Раководам со студио за дизајн во Њу Јорк. Секои седум години го затворам на една година за да изведам некои мали експерименти, работи кои е тешко да се завршат за време на регуларната работна година. Во таа година ние не сме достапни за било кој наш клиент. Комплетно затвораме. И како што може да замислите, тоа е убав период исполнет со енергија.
На почетокот го отворив студиото во Њу Јорк за да ги спојам моите две љубови, музиката и дизајнот. И креиравме видеа и пакувања за многу мизичари кои ги познавате. Па и за такви за кои не сте чуле. Сфатив дека, како и со другите работи во животот што ги сакав, се навикнав на нив. И со време, ми станаа здодевни. И се разбира, во нашиот случај, она што го правевме личеше едно на друго. Гледате тука стаклено око во вдлабнување на книга. Идејата се повторува потоа и со спакуван парфем во вдлабнување на книга. Затоа одлучив да го затвориме студиото на една година.
Исто така, знаеме дека сега трошиме околу 25 години од нашиот живот во учење. Потоа имаме околу 40 години резервирани за работење. И потоа продолжуваме со уште околу 15 години пензија. И, си помислив дека може да е добро едноставно да земеме пет години од пензијата и да ги распределиме помеѓу годините од работниот век. (Аплауз) Секако тоа беше уживање за мене. Но можеби уште поважно е тоа дека делата што произлегоа од овие години се слеваат назад во компанијата, и во општеството пошироко, наместо да се во полза само на едно или две внучиња.
Пријателот ТЕДовец кој зборуваше пред две години, Џонатан Хајт, кој ја дефинираше својата работа на три различни нивоа. За мене тоа звучи многу прифатливо. Она што го правам го гледам како работа. Го правам тоа за пари. Веројатно веќе почнувам да мислам на викендот уште од четврток. И веројатно ќе ми треба хоби како механизам за наоѓање баланс. Во кариерата сум дефинитивно повеќе ангажиран Но во исто време ќе има периоди кога ќе мислам дали целата оваа напорна работа вреди за „изгубеното“ време. Додека во третиот, во професијата сосема веројатно дека би го правел така дури и кога би немал финансиска компанзација за тоа.
Јас не сум религиозна личност, но ја набљудувам природата. Мојата прва слободна година ја поминав во Њу Јорк. Но, барав нешто поинакво за втората. Европа и Америка не ми изгледаа многу привлечни затоа што ги познавав многу добро, Значи Азија беше изборот. Најубавите пејсажи кои ги имав видено во Азија беа во Шри Ланка и Бали. Во Шри Ланка сеуште имаше граѓанска војна. И, го избрав Бали. Тоа е прекрасно, многу занаетчиски ориентирано општество.
Таму пристигнав во Септември 2008-ма, и скоро веднаш почнав да работам. Прекрасна инспирација доаѓа од самата околина. Но прва работа која ми требаше беше типографија против комарци бидејќи навистина ги имаше премногу. А потоа ми требаше некој начин да се вратам на сите диви кучиња кои ми ја опкружуваа куќата и ме напаѓаа за време на моите утрински прошетки. Така ја направивме оваа серија од 99 портрети на маици. Различно куче на секоја маица. Како мала одмазда со една малку заканувачка порака (Смеа) на позадината на маицата. (Толку многу кучиња - толку малку рецепти!) (Смеа)
Пред да го напуштам Њу Јорк мислев дека треба да го реновирам студиото. А потоа да им го оставам. и да не правам ништо. Побарав мебел. И, се испостави дека мебелот што навистина ми се допаѓаше, беше прескап. А она што можев да го купам - не ми се допаѓаше. Така една од работите ки ги баравме на Бали беа парчиња мебел. Ова секако, сеуште има врска со дивите кучиња. Тоа сеуште не го завршив. И мислам дека откако ја најдов оваа лампа, (Смеа) конечно склучив мир со кучињата. (Смеа)
Потоа има една масичка. И јас направив масичка. Се вика: "Биди тука сега." Се состои од 330 компаси. И имаме и посебно изработени шољи за еспресо во кои е скриен магнет, кој ги излудува компасите, секогаш кога ќе биде над нив. Потоа овој говорлив, зборлест тип на столица. Исто така, на Бали за првпат во животот започнав да медитирам. А во истовреме, многу ми е јасно колку е досадно да слушаш за среќата на другите луѓе. Затоа нема да навлегувам премногу во тоа.
Многумина од вас ќе го препознаат овој ТЕДовец Дени Гилберт, чија книга, всушност, ја добив преку ТЕД клубот на книги. Мислам дека ми беа потребни четири години за конечно да ја дочитам, додека имав слободна година (сабатикал). И ми беше драго да видам дека тој всушност ја напишал книгата додека самиот имал сабатикал. Ќе ви покажам неколку луѓе кои добро го искористиле својот сабатикал.
