За мене, оваа приказна започнува некаде пред 15 години, кога бев доктор за тешкo болни на Универзитетот во Чикаго. Се грижев за луѓе кои умираа, како и за нивните семејства, во јужниот дел на Чикаго (Саут Сајд). И притоа гледав што се случува со луѓето и нивните семејства во текот на циклусот на нивната тешка болест. А во мојата лабораторија, го проучував „ефектот на вдовештво“ што е вушност една стара идеја во општествените науки, која датира од пред 150 години, а е позната како „смрт од скршено срце.“ Значи, кога јас ќе умрам, шансите мојата сопруга да умре можат двојно да се зголемат, во текот на првата година, на пример. Еднаш отидов да погрижам за еден пациент, жена која умираше од деменција. Во нејзиниот случај, за разлика од оваа двојка, таа беше негувана од нејзината ќерка. А ќерката беше веќе уморна од грижата за својата мајка. Додека пак на нејзиниот сопруг му беше смачено од уморот на неговата сопруга. И се возев така кон дома, еден ден, кога ми заѕвони сопругот на една пријателка, кој решил да ме побара бидејќи бил депримиран од она што му се случувало на неговиот пријател. Значи добивам повик од некој случаен човек кој искусува нешто под влијание на други луѓе на одредена социјална дистанца.
Во тој момент, одеднаш сфатив две едноставни работи. Прво, дека ефектот на вдовештво не е ограничен само на сопружниците. И второ, дека не е ограничен само на парови на луѓе. И почнав да го сфаќам светот на еден сосема поинаков начин, како парови на луѓе кои се взаемно поврзани. Тогаш сфатив дека овие поединци понатаму се поврзуваат во четворки со паровите од нивната блиска околина. Потоа, овие исти луѓе се вмрежуваат во други типови на меѓучовечки односи, брачни и сопружнички, пријателски или други типови на врски. А притоа, овие врски се широко распространети, така што сите ние сме вмрежени во овој широк спектар од меѓусебни поврзувања. Значи, почнав да го гледам светот на еден сосема поинаков начин и станав опседнат со ова. Се опседнав со тоа како можеме сите ние да бидеме вплетени во овие социјални мрежи, како и со тоа како истите влијаат на нашите животи. Значи, социјалните мрежи се такви замрсени „убавици“ толку разработени и комплицирани и толку сеприсутни, што вушност не тера да се запрашаме за каква цел тие служат. Зошто сме „вградени“ во овие социјални мрежи? Мислам, како ли се формираат? Како функционираат? И како влијаат на нас?
Токму затоа, мојата прва тема, во врска со ова, не беше смртта, туку прекумерната дебелина. Одеднаш, стана модерно да се зборува за „епидемија на прекумерно дебелеење“ Па, заедно со мојот соработник, Џејмс Фаулер, почнавме да се прашуваме дали прекумерната дебелина е навистина епидемија и дали може да се пренесува од човек на човек, како кај оние четворица за кои зборував пред малку. Ова е слајд со некои од првичните резултати. Во 2000 година имало 2.200 луѓе. Секоја точка е еден човек. Големината на точката ја направивме правопропорционална со големината на телото. Значи, колку точката е поголема, толку луѓето се покрупни. Згора на тоа, ако вашата телесна тежина, или индексот на телесна маса (BMI) ви е над 30, односно ако сте клинички дебели, ги обоивме точките во жолто. Значи, ако погледнете на сликава, веднаш ќе приметите дека постојат кластери на прекумерно дебели и луѓе што не се дебели, на сликава. Но, она што го гледате овде сеуште е доста комплицирано. Не е сосема јасно што точно се случува. Додатно, веднаш се наметнуваат некои прашања. Колку групирања во класери има овде? Дали има повеќе отколку што би имало ако оставиме само на случајот? Колку се големи кластерите? Колку далеку достигаат? И, што е најважно, што ги предизвикува овие кластери?
