Претпоставувам, дека е резултат на глобализацијата тоа што ќе најдете Кока Кола лименки на врвот на Еверест и будистички свештеник во Монтереј. (Смеа) Пред два дена, на ваша љубезна покана, дојдов од Хималаите. И јас исто така, барем за кратко, сакам да ве поканам на Хималаите И да ви го покажам местото каде што медитантите, како мене, т.е. јас, кој почнав како молекуларен биолог во Пастеровиот институт, и другите, си го нашле патот до планините.
Ова се неколку слики кои имав среќа да ги сликам и да бидам таму. Таму е планината Каилаш во Источен Тибет - прекрасна глетка. Ова е од земјата на Малборо. (Смеа) Ова е Тиркизното езеро. Медитант. Ова е најтоплиот ден во годината, некаде во Источен Тибет, на 1-ви Август. Претходната вечер кампувавме, и моите Тибетански пријатели рекоа, "Ќе спиеме на отворено". Ги прашав,"Зошто? Имаме доволно место во шаторот." Ми одговорија, "Да, но лето е." (Смеа)
Сега ќе зборуваме за среќата. Како Француз, морам да кажам дека има многу француски интелектуалци кои мислат дека среќата не е воопшто интересна. (Смеа) Само што напишав есеј за среќата, и веднаш се појавија контроверзи. Некој напиша статија во кој велеше "Не ни ја наметнувајте таа валкана работа наречена среќа." (Смеа) "Не ни е грижа дали сме среќни. Треба да живееме со страст. Ги сакаме подемите и падовите во животот. Си го сакаме страдањето, бидејќи е толку убаво кога ќе го снема повремено." (Смеа)
Ова е погледот од терасата на моето испосничко живеалиште на Хималаите. Отприлика е два метри на три, и сите сте добредојдени во секое време. (Смеа)
Сега, да дојдеме до среќата или благосостојбата. И пред се, како што знаете, и без оглед што велат француските интелектуалци, се чини дека никој не се буди наутро со мислата, "Може ли да си страдам цел ден?" (Смеа) Што значи дека некако - свесно или не, директно или индиректно, на кратко или на долгорочно, што и да правиме, на што и да се надеваме, што и да сонуваме - некако, е поврзано со длабока, фундаментална желба за добросостојба или среќа. Како што рекол Паскал, дури и оние што се бесат себеси, некако, бараат прекинување на страдањата - но не наоѓаат друг начин. Но, ако гледате во литературата, Источна или Западна, ќе најдете неверојатна разновидност на дефиниции за среќата. Некои луѓе велат дека единствено верувале во сеќавањата од минатото, во замислувањето на иднината, но никогаш во сегашноста. Некои луѓе велат среќата е во сегашноста таа е квалитетот на свежината на сегашниот момент. А тоа нè води до Анри Бергсон, францускиот филозоф, кој вели "Големите мислители на човештвото ја оставиле среќата нејасна, за да може секој од нив да ја дефинира на свој начин."
Да, но тоа би било во ред ако среќата е само секундарно нешто во животот. Но, ако таа всушност е нешто што ќе го одреди квалитетот на секој момент од животот, тогаш подобро да знаеме што е таа, да имаме јасна идеја за нејзе. И веројатно, заради фактот што не знаеме, честопати иако сме во потрага по среќата, се чини дека ѝ го вртиме грбот. Иако сакаме да ги избегнеме страдањата, се чини дека, напротив - се залетуваме кон нив. А тоа може да се случува и заради некоја забуна.
Една од најчестите е поистоветувањето на среќата и задоволството. Но ако ги погледнете нивните карактеристики, задоволството зависи од својот предмет, од времето, и од местото. Тоа е нешто што ја менува својата природа. Прекрасна чоколадна торта: првото парче е многу вкусно, второто не толку многу, а потоа ни се гади. (Смеа) Таква е природата на нештата. Се уморуваме. Јас бев голем обожавател на Бах, го свирев на гитара, Можам да го слушам два, три, пет пати. Ако теба да го слушам 24 часа нон-стоп, тоа може да биде многу заморно. Ако ви е многу ладно, приоѓате блиску до огнот, се чувствувате прекрасно. Потоа, после некое време, се тргнувате малку назад, а потоа дури почнува да ве пече. Самото доживување некако го троши задоволството. Исто така - - не е нешто што зрачи нанадвор. Да речеме, може да почувствувате силно задоволство, а некои други околу вас може многу да страдаат.