Ова е Фернан Адриа. Многумина мислат дека тој е најдобриот готвач во светот со своите ресторани северно од Барцелона, елБули. Неговиот ресторант е отворен седум месеци во годината. Тој затвора по пет месеци за да експериментира со целиот тим. Неговите последни бројки се навистина импресивни. Може да угости, во текот на годината, може да угости 8,000 луѓе. А има 2,2 милиони барања за резервации.
Ако погледнам во мојот циклус, седум години па една година сабатикал, тоа е 12.5 проценти од моето време, И ако погледнам во компаниите кои се поуспешни од мојата, компанијата 3М, уште од 1930г. им дава на своите инженери 15 проценти од времето да го користат како што сакаат. Имаа добар успех. Скоч лентите произлегоа од оваа програма, а Арт Фрај ги направи лепливите ливчиња за забелешки во тоа време во 3М. Гугл, се разбира, многу познат дава 20 проценти од времето на своите инженери да го користат за сопствени проекти.
Дали некој тука користел сабатикал? Ова е околу 5 проценти од присутните. Па не сум сигурен дали видовте некој околу вас да крене рака. Разговарајте со нив, дали им бил успешен или не. Јас открив дека за да откријам што ќе ми се допаѓа во иднина, најдобро е да зборувам со луѓето кои веќе тоа го направиле - многу подобро отколку јас да замислувам.
Кога добив идеја да направам еден сабатикал, одлучив и тоа го ставив во мојот планер. Потоа кажував за ова на што повеќе луѓе за да неможам после кукавички да се откажам. (Смеа)
На почетокот, на првиот сабатикал, беше катастрофално. Мислев дека тоа можам да го направам без никаков план, дека тој временски вакуум некако ќе биде прекрасен и привлечен за генерирање нови идеи. Но не беше. Јас само реагирав, без план, само реагирав на ситни барања, не во врска со работата, на тие им реков не, туку обични ситни барања. Праќање меил до јапонски магазин за дизајн и такви слични нешта. Така си станав стажист сам на себе. (Смеа)
И многу брзо направив листа на работи кои ме интересираа, ги подредив по хиерархија, ги поделив во временски периоди и потоа направив план, многу слично како за на училиште. Што пишуваше во планот? Понеделник од осум до девет: пишување стории. Девет до десет: размислување за иднината. Не беше некој успех. И така натаму и така натаму. И тоа всушност, посебно како почетна точка на првиот сабатикал, испадна добро за мене. Што произлезе од тоа? Повторно бев навистина блиску до дизајнот. Се забавував. Финансиски, гледано во подолг период, всушност беше успешно. Заради подобрениот квалитет, можевме да ги зголемиме цените.
И веројатно, најверојатно, во основа се што направивме во следните седум години по првиот сабатикал дојде од она што го размислувавме во една единствена година. Ќе ви покажам неколку проекти кои произлегоа од седумте години по тој сабатикал. Еден од аспектите на размислување беше тоа дека едноличноста е неверојатно преценета. Целата таа идеја дека се треба да биде потполно исто функционира за многу малку компании, а воопшто не за сите.
Од нас се бараше да дизајнираме идентитет за "Casa de Musica", изградена од Рем Колхас во Порто, Португалија. И иако посакував да креирам идентитет кој не користи архитектура, не успеав во тоа. И уште повеќе затоа што сфатив од презентацијата на Рем Колхас на градот Порто каде тој зборуваше за конгломерат од различни слоеви на значење. Она што го разбрав откако го преведов од јазикот на архитектурата во обичен англиски, во основа како правење лого. И сфатив дека самата зграда беше лого.
Тогаш се стана многу лесно. Ставивме маска на него, гледавме длабоко во неговата основа, го проверивме од сите страни, запад, север, југ, исток, од горе и од долу. Ги боевме на посебен начин со софтвер што го направи еден мој пријател, - "Casa de Musica" Лого Генератор. Софтверот е поврзан со скенер. Ставате некоја слика на скенерот, како оваа слика на Бетовен. И софтверот, за секунда, ќе ви направи "Casa de Musica" - Бетовен лого, Ова, кога ке треба да направите Бетовен постер, се покажува многу корисно, затоа што визуелната информација на логото и на постерот е потполно иста.
Така се ке си одговара заедно, концепциски, се разбира. Ако се изведува музика од Запа, си добива свое лого. Или Филип Глас, или Лу Рид или Кемикал Брадерс кои што сите настапуваа таму, добија свое сопствено "Casa de Musica" лого. Ова функционира и интерно, со претседателот или музичкиот директор, чии "Casa de Musica" портрети завршуваат на нивните визит карти. Има цел комплетен оркестар кој живее во зградата. Тој има потранспарентен идентитет. Камионот со кој одат на турнеи. Или има и помал современ оркестар, 12 луѓе кои прават ремикс од името на оркестарот.
