Follow TED
Be the first to know about new TEDTalks, TED news and other announcements.
Click on any phrase to play the video from that point.
Ова е местото каде јас, како млад човек ја изведував за првпат музиката која ја пишував. Беше, неверојатно соба со прилично добра акустика. Дури и со нерамните ѕидови и сето ѓубре насекаде звучеше навистина добро. Ова е песна која е снимена таму. (Музика) Ова не се Talking Heads, барем не на сликата. (Mузика : A Clean Break (Let's Work) од Talking Heads) ♪ Значи, природата на просторијата значеше дека зборовите можат да се разберат. Текстовите на песните можеа горе-долу да се разберат. Звучниот систем беше сосем пристоен. И немаше многу одек во просторијата. На тој начин ритмовите можеа да бидат нечепнати прилично концизни. Други краишта на земјата имаа слични простории. Ова е Tootsie's Orchid Lounge во Нешвил. Музиката беше различна на одреден начин, но во структура и облик, многу слична. И однесувањето на клиентелата беше многу слично. И така бендовите во Tootsie's или во CBGB's мораа да свират доволно гласно -- јачината на звукот мораше да биде доволно гласна да надвладее луѓе кои паѓаа, извикуваа и се друго што правеа.
Оттогаш, сум свирел на други места кои се многу пофини. Сум свирел во Дизни Хол овде и во Карнеги Хол и слични места. И беше навистина возбудливо. Но исто така забележав, дека музиката која ја имав напишано или ја пишував во тоа време не звучеше толку сјајно во некои од тие концертни сали. Се снаоѓавме, но понекогаш тие сали не беа баш соодветни за музиката која ја правев или ја имав направено. Па се запрашав: Дали пишувам за специфични простории? Дали имам место, собиралиште на ум кога пишувам? Дали е тоа вид на модел за креативноста? Дали сите создаваме со место, контекст, на ум?
Во ред, Африка. (Музика: "Wenlenga" / Повеќе автори) Повеќето од популарната музика која ја знаеме сега влече голем дел од своите корени од Западна Африка. А музиката таму, Инструментите, би рекол деликатните ритми, начинот на кој се изведува, опкружувањето, контекстот се е совршено. Се функционира совршено. Музиката звучи совршено во тоа опкружување. Нема голема просторија да создаде одек и да ги помеша ритмите. Инструментите со доволно гласни да бидат чуени без засилување, итн, итн. Тоа не е случајно. Совршено е за тој конретен контекст. И би било збрка во ваков контекст. Ова е готска катедрала. (Музика: "Spem In Alium" од Thomas Tallis) Во готска катедрала, овој вид на музика е совршен. Не менува тоналитет. Нотите се долги. Скоро и да не постои ритам. Просторијата едноставно и годи на музиката. Всушност, ја подобрува. Ова е просторијата за која Бах пишувал дел од својата музика. Ова се оргули. Не е толку големо како готска катедрала па можел да пишува дела кои биле малку посложени. Можел, многу оригинално да смени тоналитети без да ризикува огромни дисонанци. (Музика: "Fantasia On Jesu, Mein Freunde" од Johann S. Bach)
Ова е малку подоцна. Ова се типови на простории за кои Моцарт пишувал. Мислам дека сме во 1770ите, тука некаде. Помали се, уште помалку одекуваат, така да тој може навистина слободно да пишува музика која е многу деликатна -- и тоа функционира. (Музика: "Sonata in F," KV 13, by Wolfgang A. Mozart) Совршено се вклопува во просторијата. Ова е Ла Скала. Потекнува од истото време. Мислам дека е изградена околку 1776. Луѓето во публиката во овие опери, кога биле изградени, имале обичај да викаат еден на друг. Имале обичај да јадат, пијат, и извикуваат на оние на сцената исто како во CBGB's и слични места. Ако им се допаднала некоја арија, ќе довикувале за да биде изведена повторно, не на крајот на претставата, туку веднаш. (Смеа) И така, тоа било оперско искуство. Ова е операта која Вагнер ја изградил за себеси. Величината на просторијата и не е толку голема. Помала е од оваа. Но, Вагнер вовел иновација. Сакал поголем оркестар. Сакал малку повеќе помпа Па го зголемил делот за оркестарот За да може да има повеќе иструменти таму. (Музика: "Lohengrin / Prelude to Act III" од Richard Wagner)
Во ред. Ова е Карнеги Хол. Очиледно, ова станало популарно. Концертните сали се зголемиле. Карнеги Хол е со пригодна големина. Поголема е од некои од другите симфониски сали. И тие се со многу повеќе одек од Ла Скала. Отприлика во исто време, според Алекс Рос кој пишувал за Њујоркер, овој вид на правила стапиле на сила дека публиката треба да е тивка без јадење, пиење и извикување на сцена или озборување меѓу себе за време на претставата. Морале да бидат многу тивки. Тие две нешта заедно, значеле дека поинаков вид на музика звучел најдобро во овие видови на сали. Значело дека може да има крајни динамики кои не постоеле во некои од овие другите видови на музика. Тивките делови можеле да се чујат кои инаку би биле поклопени од озборување и викање. Но заради одекот во овие простори како Карнеги Хол, музиката морала да биде можеби помалку ритмична и малку повеќе со текстура. (Music: "Symphony No. 8 in E Flat Major" од Густав Малер) Ова е Малер. Се чини како Боб Дилан, меѓутоа е Малер. Тоа е последниот албум на Боб, да.
