Ви благодарам. Вистинско задоволство е да се биде овде. Последниот пат кога имав говор на TED мислам дека беше пред седум години отприлика. Зборував за сос за шпагети. Многумина, претпоставувам, ги гледаат овие видеа. Луѓето оттогаш постојано доаѓаат кај мене за да ме прашаат за сосот за шпагети, што е одлично за на кратки стази, (смеење) но е докажано дека е помалку од идеално во рок од седум години. И затоа си реков да дојдам пак и да се обидам да го оставам сосот за шпагети зад мене.
Темата на денешната сесија е Работите Кои ги Правиме. И затоа си реков да раскажам приказна за некој кој го изработил еден од најпрецизните уреди на неговата ера. Името на човекот е Карл Норден. Карл Норден бил роден во 1880 година. И тој бил Швајцарец. И секако, Швајцарците може да се поделат во две главни категории: оние кои изработуваат мали, важни, скапи предмети и оние кои раководат со парите на оние кои купуваат мали, значајни, скапи предмети. Карл Норден сигурно припаѓа во првиот табор. Тој бил инженер. Бил запишан на Федералниот Политехнички факултет во Цирих. Всушност, еден од неговите соученици е младото момче со име Ленин кој постојано ги кршел малите, скапи, значајни уреди.
А Карл бил швајцарски инженер. А тоа го мислам во целосна смисла на зборот. Тој носел троделни одела, и имал многу, многу мали, битни мустачиња, бил доминантен, нарцисоиден енергичен и имал огромно его; и работел по 16 часа дневно, и имал многу силни чувства кон наизменичната струја, и сметал дека исончаниот тен е знак на морална слабост, пиел многу кафе, а најдобрите дела ги има направено седејќи со часови во кујната на мајка му во Цирих во целосна тишина притоа користејќи само лизгачки лењир.
Како и да е, Карл Норден емигрирал во САД пред самиот почеток на Првата светска војна и отворил продавница на улицата Лафајет во центарот Менхетн. И станал опседнат со прашањето како да се исфрлаат бомби од авион. Доколку размислите за ова, во времето пред измислувањето на GPS и радари тоа очигледно било навистина сложен проблем. Тоа било сложена физика. Имате авион кој е илјадници метри високо во воздухот, кој се движи со стотици милји на час, и се обидувате да испуштите предмет, бомба, кон одредена статична цел соочувајќи се со секакви видови ветрови и облаци и сите други видови на пречки. И секаков тип на луѓе, кои живееле околу Првата светска војна или меѓу двете војни, се обиделе да го решат овој проблем, и скоро никој не успеал. Наведувачите на бомби кои постоеле биле неверојатно примитивни.
Но Карл Норден е навистина оној кој ја открил тајната. И се појавил со еден неверојатно сложен уред. Тежел околу 20 килограми. Наречен е Норден Марк 15 наведувач на бомби. Ги има сите видови на полуги и лагери додатоци и мерачи. Така тој ја изработил оваа сложена направа. И она што овозможил е пилотот на бомбардерот да ја земе оваа направа, да нанишани кон целта, бидејќи тие се наоѓаат во непробојното стакло на бомбардерот, и потоа да ја внесат висината на летање на авионот, брзината на движење, брзината на ветерот и координатите на целта. А уредот за наведување ќе им каже кога да ја испуштат бомбата. И како што Норден рекол, "Пред наведувачот да се појави, бомбите редовно ги промашувале целите за една милја или повеќе." Но, со Марк 15 Норден наведувачот, тој можел да фрли бомба во обично буре на висина од 6000 метри.
Сега не можам да ви кажам колкава била возбудата кај војската на САД кога излегла оваа вест. Тоа било како храна од рајот. Имало армија која штотуку ја искусила Првата Светска Војна, каде милиони мажи се бореле меѓусебе во ровови, без цел, не бележејќи никаков напредок, и одеднаш некој се појавува со уред кој им дозволува да летаат на небото високо над непријателската територија и да уништат сè што сакаат со неверојатна прецизност.
И војската на САД потрошила 1.5 милијарди долари, милијарди долари уште во тоа време, за да го развијат Норден наведувачот. И чисто за споредба, вкупниот трошок за проектот Менхетен изнесувал три милијарди долари. Наведувачот Норден вредел една половина од цената на најпознатиот воено-индустриски проект во модерната доба. Имало луѓе, стратези, во војската на САД кои тврделе дека самиот уред ќе ја одреди разликата помеѓу поразот и победата што се однесува до борбата против нацистите и против Јапонците.
