Се викам Џонатан Зитрен. Во мојата неодамнешна работа бев малку песимист, па си реков ова утро да се обидам да бидам оптимист и дадам причина за надеж за иднината на интернетот преку испитување на неговата сегашната состојба.
Можеби изгледа дека денес има помалку надеж отколку порано. Луѓето се помалку љубезни. Има помалку доверба. Не знам... како едноставен пример може да направиме еден тест. Колку од вас автостопирале? Знам. Колку од вас автостопирале во последниве 10 години? Така. Значи, што се сменило? Не е подобрениот јавен превоз. Значи, тоа е една причина да се претпостави дека како група имаме тенденција да назадуваме и да одиме во погрешна насока.
Но, јас сакам да ви дадам три примери и да се обидам да покажам дека тренд-линијата, всушност, оди во спортивната насока и дека интернетот помага во тоа. Значи, пример број еден: самиот интернет. Ова се три од основачите на интернетот. Тие, всушност, учеле заедно во исто средно училиште во едно предградие на Лос Анџелес во 1960-тите. Можеби вие сте биле дел од Францускиот клуб или Клубот за дебати. Тие го имале клубот „Ајде да изградиме глобална мрежа“, кој на крајот се покажа одличен.
Тука се сликани за Њусвик (Newsweek), по повод нивната 25-годишнина, за написот „Ретроспектива на интернетот“. Како што можете да заклучите, тие се, во суштина, шегобијци. Имале една голема пречка и една голема слобода при обидот за основање на глобална мрежа. Пречката била тоа што немале пари. Никаков капитал за инвестирање од типот потребен за создавање физичка мрежа од камиони, луѓе и центар за пренесување пакети. Немале ништо од тоа.
Но, имале една прекрасна слобода: немале потреба да заработат профит од тоа. Интернетот нема бизнис план и никогаш го немал. Нема претседател на компанија, нема фирма која самата е одговорна за изградбата. Наместо тоа, интернетот е луѓе кои се собираат за да направат нешто за забава, а не затоа што мораат или затоа што очекуваат да заработат нешто од сето тоа.
Овој дух на размислување доведе до создавање на мрежна архитектура, структура која беше сосема различна од која било дигитална мрежа тогаш или оттогаш. Толку необична што, всушност, малкумина веруваа дека идеата зад интернетот би можела да профункционира. До 1992 година, АјБиЕм тврдеше дека не е возможно да се изгради корпоративна мрежа користејќи интернет протокол. Дури и денес, некои интернет инженери велат дека сето ова е пробен проект, за кој уште не е донесена конечна одлука. (Смеа)
Поради тоа, доколку интернет инженерството имаше маскота, тоа би била матичната пчела. Бидејќи односот на крзното и распонот на крилјата кај матичната пчела е премногу голем за таа да може да лета. А, сепак, од некоја мистериозна причина, пчелата лета. Мило ми е да кажам дека, благодарение на огромно владино финансирање, пред околу три години конечно откривме на кој начин летаат пчелите. (Смеа) Многу е комплицирано, но дознавме дека ги размавтуваат крилја со огромна брзина. (Смеа)
Значи, каква е оваа бизарна архитектонска конфигурација, која овозможува мрежата да функционира и да биде толку необична? Па, движењето на податоците од едно до друго место - повторувам, многу се разликува од поштенска доставка. Повеќе наликува на пренесување низ толпа. (Смеа) Замислете дека сте дел од некоја мрежа, на пример, можеби сте на некој спортски настан. Седите во вакви редови и некој сака чаша пиво. Таа се пренесува од рака на рака, и вашата добрососедска должност е да го предадете пивото понатаму, притоа ризикувајќи ги вашите сопствени панталони, за да го донесете до крајната дестинација.
Никој не ве плаќа за да го направите ова. Тоа е само дел од вашата соседска должност. И на некој начин, токму така пакетите на податоци се движат низ интернетот, некогаш низ и до 25 или 30 раце, при што субјектите кои учествуваат во пренесувањето на информациите немаат никаква договорна или правна обврска кон првичниот праќач или кон примачот.
Се разбира, при пренос низ толпа, тешко е да ја одредиш дестинацијата. Потребно е многу доверба, но не е баш нешто како „Се обидувам да стигнам до Пенсакола, ве молам“. Значи, на интернетот му треба адресирање и насоки. Не постои единствена и целовкупна мапа на интернетот. Наместо тоа, тоа е како сите да седиме во театар, и само низ магла може да ги видиме луѓето кои се веднаш до нас. Па, што правиме за да дознаме кој каде се наоѓа? Се вртиме до личноста од нашата десна страна и им кажуваме што гледаме на нашата лева страна. И обратно. И тие можат да ја го направат истото. И дур да трепнеш, имаш општа слика за тоа каде што се наоѓа.
