Кучињата имаат свои интереси. Тие сакаат да се душкаат меѓусебно, да бркаат верверички. Ако не им дозволиме таква награда при дресирањето, ќе им направиме простор за дистракција. Од секогаш ми се чинело страшно кога ќе помислам дека ако видите куче во парк кое газдата го довикува, „Кученце, дојди ваму, дојди ваму,“ а пак кучето си мисли: „хмммм, интересно. му го душкам задникот на кучево овде, а газдата ме вика, тежок избор.“ Нели? задник-газда-задник, задникот победува. Односно, вие губите. Не можете да се натпреварувате со околината, ако имате мозок на куче адолесцент. Затоа, кога ги дресираме, секогаш треба да го имаме на ум кучешкиот поглед на свет.
Го потенцирам ова бидејќи во моментов постои еден вид на поделба во дресурата на кучиња при што, од една страна ги имаме луѓето што мислат дека кога тренирате кучиња, пред се, го правите тоа измислувајќи правила, човечки правила. Не земајќи го во предвид кучешкиот поглед на свет воопшто. И човекот вели: „Е ќе правиш вака, богами. Ќе те принудиме да го правиш тоа против своја воља, има да се прилагодиш на нашата воља.“ Понатаму, вториот момент е дека овие правила не му ги кажуваме на кучето. А третиот пак - дека можеме да го казниме кучето затоа што ги прекршило правилата за кои не ни знаело дека постојат. Значи, си земате мало кученце, тоа си доаѓа - а неговиот единствен грев е што ќе порасне. Кога беше малечко кученце, ви ги ставаше шепичките на нога - нели, зарем не е тоа прекрасно? А вие ќе речевте, „Ох, браво малечко.“ Се наведнувате, го погалувате - го наградувате што скокнало на вас. Единствената негова грешка е што е Тибетантски Мастиф и што по неколку месеци ќе тежи околу 36 килограми, нели. Секој пат кога ќе скокне, ќе си го добие убаво. Мислам, навистина е страшно колку малтретирање трпи кучето.
Значи, за целата оваа приказна со доминацијата - број еден е, она што го добиваме во дресурата на кучиња е оваа Мики Маус интерпретација на еден навистина комплициран општествен систем. А тие ова го сфаќаат мошне сериозно. Машките кучиња се навистина сериозни околу хиерархијата, бидејќи истата спречува физички пресметки. Се разбира, женските кучиња - кучките - од друга страна, имаат неколку женски амандмани на хиерархиското управување на мажјаците. Број еден е, „јас го имам, ти не.“ И она на што ќе можете да наидете е ситуација во која една кучка од многу, многу низок ранг многу лесно ќе си ја зачува коската од еден мажјак со висок ранг. Значи, при дресурата на кучиња, го имаме овој момент на доминација, или на алфа куче - сигурен сум сте го слушнале ова.
Кучињата навистина се малтретираат. Кучиња, коњи, луѓе - тоа се трите видови што се навистина малтретирани во животот А причината е - во самото нивно однесување им е вродено секогаш да се враќаат назад и да се извинуваат. Како на пример, „Ух, жал ми е што мораше да ме истепаш, навистина ми е жал, да, јас сум крив.“ Едноставно се склони кон добивање ќотек. И токму затоа и јадат ќотек. Сиротото кутре си скока, вие го отварате прирачникот за кучиња, а тој вели што? Фатете му ги предните шепи, стиснете му ги предните шепи, згазнете му ги задните нозе, прснете му сок од лимон во лице, удрете го по глава со свиткан весник, лупнете го по гради со колено, превртете го на грб.“ Зошто, затоа што пораснало? И затоа што прави нешто што вие самите сте го научиле да го прави? Тоа е лудо. Ги прашувам сопствениците, „Па, како би сакале да ве поздравува кучето?“ А тие велат, „Па, не знам, да седнува, на пример.“ Им велам, „Ајде да го научиме да седнува.“ И му даваме причина за седнување. Бидејќи првата фаза во основа е да го научите кучето да го зборува вашиот јазик (англиски во случајов) Би можел да ви зборувам и да ви речам, „Лајтај-чаи, пајзи, пајзи." Ајде, де, сега требаше да направите нешто. Зошто не ми одговарате? Аха, не зборувате Свахили. Е па, имам вести за вас. Кучето не зборува англиски, ниту пак американски, или шпански, или пак француски.
