Има ли нешто што е уникатно за човечките суштества? Има. Ние сме единствените суштества со целосно развиени морални чувства. Како социјални суштества ние сме преокупирани со моралноста. Ние мораме да знаеме зошто луѓето го прават она што го прават. И јас лично сум преокупиран со моралноста. Сето тоа се должи на оваа жена, Сестрата Мери Марастела, уште позната како моја мајка. Како олтарско момче, вдишував многу темјан, и научив да кажувам фрази на Латински, но истотака имав време да размислувам за тоа дали рационалната моралност на мајка ми важи за сите. Видов дека луѓето кои се религиозни и не-религиозни беа еднакво преокупирани со моралноста. Си мислев, можеби постои некоја овоземска основа за моралните одлуки. Меѓутоа сакав да научам повеќе отколку само да кажам дека нашите мозоци не прават морални. Сакам да знам дали постои хемија на моралноста. Сакам да знам дали постои морална молекула.
После 10 години експериментирање, ја пронајдов. Сакате да ја видите? Ја донесов со мене. Овој мал шприц ја содржи моралната молекула. (Смеа) Се вика окситоцин. Окситоцинот е едноставна и древна молекула која се наоѓа само кај цицачите. Кај глодарите, беше познато дека придонесува мајките да се грижат за нивните новороденчиња, и кај некои суштества, овозможува толеранција. Но кај луѓето, се знаеше само дека го олеснува породувањето и доењето кај жената, и се ослободува кај двата пола за време на секс.
Така ми дојде оваа идеа дека окситоцинот можеби е моралната молекула. Направив она што повеќето од нас прават -- ја испробав на некои колеги. Еден од нив ми кажа, "Пол, тоа е најглупата идеа на светот. Таа е, "тој рече, "единствено женска молекула. Не може да биде толку важна." Но јас одговорив, "И машките мозоци ја произведуваат. Мора да постои причина зошто." Меѓутоа беше во право, беше глупава идеа. Но, беше експериментално глупава. Со други зборови, мислев дека можам да направам експеримент за да видам дали окситоцинот ги прави луѓето морални.
Излезе дека не е толку лесно. Пред сè, окситоцинот е срамежлива молекула. Базичните нивоа се близу нула, доколку нема некој стимулус да предизвика нејзино ослободување. А, кога е произведена, има три-минутен половичен-живот, и се разградува брзо на собна температура. Значи овој експеримент ќе треба да предизвика бран од окситоцин, треба да биде фатен брзо и да се чува на ладно. Мислев дека ќе успеам. За среќа, окситоцинот се наоѓа и во мозокот и во крвта, така можев да го спроведам овој експеримент без да учам неврохирургија. Потоа морав да ја мерам моралноста.
Да се зафатите со Моралноста со големо М е огромен проект. Затоа почнав поскромно. Проучував само една доблест: доверливоста. Зошто? Покажав во раните 2000-ти дека земјите со поголем процент на доверливи луѓе се повеќе просперитетни. Во овие земји, се случуваат повеќе економски трансакции и се создава поголемо богатство, намалувајќи ја сиромаштијата. Значи сиромашните земји се земји со ниска доверба. Значи ако ја разберев хемијата на довербата, ќе можев да помогнам во намалување на сиромаштијата.
Но, истовремено сум скептик. Не сакам само да ги прашам луѓето, "Дали сте доверливи?" Наместо тоа го користам истражувачкиот пристап на Џери МекГуајар. Ако си толку доблестен, тогаш дај ми пари. Она што направивме во мојата лабораторија, ги искушувавме луѓето на доблестност и не грев со користење на пари. Да ви покажам како го правевме тоа. Регрутиравме неколку луѓе за експериментот. Сите добиваат 10$ доколку се согласат да учествуваат. Им даваме многу инструкции, и никогаш не ги манипулираме. Потоа ги спојуваме во парови преку компјутер. И во тој пар, една личност добива порака која вели, "Дали сакате да се откажете од дел од вашите 10$ што ги заработивте овде и да ги дадете на некој друг во лабораторијата?" Финтата е што не можете да ги видите, и не можете да зборувате со нив. Само еднаш го правите тоа. Од било колку да се откажете тоа ќе се помножи трипати во сметката на другата личност. Ќе ги направите многу побогати. А тие добиваат порака на компјутер која вели личноста еден ви ја прати следнава сума на пари. Дали сакате да ги задржите сите, или дали сакате да вратите одреден износ назад?
