Сите вие ја знаете вистината за ова што ќе го кажам. Мислам декаа интуицијата да нееднаквоста води до поделба и дека е социјално разорна е присутно уште пред Француската Револуција. Она што се промени е тоа што сега можеме да ги погледнеме доказите, да ги споредиме општествата, повеќе или помалку еднаквите општества, и да видиме како влијае нееднаквоста. Ќе ви ги прикажам податоците и потоа ќе ви објаснам зошто постојат врските кои што ќе ви ги покажам.
Но прво, видете колку многу сме мизерни. (Смеа) Сакам да започнам со еден парадокс. Ова ви го прикажува очекуваниот животен век корелиран со вкупниот национален приход -- како стојат богатите земји во просек. Можете да видите дека земјите од десно, како Норвешка и САД, се два пати побогати од Израел, Грција, Португалија од лево. И покрај тоа, не постои разлика во очекуваниот животен век воопшто. Не постои поврзаност овде. Но доколку погледнеме внатре нашите општества, постојат невообичаени разлики во здравјето внатре општеството. Ова, повторно, е очекуваниот животен век.
Ова се мали области од Англија и Велс -- најсиромашните на десно, најбогатите лево. Голема разлика помеѓу сиромашните и останатите ние. Дури и луѓето веднаш под врвот имаат послабо здравје отколку оние на самиот врв. Значи приходот е нешто многу важно внатре нашите општества, додека пак не значи ништо помеѓу нив. Објаснувањето за овој парадокс е дека, внатре нашите општества, гледаме на релативниот приход или социјалната позиција, социјалниот статус -- каде што се наоѓаме во сооднос едни со други и големината на јазот помеѓу нас. И откако сте запознаени со оваа идеа, треба веднаш да се запрашате: што ќе се случи доколку ги зголемуваме разликите, или ги намалиме, ако ја направиме разликата во приходот поголема или помала?
Токму ова ќе ви го покажам. Не користам хипотетички податоци. Податоците се од Обединетите Нации -- истите што ги има Светската Банка -- за големината на разликите во приходот во овие богати развиени пазарни демократии. Мерката што ја користевме, бидејќи е лесно разбирлива и можете да ја симнете од интернет, е колку се побогати 20-те проценти од врвот споредено со 20-те проценти луѓе од дното на секоја земја. Можете да видите дека во поеднаквите земји од лево -- Јапонија, Финска, Норвешка, Шведска -- 20-те проценти од врвот се три и пол, четири пати побогати од долните 20 проценти. Но на понееднаквата страна -- В.Б., Португалија, САД, Сингапур -- разликите се два пати поголеми од претходните земји. Според оваа мерка, ние сме два пати понееднакви од некои други успешни пазарни демократии.
Сега ќе ви покажам што им прави ова на нашите општества. Собравме податоци за социјалните проблеми, проблеми кои што се почести во дното од општественото скалило. Интернационално споредбени податоци за очекуваниот животен век, за скоровите на децата по математика и литература, за стапка на смртност кај децата, стапка на убиства, пропорција на популацијата во затвор, раѓањa во адолесценција, ниво на доверба, дебелина, ментална болест -- што според стандардната дијагностичка класификација вклучува зависност од дрога и алкохол -- и социјална подвижност. Сите овие ги сведовме под еден индекс. На сите им е дадено еднакво значење. За секоја земја е пресметан просечен скор за овие социјални проблеми. Еве, може да видите во однос на мерката за нееднаквост што ви ја покажав, која што ќе ја користам повеќе пати во податоците. Понееднаквите земји имаат полоша позиција на сите овие видови социјални проблеми. Тоа е невообичаено висока корелација. Но доколку погледнете на тој исти индекс за здравствени и социјални проблеми во однос на БДП по жител, бруто домашен приход, нема ништо, повеќе нема корелација.