Популарната музика доаѓа во истото време. Ова е џез бенд. Според Скот Џоплин, бендовите свиреле на речни бротчиња и во клубови. Повторно, бучно место. Тие свират за танцувачите. Има одредени делови на песната -- песните имаат различни делови кои многу им се допаѓале на танцувачите. И тие би рекле „Отсвирете го тој дел уште еднаш“ Сепак, има ограничен број пати колку што можета да ја отсвирите истиот дел од песната повторно за танцувачите. Така бендовите почнаа да импровизираат нови мелодии. И нов вид на музика беше роден. (Музика: "Royal Garden Blues" by W.C. Handy / Ethel Waters) Овие се свират главно во мали простории. Луѓето играат, викаат и пијат. Така да музиката мора да биде доволно гласна да биде слушната над тоа Истото е вистина за --- ова е на почетокот на векот -- за популарната музика во 20иот век без разлика дали се работи за латино музика, рок или нешто друго. не прави многу разлика.
Големата промена се случува во втората третина на дваесетиот век кога ова стана едно од примарните собиралишта за музика. И ова е еден начин на кој музиката стигнуваше таму. Микрофоните им овозможија, особено на пејачите, а и на музичарите и композиторите сосема да го сменат видот на музиката кој го пишуваа. До сега, многу од работите кои беа на радио беа жива музика но пејачите, како Френк Синатра можеа да го искористат микрофонот и да прават нешта кои никогаш не би можеле без него. Другите пејачи после него, отидоа уште подалеку. (Музика: "My Funny Valentine" од Чет Бејкер) Ова е Чет Бејкер. И ова е нешто што би било невозможно без микрофон. Не би било можно без снимена музика. А тој ни пее на уво. Тој ти шепоти во уво. Ефектот е просто електричен. Исто како дечкото да седи до тебе, и ти шепоти којзнае-што во уво.
Па, во ова време, музиката се разграни. Има жива музика, и има снимена музика. И веќе не мораат да бидат сосема исти. Сега има вакви собиралишта, дискотеки и има џубокси во барови каде не мораш ни да имаш бенд. Не мора да има воопшто музичари кои настапуваат во живо. И звучните системи се добри. Луѓето почнаа да прават музика специјално за диско и за тие звучни системи. Како со џезот играчите сакаа одредени делови повеќе од други. И така раните хип-хоп момци би ставиле да се повторуваат одредени делови. (Музика: "Rapper's Delight" од The Sugarhill Gang) MCјата би импровизирале текстови на истот начин на кои џез музичарите импривизираа мелодии. И нов вид на музика се роди.
Настап во живо, кога е неверојатно успешен заврши во она место што акустично е најлошото на земјата, спортскиот стадион. терени за кошарка и за хокеј. Музичарите кои завршија таму даваа се од себе. Пишуваа она што се вика арена рок, Тоа е балада со умерено темпо. (Музика: "I Still Haven't Found What I'm Looking For" од U2) И го правеа најдоброто што можат земајќи предвид дека за ова пишуваа. Темпото е умерено. Звучи големо. Повеќе е социјална ситуација отколку музичка ситуација. И на накој начин, музиката што ја пишуваа функционира одлично на тоа место.
