Како магионичар се обидувам да создадам слики кои луѓето ги стаписуваат и замислуваат. Исто така се предизвикувам себе си да направам работи кои за докторите се невозможни. Бев закопан жив во Њујорк во ковчег, закопан жив во ковчег во Април 1999, цела седмица. Преживеав само со вода. И на крајот испадна толку забавно што се одлучив дека би можел да направам други слични подвизи. Следно беше кога се замрзнав во огромна коцка мраз цели три дена и ноќи во Њујорк. Тоа испадна многу потешко одошто очекував. После тоа, стоев на столб триесеттина метри висок цели 36 часа. Започнав да халуцинирам толку силно зградите кои се наоѓаа до мене ми наликуваа на големи животински глави.
Следно отидов во Лондон. Во Лондон живеев во стаклена кутија цели 44 дена и тоа само со вода. Беше тоа една од најсложените работи која ја имам направено, но исто така беше и најубавата работа. Имаше толку многу скептици, особено печатот во Лондон и започнаа да ме облетуваат со чизбургери на хеликоптери околу кутијата за да ме намамат. (Смеење) Се чувствував многу задоволно кога New England Journal of Medicine всушност го искористи истражувањето за научни цели.
Мојот следен предизвик беше да видам колку долго можам да го задржам здивот, колку долго можам да издржам без ништо, па дури и без воздух. Не ни претпоставував дека тоа ќе стане најневеројатното патување во мојот живот.
Како млад магионичар бев опседнат со Худини и со неговите подвизи под вода Така започнав да се натпреварувам со другите деца, да видиме колку долго можам да издржам под вода и додека тие се исправаа и земаа воздух дури и пет пати, јас лежев задржувајќи го првиот здив. Кога станав тинејџер можев да го задржам здивот до три минути и триесет секунди Подоцна открив дека толку изнесувал личниот рекорд на Худини.
Во 1987 година слушнав приказна за едно момче кое паднало низ мразот и било заробено во реката. Тој бил под мразот, не дишејќи 45 минути. Кога спасувачите дошле го анимирале и сè тоа поминало без оштетување на мозокот. Неговата телесна температура била симната до 25 степени Целзиусови. Како магионичар мислам дека сè е можно. И мислам дека нешто што е направено од една личност може да го направат и други. Започнав да размислувам, доколку момчето преживеало без дишење, толку долго, мора да постои начин и јас да го сторам истото.
Се сретнав со еден врвен неврохирург. И го запрашав, колку долго може да се издржи без дишење, или колку долго можам да издржам без воздух? Ми рече дека сè што е над шест минути носи сериозен ризик за хипоксичко оштетување на мозокот. И тоа си го сфатив како предизвик. (Смеење) Во мојот прв обид, сфатив дека би можел да направам нешто слично, и направив еден резервоар за вода, го наполнив со мраз и ладна вода. И ќе застанев во резервоарот надевајќи се дека мојата телесна температура ќе почне да паѓа. И се тресев целиот. Во мојот прв обид да го задржам здивот не можев да издржам ниту една минута. Сфатив дека тоа воопшто нема да функционира.
Отидов кај еден пријател кој е доктор, и го прашав како би можел да го сторам тоа? "Сакам да го задржам здивот навистина долго време. Како може да се стори тоа?" И тој рече, "Дејвид, ти си магионичар, создади илузија дека не дишеш, така ќе е многу полесно." (Смеење) Така тој доби идеја да изработи направа за дишење, со филтер за јаглерод диоксид, која во суштина е обична цевка од Home Depot, со балон залепен со селотејп, потоа предложи ова да го стави во мене, и некако да овозможи циркулација на водухот и дишење со оваа направа во мене. Ова е малку непријатно за гледање. Но ова е тој обид. Но тоа воопшто не функционираше. (Смеење)
Тогаш всушност започнав да размислувам за течно дишење. Постои средство наречено перфлуброн. Тоа е толку богато со кислород што теоретски би можеле да го вдишите. Рацете ги брцнав во средството, наполнив еден сад со него и го пикнав лицето во садот и се обидов да вдишам од него, што беше навистина невозможно. Тоа е како да се обидувате да дишете, како што еден доктор рече, додека имате цел слон кој ви стои на градите. Така таа идеја пропадна.
Тогаш почнав да размислувам, дали би било возможно да си прикачам бајпас машина за дишење и да се подложам на операција за вградување на црево во мојата артерија, и потоа да не дишам додека машината и дава кислород на крвта? Што исто така беше луда идеја, очигледно.
