Од последниот пат кога бев овде, во 2006, до сега видовме дека глобалните климатски промени може да се претворат во прилично сериозен проблем. Поради тоа оваа тема доста опсежно ја покривме во списанието Skeptic. Ги проучувавме сите видови на научни и квази-научни контроверзии. Но, се чини дека ние и не мораме да се грижиме за било што во врска со тоа, бидејќи крајот на светот ќе се случи во 2012.
Друго потсетување: ќе се сетите дека јас ви го претставив Квадро Тракер. Тоа е нешто како рашла за барање на подземни води. Тоа е само шупливо парче пластика со една антена која се врти во круг. И додека се движите наоколу, антената се насочува кон нешто. Како кога бараме марихуана во студентските шкафчиња, таа точно ќе се насочи кон некого. Ох, извинете. (Смеа) Токму овој уред кој ми беше даден мене, пронаоѓа топчиња за голф, особено ако се наоѓате на терен за голф и проверите доволен број на грмушки. А под категоријата „Каква штета би имало од смешно нешто како ова?“ овој уред, АДЕ 651, и беше продаден на Владата во Ирак за 40 000 долари по парче. Токму нешто како ова, кое е тотално бескорисно, кое наводно работи со помош на „електростатско магнетно привлекување на јони“, што преведено значи само „псевдонаучна празна фраза“ -- тоа би биле соодветните зборови -- на која може да се додадат уште еден куп други зборови кои звучат добро, а всушност со него не може да се прави апсолутно ништо. Во ваков случај, при ваква измама, дозволувајќи им на некои луѓе да поминат бидејќи вашиот мал уред за проверка вели дека тие се во ред, може некого да го чини живот. Значи постои опасност во псевдонауката и верувањето во ваков тип на нешта.
Затоа јас денеска сакам да зборувам за Верувањата. Јас сакам да верувам, а и вие исто така. И всушност, мислам дека мојата теза овде е дека верувањето е природна состојба на нештата. Тоа не е прашање на избор. Ние едноставно веруваме. Веруваме во секакви работи. Верувањето е природно. Неверувањето, скептицизмот, науката, не се природни. Тие се потешки. Нелагодно е да не се верува. Исто како Фокс Мулдер во "Досиеја X", кој сака да верува во НЛО? Па добро, сите го правиме тоа. А причината за тоа е дека ние имаме машина за верување во нашиот мозок. Всушност, ние сме примати кои бараат шеми. Ги поврзуваме точките: А е поврзано со Б; Б е поврзано со Ц. И понекогаш А навистина е поврзано со Б. Е тоа се вика учење по асоцијација.
Ние пронаоѓаме шеми, ги правиме поврзувањата, без разлика дали станува збор за кучето на Павлов кое го асоцира звукот на ѕвончето со храната, а потоа лачи плунка при звукот на ѕвончето, или пак се зборува за глушецот на Скинер, кој прави асоцијација помеѓу своето однесување и наградата која ја добива за тоа, па поради тоа тој и го повторува своето однесување. Всушност, тоа што Скинер го открил е дека, ако ставите гулаб во кутија како оваа, кој треба да притисне на едно од овие две копчиња, тој ќе се обидува да ја открие шемата, ако вие за тоа му давате мала награда во садот за храна. Ако едноставно им ја задавате наградата без некој редослед, тие би можеле да измислат било каква шема. Што и да правеле пред да ја добијат наградата, тие ќе ја повторуваат токму таа шема. Понекогаш тоа дури можело да биде два пати вртење во круг спротивно од стрелките на часовникот, еднаш во насока на стрелките на часовникот и два пати клукнување на копчето. А тоа се нарекува суеверие. И, се плашам дека, тоа секогаш ќе го имаме во нас.
