Секој од вас ја поседува најмоќната, најопасната и најдеструктивна особина што природната селекција некогаш ја има создадено. Тоа е еден вид на невро-аудитивна технологија за преобразување на умовите на останатите луѓе. Зборувам за вашиот јазик, се разбира, бидејќи ви овозможува да имплантирате мисла од вашиот ум директно во нечиј друг ум, а истото можат да ви го направат и другите, без притоа да има потреба од некаква операција. Наместо операција, кога зборувате, вие всушност користите еден вид телеметрија кој не е поразличен од далечинскиот управувач за вашиот телевизор. Само тоа што, додека од една страна оваа направа се потпира на импулси на инфрацрвена светлина, од друга страна пак вашиот јазик се потпира, на дискретни импулси на звукот.
Исто како што го користите далечинскиот управувач за да ги менувате подесувањата на телевизорот како би му одговарале на вашето расположение, на истиот тој начин го користите јазикот за да ги промените подесувањата внатре нечиј мозок како тие би биле во согласност со вашите интереси. Преку јазиците зборуваат гените, добивајќи ги нештата што ги сакаат. Само замислете ја зачуденоста кај бебето кога за прв пат ќе открие дека, само со користење на звук, може да ги движи предметите низ собата со леснотија, а можеби и во неговата уста.
Деструктивната моќ на јазикот е забележана низ вековите преку цензура, забранети книги, фрази кои не смеете да ги користите и зборови кои не смеете да ги изговарате. Всушност, Вавилонската кула приказна во Библијата е приказна и предупредување за моќта на јазикот. Според таа приказна, првите луѓе сметале дека, користејќи го јазикот за меѓусебна соработка, ќе можат да изградат кула која што ќе ги однесе сè до небото. Тогаш Господ, налутен поради обидот за одземање на неговата моќ, ја уништил кулата, и потоа за да биде сигурен дека никогаш нема да биде одново изградена, тој ги поделил луѓето со тоа што им дал различни јазици -- ги збунил давајќи им различни јазици. Ова води до прекрасната иронија дека јазиците постојат за да не спречат во комуникацијата. Дури и денес, знаеме дека има зборови кои не смееме да ги користиме, фрази кои не смееме да ги изговориме, бидејќи доколку го направиме тоа, може да биде критикувани, затворени, или дури убиени. И сето ова од малку воздух кој што доаѓа од нашите усти.
Сета оваа мешаница за само една од нашите особини ни кажува дека има нешто важно што треба да се објасни. А, тоа е како и зошто оваа значајна особина еволуирала, и зошто еволуирала само кај нашиот вид? Претставува мало изненадување дека за да добиеме одговор на ова прашање, мораме да се осврнеме на користењето алатки кај шимпанзата. Овие шимпанза користат алатки, а тоа ние го земаме како знак за нивната интелигнција. Но, ако тие навистина се интелигентни, тогаш зошто користат стап за да извадат мравки од земјата наместо лопата? И ако навистина се интелигентни, тогаш зошто кршат и отвараат ореви со камен? Зошто едноставно не отидат во продавница и не купат ќеса ореви кои што веќе некој друг ги искршил и подготвил за нив? Зошто да не? Mислам, ние го правиме тоа.
Причината поради која шимпанзата не го прават тоа е недостатокот на она што психолозите и антрополозите го викаат социјално учење. Им недостасува способноста да учат од другите преку копирање или имитација или едноставно гледање. Како резултат на тоа, не можат да ги користат предностите од туѓите идеи или да учат од грешките на другите -- да имаат корист од мудроста на другите. Затоа прават едно и исто нешто одново и одново. Всушност, можеме да заминеме на милион години и да се вратиме а, овие шимпанза ќе ја прават истата работа со истите стапови за мравки и со истите камења за кршење на ореви.
