Понекогаш ме покануваат на чудни говори. Бев поканет да зборувам пред луѓе облечени во костуми на животни кои учествуваат на спортски настани. За жал не можев да отидам. Но ме натера да размислам за фактот дека овие момци, или барем повеќето од нив, знаат што е тоа што го работат во животот. Она што тие го работат е да се облекуваат преправени во животни и ги забавуваат луѓето на спортски настани.
Набрзо, повторно бев поканет да зборувам на конвенција пред луѓе кои изработуваат животни од балони. И повторно не можев да отидам. Тоа е фасцинантна група. Тие прават животни од балони. Постои голема разлика помеѓу оние кои изработуваат боженствени животни и порнографски животни. (Смеење) Тие прават навистина интересни работи со балони. Понекогаш си создаваат проблеми, но не често. А другата работа за овие момци е, дека исто така знаат што работат во животот. Тие изработуваат животни од балони.
А што ние правиме во животот? Што точно луѓето кои го гледаат ова прават секој ден? Би сакал да полемизирам дека она што го правиме е дека се обидуваме да измениме сè. Дека се обидуваме да најдеме дел од моменталната состојба, нешто што ни пречи, нешто што треба да се подобри, нешто што бара да биде променето, и ние го менуваме. Се обидуваме да направиме голема, постојана, битна промена, Но не размислуваме на тој начин. И не трошиме доволно време зборувајќи за тоа каков е тој процес. А јас ова го изучував изминатите неколку години. И би сакал да споделам неколку приказни со вас денес.
Правата е за момчето Нejтан Виноград. Нејтан беше личност број два во Сан Франциско SPCA. Она што можеби го знаете за историјата на SPCA е дека е основана за убивање на кучиња и мачки. Градовите им даваат одобрение за да се ослободат од животните скитници и да ги уништат. Во текот на просечна година се убиваат четири милиони кучиња и мачки. Најголемиот дел од нив за помалку од 24 часа откако ќе бидат фатени. Нејтан и неговиот шеф го забележале ова. И не можеле да го толерираат. Решиле од Сан Франциско да направат град без убивање. Да создадат еден цел град каде секое куче и маче, доколку не е болно или опасно, да биде присвоено, не убиено. Сите рекле дека тоа е невозможно. Нејтан и неговиот шеф отишле во градскиот совет за да ја променат одредбата. И луѓето од SPCА и човечките згрижувалишта од целата земја долетале во Сан Франциско за да им се спротивстават. Да кажат дека тоа би го повредило движењето и дека е нечовечки. Тие одбиле. И Натан отишол директно меѓу жителите. Се поврзал со луѓето кои биле загрижени за ова. Не професионалци, луѓе со пасија. И за само неколку години, Сан Франциско станал првиот град без убивање. Без недостатоци. Целосно поддржано од жителите. Натан заминал и отишол во Томкин Каунти, Њујорк. Место поразлично од Сан Франциско каде што сеуште можеш да биде во САД. И повторно го направил истото. Почнувајќи од страствен ловец на кучиња завршил со целосна трансформација на заедницата. А потоа отишол во Северна Каролина и повторно го направил истото. А потоа и во Рино. И го направил истото.
И кога ќе размислам за она што Нејтан го направил, и кога ќе размислам за она што луѓето го прават овде, помислувам на идеи. И помислувам на идејата дека создавањето на идеја, ширењето на идеја има доста работи зад себе. Не знам дали досега сте биле на еврејска свадба. Но таму тие земаат една сијалица и ја кршат. Денес има еден куп причини и приказни за тоа. Но една од причините е дека тоа означува промена, од пред кон потоа. Тоа е момент во времето. И сакам да појаснам дека живееме во и дека сме во клучниот момент на промена на начинот на кој идеите се креираат и се шират и се имплементираат.
Ние започнавме со идеја за фабрика. Дека би можеле да го промените целиот свет доколку имате ефикасна фабрика која би можела да ја спроведе промената. Потоа преминавме на идејата на телевизија. Што значи дека ако имаш доволно голема уста, се појавуваш на ТВ доволно често, можеш да купиш доволно реклами, би победил. А сега постои нов модел на лидерство. Каде начинот на кој ги правиме промените не се прави со пари, ниту со моќ и подбутнување. Туку со водење.