Јас ова го нарекувам „шемаџиство“, кое подразбира тенденција да се пронаоѓаат шеми кои имаат смисла како во редот така и во безредието. Кога го правиме ова, ние правиме два типа на грешки. Грешка број 1, или лажно позитивно, е да се верува дека шемата е реална кога таа не е. Вториот тип на грешка е лажно негативно. Грешката број 2 е да не се верува дека шемата е реална кога таа навистина е реална. Па, ајде да направиме еден мисловен експеримент. Вие сте човечко суштество кое живеело пред три милиони години, и одите низ полињата во тогашна Африка. Вашето име е Луси, во ред? И слушате шушкање во тревата. Дали тоа е опасен предатор, или тоа е само ветерот? Вашата следна одлука може да биде една од најважните животни одлуки. Добро, ако помисливте дека тоа што шушка во тревата е опасен предатор и се покаже дека всушност тоа е само ветерот, тогаш вие сте направиле грешка во когницијата, сте направиле грешка од Типот 1, лажно позитивно. Но, нема штета. Едноставно си одите од таму. Вие сте попретпазливи. Повнимателни. Од друга страна пак, ако верувавте дека шушкањето во тревата е од ветерот, а се покаже дека тоа е опасен предатор, тогаш вие сте неговиот ручек. Тогаш вие ќе ја добиете Дарвиновата награда. И ќе бидете отстранети од генетските опции.
Сега, проблемот овде е во тоа што шемаџиството ќе се појави секогаш кога правењето на грешка од Тип 1 ќе ве чини помалку отколку правењето на грешка од Типот 2. Патем, ова е единствената равенка во овој говор. Ние имаме проблем со детектирање на шемите, поради што утврдувањето на разликата помеѓу грешките од тип 1 и од тип 2 станува многу проблематично, особено во ситуации опасни по живот. Значи стандардната позиција е едноставно „верувај дека сите шеми се реални“. „Сите шушкања во тревата се од опасни предатори, а не од ветерот“. И затоа мислам дека сме еволуирале... се случила природна селекција на нашите машини за верување, нашите мозочни процесори за барање на шеми, така што секогаш се наоѓаат шеми кои имаат значење и им се дава опасно предаторско значење или некои слични значења кои вклучуваат злонамерни битија.
Па, на пример, што гледате овде? Тоа е глава на коњ, точно. Личи на коњ. Тоа мора да е коњ. Е тоа е шема. А дали навистина е коњ? Или повеќе личи на жаба? Гледате, нашиот уред за детектирање на шеми, кој е лоциран некаде во предниот цингуларен кортекс – таму се наоѓа нашиот мал уред за детектирање – може лесно да биде измамен, а во тоа е и проблемот. На пример, што гледате овде? Да, секако. Тоа е крава. Еднаш штом го подготвам мозокот – тоа се нарекува когнитивно подготвување – еднаш штом го подготвам мозокот да ја види кравата, таа веднаш ќе се појави кога повторно ќе ја погледнам сликата дури и без линијата која ја додадов. А што гледате овде? Некои луѓе гледаат куче Далматинец. Да, еве го. А ете го и подготвувањето. Но кога ќе се вратам на сликата без обележувањето, вашиот мозок веќе го има моделот, па затоа и можете да го видите повторно. Што гледате овде? Планетата Сатурн. Да, тоа е во ред. А овде? Едноставно кажете било што, што и да гледате. Тоа е добра публика, Крис. Бидејќи нема ништо овде. Па добро, наводно нема ништо.
Ова е експеримент направен од страна на Џенифер Витсон во У.Т. Остин, за корпоративното опкружување и тоа дали чувството на несигурност и губење на контрола може да направи луѓето да гледаат нереални шеми. Како што, речиси секој ја гледаше планетата Сатурн. Луѓето кои се ставени во услови поради кои имаат чувство како да ја губат контролата, многу е веројатно дека ќе видат нешто во ова, кое е наводно безлично. Со други зборови, тенденцијата да се најде некаква шема се зголемува кога е намалена можноста за контрола. На пример, безбол играчите се непоправливо суеверни кога удираат со палката, но не толку многу кога ја фаќаат топката. Бидејќи, играчите во полето се успешни во 90 до 95 % од случаите. Најдобрите играчи кои удираат со палката неуспеваат во 7 од 10 обиди. Па нивните суеверија, нивното шемаџиство, сето тоа е поврзано најмногу со чувството на недостаток на контрола, и така натаму.
Што гледате на оваа слика, во ова поле? Дали некој виде некаков предмет овде? Овде всушност има нешто, ама е замаглено. Додека вие размислувате за тоа, ова беше експеримент направен од страна на Сузан Блекмур, психолог од Англија, која на испитаниците им ја покажала оваа замаглена слика а потоа барала корелација помеѓу нивните резултати добиени од ЕСП тестот за проценка на тоа колку тие веруваат во паранормални, натприродни нешта, ангели и така натаму. Оние кои имале висок скор на ЕСП тестот, се стремеле, не само да гледаат повеќе шеми во замаглената слика, туку и нивните шеми биле погрешни. Еве што им било покажано на испитаниците. Рибата е замаглена за 20%, 50% а потоа онаа која ви ја покажав, 70%.
