Ја слушнав следната интересна приказна за Миуча Прада (Miuccia Prada). Таа е италијанска модна дизајнерка. Таа оди во продавница за стара облека во Париз со пријателка. Пребарува наоколу и наоѓа едно Баленчиага (Balenciaga) палто. Многу и’ се допаѓа. Го превртува од сите страни. Ги разгледува рабовите; разгледува како е сошиено. Пријателката и’ вели: „Купи го веќе еднаш!“ Таа оговара: „Ќе го купам, но и ќе го реплицирам.“ Сега, академските граѓани во публиката можеби ќе помислат: „Па, тоа звучи како плагијат.“ Но, за човек од светот на модата, тоа всушност е знак на генијалноста на Прада, дека таа може да пребара низ модната историја и да избере едно палто кое нема да мора воопшто да го менува, а да биде модерно и да биде ново.
Вие можеби се прашувате дали е можно тоа што таа го прави да е нелегално. Па, тоа всушност не е нелегално. Во модната индустрија има многу мало ниво на заштита на интелектуалната сопственост. Тие имаат заштита на трговската марка, но не и заштита од копирање, нуту заштита на патенти. Единствено што тие имаат е заштита на трговската марка. И така, тоа значи дека било кој може да го копира било кое парче облека што било кој во оваа просторија го носи и да го продаде како сопствен дизајн. Единствено нешто што не може да го копираат е етикетата со трговската марка што се наоѓа на тоа парче облека. Оваа е една од причините зошто ги гледате логоата расфрлани насекаде по овие производи. Токму затоа што им е многу потешко на фалсификаторите да ги превземат брендираните креации затоа што не можат да го превземат и логото. Но, ако отидете на Санти улицата, да. Секако, да... И на Канал улицата, знам... И некогаш овие се забавни, нели.
И, сега, причината за ова, причината зошто во модната индустрија не постои заштита од копирање е бидејќи судовите одамна одлучија дека облеката е премногу секојдневна за да се квалификува за заштита од копирање. Тие не сакаа само неколку дизајнери да ги поседуваат правата на основните делови од нашата облека. Во таков случај, сите останати ќе мораа да ги лиценцираат оваа манжетна или оној ракав затоа што Тој Некојси ги поседува правата на нив. Но - премногу секојдневна? Дали е тоа начинот на кој вие размислувате за модата? Ова е Вивиен Вествуд (Vivienne Westwood). Не. Мислиме дека тоа е можеби многу лудо, воопшто не е неопходно.
Оние од вас на кои им е блиска логиката што стои позади заштитата од копирање, која би значела дека без сопственост, нема поттик кон иновација, би можеле навистина да се изненадат како од критичниот успех на модната индустрија, така и од нејзиниот економски успех. Она за што сакам да расправам денес е дека, бидејќи не постои заштита од копирање во модната индустрија, модните дизајнери всушност имаа можност да го издигнат секојдневниот дизајн, нештата кои ги покриваат нашите голи тела, до нешто кое го сметаме за уметност. Поради тоа што не постои заштита од копирање во оваа индустрија, постои многу отворена и креативна екологија на креативност.
За разлика од нивните креативни браќа и сестри кои се скулптори или фотографи филмски продуценти или музичари, модните дизајнери можат да користат примери од креациите на сите нивни колеги дизајнери. Можат да го земат било кој елемент од било кое парче облека од историјата на модата и да го вметнат во своите сопствени креации. Тие се, исто така, озлогласени за крадење од „духот на времето“. А овде, се сомневам дека биле под влијание на костимите во „Аватар“. Можеби само малку. Не можете да ги заштитите правата ниту над костимите.
Сега модните креатори ја имаат најшироката палета што може да се замисли во оваа креативна индустрија. Овој невестински фустан овде е всушност направен од пластични вилушки. А овој фустан е направен од алуминиум. Слушнав дека фустанов звучи како ѕвончиња на ветер кога одите наоколу. Значи, една од магичните нус-појави на постоењето на култура на копирање. што навистина е тоа, е воспоставувањето на трендовите. Луѓето мислат дека ова е магично. Како се случува? Па, тоа е затоа што е легално луѓето да се копираат меѓусебно.