Ова е како интернет адресирањето и рутирањето, всушност, работат. Ова е систем кој се потпира на љубезност и доверба, што, воедно, го прави многу деликатен и ранлив. Во некои ретки, но впечатливи случаи, една лага кажана од страна на само една индивидуа во ова саќе може да доведе до сериозни проблеми.
На пример, лани, владата на Пакистан побара од тамошните интернет провајдери да го забранат пристапот до Јутјуб (YouTube) на граѓаните на Пакистан. На веб порталот имало некое видео, кое не ѝ се допаѓало на владата, и сакале тоа да биде блокирано. Ова е честа случка. Многу влади насекаде низ светот често се обидуваат да блокираат, филтрираат и цензорираат различни содржини на интернет.
Еден интернет сервис провајдер во Пакистан решил да ја спроведе оваа блокада за своите корисници на еден необичен начин. Рекламирал - на истиот начин на кој вие, доколку сте дел од интернетот, треба да кажете што гледате до вас - рекламирал дека до него... всушност, дека самиот тој е Јутјуб. „Токму така“, вели. „Јас сум Јутјуб“. Тоа значи дека пакетите податоци од корисниците кои го посетувале Јутјуб застанале кај интернет сервис провајдерот, мислејќи дека се таму. А, интернет сервис провајдерот ги отфрлил неотворени, бидејќи целта била да се блокираат.
Но, тоа не запре таму. Тоа соопштение отишло еден клик понатаму и се проширило како бран. Кога ќе направиме анализа на овој настан, во еден даден момент Јутјуб си работи нормално, а во следниот момент, се објавува лажниот оглас. И за само две минути одекнува наоколу и Јутјуб е блокиран насекаде во светот. Ако сте во Оксфорд, Англија, и се обидувате да се вклучите на Јутјуб, вашите барања одат во Пакистан и не враќаа никаков резултат.
Замислете си го тоа. Една од најпопуларните веб-страници во светот, водена од една од најмоќните компании во светот, а сепак Јутјуб и Гугл не можеа ништо да направат во врска со тоа. Но, некако, по околу два часа, проблемот беше поправен. Како се случи тоа?
За да разбереме, одиме кај НАНОГ (NANOG), Северноамериканската група на мрежни оператори. Група луѓе кои, додека денот надвор е прекрасен, влегуваат во соба без прозорци, се сместуваат на своите работни места и читаат мејлови и пораки во фиксиран фонт на букви, како овој, и зборуваат за мрежи. Некои од нив се обични вработени во интернет сервис провајдер фирми низ светот. Еве ја пораката на некој од нив што вели „Изгледа дека имаме киднапирање на Јутјуб! Ова не е вежба. Ова не е само грешка од невнимание од страна на инженерите на Јутјуб. Ви ветувам. Нешто се случува во Пакистан.“ И се собираат за да го најдат и решат проблемот.
Тоа ви е нешто како, на пример, куќата да ви се запали. Лошата вест е дека нема противпожарна служба. Добрата вест е дека случајни луѓе ќе се појават од никаде, ќе го изгаснат пожарот и ќе си заминат без да очекуваат плата или пофалба. (Аплауз) Се обидував да смислам кој би бил вистинскиот модел со кој би го опишал овој тип на случајни чинови на љубезност од страна на непознати луѓе... (Смеа) Тоа е како кога ќе падне град и луѓето се подготвени да помогнат. Овој модел може да се виде насекаде, кога ќе почнете да го барате.
Пример број два: Википедија. Ако човек по име Џимбо ви пријдеше во 2001 година и ви речеше „Имам супер идеа! Ќе почнеме со седум статии, кои секој може да ги уредува во кое било време и така ќе направиме супер енциклопедија! Што мислиш?“. Аха, да. Најглупава идеа на векот. (Смеа) Всушност, Википедија е една толку глупава идеа, што Џимбо никогаш не ја ни имал.
Идеата на Џимбо беше за Нупедија. Сосема традиционална енциклопедија. Тој би им плаќал на луѓето, зошто што сакал да биде фин, а луѓето би пишувале статии. Викито било воведено за други да можат да даваат предлози за промени - како второстепена идеа, како од некоја задна соба. Но, излезе дека задната соба се прошири толку многу, што го опфати целиот проект.
Па, денес Википедија присутна насекаде, па може да се најде и на менијата во кинески ресторани. (Смеа) Не го измислувам ова. (Смеа) Имам една теорија, која може да ја објаснам подоцна. Доволно е да кажам дека омилена Википедија ми е онаа пржена со пиперки. (Смеа)
Но, Википедија не си работи само туку-така, спонатано. Па, како работи? Па, постои една задна соба, без прозорци, метафорички кажано. И таму има еден куп луѓе кои, додека надвор е сончево, порадо би седеле внатре и би ја следеле оваа управна огласна табла, која самата по себе е вики-страница што секој може да ја уредува. Само треба да го кажеш својот проблем. Потсетува на описот на историја како „едно нешто после друго, а крај не се гледа“, нели?