Сличен експеримент бил направен од страна на друг (Швајцарски) психолог по име Петер Бругер, кој нашол значајно повеќе шеми со смисла кои биле воочени во десната хемисвера, преку левото визуелно поле, во споредба со левата хемисвера. Значи, ако им презентирате на испитаниците такви слики кои ќе завршат во десната хемисвера наместо во левата, тогаш тие поверојатно е дека ќе гледаат шеми отколку ако сликите завршат во левата хемисвера. Нашата десна хемисвера се чини дека се наоѓа таму каде што се појавуваат многу од шемите. Значи, тоа што се обидуваме да го направиме е да влеземе во мозокот за да видими каде сето ова се случува.
Бругер и неговата колешка, Кристин Мор, им давале на субјектите L-DOPA. L-DOPA e лек кој, како што знаете, се дава за третирање на Паркинсоновата болест, која е поврзана со намаленото ниво на допамин. L-DOPA го зголемува допаминот. А зголемувањето на допаминот кај субјектите предизвикува гледање на повеќе шеми во споредба со оние кои не примиле допамин. Па, се чини дека допаминот е материја поврзана со правењето на шеми. Всушност, невролептиците кои се користат за елиминирање на психотичното однесување, како паранојата, делузиите и халуцинациите, сите овие се состојби на правење повеќе шеми. Тоа се неточни шеми. Тие се лажно позитивни. Тие се грешки од Тип 1. Но, ако ако им дадете лекови кои се антагонисти на допаминот, шемите ќе ги снема. Тоа е бидејќи го намалувате количеството на допамин а со тоа и тенденцијата за правење на шеми. Од друга страна пак, амфетамините како кокаинот, се агонисти на допаминот. Тие го зголемуваат количеството на допамин. Па поверојатно е да се најдете во една еуфорична состојба, со креативност, и наоѓање повеќе шеми.
Всушност, јас неодамна го видов Робин Вилијамс кога зборуваше за тоа како мислел дека е многу позабавен кога земал кокаин, кога го имал тој проблем, отколку сега. Па, веројатно поголемото количество допамин е поврзано со поголемата креативност. Допаминот, мислам дека го менува нашиот однос сигнал-шум. Тоа значи, колку сме ние прецизни во барањето на шеми. Ако нивото на допамин е премногу мало, веројатно ќе правите премногу грешки од Типот 2. Ги пропуштате и шемите што се вистинити. Но, вие не сакате да бидете премногу скептични. Ако сте премногу скептични, ќе пропуштите многу добри и интересни идеи. Токму така, вие сте креативни, но сепак, тоа не значи дека лесно паѓате на глупости. Но, ако е превисоко, гледате шеми насекаде. Секогаш кога некој ќе ве погледне, вие помислувате дека луѓето зјапаат во вас. Мислите дека тие зборуваат за вас. Но, ако отидете предалеку со тоа, едноставно тоа се нарекува лудило. Тоа е разликата која веројатно би можеле да ја направиме помеѓу двајцата Нобеловци Ричард Фејнман и Џон Неш. Едниот можеби гледа доволен број на шеми токму за да ја добие Нобеловата награда. Другиот, исто така гледа шеми, но, веројатно премногу. И тоа го нарекуваме шизофренија.
Значи односот сигнал-шум тогаш ни прикажува проблем со детектирањето на шеми. А секако дека сите знаеме што значи тоа, нели. А каква шема гледате овде? Повторно, го ставам на тест вашиот преден цингуларен кортекс(ПЦК), предизвикувајќи конфликтни детекции на шеми. Знаете, секако, дека ова се Via Uno чевли. Ова се сандали. Убави секси стопала, морам да речам. Можеби малку корегирани со фотошоп. И секако, двосмислените фигури кои наизменично доаѓаат до израз. Се чини дека она за кое многу размислувате влијае на она што се стремите да го видите. А овде ја гледате лампата, знам. Бидејќи светлото е вклучено овде. Се разбира, благодарение на движењето за заштита на природата сите сме чувствителни за страдањата на морските цицачи. Па она што го гледате токму на оваа двосмислена фигура се, се разбира, делфини, нели. Гледате еден делфин овде. И овде има делфин. И овде има делфин. Тоа е опашката на делфинот, луѓе.