Ќе ви раскажам за трите циклуси. Првиот од нив е производниот циклус. Хенри Форд имал навистина одлична идеја. Тоа му овозможило да вработи луѓе кои претходно заработувале по 50 центи дневно а тој да ги плаќа по 5 долари дневно. Бидејки тој поседувал ефикасна фабрика. Со тој вид на предност можете да произведете многу автомобили. Можете да промените многу. Можете да забрзате изградба на патишта. Можете да ја промените структурата на цела држава. Суштината на она што го работите е дека ви требаат сè поевтина работна сила, и сè побрзи машини. А проблемот со кој се соочуваме е дека ни снемува од двете. Сè поевтина сила и сè побрзи машини. (Смеење)
Затоа ја менуваме брзината накратко, и велиме, "Знам. Телевизија. Реклами. Притискај, притискај. Изберете една идеја и наметнете му ја на светот. Јас имам подобра стапица. И ако можам да добијам доволно пари за да им кажам на доволен број луѓе, ќе продадам доволни количини." Можете да изградите цели индустрии со ова. Доколку е неопходно, можете да додадете и бебиња во рекламите. Доколку е неопходно, можете да ги искористите бебињата за продажба. Доколку бебињата немаат ефект, ставете доктори. Но внимавајте. Бидејќи не сакате да се најдете во смешна ситуација, кога зборувате за една работа наместо за другата. (Смеење) Овој модел бара од вас да се однесувате како кралот. Како личноста која е на чело намасата фрлајќи по пролетеријатот позади. Вие сте овластени. И вие ќе им кажете на луѓето што да направат следно. На овој цртеж, вие сте овде. И вие му го наметнувате ова на светот. Овој метод, масовен маркетинг, бара просечни идеи, бидејќи се обраќате на масата, и мноштво реклами. Она што го правиме како спамери е се обидуваме секого да хипнотизираме за приврзување кон нашата идеја. Ги хипнотизираме сите да донираат за нашата кауза. Ги хипнотизираме сите да гласаат за нашиот кандидат. За жал тоа повеќе не функционира повеќе воопшто. (Смеење)
Но има добри вести на повидок, навистина добри вести. Ја тоа го нарекувам идејата за племиња. Племињата претставуваат многу едноставен концепт кој постоел пред 50.000 години. Се работи за поврзување луѓе и идеи. Нешто што луѓето отсекогаш го барале. Многумина се навикнати да имаат духовно племе или црковно племе, да имаат работно племе, да имаат општествено племе. Но денес, благодарение на интернетот, благодарение на бумот на мас-медиуми, и благодарение на многу други работи кои се појавуваат во нашето општество низ целиот свет, племињата се насекаде.
Интернетот требаше да нè хомогенизира преку меѓусебно поврзување. Наместо тоа, тој е извориште на интереси. Овде ги имате дамите со црвени капи. Имате и триатлонци со црвени капи онаму. Имате организирани армии овде. Имате неорганизирани одметници овде. Имате луѓе со бели капи кои приготвуваат храна. И луѓе со бели капи продаваат бродови. Целта е дека можете да најдете Украински фолк танчари. И да се поврзете со нив. Зата што сакате да сте поврзани. Луѓето од разни краишта може да се најдат меѓу себе и да отидат некаде. Секој град кој има одред на доброволни пожарникари го разбира овој начин на размислување. (Смеење)
Сега произлегува дека ова е легитимна необработена фотографија. Пожарникарите кои ги познавам ми кажаа дека ова и не е невообичаено. И дека пожарникарите за да вежбаат понекогаш наоѓаат куќа која треба да се сруши, а наместо тоа ја опожаруваат, и вежбаат гаснејќи ја. Но секогаш застануваат и се сликаат. (Смеење)
Пиратското племе е фасцинантно. Имаат сопствено знаме. Имаат прекривка на окото. Можете да ги препознаете кога ќе налетате на некого од племето. И произлегува дека нивните племиња, а не парите, не фабриките, се оние кои може да го променат светот, кои може да ја променат политиката, кои може да привлечат голем број луѓе. Не затоа што ги присилувате да направат нешто против своја волја. Туку затоа што сакале да се поврзат.
Она што го правиме во животот, сите од нас, мислам, е да најдеме нешто вредно за менување, и да подредиме племиња кои подредуваат племиња кои ја шират идејата и ја шират идејата. И тоа станува поголемо од нас самите. Тоа станува движење. Така кога Ал Гор излезе повторно да го промени светот, тој не го направи тоа сам. И не го направи тоа со плаќање големи реклами. Тој го направи тоа со создавање движење. Илјадници луѓе од целата земја кои можеа да излезат наместо него. Бидејќи тој не може да биде во 100, 200 или 500 градови секоја вечер.