Малку бевме загрижени дека луѓето можеби ќе мислат дека сме ги бирале проблемите за да ни одговараат на аргументите и дека само сме го фалсификувале овој доказ, затоа објавивме истражување во Британското Медицинско Списание врз основа на индекс за добросостојба на децата добиен од УНИЦЕФ. Има 40 различни компоненти составени од други луѓе. Содржи дали децата можат да зборуваат со нивните родители, дали имаат книги дома, какви се стапките на имунизација, дали има малтретирање во училиштата. Сè влегува во него. Овде е во однос со таа иста мерка на нееднаквост. На децата им е полошо во понееднаквите општества. Високо значајна поврзаност. Но уште еднаш, доколку погледнете на мерката за добросостојба на децата, во однос на националниот приход по индивидуа, не постои поврзаност, ниту збор за поврзаност.
Сите податоци што ви ги покажав до сега кажуваат едно исто нешто. Просечната добро-состојба на нашите општества повеќе не зависи од националниот приход и економскиот раст. Тие се многу важни во посиромашните земји, но не и во богатиот развиен свет. Разликата помеѓу нас и каде се наоѓаме во однос едни со други е многу важно денес. Ќе ви ги прикажам некои од поединечните компоненти од овој индекс. Овде, на пример, е довербата. Тоа е едноставно процент од населението кое што смета дека на повеќето луѓе може да им се верува. Ова е од Светската Анкета за Вредности. Гледате, на понееднаквиот крај, околу 15 проценти од населението смета дека може да им верува на другите. Додека пак во поеднаквите општества, оваа бројка се зголемува до 60 или 65%. Доколку погледнете на мерката за учество во животот на заедницата т.е. социјалната кохезија, се јавува многу слична поврзаност тесно поврзана со нееднаквоста.
Можам да кажам, ова истражување го направивме двапати. Прво го спроведовме на богатите, развиени земји, и потоа како независно истражување, го повторивме на сите 50 Американски држави -- поставувајќи го истото прашање: дали понееднаквите држави се полоши на сите овие видови на мерки? Еве ја довербата добиена од генералната социјална анкета на федералната влада во однос на нееднаквоста. Многу слично распрскување низ сличните нивоа на доверба. Истото се јавува овде. Во основа најдовме дека речиси сè што е поврзано со довербата во другите земји е исто така поврзано со довербата во 50те држави во ова независно истражување. Ова не е чиста случајност.
Ова е ментална болест. СЗО состави податоци користејќи ги истите дијагностички интервјуа врз случајни примероци од популацијата за да ни овозможи да ги споредиме стапките на ментална болест во секое општество. Ова е процент од населението со било која ментална болест од претходната година. Се движи од околу осум проценти се до три пати повеќе од тоа -- цели општества со три пати повеќе ментални болести од другите. И повторно, тесно поврзано со нееднаквоста.
Ова е насилство. Овие црвени точки се Американските држави, а плавите триаголници се Канадските провинции. Но погледнете ја големината на разликите. Се движи од 15 убиства на милион жители се до 150. Ова е процентот на населението што се наоѓа во затвор. Овде имаме десет пати поголеми разлики, логаритамската скала од страната. Се движи од 40 до 400 луѓе во затвор. Поврзаноста воглавно не е резултат на повеќе криминал. На некои места, криминалот е причината. Меѓутоа повеќе станува збор за построго казнување, пожестоко казнување. И кај понееднаквите општества поголема е веројатноста за задржување на смртната казна. Овде имаме деца кои го напуштиле средното училиште. Повторно, прилично големи разлики. Неверојатно поразително, доколку зборуваме за користење на талентите од популацијата.
Ова е социјалната подвижност. Всушност е мерка на подвижноста базирана на приход. Во основа, прашува: дали богатите татковци имаат богати синови и сиромашните татковци, сиромашни синови, или не постои поврзаност помеѓу нив? Кон понееднаквиот крај, приходот на таткото е многу поважен -- во В.Б., САД. Во Скандинавските земји пак, приходот на таткото е помалку важен. Повеќе е застапена социјалната подвижност. И како што сакаме да кажеме -- знам дека има многу Американци во публиката овде -- ако Американците сакаат да го живеат Американскиот сон, тие треба да отидат во Данска.
