подготвен сум да се обложам дека јас сум најглупавиот човек во оваа просторија бидејќи не можев да го завршам училиштето. Но тоа што го знаев на многу рана возраст е дека ги сакам парите и го сакам бизнисот и го сакам претприемништвото. И јас бев одгледан така за да бидам претприемач. Уште од мал имав навистина голема страст за -- но за ова никогаш до сега не сум зборувал -- значи ова е прв пат некој друг да го слушне ова, освен жена ми пред три дена, бидејќи таа ми рече, „За што зборуваш?“ и јас и кажав -- мислам дека пропуштаме можност да ги најдеме оние деца кои имаат претприемачки особини, и да ги подготвиме или да им покажеме дека да се биде претприемач е всушност кул. Тоа не е нешто лошо, но е на лош глас, и тоа се случува во многу општества.
Децата, кога ќе пораснат, имаат соништа. Имаме страсти и имаме визии. И некако тие работи ни се рушат. И ни е кажано дека треба повеќе да учиме или да бидеме пофокусирани или да земеме тутор. Моите родители ми најдоа тутор за француски, но јас и понатаму немам поим од француски. Пред две години, јас бев највисоко оценет предавач на магистерските студии за претприемништво на MIT. А тоа беше настан на кој јас зборував пред група на претприемачи од цел свет. Кога бев во второ одделение, јас ја освоив градската награда во натпреварот за говорништво, но никој не рече, „Еј, ова дете е добар говорник. Не може да се фокусира, но сака да шета наоколу и да ги енергизира луѓето.“ Никој не рече, „Најдете му тренер за говорништво.“ Тие рекоа, најдете му тутор за она за што не го бива.
Значи децата пројавуваат такви особини. И ние треба да почнеме да ги бараме тие особини. Мислам дека треба да ги воспитуваме децата да бидат претприемачи наместо адвокати. А за жал училишниот систем го подготвува овој свет да каже, „Еј, ајде да бидеме адвокати или ајде да бидеме доктори,“ и ја пропуштаме можноста бидејќи никој никогаш не вели, „Еј, биди претприемач.“ Претприемачите се луѓе -- бидејќи ги има многу овде во просторијава -- кои имаат некои идеи и страсти или гледаат некои потреби во светот и одлучуваат да станат и да го направат тоа. И ризикуваме се само за да го оствариме тоа. И имаме способност да привлечеме група луѓе околу нас кои би сакале да го градат тој сон со нас. И мислам дека, ако децата ја прифатат оваа идеја, на мала возраст, да бидат претприемачи, би можеле да го промениме сето она во светот кое денес претставува проблем. За секој проблем кој постои, некој има идеја за него. Како мало дете, никој не може да ви каже дека тоа не може да се случи бидејќи вие сте многу незрели за да бидете свесни дека не можете да сфатите.
Мислам дека ние како родители, но и општеството, имаме обврска да почнеме да ги учиме децата да ловат риба наместо да им даваме риба. Старата парабола, „Ако му дадеш на човекот риба, си го нахранил за еден ден. Ако го научиш човекот да лови риба, си го нахранил за цел живот.“ Треба да ги научиме нашите деца да бидат претприемачи, оние кои пројавуваат такви особини, како што ги учиме оние кои имаат дарба за наука да бидат научници. Што ако ги забележиме оние кои имаат претприемачки особини и ги научиме да бидат претприемачи? Би ги имале сите тие деца кои ќе го шират бизнисот наместо да ги чекаат владините донации.
