Follow TED
Be the first to know about new TEDTalks, TED news and other announcements.
Click on any phrase to play the video from that point.
Што е биоенергија? Биоенергија не е етанол. Биоенергија не е глобално затоплување. Биоенергија е нешто кое се чини контра интуитивно. Биоенергијата е нафтата. Природниот гас. Јагленот. Како дел од градењето на мостот кон иднината , до точката каде ние всушност ќе можеме да ги видиме океаните на рационален начин, или да ставиме гео-просторни орбити кои ќе вртат или ќе прават микробранови или други работи, ќе зависи на тоа како ние ја разбираме биоенергијата и како ја користиме. За да го сториме тоа, треба да погледнеме прво кон земјоделството.
Садиме веќе 11000 години. На начинот како садиме работи, тоа што го учиме од земјоделството е дека треба да се справуваме со штетници, треба да се справуваме со секакви гадни работи, треба да ги култивираме работите. Колку што ќе научиме да користиме вода да култивираме, толку ќе бидеме спремни да се прошириме понатаму од Нил. Ќе можеме да правиме моќни работи, па така наводнувањето прави разлика.
Наводнувањето ни овозможува да садиме работи каде што сакаме, а не само таму каде што тече реката. Почнуваме да правиме органско земјоделство, почнуваме да користиме машинерија. Машинерија, со многу вода, води кон земјоделство со голем размер. Кога ќе ставите машини и вода заедно, добивате пејсажи што изгледаат вака. А тогаш добивате продажба што изгледа вака. Тоа е сурова сила. Она што му правиме на земјоделството е - почнуваме со нешто што е прилично природен систем. Почнуваме да го скротуваме природниот систем. Ставаме многу сила позади тој природен систем. Ставаме многу пестициди и хербициди -- (смеа) -- позади тој природен систем, и завршуваме со нешто што изгледа вака.
А сето тоа е сирова сила. Тоа е начинот на кој и пристапуваме на енергијата. Лекцијата во земјоделството е дека всушност можеш да го промениш системот што е базиран на сирова сила, спојувајќи, учејќи го системот и применување на биологијата. Така се префрламе од инженерска дисциплина, од хемиска дисциплина, во биолошка дисциплина. Можеби еден од најбитните луѓе на планетава е човекот позади мене.
Ова е Норман Борлауг. Тој ја има добиено Нобеловата награда. Го има добиено Конгресниот медал на честа. Тој ги заслужува сите овие работи. А ги заслужува овие работи затоа што веројатно има прехрането повеќе луѓе од било кој жив човек затоа што проучувал како да ја искористи биологијата за семињата. Тој го направи тоа во Мексико. Причината што Индија и Кина немаат повеќе масовен глад е затоа што Норман Борлауг ги научи како да одгледуваат жито на многу поефикасен начин и ја почна Зелената Револуција. Тоа е нешто што многу луѓе го критикуваа. Но секако, тоа се луѓе што не сфаќаат дека Кина и Индија, наместо огромни бројки на изгладнети луѓе, всушност извезуваат житарици.
И иронијата на овој систем е дека местото каде го вршеше истражувањето, Мексико, не ја прифати оваа технологија, ја игнорираше технологијата, зборуваа зошто оваа технологија треба да се размислува, но не и да се примени. И Мексико останува еден од најголемите увозници на житарици на планетата бидејќи не примени технологија што беше откриена во Мексико. И всушност, не го призна овој човек, во таа мера да има статуи од овој човек низ цело Мексико. Такви статуи има во Кина и Индија. А институтот што овој човек го раководеше сега се пресели во Индија. Тоа е разликата меѓу прифаќање технологии и дискутирање околу нив. Сега, не е само тоа дека овој човек нахрани огромен број луѓе низ светот. Битно е дека ова е крајниот ефект на она што оваа технологија го прави, ако разбираш биологија.
Што се случи во земјоделството? Па, ако го погледнеме земјоделството во минатиот век, на пример во 1900г. тоа било скоро идентично како и пред 1000 години. Земјоделецот од пред 1000 години би го препознал. Секако, плугот изгледа поинаку. Машините се трактори наместо мазги, но земјоделецот тоа би го препознал, би препознал е она што сегашните земјоделци го прават, зошто го прават, и кон што целат. Она што реално почна да се менува во земјоделството е почетокот на преминот од сирово инжинерство и хемија кон биологија. Тука се гледа зголемувањето на продуктивноста. Како што ги правиме овие работи, еве што се случува со продуктивноста.