Еве повеќе нови собиралишта. Едно од поновите е автомобилот. Јас пораснав со радио во автомобилот. Но сега тоа прерасна во нешто друго. Автомобилот е цела сала. (Музика: "Who U Wit" од Lil' Jon и East Side Boyz) Музиката, би рекол, е напишана за автомобилски звучни системи функционира одлично во нив. Можеби тоа не е нешто штo би слушалe дома, но функционира одлично во автомобилот -- има голем спектар на фреквенции знаете, јаки басови и високи тонови на другиот крај и гласот некако углавен во средината. Автомобилската музика можеш да ја споделиш со пријателите.
Има уште еден вид на ново место, а тоа е приватниот MP3 плеер. Наводно, овој е само за христијанска музика. (Смеа) И на некој начин е како Карнеги Хол, каде музиката треба да стивне, затоа што можеш да го чуеш секој поединечен детал. На други начини, е и како музиката од Западна Африка затоа што ако музиката на MP3 плеерот стивне, ја засилувате, и во наредниот момент, ушите ви се нападнати од некој силен премин. Така да тоа не функционира. Мислам дека поп музиката, воглавно, што се пишува сега во одредена мера е напишана за овој вид на плеери, овој вид на лично доживување каде што можеш да слушнеш краен детал но динамиката не се менува многу.
Па се запрашав: Океј, дали е ова модел за креација ова прилагодување кое го правиме? И дали се случува насекаде? Па, спред Дејвид Атенборо и некои други луѓе, и птиците го прават истото. Птиците во крошните, каде лисјата се густи нивните крици се високи тонови, кратки и повторливи. А птиците на тлото имаат криици со пониски тонови, за да не би се смениле кога се одбиваат од шумскот под. А птиците како ова врапче од Саваната тие имаат повик (Извадок: песна на врапче од Савана) во вид на зуење. И се испоставува дека звук како овој е најефикасен енергетски и практичен начин да го пренесат повикот преку полињата и саваните. Други птици, како овoj танангер се адаптирале во самиот род. Танангерот кој е на источниот брег на Соеднитените држави, каде шумите се малку погусти, има еден вид на повик а танангерот на другата страна, на запад (Извадок: Танангер) има друг вид на повик (Извадок: Танангер) Значи, и птиците го прават истото.
И си помислив: Па, ако ова е модел за творењето, ако правиме музика примарно од формата, за да се вклопи во овие контексти, и ја правиме уметноста да се вклопи на зидовите на галериите и музеите, и ако пишуваме софтвер прилагоден за постоечките оперативни системи, така ли фунционира тоа? Да. Мислам дека е еволуционерно. Прилагодувачки. Но задоволството и страста и радоста се сеуште таму. Ова е спротивно гледиште од традиционалното романтично гледиште. Романтичното гледиште е дека првин доаѓа страста па после изливот на емоции, и потоа некако се оформува во нешто. А јас велам, па да, страста е сеуште таму, но објектот во кој ќе биде вбризгана и истурена тоа е инстинктивно и интуитивно обликуван отпочеток. Веќе знаеме каде оди страста. Но овој конфликт на гледишта е мошне интересен.
Писателот Томас Франк вели дека ова може да биде вид на објаснување зашто некои гласачи гласаат спротивно на нивните најдобри интереси, дека гласачите, како многу од нас, претпоставуваат, дека ако чујат нешто што звучи како да е искрено, и доаѓа од срце, дека е страствено, мора да е поверодостојно. И ќе гласаат за тоа. Така да, ако некој може да одглуми искреност, ако можат да одглумат страст, имаат подобри шанси да бидат избрани на тој начин, што се чини помалку опасно. Велам дека двете, страста и радоста не се взаемно исклучиви.
Можеби она што му треба на светот сега е да сфатиме дека сме како птиците. Се прилагодуваме. Пееме. И како птиците, радоста е сеуште тука, иако сме смениле што правиме за да се вклопиме во контекстот.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Со развитокот на кариерата Дејвид Брн преку настапување во CBGB стигна до Карнеги Хол. Тој го поставува прашањето: Дали местото ја чини музиката? Од тапани под отворено небо до оперите на Вагнер и арена рок, истражува како контекстот ја турка музичката иновација.
David Byrne builds an idiosyncratic world of music, art, writing and film. Full bio »
Translated into Macedonian by Kalina Zografska
Reviewed by Marko Marcevski
Comments? Please email the translators above.
We are like the birds. We adapt. We sing.” (David Byrne)
25:05 Posted: Jan 2010
Views 177,378 | Comments 69
09:26 Posted: Mar 2010
Views 407,595 | Comments 135
20:51 Posted: Oct 2009
Views 771,600 | Comments 159
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign out.