А ние седиме и ги учиме нашите деца што не треба да прават. Немој да удираш; немој да гризаш; немој да пцуеш. Сега ги учиме децата да бараат навистина добри вработувања, знаете, а училишниот систем ги учи да изберат да бидат доктори и да бидат адвокати и да бидат сметководители и стоматолози и учители и пилоти. А медиумите велат дека е многу кул ако излеземе и бидеме модел или пејач или спортски херој како Сидни Крозби. Нашата МВА програма не ги учи децата да бидат претприемачи. Причината поради која јас ја избегнав МВА програмата -- на страна фактот дека не можев ниту да влезам во некоја бидејќи имав 61 процент просек во средното училиште и со 61 процент просек едвај ме примија во единственото училиште во Канада кое ме прифати, Карлтон -- но нашите МВА програми не ги учат децата да бидат претприемачи. Тие ги учат како да одат да работат во корпорации.
Но кој ги основа тие компании? Тоа се случајно неколку луѓе. Дури и во популарната книжевност, единствената книга која јас ја најдов -- а оваа треба да се најде на листата за читање кај сите вас -- единствената книга која воопшто ја најдов која претприемачот го претвора во херој е „Atlas Shrugged“. Се друго во светот се стреми кон тоа да погледне во претприемачите и да рече дека тие се лоши луѓе. Јас гледам дури и на моето семејство. Моите дедовци обајцата биле претприемачи. Татко ми беше претприемач. И брат ми и сестра ми и јас, сите тројца поседуваме компании исто така. И сите ние одлучивме да почнеме со тоа бидејќи тоа е единственото место каде се вклопуваме. Ние не се снаоѓавме на нормално работно место. Не можевме да работиме за некој друг бидејќи сме премногу тврдоглави и имаме толку многу други способности.
Но и децата можат да бидат претприемачи исто така. Јас сум голем дел од две глобални организации наречени Организација на претприемачи и Организација на млади претседатели. Штотуку се вратив од Барселона каде што говорев на ОМP глобалната конференција, и сите што ги запознав таму кои се претприемачи имаа потешкотии во училиштето. Кај мене се дијагностицирани 18 од 19 знаци за растројство на вниманието. Па ова нешто овде ме излудува. - Веројатно затоа сега сум во мала паника -- на страна сиот кофеин и шеќерот што ги земав -- но ова е навистина морничаво за еден претприемач. Растројство на вниманието, биполарно растројство. Дали знаевте дека биполарносто растројство има прекар директорска болест? Тед Тарнер ја има. Стив Џобс ја има. Сите тројца основачи на Netscape ја имаат. Би можел да продолжам. Децата -- би можеле да ги видите тие знаци кај децата. Но тоа што го правиме ние е им даваме Ritalin и им велиме, „Немој да бидеш претприемачки тип. Вклопи се во овој систем и обиди се да станеш студент.“ Извинете, но претприемачите не се студенти. Ние одиме по брзата патека. Ние ја сваќаме играта. Ги крадев писмените задачи. Препишував на тестовите. Ги најмував децата за да ги завршат сметководствените задачи на Универзитетот за 13 Последователни задачи. Но како претприемач вие не работите сметководство, туку најмувате сметководители. Јас тоа порано го сфатив.
Бар можам да признаам дека препишував на факултет; повеќето од нас не би го направиле тоа. Ме цитираат -- а јас и реков на личноста која ја пишуваше книгата -- Денес ме цитираат во истиот тој универзитетски учебник во секој универзитет и колеџ во Канада. Во сметководството за менаџери, јас сум во поглавје осум. Го отворам поглавјето осум зборувајќи за буџетот. И и реков на авторката, откако ме интервјуираа, дека препишував на тој предмет. А таа мислеше дека тоа е премногу смешно за да не се додаде.
Но кај децата можете да ги забележите ваквите знаци. Дефиницијата за претприемач е „личност која организира, спроведува и го предвидува ризикот за деловната зделка.“ Тоа не значи дека треба да одите на МВА програмата. Тоа не значи дека мора да го завршите училиштето. Тоа само значи дека морате да се чувствувате добро во врска со тие работи. Сме ги слушнале приказните за тоа, дали тоа се стекнува или е вродено, нели. Дали е првото или е другото? Кое е? Па, јас не мислам дека е ни едното ни другото. Мислам дека се и двете. Јас бев подготвуван за претприемач.
