Сакам да почнам со изреката, Хјустон имаме проблем. Влегуваме во втора генерација без прогрес во однос на човечкиот лет во вселената. Всушност, имаме регресирано. Испречени сме пред голема шанса да ја изгубиме способноста да ја инспирираме нашата младина да оди и да ја продолжи оваа битна задача која ние како вид секогаш сме ја извршувале. А тоа е, инстинктивно сме излегувале и преминувале преку тешки места, сме оделе на уште посурови места, и откривајќи подоцна, можеби и со изненадување, дека тоа е причината заради која сме преживеале. Сериозно мислам дека не е доволно добро за нас да имаме генерации на деца кои мислат дека е во ред да се надеваат на подобра верзија на мобилен телефон со можност за видео. Тие треба да се надеваат на истражување, треба да се надеваат на колонизација, да се надеваат на нови достигнувања. Треба... Ние треба да ги инспирираме, затоа што тие треба да не водат и да ни помогнат да преживееме во иднината.
Посебно ме вознемирува тоа што НАСА го прави во моментов со новата доктрина на Буш да -- за следната деценија и пол -- опс, се зафркнав. Имаме конкретни инструкции дека не треба да зборуваме за политика.
она на што се надеваме не е само инспирација за нашите деца туку тековниот план не им дозволува вистински на најкреативните луѓе во земјата -- луѓе како Боинговите или Локидовите вселенски инжинери да излезат, да преземат ризици и да пробаат нови работи. Ќе одиме повторно на месечината -- 50 години подоцна ?! и ќе го направиме со специфичен план да не научиме ништо ново. Тоа многу ме вознемирува. Како и да е тоа е -- Основата на поентата што сакам да ја споделам со вас денеска, иако, тоа е поврзано со она како ги инспирираме луѓето кои ќе бидат нашите водачи понатаму. Тоа е темата на моите следни 15 минути овде. Јас мислам дека инспирацијата почнува уште кога си многу млад: на 3 години, па се до 12 или 14 години. Она што ние -- она што тие можат да се угледаат е најважното нешто.
Ајде да направиме пресек на авијацијата. имаше прекрасен краток четиригодишен период кога чудесни нешта се случија. Почна во 1908, кога браќата Рајт полетаа во Париз, и сите рекоа, „Охо, еј и јас го можам тоа.„ Имаше само неколку луѓе што имаа летано во раната 1908. За само 4 години, 39 земји имаа стотици авиони, илјадници пилоти. Авионите се измислуваа со природна селекција. Денес може да се каже дека користиме интелигентен дизајн на авионите, но на времето немаше вистински интелигентен дизајн за првите авиони. Веројатно беа пробани над 30,000 различни можности, и ако притоа се урнеа и го убиеа пилотот, таквиот приод се отфрлаше. Оние кои ќе летаа и ќе слетаа во ред, бидејќи немаше тренирани пилоти, имаа добри летачки квалитети по дефиниција. Така ние, правејќи цел куп обиди, илјадници обиди, во тој четири-годишен период, ги развивме концептите за авионите кои ги летаме денеска. И токму затоа се толку безбедни, бидејќи имавме многу можности да откриеме што е добро. Ова се нема случено воопшто со вселенските летала. Досега имаме пробано само два концепти -- два од Соединетите Држави и еден од Русите.
И, кој беше инспириран за време на тој временски период? Aviation Week ме замоли да направам список на оние луѓе што според мене биле движечка сила во првите 100 години на авијацијата. Јас ги напишав, и подоцна открив дека секој од нив бил мало дете во тоа време на ренесанса на авијацијата. на пример, што се случуваше кога јас бев мало дете -- некои исто така доста битни работи. добата на млазни мотори започна, и времето на проектили. Фон Браун беше тука покажувајќи како да одиме на Марс -- и сето ова беше пред Спутник. А ова беше време кога Марс беше многу поинтересен отколку што е сега. Мислевме дека ќе има животни , сигурни бевме дека има растенија, се менуваа боите, зарем не? Но, знаете, НАСА ни ја зафркна сликата бидејќи ги пратија оние роботи и тие слетаа само во пустините.
