Јавната дебата околу архитектурата многу често останува само на разгледување на крајниот резултат т.е. на архитектонскиот објект. Дали најновата кула во Лондон е краставица, или кобасица или е сексуално помагало?
Неодамна се запрашавме самите дали можеме да измислиме формат кој всушност ќе може да ги раскаже приказните позади проектите. Можеби со комбинирање на слики и цртежи и зборови да ги кажеме приказните за архитектурата на некој начин. И откривме дека не треба да го измислиме тоа, тоа веќе постоело во форма на стрип.
Па во основа го копиравме форматот на стрипот. Така всушност ги раскажуваме приказните од зад сцената, како нашите проекти всушност еволуираат преку адаптација и импровизација. На некој начин преку премрежјата и можностите и инцидентите во реалниот свет. Ние го нарекуваме ова стрипот "ДА е повеќе". Кое е очигледно одреден вид на еволуција на идеите на некои од нашите херои.
Во овој случај е Миес Ван дер Рохевото, помалку е повеќе. Тој ја започна модернистичката револуција. По него следуваше пост-модерната контра револуција. Роберт Вентури рече „помалку е досадно“. Па по него Филип Џонсон ја воведе (Смеа) може да речете промискуитетноста, или барем отвореноста кон нови идеи со „јас сум курва.“ Од скоро Обама воведе оптимизам во време не глобална финансиска криза.
И она што ние сакаме да кажеме со ДА е Повеќе, е во основа обидот да се провери оваа идеја дека Архитектонската авант-гарда е скоро секогаш негативно дефинирана, за тоа против кого или што се. Клишето за радикалниот архитект е еден вид лут млад човек кој се бунтува против естаблишментот. Или оваа идеја на неразбраниот гениј, исфрустриран дека светот не се совпаѓа со неговите идеи. Повеќе од револуција, ние сме заинтересирани за еволуција. Оваа идеја дека нештата постепено еволуираат со адаптација и импровизација за да го сменат светот.
Всушност, мислам дека Дарвин е еден од луѓето кои најдобро го објаснуваат нашиот процес на дизајнирање. Неговото познато дрво на еволуцијата би можело речиси да биде и дијаграм на тоа како работиме. Како што гледате, еден проект еволуира преку серија на генерации на дизајнерски состаноци. На секој состанок има многу идеи. Само најдобрите можат да опстанат. И преку процес на архитектонска селекција може да избереме навистина убав модел. или може да избереме доста функционален модел. Па ги размножуваме. Тие имаат некој вид на потомство. И преку овие генерации на дизајн состаноци стигнуваме до крајниот дизајн.
Многу директен начин ова да се прикаже е проект кој го направивме за библиотека и хотел во Копенхаген. Дизајнирачкиот процес беше доста тежок, речиси како борба за опстанок. Но постепено една идеја еволуираше. Идеја за една рационална кула која се претопува во околниот град. На некој начин проширување на јавниот простор во она што ние го нарекуваме Скандинавска верзија на Шпанските скали во Рим. Но на некој начин јавно од надворешноста како и од внатре со библиотеката.
Но Дарвин не ја објаснува само еволуцијата на една идеја. Како што гледате, некогаш се разгрануваат подвидови. И многу често седиме на дизајн состанок и откриваме некоја одлична идеја. Не функционира навистина во тој контекст. но за друг клиент во друга култура можеби е вистински одговор за различно прашање. Како резултат на тоа, не исфрламе ништо Ги чуваме работите во нашата канцеларија , речиси како во архива на архитектонски биодиверзитет. Никогаш не знаете кога може да ви притреба.
И она што сакам да го знам сега, како акт на прераскажување со брзина на светлината, е да ви ја кажам приказната за тоа како два проекти еволуираа со адаптација и импровизација за состојбата на светот Првата приказна почнува лани кога отидовме во Шангај за да учествуваме на натпреар за Данскиот Национален Павилион за Светското Експо 2010. И таму го сретнавме овој човек , Хаибао. Тоа е маскотата на Експото. И тој изгледа многу познат од некаде. Всушност личи како зграда која ја дизајниравме за хотел на северот од Шведска. Кога поднесовме за Шведскиот натпревар мислевме дека е многу кул дизајн. Но тоа не личеше на нешто од северот на Шведска. И Шведското жири мислеше исто така. И така изгубивме.
Но тогаш имавме состанок со Кинески бизнисмен кој го виде нашиот дизајн и рече, „Еј ,ова е како Кинескот карактер за зборот луѓе.“ (Смеа) Очигледно ова е како се пишува луѓе, во Кина. Дури и проверивме. И во исто време , не поканија на изложба за неделата на Шангајската Креативна Индустрија. Па си помисливме ова е премногу добра можност. И најмивме фенг шуи учител. Го зголемивме размерот на зградата три пати према Кинеските пропорции, и отидовме во Кина. (Смеа) Ја добивме народната зграда, како што ја нарековме. Ова се нашите два преведувачи, какој ја читаат архитектурата.
