Тешки се времињата за економијата колеги ТЕДовци, навистина се тешки. И затоа би ве орасположил со еден од најголемите, иако не премногу познат, комерцијален успех во последните 20 години. Споредлив, на свој посебен начин, со успесите на Мајкрософт или Гугл. И тоа се работи за индустрија која ја избегна рецесијата со леснотија. Зборувам за организираниот криминал
Ќе кажетем, организиран криминал постои веќе долго време. И би биле во право. Но во последните две децении забележува невидена експанзија. Сега отприлика претставува 15 проценти од светскиот Бруто Домашен Производ. Јас го нарекувам Глобална Сива Економија, или скратено, МекМафија.
Од што е поттикнат овој извонреден раст на прекуграничниот криминал? Секако, имаме глобализација, Технологија, комуникации, и сето тоа, за што покасно ќе зборуваме. Но прво би ве вратил на следната случка. Падот на комунизмот. Во цела источна Европа, многу значаен настан. во повоената историја.
Време е да се разоткријам. Овој настан мене лично многу ми значеше. Почнав да криумчарам книги преку железната завеса на демократските опозициски групи во источна Европа, како Солидарност во Полска, додека бев тинејџер. Тогаш почнав да пишувам за источна Европа, и конечно станав главен дописник на БиБиСи за регионот. Тоа го работев во 1989. И затоа кога 425 милиони луѓе конечно добија право да ја изберат својата влада бев пресреќен. Но исто така бев малку загрижен од некои опасни работи кои ѕиркаа од другата страна на ѕидот.
Не требаше долго, на пример, етничкиот национализам да ја појави својата крвава глава во Југославија. И насред хаосот, насред еуфоријата, малку ми требаше да сватам дека некои луѓе кои раководеа со власта пред 1989, во источна Европа, продолжија со тоа и после револуцијата. Секако, вакви ликови сме имале. Но, сме имале и други неочекувани луѓе кои одиграле важни улоги во збиднувањата во источна Европа.
Како овој лик. Се сеќавате на овие типови? Претходно добиваа златни медали во дигање тегови и борење, секои четири години на Олимписките игри. И беа славни личности на комунизмот. Со стил на живот како оној во басна. Добиваа големи станови во центарот на градот. Успатен секс на сметка. И можеа слободно да патуваат на запад, што за тоа време беше голем луксуз. Можеби ви звучи чудно, но тие играа значајна улога во постанокот на пазарната економија во источна Европа. Или како јас ги нарекувам, тие се бебиња на капитализмот. Еве некои од тие истите дигачи на тегови по 1989.
Во Бугарија, ова е сликано во Бугарија, кога комунизмот падна насекаде во источна Европа не падна само комунизмот падна и државата Тоа значи дека полицијата не работеше. Судството не функционираше како треба. Па што требаше бизнисменот во овој нов див свет на источниот капитализам да направи за да се осигура дека неговите договори ќе бидат испочитувани? Па, би се свртел кон луѓето кои социолозите ги нарекуваат, поприлично прозаично, „приватизирани агенции за спроведување на законот“. Ние најчесто ги нарекуваме „мафија“ Во Бугарија, мафијата скоро е споена со 14 илјади луѓе кои се отпуштени од своите работни места во сигурносните служби помеѓу 1989 и 1991 год.
Значи, државата се распаѓа, економијата забрзано почнува да опаѓа, последни луѓе кои сакате да дојдат на берзата на трудот се 14 илјади мажи и жени со јаки квалификации во набљудување, шверц, градење на подземни мрежи, и убивање луѓе. Но тоа се случи во цела источна Европа. Кога работев во 1990-тите во поголемиот дел од времето го пратев грозниот конфликт во Југославија.