Некои луѓе веруваат дека е мал бројот на оние кои се на врвот на модниот „ланец на исхрана“ кои на некој начин ни’ диктираат што ќе облечеме. Но, ако поразговарате со било кој дизајнер на кое и да е ниво, вклучувајќи ги и оние кои дизајнираат висока мода. тие секогаш велат дека нивната главна инспирација доаѓа од улицата, каде луѓето како вие и јас ги мешаат и комбинираат сопствените модни изгледи, и од таму, модните дизајнери, навистина црпат многу од својата креативна инспирација. Значи, тоа е навистина една индустрија која оди подеднакво од-долу-нагоре и обратно.
Секако дека “брзите“ модните гиганти најверојатно имаа најголема корист од недостигот од заштита од копирање во модната индустрија. Тие се озлогласени поради копирањето на креации од високата мода и нивно продавање за многу ниски цени. И биле соочени со многу тужби, но овие тужби вообичаено не ги добиваат модните дизајнери. Судовите повториле многу пати: „Вам не ви е потребна поголема заштита на интелектуалната сопственост.“ Кога ќе погледнете некоја копија како оваа, секако се чудите, како луксузните брендови од високата мода остануваат во бизнисот? Ако можете да го добиете за 200 долари, зошто да платите илјада? Токму заради тоа ние одржавме една конференција овде пред неколку години. Го поканивме Том Форд (Tom Ford) да присуствува. Конференцијата беше насловена како: „Подготвени за споделување: Модата и сопственоста врз креативноста.“ И, му го поставивме токму ова прашање. Ова е неговиот одговор. Тој само што заврши со успешна работа како водечки дизајнер во Гучи (Gucci), во случај ако не сте знаеле.
Том Форд: После многу истражување, всушност и не толку големо истражување, но прилично едноставно истражување, дознавме дека фалсификат-клиентот не е наш купувач.
Џоана Блекли: Замисли го тоа! Луѓето на Санти улицата не се истите кои купуваат во Гучи. (Смеење) Ова е многу поразлична демографска група. И, знаете, фалсификуваната не е никогаш иста како оригиналната креација. барем во однос на материјалот, тие се секогаш направени од поевтини материјали. Но, некогаш дури, поевтината верзија всушност може да делува шармантно, може да внесе живот во умирачкиот тренд. Има многу доблести во копирањето. Една од тие, која многу критичари на културата ја истакнуваат е дека ние сега, повеќе од било кога во минатото, имаме многу поширока палета на модни избори од кои можеме да избереме. И ова е главно поради таа „брза“ модна индустрија. И тоа е добра работа. Нам ни се потребни многу опции.
Модата, сакале вие тоа да го признаете или не, ви помага да му покажете на светот кои сте вие. Поради „брзата“ мода, глобалните трендови многу побрзо се воспоставуваат одошто во минатото. И тоа е всушност, добра вест за тренд-сетерите. Тие сакаат да се постават трендовите за да можат да го придвижат производот. За луѓето од светот на модата, тие сакаат да бидат пред времето. Тие не сакаат да носат облека каква што носат сите други. И затоа, тие сакаат да преминат на следниот тренд што е можно побрзо.
Ви велам, нема одмор за модерните. Секоја сезона, модните дизајнери мораат да се борат да смислат нова прекрасна идеја која на сите ќе им се допадне. И ова, да ви кажам, е многу добро за приходот. Секако, постојат низа ефекти кои оваа култура на копирање ги има врз креативниот процес. Стјуарт Вајцман (Stuart Weitzman) е многу успешен дизајнер на обувки. Тој многу се жалеше за тоа што луѓето го „копираат“. Но, во едно негово интервју прочитав дека кажува оти токму тоа го поттикнало постојано да се подобрува. Тој морал да смисли нови идеи, нови нешта кои тешко би можеле да се копираат. Тој дојде до идеја за оваа „клинеста“ потпетица која мора да се изработи од челик или титаниум. Ако ја направите од некој поевтин материјал таа ќе се скрши на два дела. „Копирањето“ него го принуди да биде малку покреативен
Ова ме потсети на одличниот џез музичар Чарли Паркер (Charlie Parker). Можеби не сте ја слушнале анегдотава. Тој рекол дека една од причините што го создал би-бап правецот (bebop) е таа дека бил прилично сигурен оти белите музичари нема да можат да го копираат звукот. Тој сакал да го направи премногу тежок за копирање. И тоа е она што модните дизајнери го прават целото време. Се обидуваат да состават автентичен изглед, естетика, која ќе ги рефлектира нив. Кога луѓето фалсификуваат, секој знае за тоа бидејќи го ставаат тој изглед на модната писта, и тоа е кохерентна естетика.