Размислете за овој експеримент малку. Ќе седите на овие тврди столчиња околу саат и пол. Некој луд научник ќе ви забие шприц во раката и ќе ви земе четири епрувети крв. И сега сакате да се откажам од овие пари и да му ги дадам на некој странец? Ова беше раѓањето на вампирската економија. Донеси одлука и дај ми малку крв.
Всушност, експерименталните економисти го спровеле овој тест низ светот, со многу поголеми влогови, и општоприфатеното гледиште беше дека мерката од првата личност кон втората личност ја мери довербата, а трансферот од втората назад кон првата личност ја мери доверливоста. Но всушност, економистите биле збунети зошто втората личност воопшто враќа одредена сума на пари. Тие претпоставуваа парите се добри, зошто да не ги задржат сите?
Тоа не е она што го најдовме. Ние откривме дека 90 проценти од првите одлучувачи испратија пари, а од тие кои примија пари, 95 проценти вратија еден дел од нив. Но зошто? Преку мерење на окситоцинот откривме дека колку повеќе пари примила втората личност, толку повеќе нивниот мозок лачел окситоцин, и колку повеќе имале окситоцин, толку повеќе пари вратиле. Значи имаме биологија на доверливоста.
Но чекајте. Што не е во ред со овој експеримент? Две нешта. Едното е дека ништ во телото не се случува во изолација. Меревме уште девет други молекули што имаат интеракција со окситоцинот, меѓутоа тие немаа никаков ефект. Но второто е дека сеуште ја имаме само оваа индиректна врска помеѓу окситоцинот и доверливоста. Не знаев со сигурност дека окситоцинот ја предизвикува доверливоста. За да го изведам експериментот, знаев дека ќе треба да влезам во мозокот за да го манипулирам окситоцинот директно. Пробав со сè, освен бушилка за да го внесам окситоцинот во мојот мозок. И открив дека можам тоа да го направам со назален инхалатор. Заедно со едни колеги од Цирих, подложивме 200 мажи на окситоцин или плацебо, го направивме истиот тест за доверба со парите, и откривме дека оние на окситоцин не само што покажаа повеќе доверба, туку успеавме да го зголемиме повеќе од дупло бројот на луѓе кои ги испратија сите нивни пари на непознат -- притоа без менување на расположението или когницијата.
Значи окситоцинот е молекула на довербата, но дали е молекула на моралот? Користејќи го окситоцинскиот инхалатор, спроведовме повеќе истражувања. Покажавме дека внесувањето на окситоцин ја зголемува дарежливоста во еднонасочните парични трансфери за 80 проценти. Покажавме дека ги зголемува донациите во добротворни цели за 50 проценти Исто така истраживме не-фармаколошки начини за зголемување на окситоцинот. Овие вклучуваат масажа, играње и молење. Да, мајка ми беше среќна поради последното. Кога и да го зголемиме окситоцинот, луѓето доброволно ги отвараат нивните паричници и им даваат пари на странци.
Но зошто го прават тоа? Какво е чувството кога вашиот мозок е преплавен со окситоцин? За да го истражиме ова прашање, спроведовме експеримент каде што луѓе гледаат снимка на татко и неговиот четири годишен син, а неговиот син има терминален рак на мозокот. Откако ја изгледаа снимката, ги замоливме да си ги рангираат чувствата и зедовме крв пред и после тоа за да го измериме окситоцинот. Промената во окситоцинот ги предвиде нивните чувства на емпатија. Значи емпатијата придонесува да се поврземе со другите луѓе. Емпатијата придонесува да им помагаме на другите луѓе. Емпатијата нè прави морални.
Оваа идеа не е нова. Во тоа време непознат, филозофот Адам Смит напишал книга во 1759 која се викала "Теорија за Моралните Сентименти." Во оваа книга, Смит вели дека ние сме морални суштества, не поради рационални причини, туку поради тоа што сме така создадени. Тој рече дека ние сме социјални суштества, и поради тоа ги доживуваме туѓите емоции. Ако направам нешто што ќе ве повреди, јас ќе ја чувствувам болката. Затоа го избегнувам тоа. Ако направам нешто што ве усреќува, јас ќе ја чувствувам вашата радост. Затоа пак ќе го направам тоа. Ова е истиот Адам Смит кој, 17 години подоцна, ќе напише мала книга наречена "Богатството на Нациите" -- документот на кој што се базира економијата. Но тој бил, всушност, морален филозоф, и бил во право зошто сме морални. Јас само ја открив молекулата што стои позади тоа. Меѓутоа тоа што ја откривме молекулата е важно, бидејќи ни кажува како да го зголемиме ова однесување и што е тоа што го онемозвожува. Особено, ни кажува зошто гледаме неморалност.