И неможев да не видам дека луѓето кои извршуваа страшни злочини, паравоени организации, се всушност истите луѓе кои ги водеа мрежите на организираниот криминал. И ми стана јасно дека позади насилството стои мрачна криминална економија. И затоа одлучив да патувам околу светот и да го истражувам овој глобален криминален подсвет разговарајќи со полицајците, разговарајќи со жртвите, разговарајќи со корисниците на незаконска роба и услуги. Но пред сé, разговарајќи со самите гангстери.
За почеток Балканот беше одлично место. Зошто? Па се разбира постоеше прашањето на пропаѓање на редот и законот Но исто така, како што велат во трговијата, важна е локацијата, локацијата, локацијата. И она што го приметив на почетокот на моите истражувања е дека Балканот стана голема транзитна зона за незаконска роба и услуги од целиот свет. Хероин, кокаин, продажба на жени во проституцијата и драгоцени минерали.
А каде одеа? Во Европската Унија, која во тоа време почнуваше да ги жнее благодетите од глобализацијата. Претварајќи се така во најголем потрошувачки пазар во историјата. Составен од 500 милиони луѓе. Значајно малцинство од тие 500 милиони луѓе, сакаат да го поминуваат своето слободно време и да ги трошат парите за спиење со проститутки, лепење на банкноти од 50 евра на носот и незаконско вработување на работници - емигранти.
Организираниот криминал во глобализираниот свет функционира на ист начин како и другите работи. Има зони на производство како Авганистан и Колумбија, има зони на дистрибуција како Мексико и Балканот и секако, има потрошувачки зони како Европската Унија, Јапонија и секако, Соединетите Американски Држави. Производните и зоните на дистрибуција обично се наоѓаат во земјите во развој и истите се обично изложени на грозно насилство и крвопролевање.
Да го земеме Мексико. Во последните 18 месеци таму се убиени шест илјади луѓе како директна последица на трговијата со кокаин. А каква е ситуацијата со Демократската Република Конго? Од 1998, таму загинале пет милиони луѓе. За тој конфликт не пишува многу во весници, но тоа е најголемиот конфликт на оваа планета од Втората светска војна. А зошто постои? Бидејќи мафиите од целиот свет соработуваат со локалните паравојски за да дојдат до залихи од богатите минерални ресурси од тој регион.
Во 2000 година, 80 проценти од колтанот доаѓаше од полињата на смртта во источна Демократска Република Конго. Колтанот се наоѓа во секој мобилен телефон, во скоро секој лаптоп и играчка конзола. Конговските господари на војната го продаваа на мафијата во замена за оружје, а мафијата понатаму го продаваше на западниот пазар И токму таа Западна страст за потрошувачка е главната причина за меѓународниот организиран криминал.
Да ви покажам некои од моите пријатели во акција снимени од страна на италијанската полиција додека шверцуваат неоцаринети цигари. Цигарите со фабричка цена се многу евтини. Но, откако ќе излезат од фабрика, Европската Унија им наметнува највисок данок на светот. Значи ако можеш да ги прошверцуваш во Е.У. можиш да заработиш големи суми. И сакам да ви го покажам ова како би демонстрирал колку ресурси имаат овие групи.
Овој брод како нов вреди милион евра и е најбрз во Европските води. Од 1994, веќе седум години, 20 од овие бродови го поминаа Јадранското море од Црна Гора до Италија, секоја ноќ и како последица на оваа трговија само Британија има изгубено приход од осум билиони долари. Наместо ова, тие пари беа употребени за финансирање на војните во Југославија и полнење на џеповите на бескрупулозни поединци.
Кога оваа трговија започнала, Италијанската полиција имала само два брода кои можеле да се движат со иста брзина, и ова е многу важно бидејќи единствен начин на кој можеш да ги фатиш овие типови е ако останат без гориво. Понекогаш гангстерите носеле со себе жена која работи во проституција и кога полицијата интервенирала, тие ја фрлале жената во морето за да ја примораат полицијата да ја спаси од давење наместо да ги брка нив.
Ви го покажав ова за да демонстрирам колку бродови, колку пловила би биле потребни за да фатат еден од овие типови. Одговорот е шест пловила. Запамтите, 20 од овие глисери доаѓале преку Јадранот секоја ноќ и што овие момци работеле со тие пари?