Кога растев, јас немав избор, бидејќи бев поучуван уште многу рано, на мала возраст -- кога татко ми сфати дека јас нема да се вклопам во сето она што ме учеа на училиште -- дека тој може да ме научи да го сфатам бизнисот на многу мала возраст. Тој не подготви нас, сите тројца, да ја мразиме помислата да бидеме вработени и да ја сакаме можноста да креираме компании во кои ќе можеме да вработиме други луѓе.
Мојата прва мала бизнис авантура, кога имав седум години, беше во Винипег, и јас лежев на мојот кревет со еден од оние долги продолжени кабли. И им се јавував на сите перални за хемиско чистење во Винипег за да дознаам колку тие би ми платиле за закачалки. И мајка ми влезе во собата и ми рече, „Од каде ќе ги набавиш закачалките за да им ги продадеш на хемиското чистење?“ А јас и реков, „Ајде да одиме и да погледнеме во подрумот.“ И отидовме долу во подрумот. И јас отворив еден креденец. И таму имаше околу илјада закачалки кои јас ги собирав. Бидејќи, кога јас и кажував дека излегувам надвор да си играм со децата, јас одев од врата до врата во соседството за да собирам закачалки и да ги чувам во подрумот за продавање. Бидејќи видов неколку недели пред тоа -- дека може да се заработи од тоа. Понекогаш наплатуваа по два центи за една закачалка. Сфатив дека има секакви видови на закачалки. И јас само ќе ги соберам. И јас знаев дека таа не би сакала јас да одам и да ги собирам, па јас едноствно отидов и го направив тоа. И научив дека всушност можеш да преговараш со луѓето. Една особа ми понуди три центи а јас ја убедив да ми даде три и половина. На седум годишна возраст го знаев дури и тоа дека всушност можам да добијам децимален процент од еден цент, а луѓето би го плаќале тоа бидејќи се множи. На седум години јас тоа го сфатив. Добив три и половина центи за илјада закачалки.
Продавав штитници за регистарски таблички од врата до врата. Татко ми всушност ме натера да најдам некој кој би ми ги продал сите тие работи на големо. И на девет годишна возраст, јас одев низ градот Sudbury и продавав штитници за таблички од врата на врата по куќите. Живо се сеќавам на еден муштерија бидејќи работев и други работи со тие клиенти. Продавав весници. А тој никогаш не сакаше да купи весник од мене. Јас бев многу убеден дека ќе го натерам да купи штитник за таблички. И тој рече, „Па, нам не ни требаат.“ А јас реков, „Но вие имате два автомобила...“ -- Јас имам девет години. Велам, „Но вие имате два автомобила и тие немаат штитници за табличките.“ А тој рече, „Знам.“ А јас реков, „Овој автомобил има една табличка која е целата извиткана.“ А тој рече, „Да, тоа е автомобилот на жена ми.“ А јас реков, „Зошто не би тестирале само една на предната страна од автомобилот на жена ви и да видиме дали ќе трае подолго.“ Значи знаев дека имаше два автомобила со по две регистарски таблички. Ако не можам да му продадам за сите четири, би можел да продадам барем една. Тоа го научив на мала возраст.
Препродавав стрипови. Кога имав околу десет години, продавав стрипови од нашата куќа во Џорџискиот залив. Ќе одев со велосипедот до крајот на плажата и ќе ги купев сите стрипови од сиромашните деца. А потоа ќе се вратев на другиот крај на плажата и ќе им ги продадев на богатите деца. Но тоа беше очигледно за мене, нели. Купи евтино, продај скапо. Од оваа страна имаш побарувачка, тука се парите. Не се обидувајте да им продадете на сиромашните деца; тие немаат пари. Богатите ги имаат. Одете и земете им ги. Па тоа е очигледно, нели. Тоа е како рецесија. Значи, ете ја рецесијата. таму сеуште има 13 трилиони долари кои циркулираат низ економијата на Соединетите Држави. Па земете малку од тоа. А јас го научив тоа на мала возраст. Исто така научив да не ги откривам своите извори, бидејќи бев истепан после четри недели додека го правев тоа бидејќи едно од богатите деца откри од каде ги купувам стриповите, и не му се допадна фактот дека тој плаќа многу повеќе.