Број еден: „Тенденциозно уредување од страна на корисникот Ендивифил“. Ендивифил, ако случајно си во публиката - се извинувам. Не завземам страни. „Анонимец ме напаѓа за возвраќање“. Мојот омилен: „Долга приказна“. (Смеа) Излегува дека има поголем број на луѓе кои ја проверуваат оваа страница и се обидуваат да ги решат проблемите отколку што има проблеми кои се појавуваат на страницата.
Тоа е она што Википедија ја одржува во живот. Во секој момент, Википедија е околу 45 минути од целосно уништување. Нели? Има спамботови кои се инфилтрираат и секоја статија сакаат да ја претворат во реклама за часовниците Ролекс. (Смеа) Оваа тенка гиковска линија е тоа што ја одржува Википедија. Не бидејќи тоа е работа, не бидејќи тоа е кариера, туку бидејќи тоа е повик. Чувствуваат потреба да го прават ова бидејќи им е важно.
Дури се собираат и во групи, како, на пример, Одделение против вандализм - "Учтивост, зрелост, одговорност" - само за да ги одржуваат страниците. Ова ве тера да се запрашате, кој би чувал стража, ако, на пример, за време на викендот се одвива некоја масовна и многу популарна Стар Трек конвенција? (Смеа)
Она што може да го согледаме... (Смеа) Она што може да го согледаме преку овој феномен е нешто што лудиот покоен сообраќаен инженер Ханс Мондерман го откри во Холандија и овде, во Јужен Кенсингтон, а тоа е дека понекогаш ако отстраниме некои од надворешните правила и знакови, може да добиеме побезбедна средина, во која луѓето можат да функционираат и во која се почовечни едни со други. Согледуваат дека мораат да превземат одговорност за она што го прават. Википедија го прифати ова.
Некои од вас можеби се сеќава на детето Стар Ворс (Војна на ѕвездите)? Кутриот тинејџер кој се снимил со голф палка, преправајќи се дека таа е ласерска сабја. Клипот си го најде патот до интернетот, без негова дозвола и дури без негово знаење, на почетокот. Страшно заразно видео. Екстремно популарно. Многу понижувачко за него.
Бидејќи Википедија, сепак, е енциклопедија, мораше да има статија за детето Стар Ворс. Секоја статија на Википедија има и соодветна страница за дискусија. На оваа страница за дискусија се одвиваше една доста опширна расправа - помеѓу корисниците на Википедија - во врска со тоа дали името на детето треба да се појави во статијата. Двете страни имаа аргументи. Овде се само дел од нив. Најпосле одлучија, далеку од едногласно, да не го вклучат неговото вистинско име, и покрај тоа што сите медиуми го направија тоа. Едноставно не мислеа дека тоа е правилно. Тоа беше еден чин на љубезност.
И ден денес, на страницата со статијата за детето Стар Ворс има едно предупредување на почетокот, кое вели дека неговото вистинско име не смее да се додаде. Ако го прекршите ова правило, тоа веднаш ќе биде отстрането од страна на луѓе кои можеби не се согласуваат со првобитната одлука, но го почитуваат исходот и работат за да го спроведат, бидејќи веруваат во нешто поголемо од нивното мислење. Од моја гледна точка, како адвокат, мора да кажам дека овие луѓе го редефинираат законот и принципот на почитување на донесените одлуки.
Ова не е ограничено само на Википедија. Го гледаме постојано на блогови. Погледнете ја оваа насловна страница на Бизнисвик од 2005. „Блоговите ќе го променат вашиот бизнис“. Знам дека изгледаат смешно. И смешни се. Започнуваат како секакви смешни проекти.
Ова ми е еден од омилените блогови од тој тип. Мачки што личат на Хитлер точка ком (Catsthatlooklikehitler.com). (Смеа) Праќаш слика, ако твојата мачка изгледа како Хитлер. (Смеа) Мислам, погледнете ја број четири. Можете ли да замислите да живеете со таа мачка секој ден? (Смеа)
Но, вакви будалештини може да видите применети и на луѓе. Ова е блог посветен на неумесни портрети. Овде вели „Идилична ливада со железна ограда“. Дали тоа позади неа е труп на животно? (Смеа) „Знаеш што? Мислам дека тоа е труп на животно зад неа.“
И така, едно по друго. Но, стигнувате до ова. „Сликата е отстранета по барање на сопственикот“. Толку. Сликата е отстранета по барање на сопственикот. Некој кој бил иссмеан му пишал на оној што ја одржува страницата, не со правна закана или парична понуда, туку само рекол „Еј, ај ако може?“. И човекот одговорил „Нема проблем“.