Овде доаѓаме до глобализацијата бидејќи тоа не е само дерегулација на глобалната трговија, тоа е либерализација на меѓународните финанскиски пазари И тоа и те како, им ја олесни работата на перачите на пари. Последните две децении беа златно доба на нечесна добивка.
Во 90-тите видовме светски финансиски центри како се натпреваруваа за нивните бизниси и едноставно не постоеше ефикасен механизам за спречување на перењето на пари. И многу од легалните банки исто така со задоволство примаа депозити од многу сомнителни извори без никакво прашање.
Но, во срцето на ова е мрежата на offshore банките (банките во странство). Овие работи се најважниот дел од оваа парада на перење на пари. И, ако сакаш да го спречиш незаконското избегнување на данокот и меѓународниот организиран криминал, перење на пари мораш да се оттарасиш од нив. Позитивно е дека конечно имаме некого во Белата куќа кој доследно зборува против овие корозивни единки
И ако некој е загрижен за она што јас верувам дека е неопходно за донесување на нови закони и поефикасна регулатива, тогаш тоа е Bernie Madoff, кој сега остатокот на својот живот ќе го проведе во затвор. Bernie Madoff украде 65 милијарди долари. Тоа го направи почесен жител на Олимп-от на гангстерите заедно со колумбиските картели и најголемите руски мафии. Но тој тоа го работел една деценија во срцето на Wall Street и ниту еден регулатор ништо не приметил Уште колку Madoff-и има во Wall Street, или во Лондон, додека го молзат чесниот народ и перат пари? Јас можам да ви кажам дека ги има во поголем број.
Да ви ги објаснам основите на меѓународниот организиран криминал. А тоа се наркотиците. Друга слика на фарма на марихуана денес. Оваа е од централна Британска Колумбија каде што ја сликав. Тоа е една од десетината илјади фамилијарни фарми во Британска Колумбија која овозможува да преку пет проценти од БДП на оваа провинција дојдат од оваа трговија.
Инспекторот Brian Cantera од Кралската канадска полициска коњаница ме однесе во пештерски магацин источно од Ванкувер да ја видам робата која што редовно се конфискува од шверцерите кои ја праќаат, се разбира, на југ, во Соединетите Американски Држави каде се што наоѓа незаситниот пазар за Б.Ц. Буд (Пуп), како понекогаш го нарекуваат бидејќи се рекламира како органска, што добро поминува во Калифорнија. Смеа Аплауз
И полицијата признава дека ова всушност нé прави некоја штета врз добивката на големите извезувачи. Од почетокот на глобализацијата глобалниот пазар на наркотици енормно нараснува. Меѓутоа, немаше соодветен раст на ресурсите достапни на полициските сили.
Можеби ова ќе се промени бидејќи нешто многу чудно се случува Обединетите нации признаа дека пред еден месец Канада станала клучно подрачје за дистрибуција и производство на екстаза и други синтетички дроги
Интересно, пазарната квота на хероин и кокаин опаѓа бидејќи таблетите почнуваат да дејствуваат сé подобро. Ова ја менува целата игра бидејќи го префрлува производството од земјите во развој во западниот свет. Кога такво нешто се случува, тоа е тренд кој може да ги прегази можностите на нашата политика овде на запад. Политиката за дрогите што ја имаме веќе 40 години мислам дека веќе одамна мораше да донесе важни промени.
Сега за Рецесијата. Организираниот криминал веќе е одлично прилагоден за рецесија. Нé e чудно, што е најопортунистичка индустрија на светот. И нема правила во својот регулативен систем. Освен, секако, што има два бизнис ризици, апсење според законот, што всушност е нивна најмала грижа, и конкуренција на останатите групи, т.е куршум во глава.