За да ја истражиме неморалноста, ќе ве вратам назад во 1980. Јас работам на бензинска пумпа на периферијата од Санта Барбара, Калифорнија. Седејќи на бензинска пумпа цел ден, ќе видите многу моралност и неморалност, да ви кажам. Едно Неделно утро, еден човек влегува во кабината за наплата со една прекрасна кутија за накит. Ја отвара и во неа гледаме бисерен ѓердан. И вели, "Еј, бев во машкиот тоалет. Го најдов ова. Што мислиш дека треба да направиме?" "Не знам, да го ставиме во изгубено и најдено." "Ова е многу вредно. Мораме да го најдеме сопственикот." Реков, "Да."
Обидувајќи се да одлучиме што да правиме со ова, телефонот почнува да звони. Еден човек многу возбудено вели, "Пред малку бев кај вас на бензинската, имав купено накит за жена ми, и не можам да го најдам." Реков, "Бисерен ѓердан?" "Да." "Еј, само што го најде еден дечко." "Оф, ми го спасивте животот. Ова е мојот телефонски број. Кажи му на дечкото да почека половина час. Ќе дојдам таму и ќе му дадам 200$ награда." Супер, и му викам на дечкото, "Види, опушти се. Земи си ја дебелата награда. И се е во ред." Тој рече, "Не можам. Имам интервју за работа за 15 минути, , ми треба оваа работа, морам да одам." Повторно ме праша, "Што мислиш дека треба да правиме?" Јас сум средношколец. Немам поим. Така реков, "Ќе ја чувам место тебе." Тој рече, "Знаеш, беше многу љубезен, ајде да ја поделиме наградата." Ќе ти го дадам накитот, а ти дај ми сто долари, и кога ќе дојде дечкото..."
Гледате. Бев жртва на измама. Значи ова е класичен трик, а јас бев жртвата. Начинот на кој што многу трикови функционираат е таков што, не е измамникот тој што ја тера жртвата да му верува, туку тој покажува доверба во жртвата. Сега знаеме што се случува. Мозокот на жртвата ослободува окситоцин, и вие го отварате вашиот паричник или чанта, и давате пари.
Кои се овие луѓе што го манипулираат нашиот окситоцински систем? Откривме, тестирајки илјадници индивидуи, дека пет проценти од популацијата не ослободуваат окситоцин на стимулите. Ако им верувате, нивните мозоци не ослободуваат окситоцин. Ако имаат пари, тие ги чуваат сите за себе. Има технички збор за овие луѓе во мојата лабораторија. Ние ги викаме копилиња. (Смеа) Ова не се луѓе со кои сакате да пиете пиво. Тие поседуваат многу од особините на психопатите.
Има други начини на кои системот може да се инхибира. Еден е преку несоодветно одгледување. Ги истражувавме сексуално малтретираните жени, и половина од нив не лачат окситоцин на стимулите. Ви треба доволно нега за овој систем да се развие соодветно. Исто така, високиот стрес го инхибира окситоцинот. Сите го знаеме ова, кога сме навистина под стрес, не сме баш нај нај.
Има друг начин за инхибирање на окситоцинот, што е интересно -- преку дејството на тестостеронот. Така ние, во експериментите, им дадовме тестостерон на мажи. И наместо да даваат пари, тие стануваат себични. Но интересно, мажите со високо ниво на тестостерон поверојатно е дека ќе ги користат нивните пари за да ги казнат другите што се себични. (Смеа) Сега размислете за ова. Тоа значи дека внатре нашата биологија ги имаме јинот и јангот на моралноста. Го имаме окситоцинот кој што нè поврзува со другите, не прави да чувствуваме она што тие чувствуваат. И го имаме тестостеронот. Мажите имаат 10 пати повеќе тестостерон од жените, па така мажите повеќе го прават ова од жените -- ние имаме тестостерон кој што прави да сакаме да ги казниме луѓето што се однесуваат неморално. Не ни треба Бог или влада за да ни каже што да правиме. Сè е внатре во нас.
Можеби се прашувате: овие се убави лабораториски експерименти, но дали важат во вистинскиот живот? Да, Бев загрижен и за тоа. Така излегов од лабораторијата да видам дали е ова точно во секојдневниот живот. Така минатото лето, присуствував на свадба во Јужна Англија. 200 луѓе во оваа убава Викторијанска куќа. Не знаев ниту една личност. Отидов со мојот изнајмен Воксол. Зедов центрифуга, сув мраз игли и епрувети. Зедов крв од невестата и младоженецот свдбата, семејството и пријателите пред и веднаш после заклетвите.