Тогаш се сетив на најлудата идеја од сите можни идеи: да го направам последново. (Смеење) Да се обидам да го задржам здивот после точката која докторите би ја сметале за смртоносна. Така започнав да истражувам кај ловците на бисери. Затоа што тие се симнуваат долу на четири минути во еден здив. И кога истражував меѓу ловците на бисери го открив светот на слободно нуркање. Тоа беше најчудесната работа која некогаш сум ја открил. Постојат неколку различни аспекти на слободното нуркање. Постојат рекорди во длабочина, каде луѓето се спуштаат колку што можат подлабоко. А постои и статичка апнеа. Тоа е кога го задржувате здивот што е можно подолго на едно место без да се движите. Токму тоа и го изучував.
Првата работа која ја научив е дека кога го задржувате здивот воопшто не треба да се движите, со тоа трошите енергија. Така се троши кислородот и го зголемува јаглерод диоксидот во вашата крв. Научив дека не треба да мрдам. И научив како да го успорам пулсот на срцето. Морав да останам перфектно мирен и опуштен и да мислам дека не сум во моето тело, и само да го контролирам тоа. И потоа научив како да се полнам. Полнењето е всушност хипервентилирање. Длабоко вдишувате навнатре и издишувате... Го правите тоа, ви се разбиструва главата. И навистина го ослободувате телото од јаглерод диоксид. Така, кога ќе го задржите здивот станува многу полесно. Тогаш сфатив дека треба да вдишете многу длабоко, и да го задржите релаксирани и воопшто да не испуштате воздух, и да се задржите и релаксирате со сите болки.
Секое утро, и тоа со месеци, ќе се разбудев и првата работа која ја правев беше да го задржам здивот од вкупно 52 минути, јас го задржував здивот вкупно 44 минути. Всушност, тоа значи дека ќе се наполнев, ќе дишев многу длабоко околу една минута. И ќе го задржев здивот, веднаш потоа, околу пет и пол минути. Потоа повторно дишев околу една минута, полнејќи се што е можно повеќе, и веднаш потоа ќе го задржев здивот уште пет и пол минути. Го повторував овој процес осум пати по ред. Од вкупно 52 минути, вие дишите само осум минути. На крајот вие сте целосно согорени, како и вашиот мозок. Се чувствувате како да одите наоколу занесени. И имате ужасни главоболки. Во основа, не сум најдобриот соговорник кога ги правам овие работи.
Започнав да учам повеќе за носителот на светскиот рекорд. Неговото име е Том Зитас. А овој тип е идеално граден за задржување на здивот. Тој е висок 190 см. Има 72 килограми. А вкупниот капацитет на неговите дробови е двојно поголем од просечен човек. Јас сум околу 180 см и дебел сум. Подобро кажано крупен. (Смеење) Морав да симнам 23 килограми за три месеци. Така сè што внесував во моето тело го сметав како лек. Секое најмало парче храна беше точно пресметано со својата хранлива вредност. Јадев навистина мали контролирани количини во текот на денот. И започнав да го прилагодувам моето тело. (Смеење)
Колку послаб бев, подолго можев да го задржам мојот здив. Хранејќи се така и тренирајќи напорно, пулсот на срцето ми се спушти на 38 удари во минута. Што е пониско од поголемиот дел олимписки прваци. За четири месеци тренирање, можев да го задржам здивот на повеќе од седум минути. Сакав да пробам да го задржам здивот секаде. Сакав да се обидам во најекстремни ситуации да видам дали можам да го успорам пулсот под невозможното. (Смеење)
Решив да го срушам светскиот рекорд во живо на ударната телевизија. Светскиот рекорд беше осум минути и 58 секунди, го држеше Том Зитас, типот со китовски бели дробови за кој ви кажував. (Смеење) Сметав дека би можел да ставам резервоар со вода во Линколн центарот и кога би останал таму цела недела без јадење, би се чувствувал комфорно во таква ситуација и би го успорил мојот метаболизам, за кое бев сигурен дека ќе ми помогне да го задржам здивот подолго одошто бев во можност дотогаш. Но воопшто не бев во право.