Во основа преминуваш од 250 часа за да произведеш 100 бушели, на 40, на 15 па на 5 часа. Продуктивноста на земјоделскиот труд се покачи 7 пати, 1950 до 2000, додека остатокот на економијата се покачи околу 2.5 пати. Ова е масивен пораст на тоа колку се произведува по човек. Ефектот од ова , секако, не се само бранови зрна, туку цели планини зрна. И 50 % на ЕУ буџетот се дава да го субвенционира земјоделството и планините на производи што земјоделците ги произвеле премногу.
Ова би било добар резултат за енергија. И секако до сега, си кажувате на самите себе „Еј себе, мислев дека дојдов да зборуваме за енергија а еве го овој зборува за биологија.“ Па каде е врската меѓу овие две работи? Една од ирониите на целиот овој систем е што ние дискутираме што да правиме за систем што не го разбираме. Ние дури не знаеме ни што е нафта. Не знаеме од каде доаѓа таа. Но, буквално, сеуште се дебатира што е оваа црна река и од каде доаѓа. Најдобрата претпоставка, и една од најдобрите е дека ова нешто, дека ова нешто доаѓа од ова нешто. Дека овие нешта абсорбираат сончева светлина, гнијат под притисок милиони години, и ги добивате овие црни реки.
Сега, интересната работа за оваа теза -- ако таа теза се испостави вистинита -- е дека нафтата, и сите јаглеводороди, се концентрирана сончева светлина. И ако мислите биоенергија, биоенергијата не е етанол. Биоенергијата е да го земете сонцето, да го концентрирате во амеби, да го концентрирате во растенија и можеби затоа ги добивате овие виножита. И ако го гледате овој систем, ако јаглеводородите се концентрирана сончева светлина, тогаш биоенергијата функционира различно. И ние мора да почнеме да мислиме за нафтата и другите јаглеводороди како делови од овие соларни панели. Можеби тоа е една од причините зошто ако летате преку западен Тексас, типовите на извори кои ќе ги гледате се слични како овие слики од Канзас и овие обработени површини.
Вака се собира нафта. И ако додека мислите на собирањето нафта и како нафтата еволуирала, ние почнавме со овој пристап на сурова сила. И тогаш што научивме? Научивме дека треба да одиме на поголемо. И тогаш што научивме? Дека треба да одиме на уште поголемо. Стануваме вистински деструктивни како што одиме и собираме биоенергија. Овие се Атабаска катранските песоци, и тука има енормна количина -- прво на рударство, најголемите камиони во светот работат овде, и тогаш мора да ја извлекувате оваа црна јаловина, која е во основа нафта која не тече. Споена е со песокот. И тогаш треба да користите многу пареа за да ја одвоите, што може да функционира само со денешните цени на нафтата.
Јаглен. Јагленот се испоставува дека е буквално истата работа. Тоа се веројатно растенија, освен што овие биле изгорени и здробени под притисок. Така ќе земеш нешто вакво, ќе го изгориш, ќе го ставиш под притисок, и најверојатно, ќе го добиеш ова. Иако, повторно , нагласувам: ние не знаеме со сигурност. Што е необично бидејќи дебатираме околу целава оваа работа. Но, додека мислите на јагленот, еве како изгледаат изгорени житни зрна. Не се многу различни од јаглен.
И секако, рудниците за јаглен се многу опасни места, бидејќи во некои од овие рудници, ќе сретнете природен гас. Кога тој гас експлодира, луѓе умираат. Така продуцирате биогас од јагленот во некои рудници, но го нема во други. На било кое место каде гледате разлика, има некои интересни прашања. Има некои прашања околу тоа што треба да правиме со ова нешто. Но повторно, јаглен. Можеби истата работа, можеби истиот систем, можеби биоенергија, и ја применуваме сосема истата технологија.
Еве го вашиот пристап на сурова сила. Штом го примените пристапот на сурова сила, тогаш само корнете цели врвови од планини. И на крај добивате најголемиот извор на емисии на јаглерод, кои се јаглено снабдуваните плински централи. Ове веројатно не е најдобрата примена на биоенергија. Ако размислите кои се алтернативите на овој систем -- многу е важно да најдеме алтернативи, бидејќи излегува дека Соединетите Држави ги докрајчуваат своите нафтени резерви, но уште не ги докрајчиле резервите јаглен, ниту пак Кина. Има огромни јагленови резерви кои се наоѓаат таму, и ние мора да почнеме да ги гледаме како биолошка енергија, бидејќи ако продолжиме да ги третираме како хемиска енергија, или инжинерска енергија, ние ќе отидеме длабоко во каканици.