И една корисна работа која произлезе од ова беше тоа што, можеш да го земеш логото и да креираш реклама од него. Како овој постер за Дона Тони, или Шопен или Моцарт или Ла Монти Јанг. Може да ја земете формата и да направите типографија од неа. Може да ја ставите под кожата. Може да имате постер за некој семеен собир пред куќата, или забава под куќата, или неделна програма како и образовни сервиси.
Второ согледување. До сега, до точката до која бев воглавно вклучен или го користев јазикот на дизајнот за промотивни цели, што беше во ред за мене. Од една страна немам ништо против продавање. Моите родители, и двајцата, работат во продажба. Но почувствував дека трошам премногу време учејќи го овој јазик, зошто промовирам само со него? Мора да има и нешто друго. И цела серија работи произлегоа од тоа. Некој од вас можеби го видел ова. Покажував нешто од ова претходно на ТЕД, под наслов "Работи кои ги научив во мојот живот до сега". Сега ќе ви покажам само две.
Ова е ѕид од банани на различна зрелост на денот на отворање во оваа галерија во Њу Јорк. Вели, "Самодовербата продуцира убави резултати." Ова е после една недела. После две недели, три недели, четири недели, пет недели. И гледате самодовербата скоро се враќа, но не сосема. Ова се некои слики кои посетителите ми ги пратија. (Смеа)
И градот Амстердам ни даде плоштад да направиме нешто. Користевме камени плочи како мрежа за нашето мало дело. Добивме 250 илјади парички од централната банка, со различна потемнетост. Така добивме сосема нови, што светеа, средни, и многу стари најтемни. И со помошта на 100 волонтери, за една недела, беше креирана оваа прилично цветна типогафија која што вели, "Опсесијата ми го прави животот полош а работата подобар."
Идејата се разбира беше да го направиме натписот толку прецизен така да како публика би се мислеле помеѓу, "Дали да земам пари онолку колку можам? Или да го оставам делото онакво какво што е сега?" Додека го правевме ова во текот на таа недела, со сто волонтери, добар број од соседите кои го окружуваа плоштадот се зближија со делото и го сакаа. Кога беше целосно завршено, во првата ноќ, дојде човек со големи пластични кеси и собра парички колку што можеше да носи, па еден од соседите повика полиција.
И Амстердамската полиција со целата своја мудрост, дојде, виде, и реши да го заштити делото. Го исчистија и го ставија во притвор во полициска станица. (Смеа) Мислам дека видовте, видовте како метат. Еве може да ги видите како метат. Тоа е полицијата, се ослободува од сето тоа. Така, после 8 часа ова е скоро се што остана од целата работа. (Смеа)
Исто така работиме на стартување еден поголем проект во Бали. Тоа е филм за среќата. И тука замоливме неколку прасиња да ни ги направат насловите. Со нив не одеше се глатко. Затоа ја замоливме гуската да го направи повторно, со надеж дека ќе успее некако, поелегантна и поубава работа. И мислам дека и претера. Малку поукрасено од колку што треба. Моето студио е блиску до шумата со мајмуни. И мајмуните во мајмунската шума изгледаа, всушност, доста среќни. Па ги замоливме овие момци да го направат повторно. Тие направија добра работа, но имаа неколку проблеми со читливоста. Па се разбира што и да е, ако не го направиш сам нема да биде направено како што треба.
На овој филм ќе работиме во наредните две години. Значи ќе потрае уште некое време. И се разбира ќе помислите дека правење филм за среќата може да не е исплатливо, па тогаш можете секогаш да одите и да го видите ова момче.
Видео: (Смеа) И среќен сум што сум жив. Среќен сум што сум жив. Среќен сум што сум жив.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Секои седум години, дизајнерот Стефан Сагмајстер го затвора своето студио во Њу Јорк за да направи пауза од една година (сабатикал) за да ја подмлади и освежи креативноста. Тој ги објаснува подзаборавените вредности на одморот и ги прикажува иновативните проекти инспирирани од неговиот престој во Бали.
Renowned for album covers, posters and his recent book of life lessons, designer Stefan Sagmeister invariably has a slightly different way of looking at things. Full bio »
Translated into Macedonian by Zoran Blazevski
Reviewed by Dragan Bocevski
Comments? Please email the translators above.
04:45 Posted: Sep 2008
Views 418,133 | Comments 36
15:30 Posted: Apr 2007
Views 767,404 | Comments 68
18:55 Posted: Oct 2008
Views 1,119,682 | Comments 165
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.