Тогаш, што е среќата? А среќата, секако, е толку нејасен збор, па ајде ќе велиме благосостојба. Така, мислам најдобрата дефиниција, од Будистички аспект, е дека благосостојбата не е само обично пријатно чувство. Тоа е длабоко чувство на смиреност и исполнетост, состојба која всушност ги проткајува и е во основата на сите емотивни состојби, и сите радости и таги кои може некого да го снајдат. За вас може да биде изненадувачки. Може ли да имаме ваква благосостојба кога сме тажни? На некој начин, зошто да не? Бидејќи зборуваме за различни нивоа.
Да ги погледнеме брановите кои доаѓаат на брегот. Кога сте на дното од бранот, го удирате дното. Удирате во карпите. Кога сурфате на врвот од бранот, вие сте возвишени. Значи одите од восхит до депресија - нема длабочина. Сега, ако се погледне далеку од брегот, таму океанот може да биде убав, мирен, како огледало. Може да има бури, но во длабочината океанот се уште е ист, непроменет. Зошто е така? Тоа може да биде само состојба на духот, а не само ктраткотрајна емоција, сензација. Дури и радоста - која може да биде изворот на среќа. Но, постои и зла радост, можете да се радувате на туѓа несреќа.
Па, како да продолжиме во нашата потрага по среќа? Многу често, ние ја бараме надвор. Сметаме дека ако може да го исполниме ова и она, сите услови, како што велиме, "Сè за да се биде среќен - т.е. да се има сè за да се биде среќен. " Токму оваа реченица го открива деструктивниот крај на среќата. Да се има сè. Значи ако ни недостига нешто, среќата веднаш се руши.. И, исто така, кога работите одат наопаку, ние се обидуваме да ја поправиме надворешноста, но нашата контрола врз надворешниот свет е ограниченa, привремена и често, илузорна. А сега, да погледнеме во внатрешните услови. Зарем тие не се посилни? Зар не е умот тој, кој кажува дали надворешните состојби се среќа или страдање? И зар не е тоа посилно? Знаеме од искуство, дека може да бидеме, како што велиме, во "мал рај" а сепак да бидеме целосно несреќни во него.
Далај Лама еднаш беше во Португалија, и таму се градеше на сите страни. Така една вечер рече, "Видете, вие ги правите сите овие работи, но, не е ли убаво, истотака, да изградите и нешто внатре, во себе?" и додаде: "без тоа - дури и да имате високо-технолошки стан на 100-тиот кат од супермодерна и пријатна зграда, ако сте длабоко несреќни одвнатре, единствено нешто што ќе барате, е прозорец да скокнете. " Сега и обратно, знаеме многу луѓе кои, во многу тешки услови, успеале да го зачуваат спокојот, внатрешната сила, внатрешната слобода, увереноста. Така, ако внатрешните услови се посилни -- се разбира, надворешните секако влијаат, прекрасно е да се живее подолго, поздраво, да се има пристап до информации, образование, да се има можност за патување, да се има слобода. Сето тоа е многу пожелно. Сепак, ова не е доволно. Тие се само дополнителни, помошни услови. Сознанието што преведува се, е внатре, во умот. Па тогаш, да се прашаме, како да создадеме услови за среќата, внатрешни услови, и кои се оние кои ќе ни ја поткопаат среќата. За ова треба да се има некои искуства.
Треба и самите да знаеме, постојат одредени состојби на умот кои се погодни за ова просперирање, за оваа благосостојба. како што Грците велат еуадаимониа, цутење. Постојат некои услови кои пак се штетни за оваа благосостојба. Така, ако гледаме од сопственото искуство, гнев, омраза, љубомора, ароганција, опсесивна желба, лакомост, не нè оставаат во добра состојба откако ќе ги доживееме. И, исто така, тие се штетни за среќата на другите. Па може да кажеме дека, колку повеќе ни навлегуваат во умот, и, како верижна реакција, толку повеќе се чувствуваме мизерно, се чувствуваме вознемирено. Од друга страна, секој знае длабоко во себе, дека еден несебичен чин на великодушност, ако е од далеку, без никој да знае за тоа, можеме да спасиме детски живот, да направиме некого среќен. Не ни е потребно призанание. Не ни е потребна никаква благодарност. Самиот факт дека тоа сме го направиле, ja исполнува со чувство на адекватност нашата длабока природа. И ние би сакале да бидеме такви постојано.