На десет години бев приморан да разнесувам весници. Всушност, многу и не го сакав разнесувањето на весници, но на десет години, татко ми ми рече, „Тоа ќе биде твојот следен бизнис.“ Не само што ми обезбеди еден, туку јас морав да имам два весника, а тогаш бараше од мене да најмам некого кој ќе ги носи половина од весниците, а јас тоа и го направив, и при тоа сфатив дека од собирањето на бакшишот најмногу се заработува. Па така, јас го собирав бакшишот и добивав плата. Тогаш одев и собирав за сите весници. Тој можеше само да ги носи. Бидејќи тогаш сфатив дека можам да заработувам. Од тогаш, јас дефинитивно не сакав да бидам вработен.
Мојот татко поседуваше авто и индустриски сервис. Имаше премногу стари автоделови кои беа расфрлани наоколу. Тие беа од месинг и од бакар. Па јас го прашав што прави со нив. А тој рече дека едноставно ги фрла. А јас реков, „Но, зарем нема некој кој би ти платил за тоа?“ А тој рече „Можеби.“ Запомнете, на десет години -- значи пред 34 години јас видов можност во тоа. Јас видов дека има пари во ѓубрето. Го собирав ѓубрето од сите автосервиси во околината, на мојот велосипед. А потоа татко ми во сабота ме возеше до отпадот каде што ми плаќаа за тоа. Мислев дека тоа е кул. Чудно но, 30 години подоцна, имаме линија 1-800-GOT-JUNK?(имате ѓубре?) и заработуваме на тоа.
Кога имав 11 години, со извидниците правевме перничиња за игли, и ги правевме за нашите мајки на денот на мајките. А перничињата ги правевме од дрвени штипки за алишта -- кога ја закачуваме облеката на жица надвор. И правевме вакви столчиња. А имавме и мали перничиња кои ги зашивавме. На нив може да се набоцкаат шпенадли. Бидејќи луѓето порано знаеа да шијат и им беа потребни перничиња за игли. Но јас сфатив дека мораме да имаме избор. Така, голем број од нив ги обоив со спреј во кафена боја. И тогаш, кога одев од врата на врата, немаше само „Дали сакате да купите едно?“ Туку, „Каква боја сакате?“ Имам 10 години; вие нема да ме одбиете, особено ако имате две опции; ја имате кафената или обичната. Па така јас ја научив оваа лекција уште на мала возраст.
Научив дека рачната работа е без врска. Да, како што косењето трева е скотски. Но бидејќи морав да ја косам тревата на сите комшии цело лето и бев платен за тоа, сфатив дека е супер да се имаат редовни примања од еден клиент. Ако обезбедам еден клиент, и секоја недела тој ми плаќа, тоа е многу подобро отколку да се обидувам да продадам едно перниче на една личност. Бидејќи и не можете да им продадете повеќе. Ми се допаѓа тоа што уште како мал го научив моделот на редовни примања.
Запомнете, јас бев така одгледуван. Не ми беше дозволено да се вработам. Бев носач, одев на терените за голф и им бев носач на луѓето таму. Но сфатив дека има уште еден рид на нашиот терен, таа 13-та дупка која го имаше тој голем рид. Луѓето никогаш не можеа до таму да ги однесат торбите. Па јас седев таму на едно столче и им ги носев торбите на луѓето кои немаа носачи. Ги носев нивните торби за голф до врвот, а тие ми плаќаа по еден долар. Во меѓувреме, моите пријатели работеа по пет часа носејќи ја наоколу торбата на некој си, и за тоа беа платени по 10 долари. Јас мислев, „Тоа е глупаво бидејќи мораш да работиш по пет часа. Тоа нема никаква смисла.“ Едноставно сваќаш како побрзо да заработиш повеќе.