Ова можеби звучи арогантно, или дури надмено. Како го знаеме ова? Бидејќи ова токму она што го правеле нашите предци, поточно Хомо еректус. Овие исправени примати еволуирале во Африканската савана пред околу две милиони години, и ги направиле овие неверојатни рачни секири кои што одлично се прилагодуваат на вашите раце. Меѓутоа доколку погледнеме во фосилските записи, ќе видиме дека тие правеле иста рачна секира одново и одново во период од еден милион години. Тоа се гледа преку фосилските записи. Доколку претпоставиме колку долго живеел Хомо еректус, колкаво е времето на овој вид, ќе кажеме дека тоа се околу 40,000 генерации на родители, деца, и други индивидуи, во чие постоење оваа рачна секира не се променила. Дури не е јасно дали нашите многу блиски генетски роднини, Неандерталците, имале социјално учење. Со сигурност, нивните алатки биле посложени од оние на Хомо еректус, но и тие бележат многу мала промена во периодот од 300 000 години во кој што тие, Неандерталците живееле во Евроазија.
Во ред, она што ни кажува ова е дека, спротивно на старата изрека, "мајмунот гледа, мајмунот прави," изненадувањето е дека сите други животни навистина не можат да го прават тоа -- барем не многу. Дури и оваа фотографија изгледа како да е монтирана -- нешто од Барнум и Бејли циркусот.
Но за споредба, ние можеме да учиме. Ние можеме да учиме гледајќи ги другите луѓе и копирајќи или имитирајќи го она што го прават. Потоа можеме да бираме, од повеќе опции, најдобрата. Можеме да имаме корист од идеите на другите. Можеме да ја надградуваме нивната мудрост. И како последица, нашите идеи се акумулираат, и нашата технологија напредува. Оваа кумулативна културална адаптација, како што антрополозите ја нарекуваат оваа акумулација на идеи, е одговорна за сè околу вас во вашите секојдневни забрзани животи. Светот значително е променет во однос на тоа како изгледал пред 1.000 или 2.000 години. И сето тоа поради кумулативната културална адаптација. Столовите на кои што седите, светлата на бината, мојот микрофон, Ај Падовите и Ај Подовите кои што ги носите со вас се сите резултат на кумулативната културална адаптација.
Според многу луѓе, кумулативната културална адаптација, или друштвено учење, е завршена работа, крај на приказната. Нашиот вид може да прави нешта, поради тоа ние напреднавме толку многу како ниту еден друг вид. Всушност, ние дури можеме да правиме "работи за живеење" -- како што кажав, сите работи околу нас. Всушност, се чини дека некаде пред околу 200,000 години, кога нашиот вид прв пат се појавил и се стекнал со друштвено учење, тоа било почетокот на нашата приказна, а не крајот на нашата приказна. Бидејќи стекнувањето со социјално учење ќе создаде социјална и еволуциска дилема, чиешто разрешување, можеме да кажеме, ќе го одреди не само идниот тек на нашата психологија, туку иднината на целиот свет. И што е најважно, ќе ни каже зошто имаме јазик.
Причината поради која дилемата настана е поради тоа што изгледа друштвеното учење е визуелна кражба. Ако можам да научам гледајќи те, можам да ги украдам твоите најдобри идеи, и можам да имам корист од твојот напор, без да морам да трошам времето и енергија како тебе за да дојдам до нив. Доколку можам да видам каков мамец користиш за да фатиш риба, или ако можам да видам како ја обработуваш својата секира за да ја подобриш, или доколку тајно те пратам до твоето складиште со печурки, можам да имам корист од твоето знаење и мудрост и вештини, и можеби дури ќе ја фатам рибата пред тебе. Друштвеното учење е навистина визуелна кражба. Доколку некој вид го има усвоено, тоа вас ќе ве натера да ги криете вашите најдобри идеи, бидејќи некој може да ви ги украде.