Направивме некои математики како би ја простудирале големината на овие кластери. Ова овде, на У-оската, покажува зголемена веројатност од прекумерна дебелина, доколку постои социјален контакт со таков човек. На Х-оската, пак, дадени се степените на сепарација помеѓу двајца луѓе. И на крајот лево, ја гледате оваа лилјаковата (графа). Таа вели дека, доколку пријателите ви се прекумерно дебели, ризикот и вие да станете такви е за 45% повисок. А следната графа, оваа црвената, вели дека, ако пријателите на вашите пријатели се прекумерно дебели, ризикот и вие да станете такви е за 25% повисок. Потоа, наредната графа вели дека, доколку некој од пријателите на пријателите на вашите пријатели, што веројатно не го ни познавате, е прекумерно дебел, ризикот и вие да станете такви е за 10% повисок. Е сега, кога ќе стигнете кај пријателите на овие последните пријатели, дури тогаш се прекинува врската помеѓу телесната тежина на таа личност со вашата телесна тежина.
Што ли би можело да го предизвика ова групирање во кластери? Постојат барем три можности. Едната е дека, додека јас качувам килограми, и вие последователно качувате килограми, еден вид на индукција, пренесување од лице на лице. Друга можност, многу очигледна, е хомофилијата, или „птици од ист сој прават јато“. Овде, правам врска помеѓу мене и вас, бидејќи и вие и јас делиме иста телесна тежина. И последната веројатност е она што го знаеме како збунувачко бидејќи ни ја „заматува“ способноста да сфатиме што точно се случува. А овде, идејата не е дека мојата дебелина ја причинува вашата, ниту пак дека јас одбирам да се поврзам со вас затоа што јас и вие делиме иста телесна тежина, туку повеќе затоа што споделуваме некоја општа изложеност кон нешто, како на пример спортска сала, кој ни помага и на двајцата да изгубиме тежина истовремено.
А кога ги проучивме овие податоци, најдовме докази за сите овие нешта, вклучително и индукцијата. И откривме дека, ако пријателот ви се здебели прекумерно, тоа го зголемува ризикот и вие да се здебелите за околу 57 проценти во истиот временски период. Можни се многу механизми за овој ефект. Една веројатност е дека пријателите ве наговараат - знаете, нивните постапки се пренесуваат и на вас - и ќе ви речат, на пример, „Ајде да одиме на колачи и пиво,“ што е всушност грозна комбинација. Но, вие ја присвојувате таа комбинација и почнувате да се здебелувате како нив. Друга, посуптилна веројатност е дека, кога пријателите ќе ви се здебелат, ви се менуваат поимањата за тоа што е прифатлива телесна тежина. Притоа, она што се шири од човек на човек не е однесување, туку повеќе еден вид на норма. Идејата се пренесува.
Е сега, новинарите претераа со своите наслови по весниците. Мислам дека насловот во Њујорк Тајмс беше, „Се ширите? Вашите дебели пријатели се виновни за тоа.“ Она што ни беше интересно е дека европските новинари имаа поинаков пристап: тие рекоа, „Дали пријателите ви се дебелеат? Можеби вие сте виновни за тоа.“ (Смеа) Сметавме дека ова е мошне интересен коментар за Америка - на еден начин во свој интерес, феномен од типот „не сум јас виновен.“
Овде сакам да сум потполно јасен: не сметаме дека нашата работа треба или може да оправда предрасуди кон луѓето со различна телесна тежина, тоа во никој случај. Нашето следно прашање беше: Дали всушност можеме да го визуелизираме ова ширење? Дали зголемените килограми кај едно лице всушност се пренесуваат кон зголемените килограми кај друго лице? Е, ова беше комплицирано бидејќи моравме да земеме предвид дека структурата на мрежите, архитектурата на врските, се менува низ времето. Згора на тоа, бидејќи прекумерната дебелина не е уницентрична епидемија, не постои „нулта пациент“ за епидемијата на дебелеење - ако најдеме таков човек, тогаш од него се има проширено прекумерната дебелина. Се работи за мултицентрична епидемија. Многу луѓе прават работи истовремено. Сега ќе ви покажам една анимација од 30 секунди за која јас и Џејмс потрошивме пет години од нашите животи. Значи, да повторам, секоја точка е една личност. Секоја врска помеѓу нив е еден однос. Сега ќе го придвижиме ова, со помош на дневни парчиња од мрежата во рок од околу 30 години.