Ги обожавам овие. Во ред, продолжуваме понатаму.
Ова не е различно од светот на комедијата. Не знам дали знаете дека шегите исто така, не се заштитени од копирање. Па така, кога некоја реченица била многу популарна, сите ја краделе еден од друг. Но сега имаме друг вид на комедија. Комичарите го развиваат ликот, создаваат автентичен стил, слично како модните дизајнери. И нивните шеги, слично како кај модните креации на модните дизајнери, навистина функционираат само во таа рамка. Ако некој украде некоја шега, на пример од Лари Дејвид (Larry David), таа не е толку смешна како кога тој ја кажува.
Друга една работа која модните дизајнери ја направија за да преживеат во оваа култура на копирање е таа што научија да се копираат самите себе. Тие се копираат себеси. Тие прават договори со „брзите“ модни гиганти, и наоѓаат начин да ги продадат своите производи на демографски сосема нова група, демографијата на Санти улицата.
Некои модни дизајнери на ова ќе кажат „Само во САД немаме никаква почит. Во другите држави постои заштита за нашите уметнички креации.“ Но, ако ги погледнете двата други најголеми светски пазари, ќе забележите дека заштитата која се нуди не е реално ефективна. Во Јапонија. на пример, која мислам дека е треттиот најголем пазар, имаат закон за дизајн, тој ја заштитува облеката, но стандардот за новитети е многу високо поставен, вие морате да докажете дека вашето парче облека никогаш порано не постоело, дека е сосема уникатно. И тоа е слично како стандардот за новитети за патентот во САД, кој модните дизајнери никогаш не го добиваат, или многу ретко овде во САД.
Во Европската Унија тие тргнаа во сосема друга насока. Многу ниски стандарди за новитети, секој може да регистрира се’ што ќе посака. Но, иако тоа е домот на „брзата“ модна индустрија а имате и многу дизајнери на висока мода таму, тие, општо, не ги регистрираат нивните креации, и нема многу судски спорови за ова. Се чини дека е така поради ниското ниво на стандарди за новитети. Некој може да земе облека од некого друг, да ја скрати 3 сантиметри, да отиде во ЕУ и да ја регистрира како нова, оригинална креација. Тоа сепак не ги сопира фалсификаторите. Ако го разгледате всушност регистерот, многу од регистрираните нешта во ЕУ се Најк (Nike) маичките кои се скоро идентични една со друга.
Но ова не ја сопре Дајана фон Фурштенберг (Diane von Furstenberg). Таа е директорка на Советот на модни дизајнери на Америка, и таа при својот избор кажа дека ќе добие заштита од копирање за модните креации. Трговците сепак не ја земаа оваа забелешка предвид. Не мислам дека законската легислатива се менува. Затоа што тие сфаќаат дека е многу тешко да се направи разлика помеѓу фалсификуван дизајн и нешто кое е само дел од глобалниот тренд. Кој поседува одреден изглед? Ова е прашање кое е тешко да се одговори. Потребни се многу адвокати и многу судско време. Така, трговците заклучија дека ова би им било премногу скапо.
Знаете, не е само модната индустрија која нема заштита од копирање. Постои уште цела низа индустрии кои ја немаат таа заштита, вклучително и прехрамбената индустрија. Вие не можете да копирате рецептура бидејќи таа претставува збир од инструкции, тоа е факт. И не можете да го копирате изгледот и осетот дури ни за најуникатното јадење. Исто е и со автомобилите. Не е битно колку смотано или одлично изгледаат, вие не можете да го копирате скулптурниот дизајн. Затоа што е секојдневен производ. Исто е и со мебелот. Премногу е секојдневен. Магични трикови, мислам дека се инструкции, нешто како рецепти. Нема заштита од копирање. Фризури - нема заштита од копирање. Слободен (Open-source) софтвер - овие луѓе решија дека не сакаат заштита од копирање. Тие сметаа дека ќе биде поиновативно без неа. Навистина е тешко да се добие таква заштита за бази на податоци. Момците кои тетовираат - тие не ја сакаат, не е кул (cool). Тие ги споделуваат своите дизајни. Шеги, нема заштита од копирање. Огномети. Правила за игри. Мирисот на парфем - не. А некои од овие индустрии, може да ви се чини дека се маргинални, но на лево се продажбите на индустриите со ниско ниво на интелектуална сопственост, индустрии со многу слаба заштита од копирање. И десно е продажбата на филмови и книги. (Аплауз) Не е убаво.