Некаде пред околу 200,000 години, нашиот вид се соочил со оваа криза. Имаме само две опции за да се справиме со конфликтите кои што ги носи визуелната кражба. Една од овие опции била да се повлечеме во мали семејни групи. Бидејќи тогаш користа од нашите идеи и знаење ќе им припадне само на нашите роднини. Доколку сме ја избрале оваа опција, некаде пред околу 200,000 години, веројатно сè уште ќе сме живееле како Неандарталците кога за прв пат сме влегле во Европа пред 40,000 години. Затоа што во малите групи има помалку идеи, има помалку откритија. И малите групи сè повеќе подложни на несреќи. Доколку сме го избрале тој пат, нашиот еволуциски пат ќе водеше во шумата -- и притоа ќе беше краток.
Другата опција била да развиеме системи на комуникација кои што ќе ни овозможат да споделуваме идеи и да соработуваме со другите. Изборот на оваа опција ќе значи дека многу поголем фонд на собрано знаење и мудрост ќе стане достапно на секоја индивидуа знаење што не би можело да настане внатре едно семејство или кај една единствена индивидуа. Ние сме ја избрале втората опција, и јазикот е резултат на тоа.
Јазикот еволуирал за да го реши проблемот на визуелна кражба. Јазикот претставува социјална технологија за зголемување на корисноста од соработката -- за постигнување на согласувања и договори и за координација на нашите активности. Во општество кое што се развива и кое што почнало да го присвојува јазикот, да немате јазик би било исто како птица без крилја. Исто како што крилата им овозможуваат на птиците да го користат воздушниот простор, исто така јазикот им овозможува на луѓето да ја користат сферата на соработката. Ние ова го земаме здраво за готово, бидејќи ние како вид сме потполно одомаќинети со јазикот.
Меѓутоа мора да сфатите дека и наједноставните форми на размена во кои што влегуваме се целосно зависни од јазикот. За да видиме зошто, земете во предвид две сценарија од почетоците на нашата еволуција. Да речеме дека сте многу добри во правење на глави за стрела, меѓутоа сте безнадежни во изработката на дрвените делови за кои што се прикачени перја. Двајца други луѓе кои што ги познавате се многу добри во изработка на дрвените делови, меѓутоа тие се безнадежни во изработката на главата од стрелата. Она што правите -- еден од овие луѓе сè уште го нема совладано јазикот. Да претпоставиме дека другиот има добри јазични вештини.
Она што правите е земате еден куп на глави за стрела, и одите кај оној кој што не зборува многу добро, и ги ставате главите за стрела на земја пред него, надевајќи се дека ќе сфати дека сакате главите за стрела да ги замените за завршени стрели. Меѓутоа тој погледнува кон купот со глави за стрели, мисли дека се поклон ги подига, се насмевнува и си заминува. Потоа почнувате да му објаснувате со гестикулација. Настанува кавга и вие сте прободени со една од вашите стрели. Добро, сега премотајте ја оваа сцена, се приближувате до оној кој што има јазик. Ги ставате главите за стрела на земја и велите, "Сакам да ги заменам овие глави за готови стрели. Ќе делиме 50/50." Другиот ви вика, "Добро. Ми одговара на мене. Да направиме така." Овој пат работата е завршена.
Кога имаме јазик, можеме да ги составиме нашите идеи и да соработуваме за да имаме корист која што ја немало пред да се стекнеме со јазикот. Поради ова нашиот вид имаше успех секаде околу светот додека останатите животни седат позади решетки во зоолошките, копнеејќи. Поради тоа ние градиме вселенски бродови и катедрали додека останатиот дел од светот гледа во земјата и бара мравки. Во ред, доколку ова гледиште за јазикот и неговата вредност за решавањето на проблемот со визуелната кражба е точно, тогаш секој вид кој што го има усвоено треба да покаже огромен развој на креативноста и просперитетот. И токму ова го покажуваат археолошките записи.