Природниот гас е сличен проблем. Природниот гас е истотака биолошки биолошки производ. И како што мислите на природен гас, вие го познавате природниот гас. А еве поинаков начин да ископувате јаглен. Ова се нарекува Метан од јагленова извор. Зошто е оваа слика интересна? Затоа што ако јагленот се испостави да е концентрирана форма на растение, причината зошто добиваме ралични количини на природен гас од еден рудник до друг -- причината зошто еден рудник може да експлодира а друг не -- можеби бидејќи има нешто што го јаде јагленот и произведува природен гас. Ова е добро познат феномен. (Смеа) Јадете некои работи, и произведувате многу гас. Може ќе излезе дека биолошки процеси кај јагленовите рудници го прават истиот процес. Ако е тоа точно, тогаш еден од начините да добиете енергија од јагленот не мора да е корнење на врвови на планини, и може да не е горење на јаглен. Може да е процесирање на тој јаглен на биолошки начин како што правиме во земјоделството.
Ова е биоенергија. Не е етанол. Не се субвенциите на неколку компании. Не е увозот на пченка во Ајова бидејќи сте изградиле толку многу централи на етанол. Тоа е почетокот на разбирање на транзицијата што се случи во земјоделството, од сурова сила во биолошка сила. И со мерата со која може да го сториме тоа, може да исчистиме некои работи, и може да ги исчистиме многу брзо. Имаме веќе некои индикатори за продуктивноста на оваа работа. Ок, ако ставите пареа во јагленовите полиња или во петролејските полиња кои работеле со декади, може да добиете значителни зголемувања, некаде околу 8 пати зголемување, на вашето призводство. Ова се само почетоците на оваа работа.
И ако мислите на биоматеријали, овој човек -- кој го направи дел од секвенцирањето на човечкиот геном, кој само што ја дуплираше базата на гени и протеини кои се познати на планетава, препловувајќи околу светот -- има размислувано како да го структуира ова. И има серија на умни луѓе кои мислат околу ова. И тие спојуваат компании како Синтетик Геномикс, како Камбриа, како Кодон, и она што овие компании се обидуваат да го смислат, е како да ги примените биолошките принципи за да ја избегнете примената на сурова сила. Размислете за тоа на следниот начин. Мислете на тоа како почеток на програмирање на работи за специфична употреба. Гледајте ги клетките како хардвер. Гледајте ги гените како софтвер. и ако почнеме да го сметаме животот како код кој е променлив, кој станува енергија, кој станува храна, кој станува структура, кој станува човечко битие, кој може да премине во цела серија работи. Тогаш мора да го промените својот пристап кон тоа како ќе ги структуирате и како ќе се справите и како ќе мислите за енергијата на многу раличен начин.
Кои се првите принципи на оваа работа и каде се движиме? Ова е еден од нежните гиганти на планетата. Тој е еден од најдобрите човечки суштества кои сте ги сретнале. Се вика Хамилтон Смит. Ја има освоено Нобеловата награда за откривање како се сечат гените -- нешто што се вика рестрикциски ензими. Беше во Хопкинс кога го стори ова, и е толку скромен човек што дента кога победи, мајка му го повика и рече, „Не знаев дека има уште еден Хам Смит во Хопкинс. Дали знаеш дека само што ја доби Нобеловата награда?“ (Смеа) Мислам, тоа беше мајка му. Но како и да е. Овој човек е прва класа. Ќе го најдете покрај пултот секој ден, работејќи со пипета и правејќи работи. И една од они работи што ги направил се всушност овие работи.
Што е ова? Ова е првата трансплантација на чиста ДНК, каде ја земате ДНК-та и правите цел систем од една клетка, внесувајќи ја во друга клетка, и потоа таа клетка почнува да работи како посебен вид. Ова е еден месец старо. Ќе видите работи во следниот месец кои ќе бидат исто толку важни како оваа работа. И како што мислите околу оваа работа и кои се импликациите, ќе почнеме не само да конвертираме етанол од пченка со големи субвенции. Ќе почнеме да мислиме како биологијата да влезе во енергијата. Многу е скапо да се процесира оваа работа, и од економски аспект и од енергетски аспект.