Ви покажав само неколку работи во италик овде. Можев да претставам бројни други проблеми. Тоа се проблеми кои што се почести на дното од социјалното скалило. Постојат безброј проблеми кои што се полоши во понееднаквите земји -- не само малку полоши, туку од два пати па се до 10 пати полоши. Помислете на штетата, човечката цена за сето тоа.
Сакам да се навратам на овој график кој што ви го покажав пред малку каде што ги сумираме работите за да извлечам два заклучоци. Едниот е дека, график по график, гледаме дека земјите каде што е полошо, без разлика на исходот, се чини дека се понееднаквите, а оние каде што е подобро се чини дека се Нордиските земји и Јапонија. Значи она што гледаме е генерална општествена дисфункција поврзана со нееднаквоста. Не се влошуваат само една или две работи, туку повеќето работи.
Другиот навистина важен заклучок кој што сакам да го изнесам е дека, доколку погледнете на дното, Шведска и Јапонија, тие се многу различни земји по многу нешта. Позицијата на жената, колку близу се држат до нуклеарното семејство, се на спротивни краеви од половите во рамки на богатиот развиен свет. Но друга навистина важна разлика е начинот како ја постигнуваат поголемата еднаквост. Шведска има големи разлики во заработувачките, но го намалува јазот преку даноци, државни социјални програми, донации и така натаму. Јапонија е прилично поинаква. Таа започнува со многу помали разлики во заработувачките пред оданочувањето. Има помали даноци. Има помала социјална програма. Во нашата анализа на Американските држави, ја видовме речиси истата разлика. Има некои држави кои функционираат добро преку прераспределба, некои држави пак функционираат добро бидејќи имаат помали разлики во приходите пред оданочувањето. Така заклучивме дека не е многу важно како ја постигнувате поголемата еднаквост, се додека ја постигнувате некако.
Не зборувам за совршена еднаквост, Зборувам за она што постои во богатите развиени пазарни демократии. Друг навистина изненадувачки дел од сликава е дека не се само сиромашните погодени од нееднаквоста. Се чини дека има нешто вистина во Џон Доновата изрека: "Ниту еден човек е остров." Во бројни истражувања, можно е да се спореди како живеат луѓето во повеќе и помалку еднаквите земји на секое ниво од социјалната хиерархија. Ова е само еден пример. За смртноста на децата. Некои Швеѓани извршиле класификација на починатите деца од оваа земја според Британскиот регистар за генерална социоекономска класификација. Значи станува збор за анахрона класификација според занимањето на татковците, самохраните родители се ставени посебно. Онаму каде што стои "ниска социјална класа," тоа се нискообразовни физички занимања. Потоа одиме кон високообразовни физички занимања во средината, потоа новите не-физички, се до горе до професионалните занимања -- лекари, адвокати, директори на поголеми компании.
Гледате дека Шведска живее подобро отколку Британија низ целата социјална хиерархија. Најголемите разлики се на дното од општеството. Но дури и на врвот, се чини дека има мала предност доколку сте во поеднакво општество. Ова го покажавме на околу пет различни примероци на податоци кои ги опфаќаа образовните исходи и здравството во Соединетите Држави и интернационално. И се чини дека тоа е генералната слика -- дека поголемата еднаквост има најголема улога на дното, но има одредени предности дури и на врвот.
Но треба да кажам неколку збора за она што всушност се случува. Мислам дека гледам и зборувам за психосоцијалните ефекти на нееднаквоста. Нееднаквоста има повеќе врска со чувствата на супериорност и инфериорност, чувството дека сте ценети и подценети, почитувани и непочитувани. И се разбира, тие чувства кои се однесуваат на борбата за статус, кој произлегува од овие чувства го движат консумеризмот на нашето општество. Тие исто така водат до статусна несигурност. Ние сме повеќе загрижени за тоа како нè гледаат и што мислат другите за нас, дали сметаат дека сме привлечни, паметни, сите такви работи. Социјално-евалуативните судови го зголемуваат, стравот од овие социјално-евалуативни судови.