Па, дали е возможно, да го смениме начинот на постоење, да го трансформираме умот? Зарем овие негативни емоции или деструктивни емоции, не се својствени за природата на умот? Дали е можна промена во нашите емоции, нашите особини, нашите расположенија? За тоа треба да се запрашаме, каква е природата на умот? И ако погледнеме од искуствена гледна точка, свеста има еден примарен квалитет а тоа е самиот факт да осознаваш, да бидеш свесен. Свеста е како огледало кое им овозможува на сите слики да се прикажат на него. Може да имаме грди лица и убави лица во огледалото. Огледалото го дозволува тоа, но огледалото не е извалкано, не е модифицирано, не е изменето од тие слики. Слично на тоа, зад секоја мисла стои гола свест, чиста свесност. Таква ѝ е природата. Суштински, свеста не може да биде извалкана со омраза или љубомора бидејќи, тогаш, ако тие постојано се таму, како боја која го обзема целото платно -- тогаш ние би ги гледале (омразата и љубомората) цело време, некаде. Знаеме дека, не сме секогаш лути, секогаш љубоморни, секогаш великодушни.
Значи, поради тоа што основниот материјал на свеста е нејзиниот чист осознавачки квалитет, што ја разликува од каменот, оттука постои можност за промена бидејќи сите емоции се минливи. Тоа е основата за вежбање на умот. Вежбањето на умот се заснова на идејата дека два спротивни ментални фактори неможат да се случат во исто време. Може да се премине од љубов во омраза Но неможе, во истовреме, на истиот предмет, на истото лице, да му посакувате и зло и добро. Неможете со еден гест на раката и да се ракувате и да удирате шлаканица. Значи, има природни противотрови за емоциите кои се деструктивни за нашата внатрешна благосостојба. Тоа е начин како да се продолжи. Радост наспроти љубомора. Еден вид на чувство на внатрешна слобода, како спротивност на голема лакомост и опсесија. Добродушност, добрина против омразата. Но, секако, за секоја емоција тогаш ќе треба соодветен противотров.
Или пак да се најде универзален противотров за сите емоции, со помош на набљудување на самата природа. Обично, кога чувствуваме лутина, омраза или сме вознемирени од некого, или опседнати со нешто, умот одново и одново се враќа кон тој предмет. Со секое навраќање на предметот, се зајакнува опседнатоста или лутината. Тоа е само-одржувачки процес. Што значи дека сега, наместо да гледаме надвор, почнуваме да гледаме внатре. Погледнете во самиот гнев. Изгледа многу застрашувачки, како некој тежок монсунски облак или грмотевица. Мислиме дека може да седнеме на облакот - но ако отидеме таму, ќе видиме дека тоа е само магла. Слично ако погледнеме во мислата на гневот, ќе исчезне како роса пред утринско сонце. Ако го правите ова одново и одново, склоноста, тенденцијата за гневот повторно да се појави, ќе биде помала и помала секој пат кога ќе му погледнете во очи. И, на крајот, иако може да се појави, тој само ќе ви прелета во умот, како птица која прелетува на небото без да остави никаков траг. Ова е приципот на вежбање на умот.
За тоа е потребно време, бидејќи било потребно време за сите оние грешки во нашиот ум, и тенденции, да се наталожат, па ќе треба време и да се ослободиме од нив. Но тоа е единствениот начин. Трансформирање на умот - тоа е во основата на медитирањето. Тоа значи запознавање со нов начин на постоење, нов начин на восприемање на нештата, што е повеќе во согласност со реалноста, со меѓусебната поврзаност, со текот и континуираната трансформација, а што всушност е нашето битие и свесност.
Поврзаноста со когнитивната наука, бидејќи доаѓаме до тоа, а и беше предметот кој треба да го разгледаме за ова кратко време, и пластичноста на умот. Мозокот се мислеше дека е помалку или повеќе непроменлив. Сите номинална врски, со бројки и количини, се веруваше до пред 20 години, се помалку или повеќе фиксни кога ќе станеме возрасни. Сега, во најново време се откри дека мозокот може многу да се менува. Кај виолинист, како што слушнавме, со над 10,000 часови вежбање, некои делови од мозокот кои се одговорни за контрола на движење на прстите се промениле значително, со зајакнување на синаптичките врски. Па, можеме ли истото да го направиме со човечките квалитети? Со добрината, со трпеливоста, со отвореноста?