Секоја недела, одев до продавницата на аголот и купував секакви сокови. Потоа им ги доставував на едни 70 годишни бабички кои играа бриџ. А тие ќе ми ги дадеа своите порачки за следната недела. Така јас само им го доставував сокот а им наплатував дупло. Го имав тој сигурен пазар. Не беа потребни договори. Едноставно требаше само да имате понуда и побарувачка и публика која ви верува. Тие бабички не би отишле кај некој друг, бидејќи јас им се допаѓав, а јас тоа го сфатив.
Отидов и ги собирав топчињата од терените за голф. Додека сите други ги бараа по жбуновите и каналите. Јас бев во елемент. Сите се кај езерото а никој таму не влегува. Тогаш јас влегував во езерото, ползев наоколу и ги собирав со ножните прсти. Едноставно ги кревате со обете стопала. Тоа не може да се изведе овде на сцената. Само ги собирате топчињата за голф и ги ставате во џебовите од кратките панталони а кога ќе завршите имате барем стотина. Но проблемот беше во тоа што луѓето не сакаа стари голф топчиња. Па јас ги пакував. А тогаш имав 12 години, нели. Ги пакував на три начини. Имав „Pinnacles“ и „DDH“ и уште едни, кои во тоа време беа многу кул. Тие се продаваа за два долари парче. Имав и некои добри кои не изгледаа многу лошо. Тие беа по 50 центи парче. Тогаш продавав по 50 од оние лошите. А тие можеа да се користат за вежбање.
Кога бев во училиште, продавав очила за сонце на сите деца во средното училиште. Тоа е нешто поради кое сите ве мразат, бидејќи постојано се обидувате да им ги извлечете парите на пријателите. Но тоа ги плаќаше сметките. Така продадов голем број очила за сонце. Но кога училиштето ме попречи -- ме повикаа во канцеларијата и ми рекоа дека не смеам повеќе да го правам тоа -- тогаш отидов на бензиската пумпа и им продадов голем број на вработените а тие пак ги продаваа на своите муштерии. Тоа беше кул бидејќи имав малопродажни објекти. А мислам дека тогаш имав четиринаесет години.
Потоа ја исплатив целата прва година од факултетот на Карлтон продавајќи мешини за вино од врата на врата. Знаете ли дека во една мешина за вино може да собере околу 1 литар рум а Да, ама знаете што? Го ставате тоа во панталоните, кога одите на фудбалски натпревар го внесувате пијалокот за џабе, и сите го купуваат. Понуда, побарувачка, голема можност. Јас и ги брендирав, па ги продавав по 5 пати повисока цена. Го ставив логото на нашиот универзитет.
Знаете, ги учиме нашите деца и им купуваме игри. Но ако тие се претприемачки деца, зошто не би им купиле некои игри, такви игри кои ги негуваат особините потребни за претприемачи? Зошто да не ги учиме да не ги расфрлаат парите? Се сеќавам дека морав да излезам на сред улица во Banff, Alberta, бидејќи фрлив една паричка на улицата. А татко ми ми рече, „Оди и земи ја.“ Рече, „Јас работам проклето напорно за моите пари. Не сакам да видам дека ти ги расфрлаш.“ И јас се сеќавам на таа лекција до овој ден.