И така, ако разговарате со луѓе од модната индустрија и тие велат: „Пссст! Не кажувај никому дека ние всушност можеме да си ги крадеме креациите едни од други. Срамота е.“ Но, знаете што? - Тоа е револуционерна идеја. И тоа е модел за којшто многу други индустрии како овие на десно што тукушто ги видовме, би требало да размислат, зашто, токму сега, оние индустрии со голема заштита од копирање функционираат во атмосфера која е како да немаат никаква заштита. И тие не знаат што да прават.
Кога дознав дека постои цел куп индустрии кои немаат заштита од копирање, си помислив, која е точно логиката во сево ова? Сакав слика, а адвокатите не ми ја обезбедуваат. Па затоа јас сама си ја направив. Ова се двата главни вида на бинарни (крајни) спротивности според логиката на законите за заштита од копирање. Малку е покомплексно од ова, но ќе заврши работа. Прво, дали нешто е уметнички предмет? Тогаш заслужува заштита. Дали е секојдневен предмет? Тогаш не, не заслужува заштита. Ова е тешка, нестабилна бинарна спротивност.
Следната е - дали е тоа идеја? Дали е нешто кое треба слободно да кружи во слободно општество? Нема заштита. Или е тоа физички фиксиран израз на идеја, нешто кое некој го направил, и заслужува да го поседува некое време и да направи пари со тоа. Проблемот е дека дигиталната технологија сосема ја промени логиката на физички фиксираниот израз наспроти идејата како концепт. Денес, ние навистина не ја препознаваме книгата како нешто што се наоѓа на нашите полици или музиката како нешто кое е физички објект што можеме да го допреме и држиме в раце. Тоа е дигитална датотека (file). Таа е одвај врзана со било каква физичка реалност во нашите умови. А овие нешта, бидејќи можеме толку лесно да ги копираме и пренесуваме, всушност кружат низ нашата култура многу повеќе како идеи одошто како физички одредени предмети.
Концептуалните теми се навистина длабоки ако зборувате за креативност и сопственост и, дозволете ми да ви кажам, ние не сакаме да го оставиме ова само на правниците да го решат. Тие се умни. Јас сум со еден од нив. Моето момче. Тој е ОК. Тој е умен. Тој е умен. Но вам ви е потребен интердисциплинарен тим на луѓе за да го средат ова, кои ќе се обидат да сфатат кој тип на модел на сопственост постои во дигиталниот свет, што ќе води до највеќе иновации. И мојата сугестија е дека модата може да е навистина добро место за да се побара модел за креативните индустрии во иднина.
Ако сакате повеќе информации за овој истражувачки проект, ве молиме посетете ја нашата веб страница на ReadyToShare.org. И навистина сакам да и’ се заблагодарам на Вероника Жаурики која ја изработи оваа прекрасна презентација.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Законот за авторски права кој се задржува на филмот, музиката и софтверот, одвај ја допира модната индустрија... и модата има придобивки и од иновацијата и продажбата, вели Џоана Блекли. На TEDxUSC 2010, таа зборува за она што креативните индустрии можат да го научат од модната индустрија.
Johanna Blakley studies the impact of mass media and entertainment on our world. Full bio »
Translated into Macedonian by Dragana Mitrovikj
Reviewed by Marko Marcevski
Comments? Please email the translators above.
18:56 Posted: Nov 2007
Views 1,200,747 | Comments 307
20:46 Posted: Jul 2008
Views 465,456 | Comments 57
17:52 Posted: Apr 2008
Views 432,503 | Comments 83
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.