Значи првата фаза е да го научите да го зборува вашиот јазик - англиски како втор јазик (во овој случај). И токму така ја користиме храната како мамка во нашата рака, а користиме храна бидејќи работиме со сопственици. Мојата сопруга нема потреба од храна - таа е одличен дресер, многу подобар од мене. И мене не ми треба храна, но просечниот сопственик вели, „Кученце седи.“ Или пак ќе почне, „седи, седи, седи.“ И прави некаков сигнал со раката кај задницата на кучето поради некоја си причина, како божем кучето да има трето око таму - навистина лудо. Знаете, „седи, седи...“ Не така. Одиме само со „Кученце седи“ - и бум, ќе ве сфати после шест до 10 обиди.
Тогаш, може да ја отстраниме храната како мамец, а кучето да си знае дека „седи“ значи „седи“, додека пак вие ќе можете навистина да си комуницирате со него со одлично конструирани реченици на англиски. „Феникс, дојди овде, земи го ова и оди кај Џејми, те молам.“ А го научив прво на „Феникс,“ „дојди овде,“ „земи го ова,“ „оди кај,“ како и на името на мојот син „Џејми.“ Така кучето ќе може да си забележи, а јас ќе си добијам мое лично куче спасител. Ќе го најде Џејми каде и да е, нели, каде и да се децата, дали кршат камења покрај некој поток или прават нешто друго и ќе му однесе порака која вели, „Еј, вечерата е готова. Дојди да вечераме.“
Значи, до овој момент, кучето знае што сакаме да направи. А дали ќе го направи? Не мора да значи, не. Како што реков, ако е во парк и ако околу него има некоја опашка за душкање зошто би дошло кај сопственикот? Кучето живее со вас, може да ве добие кога ќе посака, може да ви го душне задникот, ако тоа сакате, кога и да посака. Во тој момент, тоа е во паркот, а вие се натпреварувате со миризби, останати кучиња и верверички.
Затоа втората фаза при дресура е да го научите кучето да сака да го прави она што ние сакаме да го направи, а тоа е многу лесно. Може да го употребиме принципот на Премак. Во основа, по едно однесување со ниска зачестеност, нешто што кучето не сака да го прави, продолжуваме со однесување со висока зачестеност, општо познато како „проблематично однесување,“ или „кучешко хоби“ - нешто што кучето сака да го прави. Токму тоа може да се претвори во награда за однесувањето со пониска зачестеност. И велиме , „седи,“, на креветот, „седи,“ чешкање по стомак, „седи,“ види, фрлам тениско топче, „седи,“ кажи му здраво на другото куче. Да, да, го „задник за душкање“ во редицата. „Седи,“, душкај задник.
Значи, на овој начин, сите споменати дистракции што не му идеа во полза на тренингот стануваат награди кои функционираат при дресирањето. И она што всушност го правиме е - го учиме кучето, на некој начин - и го оставаме да си мисли дека тоа нас не дресира. Можам да си го замислам ова куче, знаете, како му зборува на друго куче, на пример од расата Акита, низ оградата, велејќи, „Леле, моиве газди какви се, неверојатно брзо можам да ги дресирам Како златни Ретривери се. Се што треба да направам е да седнам, а тие прават се останато. Отвараат врати, ми ја возат колата, ме масираат, ми фрлаат тениски топчиња, ми готват и ми служат храна. се чини дека треба само да седнам и тоа е мојата команда. Тогаш имам свој личен вратар, шофер, масер, готвач и келнер.“ И така кучето е навистина среќно. А за мене, тоа е и од секогаш била суштината на дресурата Така навистина го мотивираме кучето да сака да направи нешто, а потребата за казнување како да исчезнува.
Сега одиме на фаза три, кога - знаете има моменти, кога Тато знае најдобро. Имам еден мал знак на фрижидерот кој вели, „Бидејќи јас сум Таткото, затоа.“ Жалам, ама нема повеќе да објаснувам - „Јас сум таткото, а не вие, седете.“ А има и моменти, на пример, кога другарите на син ми ја оставаат вратата отворена, кога кучињата мораат да сфатат до каде смеат да одат. Ова е прашање на живот или смрт. Ако ја напуштите светоста на вашата куќа, има големи шанси да ве удри нешто на улица. Затоа, едноставно, мораме да му укажеме на кучето на некои работи што мора да ги знае, „Не смееш да го правиш ова.“
И тоа мораме да инсистираме ама без присила. Луѓето често се бунат околу видот на казната. Мислат дека казната сама по себе е нешто лошо. Се обложувам многумина од вас мислат така, нели? Си мислите дека е нешто болно, страшно, или пак непријатно. Не мора да биде така. Постојат неколку дефиниции за тоа што е казна, но една од нив, најпопуларната, е - Казна е стимулус што го намалува однесување што непосредно му претходело, на начин што прави во иднина истото да се случува поретко. Казната не мора да биде лоша, страшна или болна. А јас би рекол, ако не мора, тогаш можеби и не треба да е.