Џепарлакот ги учи децата на погрешни работи. Џепарлакот, по природа, ги учи децата да размислуваат за вработување. А претприемачот не очекува редовна исплата. Џепарлакот ги навикнува децата уште на мала возраст да очекуваат редовна исплата. Тоа е погрешно, според мене, ако сакате да подигате претприемачи. Тоа што го правам со моите деца сега -- имам две деца, девет и седум годишно -- ги учам како да шетаат низ куќата и дворот, и да бараат работи кои треба да бидат направени. Дојдете до мене и кажете ми што е ова. Или ќе им пријдам и ќе им речам, „Еве што треба да се направи.“ И потоа знаете што правиме? Преговараме. Тие одат да видат за што се работи. Но тогаш преговараме за тоа како ќе им биде платено. И тогаш тие немаат редовна плата, но имаат повеќе прилики да пронајдат нешта и да ги научат вештините на преговарање, но и вештините за пронаоѓање на прилики.
Такво нешто се негува. Секое од моите деца има две каси прасенца. 50 % од парите кои ќе ги заработат или ќе им бидат поклонети, 50 % одат за нивната домашна сметка, 50 % одат за нивната сметка за играчки. Се што ќе оди на нивната сметка за играчки можат да го потрошат на што сакаат. 50-те % кои одат на домашната сметка, секои шест месеци, одат во банка. Децата одат со мене. Секоја година сите нивни пари во банката одат кај нивниот брокер. Обајцата имаат свој брокер на берзата. Но јас ги учам да истраат во навиката за штедење. Ме излудува тоа кога некои триесетгодишни велат, „Можеби сега ќе почнам да вложувам во мојот пензиски фонд.“ Глупости, па сте пропуштиле 25 години. Можете да ги научите децата на такви навики додека се мали и сеуште не ја чувствуваат болката.
Не им читајте приспивни приказни секоја вечер. Можеби е добро четири ноќи во неделата да им читате приспивни приказни а три ноќи во неделата тие нека ви раскажуваат приказни. Зошто не би седнале со децата и да им дадете 4 предмети, црвена маица, сина вратоврска, еден кенгур и еден лаптоп, и нека ви раскажат приказна за овие четири работи. Моите деца го прават тоа постојано. Тоа ги учи како да продаваат; ги учи на креативност; ги учи да мислат со своја глава. Едноставно правете такви нешта со децата и забавувајте се.
Направете децата да станат пред групата и да зборуваат, па дури и да е тоа само група од нивни пријатели, нека изведуваат претстави и нека држат говори. Тоа се претприемачки вештини кои треба да ги негувате. Покажете им на децата како изгледаат лоши муштерии или лоши работници. Покажете им ги намуртените работници. Кога ќе видите намќорести службеници, покажете им ги. Речете, „Патем речено, овој дечко е лош работник.“ И речете, „А овие се добри.“ - Ако одите во ресторан и ако добиете лоша услуга, покажете им како изгледа лошата услуга. - Сите овие лекции ги имаме пред нас, но не ги користиме тие прилики; ние ги учиме децата да си најдат тутор.
Замислете навистина да го земете сето она што е непотребно од децата сега, и сите оние играчки кои веќе ги надраснале, и да им речете, „Зошто да не почнеме да ги продаваме овие на оглас?“ И тие можат навистина да ги продадат и да научат како да ги препознаат измамниците кога ќе добијат понуди на email. Можат да го користат вашиот налог или подналог или било како. Но научете ги како да ја постават цената, да ја погодат цената, да постават фотографии. Научете како се прави тоа и како се заработуваат пари. Потоа со парите кои ќе ги добијат, 50 % нека одат на домашната сметка, 50 % нека одат на нивната сметка за играчки. На моите деца многу им се допаѓа ова.