Доколку ги погледнеме нашите предци, Неандарталците и Хомо еректус, нашите директни предци, ќе видиме дека тие се ограничени во мали региони од светот. Но кога нашиот вид се појавил пред околу 200,000 години, набргу после тоа сме ја напуштиле Африка и сме се населиле низ целиот свет, завземајќи го речиси секое место за живеење на Земјата. Додека другите видови се ограничени на места за кои што генетски се прилагодени, со помош на социјално учење и јазикот, ние можеме да ја промениме средината за да ни одговара на нас. Ние напредувавме на начин на кој што не му успеа на ниту едно друго животно Јазикот навистина е најмоќната особина што некогаш еволуирала. Тоа е највредната особина што ја имаме за претворање на новите земји и ресурси во уште повеќе луѓе и следствено нивни гени, некогаш била создадена од природната селекција.
Јазикот навистина е гласот на нашите гени. И покрај тоа што еволуирал јазикот, ние сме направиле нешто необично, дури бизарно. Како што сме се ширелеле низ светот, сме развиле илјадници различни јазици. Моментално, постојат околу седум или 8,000 различни јазици кои што се зборуваат на Земјата. Сега можете да кажете, ова е природно. Како што сме се распрснале, природно е нашите јазици да се разликуваат. Меѓутоа вистинската мистерија и иронија е тоа што најголемо присуство на различни јазици на Земјата се наоѓа онаму каде што луѓето се збиени на едно место.
Ако отидеме на островот Папуа Нова Гвинеа, ќе затекнеме околу 800 до 1000 поинакви човечки јазици, различни човечки јазици кои што се зборуваат само на тој остров. Има места на тој остров каде што ќе наидете на нов јазик на секои три или пет километри. Колку и да звучи неверојатно ова, еднаш сретнав човек од Папуа, и го прашав дали е можно ова. Тој ми рече, "А Не. Многу поблиску од тоа." Ова е вистина; има места на тој остров каде што ќе наидете на нов јазик во простор помал од два километри. Ова исто така важи за некои далечни океански острови.
Се чини дека го користиме јазикот, не само за соработка, туку за да ги означиме линиите на нашите групи во кои соработуваме и за да оформиме идентитети и можеби да го заштитиме нашето знаење, мудрост и вештини од надворешни прислушкувачи. Го знаеме ова бидејќи, кога ги проучуваме различните јазични групи а потоа ова го поврзуваме со нивната култура, може да се забележи дека различните јазици го успоруваат протекот на идеи помеѓу групите. Го успоруваат протекот на технологии. Дури го успоруваат протокот на гени. Не можам да тврдам за вас, но се чини дека немаме секс со луѓе со кои што не можеме да зборуваме. (Смеа) Мораме да го споредиме ова наспроти доказите кои што ги слушнавме дека можеби сме имале некои невкусни генетски игри со Неандарталците и Денисовијанците.
Во ред, оваа наклоност која што ја имаме, оваа навидум природна наклоност што ја имаме, кон изолација, кон држење до самите себе, ни се удира од глава во нашиот модерен свет. Оваа неверојатна слика не е мапата на светот. Всушност, е мапа на Фејсбук пријателствата. Кога ќе ги претставите овие пријателски врски според нивната географска ширина и должина, буквално создаваат мапа на светот. Нашиот модерен свет комуницира внатре себе најмногу што некогаш е забележано во минатото. Таа комуникација, таа поврзаност околу светот, таа глобализација сега претставува товар. Бидејќи различните јазици поставуваат бариера, како што видовме, на трансферот на добра, идеи технологии и мудрост. Тие поставуваат бариера на соработката.