И за Норден исто така, уредот бил од неверојатна морална важност, бидејќи Норден бил верен Христијанин. Всушност, тој секогаш се вознемирувал кога луѓето ќе го поврзеле наведувачот како негова иновација, бидејќи во неговите очи, само Господ можел да создава работи. Тој едноставно бил посредникот на волјата господова. А која била волјата господова? Волјата господова била да страдањето во кој било вид на војна да се намали што е можно повеќе.
Што се постигнало со Норден наведувачот? Па тој токму тоа и го овозможил. Тој овозможил да се бомбардираат само оние работи кои било потребни да се бомбардираат. Затоа во годините пред Втората Светска Војна, војската на САД купила 90.000 од овие Норден наведувачи по цена од 14.000 долари секој, и повторно, тоа се многу долари во 1940 година. И истренирале 50.000 бомбардери како да го користат, со долготрајни обуки кои траеле со месеци, бидејќи овие работи во основа се аналогни компјутери, и не се лесни за ракување. И го терале секој бомбардер да даде збор, да се заколне дека доколку некогаш бидат заробени, дека нема да оддадат ниту детал за овој уред на непријателот, бидејќи императивот бил непријателот да не стигне до ова апсолутно извонредно дело на технологијата.
И секогаш кога Норден наведувачот се поставувал во авионите, тоа било придружувано од низа вооружени чувари. Се пренесувало во кутија со заштитен поклопец. А кутијата секогаш била врзана за еден од чуварите. Никогаш не било дозволено да се фотографира. И имало уште еден заштитен уред внатре во него, за да ако авионот некогаш се урне, тој да биде уништен и да не се дозволи да стигне во рацете на непријателот. Норден наведувачот на бомби е како Светиот Грал.
Па што се случило во Втората Светска Војна? Произлегло дека и не бил Светиот Грал. Во пракса, Норден наведувачот може да испушти бомба во обично буре од 6.000 метри но само во идеални услови. И секако, во време на војна, условите не се идеални. Пред сè, навистина е сложен за користење, навистина сложен. И не сите луѓе, кои припаѓале на тие 50,000 бомбардери ја имале способноста соодветно да програмираат еден аналоген компјутер. Второ, се расипувал многу често. Тој е полн со секакви видови жироскопи и тегови разни механизми и лагери, кои не работат така добро како што се очекува во текот на самата борба.
Трето, кога Норден ги направил калкулациите, тој претпоставил дека авионот би летал со релативно мала брзина и ниско. Но во вистинска војна, тоа не оди така, Ќе ве срушат. Затоа тие летале на голема висина со неверојатни брзини. А Норден наведувачот не работел добро под овие услови.
Но пред сè, Норден наведувачот барал бомбардерот да направи визуелен контакт со целта. Но, што се случувало во реалноста? Имате облаци, нели? Потребно е да нема облаци за да бидете навистина прецизни. А колку денови без облаци мислите дека имало над Централна Европа помеѓу 1940 и 1945 година? Не многу.
И за да ви доловам колку непрецизен бил Норден наведувачот, познат е случајот од 1944 година кога сојузниците бомбардирале хемиска фабрика во Леуна, Германија. А хемиска фабрика се простирала на 1.900 хектари. И за време на 22 бомбардирања, сојузниците фрлиле 85.000 бомби на оваа огромна фабрика, користејќи го Норден наведувачот. И колкав процент од овие бомби мислите дека паднале на површината од 1.900 хектари? 10 проценти. 10 проценти. И од овие 10 проценти кои паднале, 16 проценти воопшто и не експлодирале. Леуна хемиската фабрика, после едно од најголемите бомбардирања во историјата на војните, била рестартирана и работела со недели.
Патем, сите овие мерки за да се спречи Норден наведувачот да не падне во рацете на нацистите? Произлегува дека Карл Норден, како вистински Швајцарец, бил многу приврзан кон германските инженери. Така во 1930 година, тој најмил еден куп од нив, вклучувајќи и еден со име Херман Лонг кој во 1938 година, комлетните шеми за Норден наведувачот им ги дал на нацистите. Така тие имале сопствен Норден наведувач за целото времетраење на војната, кој исто така, не работел многу добро.
Па зошто зборуваме за Норден наведувачот? Затоа што живееме во време кога има многу и многу Норден наведувачи на бомби. Живееме во време каде постојат секакви видови на навистина, навистина паметни луѓе кои наоколу кажуваат дека измислиле направи кои ќе го променат нашиот свет. Измислисле веб сајтови кои ќе им овозможат на луѓето слобода. Измислиле некаков си вид на ваков уред, или онаков уред кој ќе го направи нашиот свет засекогаш подобар.
Доколку одите во војската, ќе најдете многу Карловци исто така. Ако одите во Пентагон, тие ќе речат, 'Знаете ли дека сега навистина можеме можеме да фрлиме бомба во обично буре од 6.000 метри висина." И знаете ли дека, тоа е точно, тие навистина можат да го направат тоа. Но треба да ни биде јасно колку тоа малку значи.