Влегов во топката една недела пред закажаниот датум за пренос. И мислев дека сè е како што треба. Два дена пред мојот голем подвиг, да напоменам, продуцентите од мојата телевизија мислеа дека само гледањето некого како го задржува здивот, и како скоро се дави, е премногу досадно за на телевизија. (Смеење) Затоа морав да додадам лисици. и додека го задржувам здивот, да се ослободам од нив. Ова беше критична грешка. Бидејќи поради движењето јас го трошев кислородот. И за седум минути веќе се изгубив во овие ужасни контракции. Во 7:08 започнав да се губам. И во 7 минути и 30 секунди мораа да ми го извлечат телото и да ме повратат во живот. Разочарав на сите нивоа. (Смеење)
Нормално, единствениот излез од потонувањето на кој можев да се сетам беше, да и се јавам на Опра. (Смеење) И кажав дека сум спремен да се обложам дека ќе го задржам здивот подолго од било кое друго човечко суштество. Тоа беше поинаков рекорд. Тоа беше чист кислород рекорд на статичка апнеа кој Гинис го имаше поставено светскиот рекорд на 13 минути. Значи, прво вдишувате чист кислород, го оксигенизирате телото, исфрлате јаглерод диоксид и сте во можност да издржите подолго. Сфатив дека мојот вистински конкурент беше дабарот. (Смеење)
Во Јануари 2008 Опра ми даде четири месеци да се подготвам. Затоа спиев во хипоксички шатор секоја вечер. Хипоксички шатор е шатор кој симулира надморска висина од 4.500 метри Нешто како камп на Монт Еверест. Со него, започнувате да го зголемувате бројот на црвени крвни зрнца во телото, што помага подобро да го складирате кислородот. Секое утро, по излегувањето од шаторот, вашиот мозок е целосно испиен. Во мојот прв обид на чист кислород, можев да издржам до 15 минути. Тоа беше прилично голем успех.
Неврохирургот ме извлече од водата бидејќи според него, по 15 минути вашиот мозок е готов, вие сте мртов. Тој ме извлече, и јас бев добар. Постоеше една личност која воопшто не беше воодушевена. Мојата поранешна девојка. Додека го рушев светскиот рекорд под вода за прв пат, таа пребаруваше низ моето Blackberry, проверувајќи ги моите пораки. (Смеење) Мојот брат имаше слика од тоа. Тоа е навистина... (Смеење)
Тогаш соопштив дека ќе го нападнам рекордот на Зитас, јавно. А тој како одговор, отиде кај Regis and Kelly и го сруши неговиот стар рекорд. Потоа неговиот главен конкурент излезе и го сруши неговиот рекорд. Така одеднаш тој го помести рекордот на 16 минути и 32 секунди. Што беше три минути подолго од што бев подготвен. Тоа беше подолго од рекордот.
Сакав да ги натерам Science Times да го документираат ова. Сакав да ги натерам да се вклучат. Направив нешто што било која личност сериозно посветена на науката би го направила. Отидов во канцелариите на Њујорк Тајмс и им покажав неколку трикови со карти. (Смеење) Не знам дали беше до магијата или до самите Кајмански острови, но Џон Тирни наседна и напиша статија за сериозноста на задржувањето на здивот.
Додека тој беше таму се обидов да го импресионирам. И направив нуркање до 55 метри, што е еднакво на висина на шеснаесеткатница, и додека излегував, се онесвестив под вода, што е многу опасно; така можете да се удавите. За среќа Кирк ме виде доплива и ме извади надвор. Така започнав со целосна фокусираност. Исцрпно тренирав во задржување на здивот за она што требаше да го направам. Но немаше начин како да се подготвам за преносот на ТВ во живо, додека сум кај Опра.
Во пракса, би го направил тоа со лицето надолу, плутајќи во базенот. Но на ТВ бараа да стојам исправено. за да можат да ми го гледаат лицето, всушност. Друг проблем беше што оделото ме подигнуваше и мораа да ми ги прицврстат стапалата за да ме спречат да плутам. Морав со нозете да ги држам стапалата во лабави држачи, што беше голем проблем за мене. Тоа ме направи крајно нервозен, ми го зголеми пулсот.
Потоа, друго што направија, а што го немавме направено порано, поставија монитор за срцевиот пулс. И тој беше поставен веднаш до топката. Така секој пат кога моето срце ќе отчукаше, го слушав звукот на бип, отчукувањето, навистина гласно. Тоа ме правеше уште понервозен. А нема начин како да го успорам пулсот. Така, вообичаено започнував со 38 удари во минута, и со задржување на здивот, тој ќе се намалеше на 12 удари во минута, што е прилично невообичаено. (Смеење) Овојпат тоа започна со 120 удари, и воопшто не се спушти.