Интересно, паралелно во социјалната психологија се одвива истражување: неколку луѓе извршиле ревизија на 208 различни истражувања во кои волонтери биле повикани во психолошка лабараторија и притоа им биле мерени стрес хормоните, т.е. нивните реакции додека извршуваат стресни задачи. Во ревизијата, тие биле заинтересирани да видат какви видови на стрес најконзистентно го зголемуваат нивото на кортизол, централниот стрес хормон. Заклучокот беше дека тоа се задачите кои вклучуваат социјално-евалуативна закана -- закани за себе-почитувањето или социјалниот статус задачи во кои другите можат негативно да ја оценат вашата перформанса. Овие видови на стрес имаат карактеристичен ефект врз физиологијата на стресот.
Бевме критикувани. Се разбира, има луѓе на кои не им се допаѓаат овие работи. и луѓе кои се многу изненадени. Сепак треба да ви кажам дека кога луѓето нè критикуваат за намерно бирање на податоци, ние никогаш намерно не бираме податоци. Имаме апсолутно правило дека доколку нашиот извор на податоци има податоци за една од земјите што нè интересира, тогаш тој влегува во анализата. Нашиот извор за податоци одлучува дали се релијабилни податоците, а не ние. Во спротивно ќе стане збор за пристрасност.
Што е со другите земји? Постојат 200 истражувања за здравјето во однос на приходот и еднаквоста во академските списанија. Ова не е ограничено на овие земји овде, и не претставува симплификација. Истите земји, истите мерки за нееднаквост, проблем по проблем. Зошто не ги контролираме другите фактори? Ви покажавме дека БДП по жител не игра никаква улога. И се разбира, други користејќи пософистицирани методи од литературата ги контролирале сиромаштијата и образованието и така натаму.
Што е со каузалноста? Корелацијата сама по себе не докажува каузалност. Потрошивме доста време. И навистина, луѓето имаат прилично познавање за каузалните врски во некои од овие исходи. Големата промена во нашето разбирање за носителите на хроничното здравје во богатиот развиен свет се однесува на тоа како хроничниот стрес од социјално потекло влијае врз имуниот систем, кардиоваскуларниот систем. Или на пример, причината зошто насилството станува се почесто во понееднаквите општества е бидејќи луѓето се осетливи доколку бидат погледнати со презир.
За да се справиме со ова, треба да се позанимаваме со пост-даночните и пред-даночните проблеми. Треба да го ограничиме приходот, бонусите кои што ги добиваат луѓето од врвот. Мислам дека треба да ги направиме газдите одговорни пред нивните работници на било кој начин. Поуката што треба да ја однесете дома е дека можеме да го подобриме квалитетот на човечкиот живот преку намалување на разликите во приходите. Наеднаш имаме контрола врз психосоцијалната добро-состојба на цели општества, и тоа е возбудливо.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Инстинктивно чувствуваме дека нешто не е во ред во општествата со огромни разлики во приходите. Ричард Вилкинсон графички ги претставува поразителните податоци за економската нееднаквост и покажува што е тоа што се влошува кога разликата меѓу богатите и сиромашните е преголема: вистински ефекти врз здравјето, должината на животниот век, дури и врз така основни вредности како довербата.
In "The Spirit Level," Richard Wilkinson charts data that proves societies that are more equal are healthier, happier societies. Full bio »
Translated into Macedonian by Сања Богоева
Reviewed by ALEKSANDAR MITEVSKI
Comments? Please email the translators above.
09:15 Posted: Mar 2011
Views 1,204,943 | Comments 235
16:49 Posted: Aug 2010
Views 709,143 | Comments 381
17:56 Posted: Aug 2010
Views 1,346,026 | Comments 248
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.