Ако можеме да ви дадеме збунувачки податоци, повторно, вашиот ПЦК ќе функционира многу побрзо. Ако погледнете овде долу, е во ред. Ако погледнете овде горе, тогаш добивате збунувачки податок. И тогаш ќе мораме да ја свртиме сликата за да видите дека е замка. Илузија со невозможната кутија. Лесно е да се измами мозокот со 2D. Па ќе речете, „Ама ајде Шермер, секој може да го прави тоа насетувајќи го 101 текстот со илузија како оваа.“ Па еве ја големата „невозможна кутија“ на Џери Андрус во 3D, во која Џери стои внатре во невозможната кутија. И тој беше доволно љубезен да го објави ова и да ни го разоткрие. Секако, аголот на камерата е се. Фотографот е онаму. А оваа страна се чини како да се поклопува со оваа, а оваа со оваа, и така натаму. Но, дури и кога ќе ја тргнам настрана, илузијата е толку моќна поради начинот на кој мозокот се стреми да ги најде оние одредени видови на шеми.
Ова е прилично нова, која има збунувачки шеми при споредувањето на овој агол со оној агол. Всушност, тоа истата слика ставена една до друга. Тоа што го правите е, го споредувате тој агол наместо со овој. Па вашиот мозок е измамен. Сепак, и вашите уреди за детекција на шеми се измамени.
Лицата е лесно да се видат бидејќи имаме дополнително развиен софтвер за препознавање на лице во темпоралниот дел на мозокот. Еве некои лица на карпата. Не сум сигурен дали ова е – ова можеби е изработено со Фотошоп. Но сепак, целта е јасна. Сега, која од овие ви изгледа необично? Брзо погледнете, која се чини малку чудна? Оваа од лево. Во ред. Јас ќе ја завртам, па тогаш таа ќе биде од десно. И во право сте. Прилично популарна илузија – прв пат направена со Маргарет Тачер. Сега, постојано ги злоупотребуваат политичарите. Но, зошто ова се случува? Па, знаеме точно каде се случува, во темпоралниот дел, токму попреку, некако над вашето уво, овде. Во една мала структура наречена фузиформен гирус. А постојат два типа на клетки кои го прават ова, кои ги помнат изразите на лицето било глобално или специфично, овие големи брзо-активирачки клетки прво го гледаат лицето во глобала. Значи го препознавате Обама веднаш. А потоа забележувате нешто малку необично кај очите и устата. Особено кога се завртени наопаку. Вие го ангажирате софтверот за генерално фацијално препознавање.
Сега да се вратиме на нашиот мал мисловен експеримент, кога вие сте хоминид кој шета по полињата во некогашна Африка. Дали е тоа само ветерот или некој опасен предатор? Која е разликата помеѓу нив? Па, ветерот не е жив; а опасниот предатор е суштество со намера. А јас овој процес го нарекувам „оживување“. Тоа е тенденција да се вдахне живот, значење, намера и цел во шемите кои ги детектираме, често невидливи суштества од горе надолу. Ова е идеја која ја добивме од еден ТЕД – пријател, Ден Денет кој зборуваше за завземање на став со намера.
Значи тоа е тип на идеја која се разиваше за да објасни многу различни нешта - души, духови, богови, демони, ангели, вонземјани, интелигентни дизајнери, владини завереници и сите видови на невидливи суштества (агенти) со моќ и намера, за кои се верува дека го посетуваат нашиот свет и ги контролираат нашите животи. Мислам дека тоа е основата на анимизмот и политеизмот и монотеизмот. Тоа е верување дека вонземјаните на некој начин се понапредни од нас, поморални од нас, а секогаш според раскажувачите, тие доаѓаат овде за да не спасат и да не избават од бездната. Интелигентните креатори секогаш ги претставуваат како суперинтелигентни, морални суштества кои доаѓаат овде да креираат живот. Дури и идејата дека Владата може да не спаси, е нешто што не можеме да го очекуваме. Но тоа е, мислам, еден вид на „оживување“, проектирајќи некого таму горе, некој голем и моќен кој ќе дојде и ќе не спаси.