Работев со едно многу опасно куче пред околу една година - куче кое ги имаше сместено и двајцата сопственици во болница, плус сватот, плус детето. И се сложив да работам со него, само ако ми ветат дека ќе си остане во нивната куќа и дека никогаш нема да го извадат надвор. Ова куче сега веќе е еутаназирано, меѓутоа работев со него некое време. Многу агресија се случуваше околу кујната, па затоа додека бев таму - ова беше при четвртата посета - правевме седни-стани цели четири и пол часа, при што кучето седеше на својата простирка. Смирената настојчивост на сопственичката го задржуваше на тоа место. Кога ќе се обидеше да се тргне од простирката, таа ќе му речеше, „Ровер, на простирка, на простирка, на простирка.“ Кучето 22 пати ја прекрши наредбата седни-стани во тие четири и пол часа, додека таа готвеше, бидејќи пројавуваше агресија поврзана со храната. Прекршоците стануваа се поретки и поретки. Казната работеше. Проблематичното однесување полека исчезнуваше. Таа никогаш не го подигна својот глас. Ако го направеше тоа, ќе ја гризнеше. Не е некое добро куче па да му викате. А голем дел од моите приајтели тренираат навистина интересни животни - гризли мечки, ако некогаш сте виделе некоја гризли мечка на ТВ или на филм, тогаш сигурно некој мој пријател ја има дресирано. Или китови-убијци... Многу го сакам тоа, бидејќи е возбудливо. Како на пример ќе искарате гризли мечка? „Лоша мечка, лоша мечка!“ Врууум! Ви отиде главата на километар, пловејќи во воздухот, ОК? Тоа е лудо.
Значи, сега каде? Го сакаме подобриот пат. Кучињата заслужуваат подобро. Но за мене, причината за ова всушност мора има голема врска со кучињата, мора да е поврзана со посматрањето на луѓе кои ги тренираат своите кутриња, како и со сознанието дека тие имаат неверојатни интерактивни способности, неверојатни способности за врски. Не само со нивното кутре, туку и со останатото семејство присутна на часот. Мислам, мојот вечен класик е уште едно „дојди овде“ Ќе видите некого во парк - ќе го покријам микрофонот додека го кажувам ова, бидеќи не сакам да ве разбудам - и ете го сопственикот во парк заедно со неговото куче, на кое му вели, „Ровер, дојди овде. Ровер, дојди овде. Ровер, дојди овде, копиле едно.“ А кучето вели, „Па не знам, баш.“ (смеење) Замислете, кој при чист ум би помислил дека кучето би сакало да му се приближи ако му вика толку силно? Наместо тоа, кучето си мисли, „Го препознавам тој тон, да, го препознавам тој тон. Порано, кога така послушав и се приближив, си добив казна.“ Еднаш се качував на авион - ова, за мене, беше клучен момент во мојата кариера, и навистина го утврди она што сакав да го правам - целата оваа работа со дресирање кутриња - сознанието за тоа како да се учат кутриња на другарски начин, да ги натераме да го сакаат она што ние сакаме да го направат, а да не мораме да ги форсираме. Знаете, јас го тренирам моето дете како кученце. А одлучувачкиот момент беше, се качував на авион за Далас, а во вториот ред имаше еден татко, претпоставувам, со едно мало момченце на возраст од околу 5 години, кое го удираше потпирачот на седиштето. „Џони, немој да го правиш тоа.“ Бам, бам, бам. „Џони, немој да го правиш тоа.“ Бам, бам, бам. Си стојам јас така со мојата торба. Таткото се наведнува, го фаќа вака и му дава една „грда-фаца.“ А „грда-фаца“ е ова - кога ќе се соочите со кутре или дете, очи во очи, велите, „Што правиш! Престани, престани, престани!“ А јас си помислив, „Ох, боже, треба ли да направам нешто?“ Тоа дете имаше изгубено се - тој еден од двајца луѓе на кои може да им верува на светов дефинитивно му го имаше извлечено чергичето од под нозе. И си помислив, „Дали да му кажам на кретенов да прекине?“ Си реков, „Јан, немој да се мешаш, немој да се мешаш, седи си мадро и повлечи се.“ И отидов во задниот дел од авионот. Седнав и ми дојде една мисла. Да беше тоа куче, ќе го средев (смеење) Да удреше куче, ќе го удрев и јас. Ама удри дете, го фати вака, а јас го оставив на мира.