Некои од претприемачките работи кои морате да ги негувате кај децата: постигнување, истрајност, водство, интроспекција, меѓузависност, вредности. Сите овие особини можете да ги најдете кај децата и можете да помогнете тие да се негуваат. Барајте ги овие нешта. Има и две особини кои исто така сакам да ги барате а кои не ги извлекуваме од нив. Немојте да им давате на децата лекови против растројство на вниманието освен ако навистина, навистина е многу лошо. - Истото важи и за манијата и стресот и депресијата, освен ако се толку клинички брутални, човече. Биполарното растројство се нарекува и директорска болест. Кога Stiv Jurvetson и Jim Clark и Jim Barksdale ја имаат, а тие го создадоа Netscape. Замислете да им било давано Ritalin. Не би ги имале тие работи сега, нели? Al Gore тогаш би го измислил интернетот.
Овие вештини се вештини кои треба да се учат во училиштата исто како и се друго. Јас не велам да не им давате на децата да бидат адвокати. Но како би било претприемништвото да биде се наоѓа на исто ниво како и се друго останато. Бидејќи постојат огромни можности таму.
Сакам да завршам со едно кратко видео. Тоа е видео направено од една компанија која јас ја менторирав. Овие момци, Grasshopper. Се работи за децата. Се работи за претприемништвото. Се надевам дека ова ќе ве инспирира да го земете ова што го слушнавте од мене и ќе направите нешто за да го промените светот. [Дете... „Мислевте дека можете се да направите?“] [Вие сеуште можете.] [Бидејќи многу од тоа што го сметаме за невозможно...] [...лесно е да се надмине] [Бидејќи, во случај да не сте забележале, живееме на место каде] [една индивидуа може да ги промени работите] [Сакате доказ?] [Само погледнете во луѓето кои ја изградиле нашата земја;] [Нашите родители, баби и дедовци, нашите тетки, чичковци...] [Тие биле имигранти, новодојденци подготвени да остават свој печат] [Можеби тие дошле со многу малку] [или веројатно тие не поседувале ништо друго освен...] [... една брилијантна идеја] [Тие луѓе биле мислители, чинители...] [...иноватори...] [...се додека не го смислиле името...] [...претприемачи!] [Тие го менуваат нашето мислење за тоа што е возможно.] [Тие имаат јасна визија за тоа како животот може да биде подобар] [за сите нас, дури и кога времињата се тешки.] [Токму сега, тешко е да се види...] [...кога погледот ни е затрупан со препреки.] [Но турбуленциите креираат можности] [за успех, постигнување, и не туркаат...] [да најдеме нови начини за правење на нештата] [Па, кои шанси ќе ги искористите и зошто?] [Ако сте претприемач] [знаете дека ризикот не е награда.] [Не. Награди се постојаните иновации...] [...менување на животот на луѓето. Создавање на работни места.] [Поттикнување на растот.] [И градење на подобар свет.] [Претприемачите се насекаде.] [Тие водат мали бизниси кои ја поддржуваат нашата економија,] [создаваат алатки за да ви помогнат...] [...за да останете поврзани со пријателите, семејството и колегите низ светот.] [И тие пронаоѓаат нови начини за помош во решавањето на најстарите општествени проблеми.] [Дали познавате некој претприемач?] [Претприемач може да биде секој...] [Дури... и вие!] [Па искористете ја можноста да ја создадете работата која отсекогаш сте ја сакале] [Помогнете да зајакне економијата] [Направете разлика.] [Кренете го вашиот бизнис до нови височини.] [Но најважно,] [сетете се кога бевте дете...] [кога се ви беше на дофат на раката,] [и тогаш речете си на себе си тивко, но одлучно:] [„Тоа сеуште е.“]
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Здодевно му е во училиште, бега од часовите, не се согласува со другарчињата: Ова дете може да биде претприемач, вели Камерон Херолд. На конференцијата TEDxEdmonton, тој зборува за родителство и образование кое им помага на идните претприемачи да процветаат - како деца и како возрасни.
An entrepreneur since childhood, Cameron Herold wants parents and teachers to recognize -- and foster -- entrepreneurial talent in kids. Full bio »
Translated into Macedonian by Rozeta Pavlova
Reviewed by Dejan Spaseski
Comments? Please email the translators above.
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.