Ова што го направија е преместување на своите операции. Луѓете за време на рецесија не пушат толку дрога и не одат кај проститутки толку често. И наместо тоа, тие навлегоа во финансискиот и бизнис криминалот на голема врата, но пред сé, во два сектора а тоа се фалсификација на роба и компјутерски криминал. И многу се успешни Би ве запознал со G. Pringle. или да кажам, поточно, сињор Pringle.
Бразилски компјутерски криминалец ме запозна со таа опрема. Седнавме во автомобилот на авенија Паулиста во Сао Паоло, заедно. Ја поврза со мојот лаптоп, и за пет минути влезе во компјутерскиот сигурносен систем на една голема бразилска банка. Не е тоа така тешко всушност е многу полесно бидејќи интересното кај компјутерскиот криминал е дека трикот не е толку во технологијата.
Клучот кај компјутерскиот криминал е во социјалниот инжинеринг. или технички да се изразам, будалите ги има на секој чекор Не би верувале колку е лесно да се наговорат луѓето да работат на својот компјутер работи кои не им се во интерес. И многу брзо компјутерските криминалци научиле дека е најлесно да се направи, секако, најбрзо ќе дојдеш до нечиј паричник преку ветувања на секс и љубов.
Верувам дека некои се сеќаваат на вирусот Те-Сакам, еден од најголемите светски вируси. Имав среќа кога вирусот Те-Сакам излезе. Бидејќи првата личност од која го добив беше мојата бивша девојка. Во тоа време таа негуваше различни чуства спрема мене но љубовта не беше едно од нив. Смеа И затоа веднаш штом го видов тоа во моето поштенско сандаче веднаш го фрлив во корпата за отпадоци, и се спасив од гадна инфекција.
Значи, компјутерски криминал, внимавајте на него. Она што знаеме дека интернетот прави е дека им помага на овие типови. Тоа се комарци кои го пренесуваат паразитот на маларијата кои ја заразуваат нашата крв кога комарецот добива бесплатен оброк на наша сметка.
Артесунатот е многу ефективна дрога за уништување на паразитите во раните денови на инфекцијата. Но во последните година дена истражувачите од Камбоџа откриле дека она што се случува е дека паразитот на маларијата развива отпорност. И се плашат дека причината за развој на отпорноста е таа дека луѓето од Камбоџа не можат да си дозволат да купат лек на трговскиот пазар, па го купуваат преку интернет. А тие пилули имаат само мала доза на активни состојки Затоа се случува да паразитот почне да развива отпорност.
Причината зошто ви го кажувам ова е таа дека мораме да знаеме дека организираниот криминал има влијание на сите подрачја од нашите животи. Не треба да спиете со проститутка или да користите дрога за да имате врска со организираниот криминал. Тие влијаат на нашата банковна сметка, Тие влијаат на комуникациите, на пензиските фондови. Дури влијаат и на храната што ја јадеме и на владите.
Ова веќе не е проблем на Сицилијанците од Палермо и New York. Нема романтика кај гангстерите на 21 век. Тоа е силна индустрија и ствара нестабилност и насилство било каде и да дојде. Тоа е силна економска сила и мораме да го сватиме многу, многу сериозно. Ми беше чест да зборувам пред вас. Ви благодарам многу. Аплауз
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Новинарот Миша Глени повеќе години храбро ги истражува мрежите на организираниот криминал по целиот свет, кој нараснал на проценети 15 % од светската економија. Од руската мафија, до големите картели на дрога, негови извори не се само службеници на известувачките и законодавните служби туку и членови на криминалното милје.
Journalist Misha Glenny leaves no stone unturned (and no failed state unexamined) in his excavation of criminal globalization. Full bio »
Translated into Macedonian by Emilia Larrachea
Reviewed by Dragan Bocevski
Comments? Please email the translators above.
16:51 Posted: May 2008
Views 428,877 | Comments 118
07:30 Posted: Mar 2009
Views 425,256 | Comments 68
16:41 Posted: Jan 2007
Views 524,131 | Comments 381
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.