Токму тоа го прават големите медитанти. Некои од нив кои дојдоа во лабораториите во Медисон, Висконсин или во Беркли, имаат медитирано 20 до 40 илјади часови. Се повлекуваат 3 години и медитираат по 12 часа дневно. А потоа, до крајот на животот медитираат по три часа секој ден. Тие се вистински Олимписки шампиони во тренирање на умот. (Смеа) Ова е место каде медитираат -- може да видите дека е инспиративно. И овде со 256 електроди. (Смеа)
Па, што открија? Се разбира истата работа. Научното ембарго - ако некогаш биде испратен до списанието “Природа“ да се надеваме дека ќе биде прифатено. Се бави со состојбата на сочувствувањето, на безусловно сочувствување. Баравме од медитантите, кои ова го правеа со години и години, да го стават умот во состојба во која нема ништо друго освен добрина, целосна достапност до сочувствителното битие. Се разбира, за време на вежбите, го правиме тоа со предмети. Мислиме на луѓе кои страдаат, мислиме на луѓе кои ги сакаме, но на моменти тоа може да биде состојба која целосно обзема, Еве го прелиминарниот резултат, кој што може да го покажам затоа што веќе е објавен. Кривата покажува 150 контролни субјекти, и она што се разгледуваше е разликата помеѓу десниот и левиот фронтален лобус. Накратко, луѓето кои имаат поголема активност во десната страна од префронталниот кортекс се повеќе депресивни, повлечени. Немаат многу позитивен афект (расположение). Сосема спротивно од левата страна: поголема склоност кон алтруизам, кон среќа, изразување, љубопитност и така натаму. Значи постои еда основна линија за луѓето. Која исто така може и да се промени. Ако гледате комедија, одите на левата страна. Ако сте среќни за нешто, ќе одите уште повеќе на левата страна. Ако имате напад на депресија , тогаш сте на десната страна. Тука -0.5 е вкупната стандардна девијација на медитантот кој медитирал на сочувствување. Тоа е нешто што е сосема надвор од кривата.
Немаме време да одиме попрецизно во различните научни резултати. Се надеваме наскоро ќе дојдат. Но открија дека - ова е после три и пол часа во магнетна резонанца, тоа е како да излегувате од вселенски брод. Исто така, тоа беше докажано и во други лаборатории - на пример, лабораторијата на Пол Екман во Беркли - дека некои медитанти се способни, да ги контролираат нивните емоции повеќе од што може да се замисли. Како експериментите на изненадување/преплашување на пример. Ако седнете човек на стол со сите овие апарати кои ги мерат физиолошките параметри, и одеднаш се активира некоја бомба, тогаш тоа е толку инстинктивна реакција, што во 20 години не сретнале човек кој не скокнал од вџашеност. Некои медитанти, без да се обидуваат да го запрат тоа, туку едноставно со тоа што се целосно отворени, мислејќи дека тој пукот ќе биде само мала појава како паѓање на ѕвезда, тие се способни воопшто да не мрднат.
Целата поента не е да се прават циркузантски работи за луѓе кои може да скокнат или да направат нешто чудно. Туку целта е да се покаже дека вежбањето на умот е важно. Дека тоа не е само луксуз. Тоа не е витамински додаток за душата. Тоа е нешто што ќе го одредува квалитетот на секој момент од нашите животи. Спремни сме да потрошиме 15 години да стекнеме образование. Сакаме џогирање и фитнес. Правиме секакви работи за да останеме убави. Од друга страна, трошиме изненадувачки малку време за она што значи најмногу - начинот на кој функционира нашиот ум - кој пак, е најважниот одредник за квалитетот на нашето искуство.
Сега, нашето сочувствување треба да го ставиме во акција. Тоа е она што се обидувавме да го направиме на различни места. И само овој резултат заслужува многу работа. Оваа жена со туберкулоза на коските, оставена сама во шатор, само се чекаше да умре со својата ќерка. Но после една година, еве како е таа.. Различни школи и клиники правиме на Тибет.
И само ќе ве оставам со убавината на овие погледи, кои кажуваат повеќе за среќата многу повеќе отколку што јас некогаш ќе можам да кажам. И скокачките свештеници од Тибет. (Смеа) Летечки свештеници. Многу ви благодарам.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Што е среќата, и како сите ние да дојдеме барем малку до нејзе? Биохемичарот кој се преобрати во Будистички свештеник Matthieu Ricard (Матијè Рикард) вели дека можеме да го вежбаме нашиот ум на навиките за добросостојба, и да создадеме вистинско чувство на смиреност и исполнетост.
Sometimes called the "happiest man in the world," Matthieu Ricard is a Buddhist monk, author and photographer. Full bio »
Translated into Macedonian by Zoran Blazevski
Reviewed by ALEKSANDAR MITEVSKI
Comments? Please email the translators above.
12:06 Posted: Jun 2007
Views 617,553 | Comments 188
26:20 Posted: Jul 2008
Views 470,830 | Comments 700
21:28 Posted: Mar 2008
Views 605,906 | Comments 415
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.