Ова се мои зборови, но ова не е мој глас. Ова е Алекс, најдобриот компјутерски глас што можев да го најдам, кој доаѓа како стандардна опрема на секој Мекинтош. Најголемиот дел од мојот живот, јас никогаш не помислив за мојата можност да зборувам. Тоа беше како дишење. Во тие денови, јас живеев во лажен рај. Откако операциите врз ракот ми ја одзедоа мојата можност да зборувам, јадам или пијам, бев приморан да влезам во овој виртуелен свет во кој компјутерот станува дел од мене.
Веќе неколку дена, уживавме во брилијантните и јасни говорници овде на ТЕД. Јас порано можев да зборувам така. Можеби не бев толку паметен. но барем бев разговорлив. Сакам да го посветам мојот говор денес на самото зборување, и како зборувањето или не зборувањето е врзано толку неизбришливо со нечиј идентитет како да натераш раѓање на ново лице кога тоа е одземено. Меѓутоа, дознав дека слушањето компјутерски глас без разлика колку долго може да биде монотоно. Така да решив да регрутирам некои од моите ТЕД пријатели да ги читаат моите зборови гласно за мене. Ќе почнам со мојата сопруга. Чез.
Чез Еберт: " Чез беше таа што стоеше покрај мене низ три обиди за реконструкција на мојата вилица и враќање на мојата можност да зборувам. Одејќи на мојата прва операција поради ракот на плунковите жлезди во 2006та, очекував да излезам од болница на време за да се вратам на емисијата за преглед на филмови, "Еберт и Ропер за Филмовите". Имав преснимано доволно емисии доволно за шест недели операции и оздравување. Докторите зедоа фибулна коска од мојата нога и малку ткиво од моето рамо за да ја создадат новата вилица. Мојот јазик, грло и гласните жици беа сеуште здрави и нечепнати.
"Бев оптимист и се беше во ред со светот. Првата операција беше голем успех. Се видов себеси во огледалото и изгледав многу добро. Две недели подоцна, бев спремен да се вратам дома. Го користев мојот АјПод за да ја пуштам песната на Леонард Коен "Јас сум твојот човек" за моите доктори и сестри. Одненадеж, имав епизода на катастрофално крварење. Мојата каротидна артерија пукна. Благодарам Господе, бев сеуште во мојата болничка соба и моите доктори беа токму таму. Чез ми кажа дека ако песната не свирела толку долго, можев да бидам во колата, на пат за дома, и ќе умрев токму таму и тогаш. Значи ти благодарам, Леонард Коен, што ми го спаси мојот живот."
"Имаше и втора операција -- после пет или шест дена и тогаш беше неуспешна. И тогаш трет обид, што ме прикрпи многу добро, додека не откажа. Докторот од Бразил рече дека никогаш не видел некој да преживее пукање на каротидна артерија. И пред да ја напуштам болницата, после година дена откако бев хоспитализиран, имав седум пукања на мојата каротидна артерија.
Никој не ми кажа директно дека повеќе нема да зборувам; само по себе стана очигледно. Човечкиот говор е генијална мапипулација на нашиот здив во звучната комора на нашата уста и дишниот систем. Потребно е да можеме да го задржиме и манипулираме тој здив со цел да создадеме звуци. Затоа, системот мора да биде во основа затегнат со цел да задржува воздух. Бидејќи ја загубив вилицата, повеќ не можев да обликувам затворен простор, и затоа мојот јазик и целата друга гласовна опрема стана немоќна."
Дин Орниш: "На почеток, долго време, пишував пораки во бележници. Тогаш пробав да пишувам букви на мојот лаптоп и да го користам неговиот вграден глас. Ова беше побрзо, и никој не мораше да пробува да го чита мојот ракопис. Пробав разни компјутерски гласови што беа на располагање на интернет, и неколку месеци имав британски акцент, што Чез го нарекуваше Сер Лоренс." (Смеа) "Тој беше најчистиот што можев да го најдам. Тогаш Епл го издаде гласот Алекс, што беше најдоброто што сум го чул. Ги знаеше нешта како разликата меѓу извичник и прашалник. Кога виде точка, знаеше како да направи реченицата да звучи како да завршуваше наместо да стои во воздух. Постојат секакви видови хтмл код што можете да ги користите за да го контролирате времето и вметнувањето на компјутерски гласови, и јас експериментирав со нив. За мене, тие делат основен проблем: тие беа преспори. Кога ќе се најдам во сред муабет, морам да пишувам брзо и да прискокнам веднаш. Луѓето немаат ниту време ниту трпение да ме чекаат да си играм со кодовите за секој збор или реченица.