И токму тоа е тоа. Многу едноставно е да умееш да направиш врска. Мислам, на нас како луѓе, на нашата плиткост кога избираме животен партнер врз основа на трите С - сако, става, симпатичност. Знаете, како мали роботчиња. Така влегуваме во врски и задоволството трае околу една година. А тогаш, се појавува некое проблематично однесување. Не многу различно од лаење на куче. Мажот нема да сака да си ги среди алиштата, или пак жената вечно ќе доцни на средби, било што, нели? И така се почнува, а ние влегуваме во приказната, при што нашата лична повратна реакција - има две страни. Кога гледате луѓе како општат со животни или со други луѓе, не можете да забележите многу повратни информации, премногу ретки се тие реакции. А кога ќе се случи, го сметаме за лошо, непријатно. Гледате, тоа особено го има во семејствата, меѓу сопружниците, меѓу децата, меѓу родителите. Сигурно го гледате на работното место, особено од шефот до вработените. Се чини како да фаќаме некој лош сеир овде - како да им се радуваме на туѓите маки, за потоа можеме да им мрчиме и негодуваме и да ги осудуваме за истите.
А токму ова, би рекол јас, е најизвртената човечка особина присутна кај нас. Навистина е. Доброто го земаме здраво за готово, а се жалиме и негодуваме за лошото Сметам дека целата оваа приказна околу способноста за создавање врски треба да се изучува - знаете, вишата математика е прекрасна работа. Кога бев дете, бев чудо од дете за интеграли и диференцијали. Не разбирам ништо од тоа сега, ама го знаев како дете. Геометрија, фантастично, мислам, квантна механика - тоа се кул работи. Ама тие не спасуваат бракови и не воспитуваат деца.
А мојот поглед кон иднината и она што сакам да го правам во врска со оваа кучешка работа, за која ви зборувам, е да ги учам луѓето дека, на пример, еве, вашиот сопруг е лесен за дресирање. Веројатно уште полесен, ако имате Ротвајлер, многу полесен за дресирање. Вашите деца се лесни за дресирање Се што треба да направите е да ги набљудувате, за да им го проучите однесувањето во временски интервали и, да речеме, на секои пет минути да ги прашате, „Ова добро е или лошо?“ Ако е добро, да кажете, „Многу паметно, ти благодарам.“ Тоа е навистина моќна техника за дресирање. Треба да се изучува во училиштата. Врски - како да преговарате? како да преговарате со пријателот кој ја посакува вашата играчка? Знаете ли како да се припремите за вашата прва врска? А што е со воспитувањето на децата? Размислуваме додека всушност го правиме тоа - една ноќ во кревет, забременуваме, а потоа треба да го воспитуваме најважното нешто во животот - детето. Навистина, тоа е тоа што треба да се изучува - добриот начин наживеење, добрите навики, толку сме тешки за промена колку и лошите навики. Токму затоа, тоа ќе биде мојата желба за иднината. И, аман, баш сакав да завршам на точно време, ама имам осум, седум, шест, пет, четири, три, два - Ви благодарам многу, тоа беше мојот говор, ви благодарам. (ракоплескање)
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Дресерот Јан Данбар, при своето излагање на конференцијата на Собирот на забавната индустрија (Entertainment Gathering) во 2007 година, не тера да пробаме да го видиме светот низ очите на нашите сакани кучиња. Гледајќи од перспективата на нашите миленичиња, можеме да им ја зацврстиме нивната љубов и доверба. Но, ова е порака која со својата резонанца стигнува и многу подалеку од светот на животните.
Veterinarian, dog trainer and animal behaviorist Ian Dunbar understands our pets' point of view. By training dog owners in proper conduct (as much as he trains the dogs themselves), he hopes to encourage better relationships with dogs -- not to mention their friends and children, too. Full bio »
Translated into Macedonian by Tania Ivanova
Reviewed by Zdravko Smilevski
Comments? Please email the translators above.
09:18 Posted: Dec 2007
Views 1,855,102 | Comments 306
03:30 Posted: Dec 2006
Views 4,220,639 | Comments 368
05:48 Posted: Aug 2008
Views 637,116 | Comments 82
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.