Ако погледнете што се случи -- оваа мала црна линија е најбрзо што човекот било кога летал, а црвената линија е на најдобрите воени ловци и сината линија е комерцијалниот воздушен транспорт. Ќе забележите овде има голем скок. Кога бев мало дете -- и мислам дека тоа имаше влијание за да ја имам храброста да излезам и да се обидам нешто за кое другите луѓе немаа храброст да го пробаат. па добро, што правев кога бев дете ? Не се занесував со брзи коли, и девојки и танцување. исто така, тогаш не ги имавме сите овие дроги. Но, затоа се натпреварував со модели на авиони. Поминав околу седум години за време на Виетнамската војна тестирајќи авиони за военото воздухопловство. И тогаш отидов понатаму и многу се забавував со изработка на авиони кои луѓето можеа да ги изградат во своите гаражи. Некои 3,000 од овие летаат денес. Се разбира, еден од нив е Војаџер. Основав друга компанија во ’82, која е сега моја компанија. Ние произведуваме по еден нов тип на авион годишно од 1982-та. Многу од нив всушност и не можам да ви ги прикажам на оваа карта.
Најимпресивниот авион кој било кога постоел, мислам, дека беше дизајниран само 12-ина години по првиот оперативен млазен авион. Остана во служба се додека не беше премногу зарѓан да лета, и тогаш го повлекоа од служба. Во 98-ата се вративме на нешто што било развиено во 56-тата. Што?! Мислам дека најимпресивното вселенско летало на сите времиња е Груман Лунар Лендерот. Тој беше -- знаете, слета на месечината, полета од месечината, не му беа потребни дечки за одржување -- тоа е баш кул. Сме ја изгубиле таа способност. Ја напуштивме во 72-та Ова беше дизајнирано 3 години по првиот вселенски лет на Гагарин во 1961-та. Три години, и денес не можеме да го направиме тоа.
Лудо! Ќе говорам многу кратко за иновациските циклуси, за работите кои растат, имаат многу активност, и изумираат кога ќе бидат заменети со нешто друго. Овие работи тежнеат да се случуваат секои 25 години, во траење на 40 години, со препокривање. Ова важи за многу други технологии. Интересната работа тука -- патем, овде брзината, извинете, патувањето со висока брзина, е насловот на овие иновациски циклуси. Овде веќе нема ништо. Овие два нови авиони се со иста брзина како и ДЦ8 кој беше произведен 1958-та. Ова е битното, а тоа е, не можете да имате иновациски циклуси ако владата е таа што го развива и го користи. Знаете, добар пример е, се разбира, мрежата DARPA. Компјутерите беа прво користени за артилеријата, а потоа за даночните служби. Но кога ние ги добивме, се јавија активности на сите нивои, и ја уживаме сета корист. Приватниот сектор мора да го направи тоа. Имајте го тоа на ум. Ја разгледував иновацијата -- ги барав иновациските циклуси во вселената, и не најдов ниеден.
Во првата година, започнувајќи кога Гагарин отиде во вселената, и неколку недели подоцна кога Алан Шепард леташе, имаше 5 човечки вселенски летови во светот; веќе во првата година. Во 2003, сите кои Соединетите Американски држави ги пратија во вселената, загинаа. Имаше само три или четири лета во 2003. Во 2004, имаше само два лета, обата на рускиот Сојуз до меѓународната вселенска станица. А јас морав да летам 3 пати во пустината Мохаве со мојата мала група од 20-ина луѓе со цел да дојдеме до вкупно пет лета, што беше ист со бројот на летови во 1961 година. Нема раст. нема активности. Нема ништо.
Оваа слика е направена од SpaceShipOne. Оваа слика е направена од орбита. Наша цел е да овозможиме да ја видите оваа слика и вистински да уживате во неа. Знаеме како да изведеме суб-орбитален лет сега, доволно безбедно -- барем онолку безбедно како првите авиопревозници - така да тоа може да се изведе. И мислам дека сакам да зборувам малку околу тоа зошто ја имавме храброста да го пробаме ова како мала компанија.
Но, најпрво, што ќе се случи наредно? Првата индустрија ќе биде со голем обем, многу играчи. Уште еден се најави веќе пред една недела. и сите ќе одат суб-орбитално. А причината зошто мора да е суб-орбитално е , бидејќи нема решенија за адекватна безбедност да ја носат јавноста во орбита. Тоа беше работа на владите -- 3 влади го правеа ова 45 години, и сеуште 4 проценти од луѓето кои ја напуштија атмосферата го загубија животот. Тоа ... Не може да се води бизнис со такво ниво на безбедност. Ќе има многу голем обем; сметаме дека 100,000 луѓе ќе летаат до 2020-та. Не можам да ви кажам кога ќе почне сето ова, бидејќи не сакам мојата конкуренција да го дознае мојот распоред. Но штом ќе почне, ќе најдеме решение. и многу брзо, ќе ги видите тие орбитални хотели. и онаа лесна работа, прелетот околу месечината за да ви пружи кул поглед. А тоа ќе биде вистински кул. Затоа што месечината нема атмосфера -- може да направите елиптична орбита и да пролетате на 3 метри височина ако сакате. Ох, ќе биде толку многу забавно.