Во војната во Ирак, на самиот почеток на војната, восјката на САД, воздушните сили, испратија два ескадрони од авиони Ф-15 во ирачката пустина опремени со камери од пет милиони долари со кои го гледаа целокупниот простор во пустината. А мисијата им беше да најдат и да уништат, се сеќавате на Скад лансирните рампи, оние земја-воздух проектили кои Ирачаните ги лансираа врз Израелците? Мисијата на двата ескадрони била да ги уништат сите Скад лансирни рампи. И така тие летале во мисија два дена, и фрлиле илјадници бомби, и испукале илјадници проектили во обид да ја уништат оваа опасност.
И откако заврши војната, била направена ревизија, каква што армијата прави, авијацијата секогаш прави, и тие го поставиле прашањето: колку Скадови ние всушност уништивме? Дали знаете кој бил одговорот? Нула, ниту еден. Сега зошто е така? Дали е поради тоа што оружјето не било прецизно? О не, тие биле брилијантно прецизни. Тие би можеле да уништат една ваква мала работа од висина од 8.000 метри. Проблемот бил што тие не знаеле каде се наоѓаат Скад рампите. Проблемот со бомбите и со бурињата не е да ја фрлите бомбата точно во бурето, туку е како да го најдете бурето. Тоа секогаш било потешкиот проблем кога доаѓало до борба во војна.
Или земете ја битката во Авганистан. Кое е најзначајното оружје на ЦИА во војната во северозападен Пакистан? Тоа е безпилотното летало. Што е тоа? Тоа е внукот на Норден 15 наведувачот на бомби. Тоа е оружје со неверојатна точност и прецизност. И за време на последните шест години во северозападен Пакистан, ЦИА користела стотици вакви проектили, и ги користела овие летала за да убие 2.000 сомнителни пакистански и талибански милитанти. Каква е прецизноста на овие летала? Извонредна. Мислиме дека имаме 95 проценти прецизност кога се работи за напад со безпилотно летало. 95 проценти од луѓето кои ги убиваме треба да бидат убиени, нели? Тоа е еден од најневеројатните рекорди во историјата на модерните војни.
Но знаете ли која е најважната работа? Токму во истиот период кога ние ги користевме овие летала со неверојатна точност, бројот на напади, на самоубиствени и терористички напади, против американските сили во Авганистан се зголеми десеткратно. Како што станувавме сè повеќе ефикасни во нивното убивање, тие стануваа сè повеќе бесни и сè повеќе мотивирани да нè убијат. Не ви раскажав приказна за успех. Ви раскажав неуспешна приказна.
И ова е проблемот со нашето залажување со работите кои ги правиме. Мислиме дека работите кои ги правиме ќе ги решат нашите проблеми, но нашите проблеми се многу посложени. Работата не е во прецизноста на бомбите кои ги имате, туку како ги користите бомбите кои ги имате, и уште поважно, дали воопшто морате да ги користите бомбите.
Има и продолжение на приказната за Норден, за Карл Норден и неговиот наведувач на бомби. А тоа е, на 6 Август, 1945 година, еден Б-29 бомбардер наречен Енола Геј летал над Јапонија и, користејќи го Норден уредот исфрлил многу голема термонуклеарна направа над градот Хирошима. И како што обично бивало со Норден уредот, бомбата ја промашила својата цел за 250 метри. Но се разбира, не било важно. И тоа е најголемата иронија од сè кога се работи за Норден наведувачот на бомби. авијацискиот уред од 1.5 милијарди долари бил користен за да се фрли бомба од три милијарди долари, за која воопшто не бил потребен наведувач.
Во меѓувреме, во Њујорк, никој не му кажал на Карл Норден дека неговиот наведувач бил користен над Хирошима. Тој бил посветен христијанин. Тој мислел дека направил нешто што ќе го намали страдањето во војна. Тоа само би му го скршило срцето.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Одличниот раскажувач Малколм Гладвел ја раскажува приказната за Норден наведувачот на бомби, напредна технологија од Втората светска војна што довела до навистина неочекуван резултат.
Detective of fads and emerging subcultures, chronicler of jobs-you-never-knew-existed, Malcolm Gladwell's work is toppling the popular understanding of bias, crime, food, marketing, race, consumers and intelligence. Full bio »
Translated into Macedonian by Dejan Spaseski
Reviewed by ALEKSANDAR MITEVSKI
Comments? Please email the translators above.
16:10 Posted: Sep 2011
Views 405,885 | Comments 77
19:32 Posted: Apr 2010
Views 314,821 | Comments 135
09:24 Posted: Oct 2011
Views 362,719 | Comments 87
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.