Ги поминав првите пет минути под вода очајно обидувајќи се да го намалам пулсот. Само стоев таму и си мислев: "Морам да го намалам. Нема да успеам. Нема да успеам." И станував понервозен. А пулсот само се качуваше сè повеќе и повеќе. сè до 150 удари во минута. Всушност поради истата причина беше неуспехот и во Линколн Центарот. Трошењето на кислородот. Кога стигнав до знакот за половина, на осум минути, бев 100% сигурен дека нема да можам да успеам во ова. Не постоеше начин како да го сторам.
И сфатив, дека Опра одвоила еден час за делот со задржувањето на здивот, и доколку се откажам порано целото шоу би било за тоа колку сум разочаран. (Смеење) И сфатив дека е подобро да продолжам и да останам таму додека не се онесвестам, барем ќе ме извадат и ќе се погрижат за мене да останам жив. (Смеење)
Продолжив до 10 минути. На 10 минути започнувате да добивате навистина силни чудни боцкања во прстите на рацете и на нозете. И знаев дека тоа е поради крвотокот, кога крвта се повлекува од вашите екстремитети за да обезбеди кислород за виталните органи. На 11 минути започнав да чувствувам пулсирање во моите нозе, и моите усни ги чувствував многу чудно.
На 12 минути започна ѕвонењето во моите уши, и осетив дека не ја чувствувам едната рака. Јас сум хипохондрик, и се сетив дека откажувањето на раката значи инфаркт. Започнав да се чувствувам параноично. Потоа на 13 минути, можеби поради хипохондријата, започнав да чувствувам болка во градите. Беше ужасно. На 14 минути, добив ужасни контракции, како да имате потреба за дишење. (Смеење)
На 15 минути страдав од значителен недостаток на кислород во срцето. И се здобив со исхемија на срцето. Пулсот на срцето се движеше од 120, на 50, на 150, на 40, на 20, на 150 повторно, Прескокнуваше удари. Ќе започнеше. Ќе престанеше. Го чувствував сè ова. И бев сигурен дека ќе добијам срцев удар. На 16 минути ги извлеков моите стапала надвор зашто знаев дека ако излегувам доколку добијам срцев удар, ќе мораат да скокнат во резервоарот и да ми ги извлечат стапалата пред да ме подигнат. Поради тоа бев нервозен.
Ги отпуштив стапалата и почнав да плутам на површината. И не ја извадив главата надвор. Само плутав чекајќи моето срце да престане да чука, едноставно чекав. Тие имаа доктори со "Pst,", кои седеа и чекаа. И одеднаш слушнав врискање. Мислев дека се случила некаква чудна работа -- дека умрев или нешто се случило. Веднаш сфатив дека стигнав до 16:32. Со преостанатата енергија која ја имав решив да продолжам да издржам. И стигнав до 17 минути и 4 секунди. (Аплауз)
Како тоа да не беше доволно, веднаш потоа отидов во Quest Labs и им дозволив да ги земат сите можни примероци од крв за да ги тестираат и да видат до каде се моите граници, и докторите да можат да ги искористат, уште еднаш. И не сакав никој да ме оспорува. Имав светски рекорд и сакав да да се осигурам дека е легитимен.
Отидов отидов во Њујорк следниот ден, и едно дете наиде на мене - Јас влегувам во продавница на Епл - детево наидува на мене и ми вели, "Eј, Ди" Јас велам, "Да"? Тоа вели, "Ако навистина го задржа здивот толку долго, зошто од водата излезе сув?" Јас си реков: "Што?" (Смеење) И тоа е мојот живот. Така да... (Смеење)
Како магионичар правам работи кои на луѓето им изгледаат невозможно. И мислам дека магијата, кога го задржувам здивот или правам трикови со карти, е прилично едноставен. Само вежбање, само тренинг, и тоа е - само вежбање, само треннг и експериментирање, додека се борам со болката за да бидам најдобар што можам. И тоа е магијата за мене, затоа ви благодарам. (Аплауз)
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Во овој личен говор, магионичарот и каскадерот Дејвид Блеин опишува што сè му било потребно за да успее да не дише под вода цели 17 минути - светски рекорд (само една минута помалку од неговиот говор!) - и колку му значи неговата работа честопати опасна по неговиот живот. Предупредување: НЕ го пробувајте ова дома.
With a deck of cards and authoritative cool, David Blaine brings the wonderment of magic off the stage and onto the sidewalk. Full bio »
Translated into Macedonian by Dejan Spaseski
Reviewed by Rozeta Pavlova
Comments? Please email the translators above.
19:49 Posted: Jul 2008
Views 4,333,557 | Comments 503
31:08 Posted: Aug 2008
Views 1,556,832 | Comments 95
15:14 Posted: Dec 2007
Views 4,933,712 | Comments 370
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.