животните еден вид на слатка супстанција -- многу енергизирачка -- а за возврат добиваат пренесување на поленот. Но некои растенија манипулираат со животните, како во случајот со орхидеите кои ветуваат секс и нектар а всушност не даваат ништо за пренесувањето на поленот.
Сега, овде има голем проблем во позадината на целото ова однесување кое го видовме. Како е можно сето ова да се прави без поседување на мозок? Моравме да чекаме до 1880г., кога овој голем човек, Чарлс Дарвин, ја објави прекрасната, неверојатна книга која започнува револуција. Насловот е „Моќта на движењето кај растенијата“. Никој не смееше да зборува за движењето на растенијата пред Чарлс Дарвин. Во неговата книга, со помош на неговиот син, Френсис -- кој беше првиот професор по Психологија на растенијата во светот, во Кембриџ -- тие го разгледуваа секое едно движење и сето тоа на 500 страници. А овој последен параграф од книгата, тоа е еден вид на стилска фигура, бидејќи нормално Чарлс Дарвин ја зачувал, во последниот параграф од неговата книга, најважната порака. Тој напишал дека, „Не е претерано ако се каже дека врвот на коренот функционира како мозокот на некое животно од понизок ранг“. Ова не е метафора. Тој напишал неколку многу интересни писма до еден негов пријател J.D. Hooker, или, во тоа време, претседателот на Кралското Друштво, значи врвниот научен авторитет во Британија зборувал за мозокот кај растенијата.
Сега, ова е врвот на коренот кој расте спротивно од косината. Па можете да го препознаете овој тип на движење, тоа е исто како кај црвите, змиите но и секое друго животно кое се движи по земјата без нозе може да го изведе ова. А ова не е лесно движење, бидејќи, за да можете да изведете вакво движење, морате да движите различни делови од коренот и да ги синхронизирате овие различни делови без да поседувате мозок. Така, ние го проучувавме врвот на коренот, и откривме дека има еден специфичен дел кој се наоѓа овде, нацртан со сино -- ајде да го наречеме зона на транзиција. И овој дел, тоа е многу мал дел. Тој е помал од еден милиметар. И во овој мал дел има најголема потрошувачка на кислород во растението, и што е уште поважно, имаме вакви сигнали овде. Сигналите кои ги гледате овде се акциски потенцијал, тоа се истите сигнали кои невроните на мојот мозок, на нашиот мозок, ги користат за размена на информации. Сега знаеме дека врвот на коренот има само неколку стотици клетки кои имаат вакви карактеристики, но ние знаеме колку е голем врвот на коренот на едно мало растение, како што е 'ржта. Имам околу 14 милиони корени. Имаме околу 11 и половина милиони врвови на коренот и вкупна должина од 600 или повеќе километри на многу голема површина.
Сега да замислиме дека секој врв на коренот работи во мрежа со сите други. Овде го имаме, на левата страна, интернетот а од десната, апаратот на коренот. Тие работат на ист начин. Тие се мрежа на мали сметачки машини, кои се мрежно поврзани. И зошто се тие толку слични? Бидејќи тие еволуирале за една иста цел: да преживеат од грабливците. Тие работат на ист начин. Значи ние можеме да отстраниме 90% од апаратот на коренот но растението ќе продолжи да функционира. Можете да отстраните 90% од Интернетот но тој ќе продолжи да работи. Па, една препорака за луѓето кои работат со мрежи: растенијата можат да ви дадат добри сугестии за тоа како да ја унапредите мрежата.
А друга можност е технолошката можност. Ајде да замислиме дека би можеле да направиме роботи такви роботи кои се инспирирани од растенијата. До сега, човекот беше инспириран само од човекот или од животните при производството на роботи. Имаме анималоид -- нормални роботи кои се инспирирани од животни, инсектоиди, итн. Ги имаме андроидите кои се инспирирани од човекот. Но зошто да немаме плантоид? Па, ако сакате да летате, добро би било да ги погледате птиците, да бидете инспирирани од птиците. Но ако сакате да ја истражувате почвата, или ако сакате да колонизирате нова територија, најдоброто што можете да го направите е да бидете инспирирани од растенија кои се мајстори во тоа. Имаме и една друга можност на која работиме во нашата лабораторија, а тоа е да правиме хибриди. Многу е полесно да се прават хибриди. Хибридот значи дека тоа е нешто кое е половина живо а половина машина. Многу е полесно да се работи со растенија отколку со животни. Тие имаат сметачки моќи. Тие имаат електрични сигнали. Поврзувањето со машина е многу полесно, многу повеќе етички возможно. А ова се трите можности на кои работиме за да создаваме хибриди, водени од алгите или од листовите, и на крај, од најмоќниот дел од растението, од коренот.
Па, ви благодарам за вниманието. И пред да завршам, сакам да ве уверам дека ниту еден полжав не беше повреден при правењето на оваа презентација. Ви благодарам.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Растенијата се однесуваат на еден необично интелигентен начин: се борат со предатори, ги зголемуваат до максимум можностите за исхрана... Но дали би можеле за нив да мислиме дека всушност имаат еден вид на интелигенција својствена за нив? Италијанскиот ботаничар Стефано Манкузо презентира интересен податок.
Stefano Mancuso is a founder of the study of plant neurobiology, which explores signaling and communication at all levels of biological organization, from genetics to molecules, cells and ecological communities. Full bio »
Translated into Macedonian by Rozeta Pavlova
Reviewed by Marko Marcevski
Comments? Please email the translators above.
Plants are not just able to live; they are able to sense.” (Stefano Mancuso)
18:14 Posted: Apr 2009
Views 880,365 | Comments 313
23:19 Posted: Apr 2007
Views 519,482 | Comments 98
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign out.