Не ви требаат сите. Она што Кевин Кели нè научи сите нас е дека ви треба само, не знам точно, околу илјада верни обожаватели. Илјада луѓе кои се доволно мотивирани дека ќе ве внесат во следниот круг и во следниот круг и во следниот круг. И тоа значи дека идејата која ја создавате, продуктот кој го создавате, движењето кое го создавате не е за секого. Тоа не е масовна работа. Овде не се работи за тоа. Што е тоа ако не е наоѓање вистински следбеници. Лесно е да се разбере што кажав досега, и да се каже: "Чекај малку. Јас не го поседувам она што е потребно за да бидам таков лидер."
Значи постојат два лидери. Тие немаат многу заедничо. На иста возраст се. Но толку за нив. Она што го направиле, секој на свој начин, создале различен пат за водење на вашиот пат низ технологијата. Така некои луѓе ќе излезат и ќе привлечат едни да бидат дел од едниот тим. А некои луѓе ќе привлечат други во другиот тим.
Тоа кажува и за одлуките кои ги носите кога создавате продукти или услуги. Ова е еден од моите омилени уреди. Но штета е што не е организиран да им помага на авторите да создаваат движења. Што би се случило, доколку го користевте вашиот Kindle и можевте да ги видите коментарите и забелешките од сите оние кои ја читаат истата книга во моментот. Или од вашата дружина за читање. Или од пријателите, или од друга група. Што би се случило доколку авторите, или луѓето со идеи би можеле да ја користат втората верзија, која излегува во Понеделник. И да ја искористат за да ги организираат луѓето кои сакаат да зборуваат за било што. Постојат милион работи кои можам да ги споделам со вас за механиката овде. Ќе издвојам само неколку.
Битлси не ги измислија тинејџерите. Тие едвај се одлучија да ги поведат. Најголемиот број движења, лидерства кои ги правиме е да најдеме група која е неповрзана но веќе има одредено посакување. Не присилувајќи ги луѓето да посакуваат нешто што сеуште го немаат тоа.
Кога Diane Hatz работеше на The Meatrix, нејзиното видео кое се рашири на интернет за начинот на кој животните на фармите се третираат, таа не ја откри идејата за станување веган. Таа не ја откри но помогна да се организираат луѓето, и помогна тоа да го претвори во движење.
Хуго Чавез не ги откри незадоволните средна и долна класа во Венецуела. Тој само ги поведе.
Боб Марли не ги откри Rastafarians. Тој едноставно истапи и рече, "Следете ме".
Дерек Сиверс го измисли CD Baby. Тоа им овозможи на независни музичари да имаат каде да ја продаваат нивната музика без да им ја продадат на луѓето. Да имаат место за својата мисија на кое посакувале да одат, и да се поврзат помеѓу себе.
За сите овие луѓе заедничко е што се бунтовници. Бунтовниците ја согледуваат моменталната состојба и велат, Ова нема да издржи. Јас не ја прифаќам ова состојба. Имам волја да станам и да ги придвижам работите нанапред. Јас ја гледам моменталната состојба. Не ми се допаѓа. И дека наместо согледување на ситните правила и следејќи го секое од нив, и дека наместо да бидат како што го нарекувам овца, некој кој е полузаспан, кој следи инструкции, со наведната глава, прилагодувајќи се, секогаш има некој кој станува и вели, "Не и јас." Некој станува и вели, ''Ова е важно. Треба да со организираме околу ова." И нема да дојдат сите. И не ви требаат сите. Потребни ви се само неколкумина (Смеење) кои ќе ги увидат правилата, кои ќе сфатат дека тие немаат смисла, и ќе сфатат колку многу посакуваат да се поврзат.
Tony Shea не води продавница за чевли. Zappos не е продавница за чевли. Zappos е едно, единственото, најдоброто место кое постоело, за луѓе кои обожуваат чевли да се запознаат меѓу себе, да поразговараат за својата пасија, да се поврзат со луѓе кои повеќе се грижат за услужување потрошувачи, отколку да заработат за иднина. Тоа може да биде и нешто едноставно како чевли. И нешто многу комплицирано како уривање влада. Тоа е всушност истото однесување.