Верувам дека можеме да градиме онлајн платформи, кои уште повеќе ќе го олеснат гореспоменатиот процес, и ќе ни овозможат на сите да согледаме дека податоците кои ги наоѓаме онлајн не се само податоци кои ги кликнуваме, копираме и ги пренесуваме понатаму, туку податоци кои претставуваат човечка емоција, напор и влијание, и ќе ни овозможат да ги разгледаме од еден етички аспект и да одлучиме што ќе правиме со нив.
Мислам дека ова е применливо и во вистинскиот свет. Еден ден може да живееме во свет со уште повеќе цензура - насекаде нешто ве снима и можеби го става тоа онлајн - па би можеле да носиме нешто на што ќе пишува „не сакам да сум сниман“. И би имале технологија што ќе му овозможи на оној што сликал да знае дека некој сака да биде исконтактиран пред сликата да се објави некаде, доколку тоа не е проблем. Па, оној што ја направил сликата може да одлучи како и дали да ја почитува оваа молба.
Во вистинскиот свет, може да забележиме вакво филтрирање што се случува во Пакистан. Сега ги имаме средствата потребни да се изгради ваков систем, за луѓето да можат да го пријават филтрирањето кога ќе наидат на него. Нема да биде само... „Не знам, не можев да стигнам таму. Никому ништо.“ Туку, одеднаш тоа е колективна свесност за што и каде е блокирано и цензорирано онлајн. Всушност, еве како технологијата го имитира животот, кој ја имитира технологијата, или можеби е обратно.
Истражувач при универзитетот во Њујорк направи мали робот од картонски кутии, со нацртана насмевка на лицето мотор кој го движи само напред и знаменце на задната страна со посакуваната дестинација. Пишува „Дали можете да ми помогнете да стигнам до таму?“. Го пуштила на улиците на Менхетен. (Смеа) За што сè не се даваат пари деновиве. Еве ја мапата на преку 43 луѓе, кои помогнале да го насочат роботот - кој не може да врти - и му помогнале да си продолжи по својот пат, од еден до друг крај на паркот Вашингтон Сквер. Ова нè носи до примерот број три: автостопирање.
Не сум баш убеден дека автостопирањето е минато. Ја имаме групата за заедничко патување на craigslist.org. Да се викаше „група за автостопирање“, никој жив немаше да ја користи. Но, ова е група за заедничко патување, а тоа во суштина е истата работа. Зошто ја користат луѓето? Не знам. Можеби си мислат дека убијците не планираат однапред? (Смеа) Не. Јас мислам дека вистинскиот одговор е дека кога ќе редефинирате, кога ќе исчекорите надвор од одредениот круг на застарени очекувања, од пропаднат проект на кој му поминало времето и сега фаќа прашина, можете повторно да го потпалите овој вид на човечка љубезност и делење, кој може да се види на места како овде, на craigslist.org. Потоа, ова може да го потенцирате и да го претворите
во нешто како Кауч сурфање точка орг (CouchSurfing.org). Каучсурфање - идеа на еден дечко конечно да ги спои луѓето кои одат на далечни патишта и би сакале да спијат на каучот на некој странец, бесплатно, со луѓе кои живеат далеку и би сакале некој да им спие на каучот, бесплатно. Брилијантна идеа. Да, тоа е пчела која лета. Неверојатно е колку успешни приказни од „сурфање за кауч“ има.
И, ако се прашувате: не, нема познати жртви како резултат на Каучсурфинг. Сепак, системот на репутација, во моментов работи на тој начин што се дава извештај по искуствотото, па така можеби постои некоја пристрасност при селекцијата. (Смеа) Моето залагање, моето убедување
е дека интернетот не е само куп информации. Тоа не е именка. Глагол е. И кога ќе се приклучите на него, ако слушате доволно внимателно и одблиску, ќе отркиете дека таа информација ви кажува нешто. Ви го кажува она што го слушнавме вчера, она што Демостен ни го кажа. Вели „Ајде, да маршираме“. Ви благодарам. (Аплауз)
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Мислите дека светот е сè помалку и помалку пријателски настроен? Социјалниот теоретичар Џонатан Зитрен не се согласува со тоа. Тој вели дека интернетот е изграден од милиони чинови на љубезност, љубопитност и доверба.
Jonathan Zittrain wants to make sure the electronic frontier stays open -- and he's looking to the Internet's millions of users for its salvation. Full bio »
Translated into Macedonian by Evgenija Stojchevska
Reviewed by Biljana Dijanisieva
Comments? Please email the translators above.
20:01 Posted: Aug 2006
Views 461,913 | Comments 69
19:15 Posted: Sep 2007
Views 1,228,234 | Comments 504
18:56 Posted: Nov 2007
Views 1,200,216 | Comments 307
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.