ОК. Моите критичари велат: „Еј, па Рутан само ги троши парите на многу милијардери, за забавни летови за нив. Што е ова? Ова не е транспортен систем, ова е само за забава.“ И ова ми пречеше едно време, но тогаш почнав да размислувам, почекај, си велам. Го купив мојот прв Apple компјутер во 1978-та и го купив бидејќи можев да кажам, „Јас имам компјутер дома а ти немаш. `За што го употребуваш?` Дојди кај мене. Ќе играме Фрогер.“ ОК.
Не се работи за компјутери во банките или на Локхид, домашните компјутери беа за игри. Цела деценија беа за забава -- не ни знаевме за што би ни користеле. Но што се случи, фактот што се разви оваа голема индустрија, голем развој, големи подобрувања и можности и така натаму, и беа раширени во доволно домови, бевме зрели за нова инвенција. и пронаоѓачот е во оваа публика. Ал Гор го измисли Интернетот и заради тоа што -- нешто што го користевме цела една година -- простете, цела една декада за забава, стана се, -- нашата економија, развој, нашата комуникација и, ако им дозволиме на Гугл дечките да размислуваат неколку викенди, ќе може да додадеме уште куп работи на списокот. И нема да треба уште многу време кога нема да може да ги убедиме децата дека не сме имале отсекогаш компјутер во нашите домови. Така да забавата е одбранлива.
Ок, сакам да ви прикажам доста исполнета слика, но во неа е моето предвидување што ќе се случува. и во неа исто така се спомнува уште една поента, еве тука. Има група на луѓе кои истапија напред -- не ги знаете сите нив -- но оние кои истапија биле инспирирани како мали деца, оние 3 до 15 годишници, со нашето одење во орбита и на месечината овде, токму во овој временски период. Пол Ален, Елан Муск, Ричард Брансон, Џеф Безос, Фамилијата Ансари, кои сега ја финансираат Руската суб-орбитална работа, Боб Бигелоу, приватна вселенска станица и Кармак Овие луѓе вложуваат пари во интересна област, и сметам дека е многу подобро отколку да ги вложат во развивање на подобар мобилен телефон или слично -- но ги даваат во многу [нејасно] области ама ова ќе ни овозможи такви способности, и ќе не доведе до новата голема работа и ќе ни дозволи да истражуваме. Сметам дека на крај ќе ни овозможи да колонизираме и ќе не заштити од изумирање.
Тие беа инспирирани од огромен прогрес. Но видете го напредокот што се случува после тоа. имав неколку примери овде. Воените ловци имаа -- воен ловец со највисоки перформанси беше SR71. Го премина целит животен циклус, беше многу рѓосан да лета, и го повлекоа од служба. Конкордот ја дуплираше брзината на авионското патување. го премина целиот животен циклус без конкуренција; го повлекоа од служба. И сега сме заглавени со истата способност за воени ловци и комерцијални авионски летови како што ги имавме во доцните 50-ти.
Но сега има нешто таму што ќе ги инспирира нашите деца сега. И ви велам ако имате сега бебе, или ако имате 10-годишник. Она што се чувстува е дека нешто многу интересно ќе се случи. Релативно скоро, ќе може да купите билет и да летате повисоко и побрзо од најдобрите воени оперативни авиони. Тоа се нема случено претходно. Фактот што тие имаат заглавено со таквите перформанси е, па, знаете, ќе ја добиете војната за 12 минути, зошто ви треба нешто подобро ? Но мислам кога вие ќе почнете да купувате билети и да летате суб-орбитално во вселената, многу скоро -- причекајте една минута, што се случува ове, ќе имаме воени ловци со суб-орбитална способност , и мислам дека тоа ќе се случи многу скоро. Но она што е интересно е дека тоа ќе го стори првин комерцијалниот сектор. Ок, се радувам на новата капиталистичка вселенска трка, да ја наречеме.
Се сеќавате на вселенската трка во 60-тите , беше за национален престиж, бидејќи ги изгубиме првите два чекори. Технички, не ги изгубивме. Фактот што ја имавме опремата да ставиме нешто во орбита кога му дозволивме на Фон Браун да го лета, не може да велите дека е техничка изгубена трка. Спутник не беше техничка загуба, но беше загуба на престиж. Америка -- Светот не ја гледаше Америка како водач во технологијата, а тоа беше многу голема работа. и тогаш ние летавме со Алан Шепард неколку недели после Гагарин, не месеци или декади, или како и да е. Значи ја имавме способноста. Но Америка изгуби. Ние изгубивме. И заради тоа направивме голем скок да надополниме.