Големината на точките ќе почне да расте. Ќе видите како едно жолто море ќе надвладее. Ќе видите како луќе се раѓаат и умираат; точките ќе се појавуваат и исчезнуваат. Врските ќе се формираат и прекршуваат. Бракови и разводи, спријателувања и непријателствувања. Многу сложености, многу нешта што се случуваат во период од само триесет години кој вклучува епидемија на прекумерно дебелеење. И на крајот ќе се случат кластери на прекумерно дебели и нормални луѓе во рамките на мрежата. Сега, кога вака го гледам ова, ми се промени начинот на кој ги гледам нештата, бидејќи оваа работа, оваа мрежа, се менува со текот на времето, има сеќавање, се движи, низ неа пловат различни нешта, има еден вид на конзистентност. Луѓето може да умрат, но таа не умира; таа опстојува понатаму. А ја карактеризира и еден вид жилавост што и овозможува да опстои низ времето.
И така, почнав да гледам на овие социјални мрежи како на живи суштества, како суштества кои можеме да ги ставиме под микроскоп и да ги студираме и анализираме и разбереме. Користевме најразлични техники да го направиме ова. И почнавме да истражуваме најразлични типови на појави. Ги испитувавме пушењето и пиењето како навики, гласањето, а и разводите - кои рековме можат да се пренесуваат - како и алтруизмот. А згора на тоа, почнаа да не интересираат и емоциите. Кога ќе ни се јават емоции, ги искажуваме. А зошто ги искажуваме емоциите? Мислам, предност е самото тоа што можеме да ги доживееме нашите емоции внатрешно, знаете, како гнев или среќа. Меѓутоа не само што ги доживуваме, туку и ги покажуваме. И не само што ги покажуваме, туку и другите можат да ги прочитаат. И не само што другите можат да ги прочитаат, туку и ги копираат. Постои емотивна зараза која може да им се случи на човечкото население. Ваквата функција на емоциите сугерира дека, покрај останатите цели кои тие може да ги имаат, тие се еден вид примитивна форма на комуникација. И дека, всушност, ако навистина сакаме да ги разбереме човечките емоции, мораме да размислуваме за нив на овој начин.
Навикнати сме да размислуваме за емоциите вака, во вид на прости и на некој начин кратки временски интервали. Еве, за пример, Зборував за ова во Њујорк, неодамна, и реков: „Знаете, како кога сте во метро, а личноста што седи наспроти вас во вагонот ви се смешка, а вие инстиктивно возвраќате со насмевка.“ Ме гледаа и ми рекоа: „Не правиме баш така во Њујорк.“ (Смеа) А јас им вратив: „Насекаде во светот, тоа е нормално човечко однесување.“ Значи постои еден многу инстиктивен начин на кој набрзина си пренесуваме емоции еден на друг. А сепак, емотивната зараза може да биде уште поширока, како кога може да се случи акцентирање на гневот како израз, на пример, во немири Прашањето што не заинтересира беше: дали емоциите можат да се шират, на еден повоздржан начин, не како на немири, туку временски, и да вклучуваат голем број на луѓе, а не само споменатиот пар на лица што си се смешкаат во метрото? Можеби постои еден вид на под-површински тивок немир што постојано не движи. Можеби постојат и емотивни стампеда што се движат низ социјалните мрежи. Можеби, пак емоциите имаат колективно постоење, не само индивидуално.
Ова е една од првите слики што ги направивме за да го проучиме овој феномен. Повторно, социјална мрежа, но овој пат ги обоивме луѓето што се среќни во жолто, а оние што се тажни во плаво, а зелената боја е за оние помеѓу. Доколку ја погледнете сликата, веднаш ќе приметите кластери на среќни и несреќни луѓе, кои повторно се на три три нивоа на сепарација. И веројатно ќе насетите дека несреќните луѓе зафаќаат поинаква структурна локација во рамките на мрежата. Постои средина и маргина во оваа мрежа, а несреќните луѓе се чини дека се лоцирани по маргините. Да се повикам на една друга метафора, ако си замислите дека социјалните мрежи се еден вид на огромно платно исткаено од луѓе - јас сум поврзан со вас, вие со нејзе, и сè така до бесконечност - ова платно ќе наликува на старовремска американска прекривка, со зашиени парталчиња, со среќни и несреќни крпеници. А дали ќе бидете среќни или не зависи од тоа дали сте на среќно парталче или не.