Но каква вредност му даваме на звукот на нашиот глас? Како тоа влијае врз вашата личност? Кога луѓето ќе го слушнат Алекс како ги изговара моите зборови, дали доживуваат оддалеченост? Дали тоа создава поделба или далечина од едно лице до наредното? Како се чуствував не можејќи да зборувам? Чуствував, и сеуште чуствувам, оддалеченост од човештвото. Ми стануваше неудобно кога ќе бев одвоен од мојот лаптоп. Дури и тогаш, бев свесен дека повеќето луѓе имаат малку трпение за моите говорни потешкотии.
Тогаш Чез предложи да се најде фирма која би можела да направи глас по порачка користејќи го гласот од мојата ТВ емисија во период од 30 години. Отпрвин бев против тоа. Мислев дека би било чудно кога ќе го слушам сопствениот глас како доаѓа од компјутер. Имаше нешто утешително во гласот што не беше мој. Но тогаш решив само да пробам. Така, контактиравме една фирма во Шкотска што создаде мои приспособени компјутерски гласови. Тие никогаш немаа создадено глас од претходно снимени материјали. Сите нивни гласови биле направени од спикер снимајќи ги неговите зборови во студио. Но беа волни да пробаат.
Така им пратив многу часови снимен материјал со мојот глас, вклучувајќи и неколку ленти со аудио коментари што ги направив за филмови на ДВД-ја. И звучеше како мене, навистина. Имаше причина за тоа, тоа бев јас. Но не беше толку едноставно. Лентите од мојата ТВ емисија не беа многу успешни затоа што имаше премногу други видови на звуци вмешани -- звучни записи од филмови, на пример или Џин Сискел расправајќи се со мене. " (Смеа) "И моите зборови често имаа одреден нагласок што не одговараше во реченица многу добро.
Ќе ви дозволам да слушнете извадок од тој глас. Овие се неколку од коментарите што јас ги снимив за користење кога Чез и јас се појавивме на Опра Винфри емисијата. И еве го гласот што ние го нарекуваме Роџер Јуниор. или Роџер 2.0"
Роџер 2.0: Опра, не можам да ти кажам колку е добро да се биде повторно во твојата емисија. Ние зборувавме долго време, и сега еве не повторно. Ова е првата верзија на мојот компјутерски глас. Се уште треба подобрување, но барем звучи како мене и не како ХАЛ 9000. Кога го слушнав прв пат, ме полазија морници по 'рбетот Кога пишувам нешто, овој глас ќе изговори сè што пишувам. Кога читам нешто, ќе го прочита со мојот глас. Ги напишав овие зборови однапред, бидејќи не мислам дека би било возбудливо да седам овде, и вие да ме гледате како пишувам.
Гласот беше создаден од фирма во Шкотска именувана СерПрок. Мило ми е што мноштво од зборовите што ги слушате прво беа изговорени додека коментирав за 'Казабланка' и 'Граѓанинот Кејн'. Ова е првиот глас што тие го создадоа за лице. Постојат неколку многу добри гласови на располагање за компјутерите, но сите тие звучат како некој друг, додека овој глас звучи како мене. Планирам да го користам на телевизија, радио и интернет. Луѓето на кои им треба глас треба да знаат дека повеќето копјутери веќе сè со вградени говорни системи. Многу слепи луѓе ги користат со цел самостојно да читаат страници на интернет. Но морам да кажам, во прво оделение, велеа дека премногу зборувам, и сега сеуште можам.
Роџер Еберт: Како што можете да чуете, звучи како мене, но зборовите скокаат горе доле. Текот не е природен. Добрите луѓе во Шкотска сеуште го подобруваат мојот глас, и јас сум оптимистичен околу тоа. Но до сега, Епл Алекс гласот е најдобриот што го имав слушнато. Напишав блог за тоа и всушност добив коментар од глумецот кој го играше Алекс. Тој рече дека снимил многу долги часови во разни интонации за да се направи гласот. Многу голем примерок е потребен.