Но, повторно, она што е интересно е дека изгубивме од Русите во првите неколку чекори. Не можете да купите билет комерцијално и да летате во вселената во Америка -- не можете да го сторите тоа. Може да го купите во Русија. Можете да летате со руска опрема. Ова е возможно бидејќи руската вселенска програма гладува, и е фино за нив да земат 20 милиони тука и таму за едно седиште. Комерцијално е, може да се дефинира како вселенски туризам. Тие исто така нудат патување за оној прелет околу месечината, како што направи Аполо 8. 100 милиони долари -- еј , можам да одам на месечината. Но, знаете, зарем ќе помислевте во 60-ите, кога се случуваше вселенската трка, дека првата комерцијална капиталистичка работа за купување на билет за месечината ќе биде со руска опрема ? и дали ќе помислевте, дали Русите ќе помислеа, дека кога првпат ќе отидат на месечината во опрема развиена од нив, дечките во неа нема да се Руси? Веројатно ќе биде јапонски или американски билионер? Па, тоа е чудно, знаете, навистина е. Но како и да е, мислам дека треба да ги победиме повторно.
Она што мислам е, дека ќе видиме успешна, многу успешна приватна индустрија за вселенски летови. Дали ќе бидеме први или не, не е многу битно. Русите всушност летаа со суперсоничен транспортер пред Конкорд. и тогаш летаа неколку карго летови, и го повлекоа од служба. Мислам дека ја гледате истата паралела кога се нуди комерцијално истата работа.
ОК, ќе зборуваме само малку околу комерцијалниот развој за човечкиот вселенски лет Ова мала работа вели дека има пет пати повеќе од она што НАСА ќе го прави до 2020. Сакам да ви кажам, веќе има околу 1.5 до 1.7 билиони долари инвестиции во приватниот вселенски сектор, кои воопшто не се државни средства; Веќе, на светско ниво! Ако прочитате -- ако го прогуглате, ќе најдете околу половина од тие средства, но има двапати повеќе од тоа кои се ветени -- не се уште потрошени, но се ветени и планирани за следните неколку години. Еј, тоа е доста голема работа. Предвидувам, како што ќе биде профитабилна оваа индустрија -- а сигурно ќе биде профитабилно кога луѓето ќе летаат за 200,000 долари на нешто што всушност ќе функционира за десетина од таа цена, или помалку -- ова ќе биде многу профитабилно. предвидувам, исто така, дека инвестицијата што ќе влезе во оваа област ќе биде околу половина од она што Американските даночни обврзници трошат за програмата на НАСА за вселенско летало управувано од луѓе. и секој долар што ќе се вложи во тоа ќе биде потрошен поефикасно од 10 до 15 пати. А тоа значи уште пред да разбереме, прогресот на човечкиот вселенски лет, без вложени пари од даночните обврзници, ќе биде на ниво пет пати повисоко од тековниот буџет на НАСА за човечки вселенски лет. а тоа ќе биде бидејќи тоа сме ние. Тоа е приватната индустрија. Никогаш не треба да зависите од владата да прави вакви работи -- а го правевме тоа многу долго време. НАЦА пред НАСА никогаш немаше развиено авион и никогаш нема водено авионска компанија. Но НАСА го развива вселенскиот брод, секога тоа го има правено, и ја води единствената Вселенска рута, ОК. И досега и се тргавме бидејќи се плашевме од тоа. Но почнувајќи во Јуни 2004 година кога покажав дека мала група таму некаде може да го изведе тоа, може да го започне тоа, се се смени после тоа.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Во својот инспирирачки говор, легендарниот дизајнер на вселенски летала Барт Рутан, ја прекорува владината вселенска програма бидејќи стагнира и ги повикува претприемачите да продолжат онаму каде NASA има застанато.
In 2004, legendary spacecraft designer Burt Rutan won the $10M Ansari X-Prize for SpaceShipOne, the first privately funded craft to enter space twice in a two-week period. He's now collaborating with Virgin Galactic to build the first rocketship for space tourism. Full bio »
Translated into Macedonian by Marko Marcevski
Reviewed by Zdravko Smilevski
Comments? Please email the translators above.
17:43 Posted: Jun 2007
Views 700,197 | Comments 201
18:19 Posted: May 2008
Views 465,965 | Comments 96
20:22 Posted: Jun 2008
Views 405,670 | Comments 78
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.