Значи, оваа работа со емоциите, кои се толку базични, не натера понатаму да размислуваме за тоа дали основните причини за човечките социјални мрежи се некако кодирани во нашите гени. Бидејќи човечките социјални мрежи, кога и да ги мапираме, секогаш изгледаат вака, како сликава за мрежата. Но, никогаш не изгледаат вака. Зошто не изгледаат вака? Зошто не формираме социјални мрежи од луѓе кои личат на обична латица? Е па, главните шаблони на човечките социјални мрежи, нивната сеприсутност и очигледна цел не тераат да се запрашаме дали сме еволуирале за да, пред се', формираме социјални мрежи и дали сме еволуирале да формираме мрежи со специфична структура.
А и да ги забележиме, пред сè ... Значи, за да го разбереме ова, прво треба малку да ја дисецираме мрежната структура. Видете, секоја личност во мрежата има потполно иста структурна локација како и било која друга личност. Но, не е така во вистинските мрежи. На пример, еве една вистинска мрежа од студенти на еден елитен североисточен универзитет. Сега, ќе означам неколку точки. Погледнете овде во точките и споредете ја точка Б, горе лево, со точка Д на десниот крај. Б има четири пријатели што произлегуваат од него. А, пак, Д има шест пријатели. Значи, овие двајца имаат различен број на пријатели. Ова ни е повеќе од јасно, нели. Но има други аспекти во социјалните мрежи кои не се така очигледни.
Споредете ја точка Б во горе лево со точка А што се наоѓа подолу лево. Овие двајца имаат по четири пријатели, но пријателите на А се познаваат меѓусебно, додека оние на Б не се знаат. Значи пријателот на пријателот на А, е повторно пријател со А, додека пак пријателот на пријателот на Б не му е приајтел на Б, туку е подалеку во мрежата. Ова се вика транзитивност на мрежите. И, на крај, да ги споредиме Ц и Д. И двете точки имаат по 6 пријатели. Ако зборувате со нив и ги прашате: „Каков ти е социјалниот живот?“ тие ќе ви кажат: „Имам шест пријатели. Тоа ми е социјалното искуство.“ Но, сега вака, од птичја перспектива, во оваа мрежа можеме да видиме дека тие се наоѓаат во сосема различни социјални средини. За ова можам да ве убедам едноставно прашувајќи ве: Кој од нив би сакале да сте вие кога некој смртоносeн микроб би се ширел низ оваа мрежа? Дали повеќе би сакале да сте Ц или Д? Би сакале да сте Д, на маргините на мрежата. Е сега, а кој би сакале да бидете кога некој сочен трач, но не за вас, би се ширел низ мрежата? Сега би сакале да сте Ц.
Значи различните структурни локации имаат различни импликации по вашиот живот. Всушност, кога направивме некои експерименти врз база на ова, откривме дека 46% од варијациите на тема колку пријатели имате се објаснуваат преку вашите гени. Но ова не нè изненадува. Знаеме дека некои луѓе се раѓаат срамежливи, а некои пак се друштвени по природа. Тоа е јасно. Меѓутоа, пронајдовме и некои не толку јасни нешта. На пример, 47% од варијациите на тема дали вашите пријатели се познаваат меѓусебно се припишуваат на вашите гени. Дали пријателите ви зе познаваат не зависи само од нивните гени, туку и од вашите. Сметаме дека причината за ова е во тоа што некои луѓе сакаат да ги запознаваат своите пријатели едни со други - знаете кои сте - а други пак сакаат да ги држат на страна и да не ги запознаваат своите пријатели. Па така, некои луѓе плетат мрежи околу нив, создавајќи еден вид на густи мрежи од врски во кои тие удобно се сместуваат. И на крај, пронајдовме дека 30% од варијациите на тема каде се наоѓаат луѓето во мрежата - во средина или на маргините - исто така може да им се припишат на нивните гени. Значи, дали се наоѓате во средината или на крајот, е на некој начин и наследно.