Џон Хантер: "Целиот мој живот бев дрдорко. Сега ги кажав моите последни зборови, и дури не сум сигурен кои беа тие. Се чуствувам како херојот од онаа приказна на Харлан Елисон насловена 'Немам уста и морам да врискам'. Во среда, Дејвид Кристијан ни објасни колку мал момент претставува човечката раса во временскиот опсег на вселената. За речиси сите нејзини милиони и милијарди години, немаше живот на земјата воопшто. За речиси сите години на живот на земјата, немало интелигентен живот. Откако сме научиле да го пренесуваме знаењето од една генерација на наредната, цивилизацијата станала возможна. Во космолошки рамки, тоа беше пред околу 10 минути. Конечно се појави човековиот најнапреден и најтаинствен алат, компјутерот. Тоа се случи воглавно во текот на моето живеење.
Некои од првите познати компјутери биле направени во мојот роден град Урбана, родното место на ХАЛ 9000. Кога го слушнав вчудовидувачкиот говор на Салман Кан во средата, за вебстраницата на Кан Академијата што предава стотици теми на студенти од целиот свет, имав блесок од минатото. Тоа беше околу 1960та. Како средношколец и новинар во локалниот весник, бев испратен во компјутерската лабораторија на Универзитетот во Илиноис за да ги интервјуирам создавачите на нешто наречено ПЛАТО. Иницијалите значеа Програмирана Логика за Автоматизирани Учебни Операции. Ова беше компјутерски потпомогнат инструкциски систем, што во тие денови работеше на компјутер наречен Илиак. Програмерите рекоа дека може да им помогне на студенти во нивното учење.
Се сомневам, на тој ден пред 50 години, дека тие дури и сонуваа за тоа што Салман Кан ќе постигне. Но тоа не е поентата. Поентата е дека ПЛАТО беше само пред 50 години, момент во времето. Продолжи да еволуира и да биде опериран во една форма или друга на повеќе и повеќе софистицирани компјутери, се до пред пет години. Дознав од Википедија дека, почнувајќи со тој скромен почеток, ПЛАТО поставил форуми, табли со пораки, мрежно тестирање, имеил, чат соби, сликовни јазици, инстант пораки, споделување на екран на далечина и мрежни игри.
"Откако првиот мрежен пребарувач беше развиен во Урбана, стана очигледно дека мојот роден град во државата Илиноис беше родното место на најголемиот дел од виртуелната, мрежна вселена што ја населуваме денес. Но јас не сум овде од Стопанската комора." "Смеа" "Јас сум овде како човек што сака да комуницира.
Сето ова се случи во моето живеење. Почнав да пишувам на компјутер наназад во 70-тите кога еден од првите Атеч системи беше инсталиран во Чикаго Сан Тајмс. Бев во редица во Радио Шак за да купам еден од првите Модел 100. И кога им кажав на луѓето во новинарската соба на Наградите на Академијата дека подобро да инсталираат неколку линии за Интернет поврзување, тие не знаеја за што зборував. Кога го купив мојот прв десктоп, тоа беше "ДЕК реинбоу". Дали некој се сеќава на тоа?" (Плесок) "Сан Тајмс ме испрати на Канскиот филмски фестивал со пренослив компјутер со големина на актовка именуван "Портерам Телебабл". Му се придружив на "Компјусерв" кога имаше помалку членови отколку што јас сега имам следбеници на Твитер."
ЧЕ: "Сето ова се случи во еден момент. Не е замисливо што ќе се случи следно. Ме прави неверојатно среќен што живеам во овој момент од историјата. Навистина, јас сум среќен што живеам во историјата воопшто, бидејќи без интелигенција и сеќавање нема историја. Низ милијардите години, универзумот еволуирал целосно без некој да забележи. Сега живееме во времето на Интернетот, кој се чини создава еден вид на глобална свесност. И заради тоа, можам да комуницирам исто како порано. Ние сме родени во кутијата наречена време и простор. Користиме зборови и комуникација за да излеземе надвор од неа и за да допреме до другите.