Она што е потребно, како што Geraldine Carter откри, е да можете да кажете, "Јас ова не можам сам. Но доколку можам да привлечам други луѓе да ми се придружат тогаш заедно можеме нешто што сите ние го сакаме. Ние едноставно чекаме некој да нè поведе.
Michelle Kaufman ги зачна новите начини на размислување за архитектурата за живеалиштата. Таа не го прави тоа со градење на една куќа. Таа го прави тоа со раскажување приказна на луѓето кои сакаат да го чујат тоа. Преку поврзување на племе луѓе кои се очајни за да се поврзат помеѓу себе. Со започнување на движење. Со правење промена. И сè така тоа повторно и повторно оди во круг.
Би ви понудил три прашања. Првото е, кого попрецизно вие нервирате? Бидејќи доколку не нервирате никого, вие не ја менувате вашата состојба. Второто прашање е, кого вие поврзувате? Бидејќи за многу луѓе, тоа е она за што се приклучиле. Врските кои се создале, една со друга. И третото прашање е, кого водите? Бидејќи фокусирањето на тој дел, не на механиката на она што го градите, туку кој, и водството, е она од каде доаѓа промената.
Blake, од Tom's Shoes, имал многу едноставна идеја. "Што би се случило доколку секогаш кога некој купи од овие чевли јас му го дадам истиот пар чевли некому друг кој дури и нема чевли?" Ова не е приказна како да добиете место во излогот на Neiman Marcus. Не е приказна за продукт кој носи приказна. И како што се движите покрај овие чевли, и некој праша, "Што се овие?" Вие ја раскажувате приказната на Blake и за луѓето кои ги добиле овие чевли. И одеднаш тоа не е еден пар чевли или не се 100 пара чевли. Се работи за десетици илјади пара чевли.
Мојот пријател Red Maxwell ги помина последните 10 години борејќи се против дијабетес. Но не се бори против организацијата, туку се бори со нив, ги води, поврзувајќи ги, предизвикувајќи ја моменталната состојба затоа што тоа му е важно. А луѓето кои ги опкружува имаат потреба за поврзување. Потребно им е водство. Тоа ја прави разликата.
Не ви е потребна дозвола од луѓето да ги поведете. Но доколку ви е потребна, еве ја. Тие чекаат, ние чекаме да ни покажете каде треба да одиме. Еве што лидерите имаат заедничко. Првата работа е дека ја предизвикуваат моменталната состојба. Го предизвикуваат она што се наоѓа таму. Втората работа е, градат култура. Таен јазик, ракување од седум секунди. Начин на кој знаете дали сте со нив или не. Покажуваат интерес. Интерес за луѓето кои се во племето. Интерес за луѓето надвор. Поставуваат прашања. Ги поврзуваат луѓето еден со друг. Дали знаете што луѓето сакаат повеќе од сè друго? Да ви недостасуваат. Тие сакаат да ви недостасуваат затоа што не се појавиле. Тие сакаат да бидат барани кога ги нема. А племенските водачи го можат тоа. Тоа е фасцинантно бидејќи сите племенски водачи имаат харизма. Но нив не им треба харизма за да бидат лидери. Станувањето лидер ви дава харизма. Доколку ги набљудувате и проучувате лидерите кои успеале, од таму доаѓа харизмата, од лидерството. И последно, тие се посветуваат. Веруваат во каузата. Веруваат во племето. Веруваат во луѓето кои се таму.
Затоа би сакал да направите нешто за мене. И се надевам ќе размислите пред да го отфрлите предлогот. Она што сакам да го направите, потребни се само 24 часа, е да создадете движење. Нешто што е важно. Започнете, Направете го. Потребно ни е. Ви благодарам многу. Го ценам тоа. (Аплауз)
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Сет Годин расправа за интернетот кој го прекратил мас-маркетингот и оживеал една социјална заедница од далечното минато: племињата. Базирано на заеднички идеи и вредности, племињата на обичните луѓе им даваат моќ за водство и правење промени. Тој и нè поттикнува на тоа.
Seth Godin is an entrepreneur and blogger who thinks about the marketing of ideas in the digital age. His newest interest: the tribes we lead. Full bio »
Translated into Macedonian by Dejan Spaseski
Reviewed by Zoran Blazevski
Comments? Please email the translators above.
17:01 Posted: Apr 2007
Views 1,711,376 | Comments 173
20:46 Posted: Jul 2008
Views 466,320 | Comments 57
14:19 Posted: Jan 2009
Views 435,101 | Comments 75
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.