И погодете што? Свадбите предизвикуваат лачење на окситоцин, но тоа го прават на многу специфичен начин. Кој е центарот на свадбениот сончев систем? Невестата. Таа има најголемо зголемување на окситоцин. Кој ја сака свадбата речиси колку и невестата? Нејзината мајка, точно. Нејзината мајка беше број два. Потоа таткото на младоженецот, потоа младоженецот, потоа семејството, потоа пријателите -- наредени околу невестата како планетите околу Сонцето. Мислам дека ова ни кажува дека овој ритуал сме го направиле за да нè поврзе со овој нов пар, да нè поврзе емоционално. Зошто? Бидејќи ни е потрбно да бидат успешни во репродукцијата како би го одржале видот.
Исто така бев загрижен дека моите нискобуџетни експерименти за довербата не покажуваат колку често всушност им ги доверуваме нашите животи на непознати. И покрај тоа што имам страв од височини, неодамна се врзав за друго човечко суштество и скокнав од авион што леташе на висина од 3,6 km. Си зедов крв пред и после летот, и се покажа дека сум имал голем раст на окситоцин. Има многу начини како да се поврземе со луѓето. На пример, преку социјалните мрежи. Многу луѓе Твитаат токму сега. Ја истражувавме улогата на социјалните мрежи и откривме дека користењето на социјалните мрежи предизвикува солидно двоцифрено зголемување на окситоцинот.
Го спроведов овој експеримент неодамна за Корејскиот Емитувачки Систем. Нивните репортери и продуценти учествуваа. Еден дечко, сигурно беше околу 22 години, тој имаше 150 процентно зголемување на окситоцинот. Мислам, неверојатно; кај никој не се случи тоа. Тој приватно имаше користено социјална мрежа . Кога им го напишав извештајот на Корејците, Реков, "Видете, Не знам што правел овој дечко," меѓутоа мислам дека зборувал со мајка му или девојка му. Тие проверија. Излезе дека бил на Фејсбук профилот на неговата девојка. Еве гледате. Тоа е поврзаност. Значи има многу начини како да се поврземе со другите луѓе, и се чини дека тоа е универзално.
Пред две недели, само што се вратив од Папуа Нова Гвинеја каде што отидов на висорамнините -- многу изолирани фармерски племиња кои што живеат како пред илјадници години. Има 800 различни јазици во висорамнините. Ова се најпримитивните луѓе на светот. Тие исто така лачат окситоцин.
Значи окситоцинот нè поврзува со другите луѓе. Окситоцинот прави да го чувствуваме она што чувствуваат другите. И многу е лесно да направиме човечките мозоци да лачат окситоцин. Знам како, мојот омилен начин, всушност, е најлесен. Да ви покажам. Дојди овде. Прегрни мè. (Смеа) Повели.
Мојата склоност кон гушкање на луѓето ми го донесе прекарот Др. Љубов. Среќен сум кога споделувам малку повеќе љубов во светот, супер è, но еве ви ја рецептата од Др. Љубов: осум прегратки на ден. Откривме дека луѓето што лачат повеќе окситоцин се посреќни. Тие се посреќни бидејќи имаат подобри врски од сите видови. Др. Љубов вели осум прегратки на ден. Осум прегратки на ден -- ќе бидете посреќни и светот ќе биде подобро место. Се разбира, ако не сакате да допирате луѓе, секогаш ќе можам да ви го бутнам ова во носот.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Што стои позади нашата желба да се однесуваме морално? Невроекономистот Пол Зак ја демонстрира причината зошто тој верува дека окситоцинот (тој го нарекува "моралната молекула") е одговорна за довербата, емпатијата и другите чувства кои што помагаат во изградбата на едно стабилно општество.
A pioneer in the field of neuroeconomics, Paul Zak is uncovering how the hormone oxytocin promotes trust, and proving that love is good for business. Full bio »
Translated into Macedonian by ALEKSANDAR MITEVSKI
Reviewed by Zvezdana Moneva
Comments? Please email the translators above.
16:51 Posted: Sep 2009
Views 1,221,509 | Comments 298
16:23 Posted: Mar 2009
Views 1,245,835 | Comments 222
11:18 Posted: Dec 2012
Views 552,973 | Comments 165
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.