А ова мислам дека е исто така, основата на теориите на заговор. Постои некој таму кој е прикриен и ги влече конците, без разлика дали тоа се Илуминатите или Билдербергерови. Но, ова е проблем на детекција на шеми, нели. Некои шеми се реални а некои не се. Дали атентатот врз Кенеди беше заговор или дело на осамен убиец? Па, ако отидете таму – таму секојдневно има луѓе – како и јас кога бев таму – кои ми покажуваа каде биле поставени различни стрелци. Мојот фаворит беше стрелецот од шахтата, кој во последна секунда излегол и пукал. Но, се разбира, атентатот на Линколн беше заговор. Значи, не можеме едноставно да ги отфрлиме сите вакви шеми. Бидејќи, навистина, некои шеми се реални. Некои заговори реално се вистински. Ова објаснува многу, можеби.
И 9/11 е теорија на заговор. Тоа е заговор. Ние посветивме многу на тоа. Кога 19 челнови на Ал Каеда смислуваат да летаат со авиони во зградите, тоа е заговор. Но, тоа тоа не го мислат и „9/11 верниците“. Тие мислат дека тоа е внатрешна работа на администрацијата на Буш. Но, тоа е сосема друга тема. А знаете ли како знаеме дека 9/11 не било диригирано од администрацијата на Буш? Бидејќи беше успешно.
Така, ние сме дуалисти по природа. Нашиот процес на „оживување“ доаѓа од фактот дека можеме да уживаме во филмови како овие. Бидејќи можеме да ги замислиме, во суштина, непрекинато. Знаеме дека ако го стимулирате темпоралниот дел, можете да предизвикате чувство на вонтелесно искуство, или предсмртно искуство, и тоа со само едно допирање со електродата врз темпоралниот дел овде. Или, тоа можете да го направите со губење на свеста, брзо вртејќи се во центрифуга. Добивате хипоксија, или намалено количество на кислород. А тогаш мозокот чувствува како да доживува вонтелесно искуство. Можете да го користите – а тоа јас го пробав, отидов таму и го пробав – Божјиот шлем на Мајкл Персингер, кој ќе го бомбардира вашиот темпорален дел од мозокот со електромагнетни бранови. И тогаш ќе имате чувство на вонтелесно искуство.
Јас би завршил овде со еден видео клип кој на некој начин го сумира сето ова. Трае само минута и половина. Сето ова го сумира во моќ на очекувањето и моќ на верувањето. Може да почне.
Раскажувач: Ова е местото кое го избраа за нивната лажна аудиција за балзам за усни.
Жената: Се надеваме дека дел од ова ќе можеме да го искористиме за националната реклама, нели. А ова е тест за некои балзами за усни кои ги имаме овде. А ова се нашите модели кои ќе ни помогнат, Роџер и Мет. Ние го имаме нашиот сопствен балзам за усни, а го имаме и водечкиот бренд. Дали би имала проблем да ги бакнеш нашите модели за да го тестираш балзамот.
Жената: Нема?(Девојката:Не.) Жената: Мислиш дека тоа е во ред.
Девојката: Тоа би било во ред.(Жената: Во ред.)
Значи ова е тест на слепо. Ќе те замолам да ги врзеш очите. Во ред, сега дали можеш да видиш нешто? (Девојката: Не.) Затегни го за да неможеш да гледаш ниту надолу. (Девојката: Во ред.)
Жената: Сега воопшто не гледаш, нели?
Девојката: Да. (Жената: Во ред.)
Значи, тоа што ќе го барам од овој тест е да се види како балзамот ги заштитува твоите усни, текстурата, и можеби ако можеш да направиш разлика помеѓу вкусовите.
Девојката: Во ред. (Жената: Дали претходно си правела тест со бакнување?)
Жената: Направи чекор наваму. Во ред, сега треба да ги собереш усните. Собери ги повеќе и навали се малку, добро?
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Мајкл Шермер вели дека човековата тенденција да верува во необични нешта -- од грабнување од страна на вонземјани до примена на рашла -- се сведува на две најосновни, прилично необични вештини за преживување вградени во мозокот. Тој објаснува какви се тие и како истите не вовлекуваат во незгода.
Michael Shermer debunks myths, superstitions and urban legends, and explains why we believe them. Along with publishing Skeptic Magazine, he's author of Why People Believe Weird Things and The Mind of the Market. Full bio »
Translated into Macedonian by Rozeta Pavlova
Reviewed by Dragan Bocevski
Comments? Please email the translators above.
13:25 Posted: Nov 2006
Views 1,805,104 | Comments 379
24:45 Posted: Jul 2006
Views 668,011 | Comments 713
18:42 Posted: Sep 2008
Views 1,579,965 | Comments 595
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.