Е сега, која е поентата на ова? Како ова ни помага да го разбереме (светот)? Како ни помага да осознаеме некои проблеми кои влијаат на нас во денешно време? Аргументот кој сакам да го потенцирам е дека мрежите имаат вредност. Тие се еден вид на социјален капитал. Се јавуваат нови сопствености поради нашата вклученост во социјалните мрежи, кои стануваат својства на структурата на мрежите а не само на поединците во нив. Размислете за овие два предмети. И двата се направени од јаглерод, а сепак едниот од нив има јаглеродни атоми кои се наредени на специфичен начин, лево, така да создаваат графит, кој е мек и темен. Но, ако истите јаглеродни атоми ги поврзете на поинаков начин, ќе добиете дијамант, кој е проѕирен и тврд. Овие својства на мекост и тврдост или затемнетост и проѕирност не лежат во самите атоми. Тие се дел од меѓусебните врски помеѓу јаглеродните атоми, или се најмалку условени од меѓусебните врски помеѓу јаглеродните атоми. На сличен начин, шаблонот на поврзувањата кај луѓето им наметнува различни својства на различни групи на луѓе. Токму врските помеѓу луѓето ја прават целината поголема од збирот на нејзините делови. Значи, не само она што им се случува на луѓето - без разлика дали губат или качуваат килограми, се збогатуваат или осиромашуваат, или пак стануваат среќни или несреќни - влијае на нас; туку и самата архитектура на врските околу нас.
Нашето световно искуство зависи од самата структура на мрешите во кои престојуваме како и од сите оние нешта кои се брануваат и пловат низ мрежата. Според мене, причината за ова лежи во тоа што човечките суштества тежнеат кон здружување и формирање на еден вид на супер-организам. Овој супер-организам е збир на поединци кои демонстрираат однесувања или појави што не можат да се сведат на проучување на поединци туку, за да бидат сфатени, мораат да се поврзат и да се проучуваат како колектив, како на пример една кошница пчели која бара нова локација за да се вгнезди, или јато на птици кои бегаат од некој грабливец, или пак јато на птици кои се доволно „мудри“ и знаат да пронајдат мало парче остров некаде среде Тихиот Океан, или како глутница волци што умеат да соборат многу поголем улов од нив. Супер-организмите имаат својства кои не можат да се разберат само со проучување на поединците. Мислам дека сфаќањето на социјалните мрежи и начинот на кој тие се формираат и функционираат, може да ни помогне да ги сфатиме не само здравјето и емоциите туку и најразлични видови на појави - како криминал, војна, економски феномени од типот на пропаѓање на банки или цели пазари, или пак прифаќање на иновации и распространување и прифаќање на даден производ.
Сега, погледнете го ова. Мислам дека формираме социјални мрежи бидејќи придобивките што ни го нуди поврзаниот живот ја надминуваат самата цена. Кога би бил постојано груб со вас или погрешно би ве информирал, или би ве растажувал, или пак заразил со смртоносни микроби, вие би ги прекинале односите со мене и мрежата ќе се распадне. Значи, споделувањето на добри и вредни нешта е неопходно за да се хранат и одржуваат социјалните мрежи. На сличен начин, социјалните мрежи се неопходни за да можат да се споделуваат добри и вредни нешта, како што е љубовта и добрината, или среќата и алтруизмот и идеите. Всушност, сметам дека доколку ја сфаќаме вредноста на социјалните мрежи, многу повеќе време ќе посветуваме на нивното градење и одржување, бидејќи сметам дека социјалните мрежи се пред се` поврзани со добрина. А она што сега мислам дека му треба на овој свет се повеќе врски.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Сите ние сме вгнездени во огромни социјални мрежи од пријатели, роднини, колеги и останати лица. Николас Кристијакис ни открива како најразличните замки - од среќа до прекумерна здебеленост - можат да се пренесуваат од човек на човек, покажувајќи ни како нашата позиција во мрежата може да му влијае на нашиот живот на начини за кои не сме ни свесни.
Nicholas Christakis explores how the large-scale, face-to-face social networks in which we are embedded affect our lives, and what we can do to take advantage of this fact Full bio »
Translated into Macedonian by Tania Ivanova
Reviewed by Zdravko Smilevski
Comments? Please email the translators above.
08:51 Posted: Nov 2009
Views 424,367 | Comments 120
17:29 Posted: May 2009
Views 1,139,966 | Comments 228
20:53 Posted: Aug 2008
Views 313,056 | Comments 69
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.