За мене, Интернетот почна како корисен алат и сега стана нешто на што се потпирам за секојдневна егзистенција. Не можам да зборувам, можам само да пишувам многу брзо. Компјутерските гласови понекогаш не се многу софистицирани, но со мојот компјутер, можам да комуницирам пошироко отколку порано. Чувствувам како да мојот блог, мојот имеил, твитер и фејсбук ми дадоа замена за секојдневен разговор. Тие не се подобрување, но тие се најдоброто што можам да го правам. Тие ми даваат начин да зборувам. Не секој го има трпението на мојата жена, Чез. Но на мрежата, секој зборува со иста брзина.
Оваа цела авантура беше поучно искуство. Секој пат кога имаше операција што не успеа, јас останував со малку помалку месо и коска. Сега воопшто немам вилица. Додека земаа ткиво од двете мои рамиња, операциите ме оставија со болка во грбот и ми ја намалија можноста да одам лесно. Иронично е што моите нозе се во ред, и моите рамења се тие што ми го забавуваат мојот од. Кога ме гледате денес, изгледам како Фантомот од Операта."
"Човечки е доколку погледнете во некој како мене и претпоставите дека сум загубил нешто од мојот сјај. Луѓето --" (Аплауз) "Луѓето зборуваат гласно --"
"Луѓето ми зборуваат гласно и споро. Понекогаш тие претпоставуваат дека сум глув. Постојат луѓе кои не сакаат да направат очен контакт."
Верувајте ми, тој не мислеше за ова како -- било како, дозволете ми да го прочитам. (Смеа) Не треба да и дозволите на вашата жена да чита нешто вакво.
"Во човечка природа е да се трга погледот од болест. Не сакаме да не потстетуваат на нашата кревка смртност. Затоа пишувањето на Интернет стана животен спасител за мене. Мојата можност да мислам и пишувам не беше засегната. И на мрежата, мојот вистински глас наоѓа изразување. Имав сретнато многу други инвалидизирани луѓе кои комуницираат на овој начин. Еден од моите пријатели на Твитер може да пишува само со неговите ножни прсти. Еден од најсмешните блогови на мрежата е напишан од мој пријател наречен Паметен инвалид." (Смеа) "Најдете го на Гугл го и ќе ве насмее. Сите овие луѓе велат, на еден начин или друг, дека тоа што гледате не е онака како што изгледа.
Значи јас не дојдов овде да се жалам. Има други работи што ме прават среќен. Јас изгледа, сега, сум без рак. Пишувам добро како порано. Продуктивен сум. Ако бев во ваква состојба пред неколку вселенски моменти, ќе бев изолиран како некаков аскет. Ќе бев заробен во сопствената глава. Поради напливот на човековото знаење, заради дигиталната револуција, имам глас, и немам потреба да врискам."
РЕ: Чекај. Имам уште едно нешто да додадам. Човек оди на психијатар. Психијатарот вели, "Ти си луд." Човекот вели, "Сакам второ мислење." Психијатарот вели, "Во ред, ти си грд."
Вие сите го знаете тестот за вештачка интелигенција -- Туринговиот тест. Човек судија разговара со човек и компјутер. Ако судијата не може да ја разликува машината од човекот, тогаш машината го поминала тестот. Сега предлагам тест за компјутерски гласови -- Ебертовиот тест. Ако компјутерскиот глас може успешно да каже шега и ако има изговор и акцент како Хени Јангмен, тогаш тоа е гласот што го сакам.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Кога филмскиот критичар Роџер Еберт ја изгуби долната вилица поради рак, тој ја изгуби можноста да јаде и зборува. Но тој не го изгуби својот глас. Во емотивен говор од ТЕД2011, Еберт и неговата жена Чез, со пријателите Дин Орниш и Џон Хантер, дојдоа заедно да ја кажат неговата забележителна приказна.
After losing the power to speak, legendary film critic Roger Ebert went on to write about creativity, race, politics and culture -- and film, just as brilliantly as ever. Full bio »
Translated into Macedonian by Boban Zakovski
Reviewed by ALEKSANDAR MITEVSKI
Comments? Please email the translators above.
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.