Никаде појасно не можеме да го видиме ова отколку во Европската Унија, чиишто 27 земји членки зборуваат 23 официјални јазици. Европската Унија моментално троши преку една милијарда евра годишно за превод на нејзините 23 официјални јазици. Тоа е отприлика околу 1,45 милијарди американски долари само за трошоците на преведување. Замислете ја апсурдноста на оваа ситуација. Ако 27 индивидуи од тие 27 земји членки седнат околу маса, зборувајќи ги нивните 23 јазици малку едноставна математика ќе ви каже дека ќе ви треба армија од 253 преведувачи за да ги опслужат сите можни јазични парови. Европската Унија вработува постојан персонал од околу 2,500 преведувачи. Само во 2007 -- и верувам дека има понови податоци -- од прилика некаде околу 1.3 милиони страници се преведени само на Англиски.
И ако јазикот навистина е решението на кризата за визуелна кражба, ако јазикот навистина е проводникот за нашата соработка, технологијата што нашиот вид ја создаде за да го помогне слободниот тек и размена на идеите, во нашиот модерен свет, тогаш се поставува прашање. Тоа прашање е дали во овој модерен, глобализиран свет можеме да си дозволиме да ги имаме сите овие различни јазици.
Да кажеме вака, природата не познава состојба во која функционално еднакви особини коегзистираат. Едната од нив секогаш ја истребува другата. Сето ова го гледаме во незапирливиот марш кон стандардизација. Има многу начини за мерење на нештата -- мерење на тежината и на нивната должина -- меѓутоа метричкиот систем победува. Има многу начини за мерење на времето, но бизарниот основен систем 60 познат како часови, минути и секунди е речиси универзален секаде низ светот. Има многу, многу начини за снимање на CD или DVD дискови, но исто и тие се стандардизирани. Можете да се сетите на многу, многу повеќе примери од вашите секојдневни животи.
Нашиот модерен свет моментално нè соочува со дилема. Тоа е дилемата со која се соочува еден Кинез, чиишто јазик е зборуван од најмногу луѓе во светот за разлика од било кој друг јазик, но и покрај тоа тој седи пред неговата табла, и ги преведува Кинеските фрази во фрази на Англиски јазик. Ова ја покренува можноста дека свет во кој што сакаме да ја промовираме соработката и размената, и свет кој што е зависен како никогаш досега од соработка како би се одржало и зголемило нивото на просперитетот, неговото однесување ни сугерира дека можеби ќе биде неизбежно соочување со идеата дека наша судбина е да бидеме еден свет со еден јазик.
Мет Ридли: Марк, едно прашање. Сванте откри дека генот FOXP2, кој што се чини дека е поврзан со јазикот, се јавува во иста форма како кај нас така и кај Неандерталците. Дали постои објаснување како сме ги поразиле Неандерталците доколку и тие имале јазик?
Марк Пејџел: Ова е многу добро прашање. Многумина од вас се запознаети со фактот дека постои ген наречен FOXP2 кој се чини дека игра улога на некој начин во фината моторна контрола која е поврзана со јазикот. Причината поради која сметам дека ова не е доказ дека Неандерталците имале јазик е -- еве една едноставна метафора: Ферари се автомобили кои што имаат мотори. Мојот атомобил има мотор, но не е Ферари. Едноставниот одговор на ова прашање е дека само гените, самите по себе, не го одредуваат исходот на многу сложените нешта како јазикот. Она што знаеме за FОXP2 и Неандерталците е дека тие можеби имале фина моторна контрола на нивните усни -- кој знае. Меѓутоа тоа не ни кажува дека нужно имале јазик.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Биологот Марк Пејџел дава интересна теорија која говори за причините поради кои кај луѓето се развил јазикот. Тој сугерира дека јазикот претставува "социјална технологија" која што им овозможила пристап на првите човечки племиња до нова моќна алатка: соработката.
Using biological evolution as a template, Mark Pagel wonders how languages evolve. Full bio »
Translated into Macedonian by ALEKSANDAR MITEVSKI
Reviewed by Dejan Spaseski
Comments? Please email the translators above.
17:27 Posted: Sep 2007
Views 761,758 | Comments 101
02:15 Posted: Jun 2008
Views 322,779 | Comments 67
19:52 Posted: Mar 2011
Views 1,823,642 | Comments 326
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.