Ова се акумулира во катранските песоци на Алберта. Овие се сулфурни блокови. Бидејќе како што двоите нафта од песокот, и користите енормни количини на енергија за таа пареа -- пареа да ги издвои овие работи -- исто така морате да го двоите и сулфурот. Разликата меѓу лесната сирова и тешката сирова нафта -- па отприлика е 14 долари по барел. Тоа е зошто ги градиме овие пирамиди од сулфурни блокови. И патем, размерот на овие работи е многу голем.
Сега , ако може да одземете дел од енергетската содржина правејќи го ова, да го намалите системот, и вистина да применувате биолошки принципи на енергијата. Ова треба да е мост до точката каде може да преминеме кон ветер, до точката каде може да преминеме на соларна , до точката каде може да преминеме на нуклеарна -- и во надеж дека нема да ја изградиме следната нуклеарна централа на прекрасен брег веднаш до линија на земјотреси. (Смеа) само како помисла.
Но во меѓувреме, за следнате декада барем, играта се вика јаглеводороди. И било да е нафта, природен гас, јаглен, ова е она со што треба да се справуваме. И пред да го направам говоров премногу долг, ова е она што се случува во тековниот енергетски систем. 86 % од енергијата што ја трошиме се јаглеводороди. Тоа значи 86% од работата ние ја конзумираме се веројатно процесирани растенија и амеби и друго. Има улога тука за конзерваторите. Има улога тука за алтернативни работи, но ние мораме да ја добиеме останатата порција како што треба. Како се справуваме со другата порција е нашиот мост кон иднината. И како гледаме на ова како мост кон иднината, една од работите на кои треба да ги мислиме е: ние оставаме околу 2/3 од нафтата денес во изворите. Значи трошиме огромна количина пари и го оставаме најголемиот дел од енергијата таму долу. Кое се разбира, бара уште повеќе енергија за да прибереме енергија. Односите стануваат идиотски до моментот кога ќе стигнеме до етанол. Можеби е и 1 према 1 односот на влезна енергија и излезна енергија. Ова е глупав начин за менаџирање на овој систем.
Последна точка, последен параграф. Една од работите кои мораме да ги направиме е да ја стабилизираме цената на нафтата Ова е како изгледа цената на нафтата. Ок? Ова е многу лош систем бидејќи она што се случува е прагот се поставува многу ниско. Луѓе измислуваат многу паметни идеи за соларни панели, или за ветерници, или нешто друго и погодете што? Цената на нафата паѓа на минимум. Таа компанија останува без работа, и потоа можете повторно да ја качите цената на нафтата.
Ако може да кажам една крајна и скромна сугестија, ајде да поставиме стабилна цена на нафата во Европа и во Соединетите Држави. Како да го сториме тоа? Да ставиме данок на нафата кој е не-профитен данок, и во основа кажува за следните 20 години цената на нафтата ќе биде -- колку што сакате, 35 долари, 40 долари. Ако ОПЕК цените паднат под тоа, ќе ги оданочиме. Ако цените на ОПЕК отидат нагоре данокот ќе се намали. Што значи тоа за претприемачите? Што значи за компаниите? Им кажува на луѓето, ако можете да произведете енергија за помалку од 35 долари по барел или помалку од 40 долари од барел , или помалку од 50 долари од барел -- може да го дебатираме -- ќе имате работа. Но да не ги ставаме луѓето низ овој циклус каде не се исплати да истражуваат затоа што вашата компанија ќе пропадне кога ОПЕК ги раководи алтернативите и ја спречува биоенергијата да се случи. Ви благодарам.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Хуан Енрике ги предизвикува нашата дефиниција за биоенергија. Нафта, јаглен, природен гас и други јаглеводороди не се хемиски туку биолошки производи, базирани на растителна материја -- што значи дека можеме и да ги засадиме и одгледуваме. Нашиот комплетен пристап кон горивата, тој вели, треба да се смени.
Juan Enriquez thinks and writes about the profound changes that genomics and other life sciences will cause in business, technology, politics and society. Full bio »
Translated into Macedonian by Marko Marcevski
Reviewed by Dragan Bocevski
Comments? Please email the translators above.
15:58 Posted: Nov 2007
Views 438,204 | Comments 206
17:52 Posted: May 2007
Views 284,491 | Comments 129
17:34 Posted: Apr 2007
Views 410,779 | Comments 85
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign out.