Излезе на насловната страна на Вен Веи По весникот. Што предизвика Г-н Лианг Ју Чен, градоначалникот на Шангај да ја посети изложбата. И ја добивме можноста да го објасниме проектот. Тој рече, „ Шангај е град со најмногу облакодери на светот.“ Но за него беше како со тоа да се пресекле врските со корените. А во Народната Зграда виде архитектура која може да го премости јазот меѓу античката мудрост на Кина и прогресивната иднина на Кина. Ние очигледно длабоко се согласивме со него. (Смеа) (Аплауз) За несреќа Г-н Чен е сега во затвор за корупција. (Смеа)
Но како што кажав, Хаибао ни изгледаше многу познато. Бидејќи е всушност Кинескиот знак за зборот луѓе. И тие ја избраа оваа маскота затоа што темата на експото беше „ подобар град, подобар живот.“ Одржливост. И сметавме дека одржливоста прераснала во некаква нео-протестантска идеја и дека мора да не боли за да биде за добро.
Знаете, не треба да се туширате долго и да трошите многу топла вода. Не треба да летате на одмор бидејќи е лошо за средината. Постепено ја стекнувате идејата дека одржливиот живот е помалку забавен од нормалниот живот. Така мислевме дека можеби е интересно да се фокусираме на примери каде одржливите градови всушност го зголемуваат квалитетот на животот.
Исто така се прашавме себеси што може Данска да и покаже на Кина што би било релевантно? Знаете, таа е една од најголемите земји на светот а ние една од најмалите. Кина ја симболизира змејот. Данска , ние имаме национална птица, лебедот. (Смеа) Кина има многу големи поети.
Но откривме дека во Народната Република јавната школска програма, содржи три прикаски од Ан Ту Шунг, или Ханс Кристијан Андерсен, како што го викаме ние. Тоа значи дека сите 1.3 милијарда Кинези пораснале со Новите алишта на Императорот, Девојчето со Ќибритчињата, и Малата сирена. тоа е речиси како фрагмент од Данската култура да се интегрирал во Кинеската култура.
Најголемата туристичка атракција во кина е Големиот Ѕид. Големиот ѕид е единственото нешто што може да се види од месечината. Големата туристичка атракција во Данска е Малата Сирена. Таа речиси и да не може да се види на турите по каналите. (Смеа)
И тоа на некој начин а прикажува разликата меѓу овие два града. Копенхаген, Шангај, модерен, Европски. Но тогаш го погледнавме скорешниот урбан развој. И забележавме дека личи на шангајска улица, пред 30 години. Само велосипеди, без автомобили. Ова е како изгледа денеска. Само сообраќајни застои. Велосипедите станаа забранети на многу места.
Во меѓувреме во Копенхаген ние всушност ги прошируваме велосипедските ленти. Една третина од сите луѓе користат велосипеди за транспорт. Имаме бесплатен систем на велосипеди кој се вика Сити Бајк. Нив можеш да ги позајмиш кога го посетуваш градот. Па така си помисливме, зошто не ги воведеме повторно велосипедите во Кина? Дониравме 1000 велосипеди на Шангај. Па ако дојдете на експото, одете право на Данскиот павилјон. Земете Дански велосипед. Потоа продолжете со посетување на другите павилиони.
Како што реков, Шангај и Копенхаген се големи пристаништа. Но во Копенхаген водата толку се има прочистено што всушност може да се бањате во неа. Еден од првите проекти што ги изработив беше пристанишната бања во Копенхаген. Своевиден продолжеток на јавниот простор во водата. Помисливме дека овие експоа доста често имаат многу државно финансирана пропаганда, слики, изјави, но без реално искуство. така баш како за велосипедите, ние не зборуваме за нив. Може да ги пробате. како и со водата, наместо да зборуваме за неа ќе префрлиме со брод милион литри вода од пристаништето во Копенхаген во Шангај. Така Кинезите кои се доволно храбри можат всушност да се избањаат и да видат колку е чиста.
Ова е делот каде луѓето нормално приговараат дека не звучи одржливо да се пренесе вода од Копенхаген во Кина. Но всушност бродовите со контејнери одат полни со роба од Кина во Данска. и тогаш пловат , празни , назад. Доста често полнат вода за баласт. Така практично ние ја возиме водата бесплатно.
И на среде оваа пристанишна бања ние ќе ја ставиме вистинската Мала Сирена. Така вистинската Сирена, вистинската вода, и вистинските велосипеди. И кога ќе ја нема ќе поканиме кинески уметник да ја реинтерпретира скулптурата. Архитектурата на павилјонот е циклус на изложби и велосипеди. Кога ќе ја посетите изложбата ќе ја видите Сирената и базенот. Ќе прошетате наоколу , ќе побарате велосипед на кровот, качете се на него и продолжете кон остатокот на експото.
Кога победивме на натпреварот моравме да направиме изложба во Кина објаснувајќи го проектот. И на наше изненадување добивме една табла назад со корекции од Кинеската државна цензура. Првата работа беше , мапата на Кина не го покажуваше Тајван. Тоа е сериозно политичко прашање во Кина. Понатаму. Втората работа, го споредивме Лебедот со Змејот. И Кинеската држава кажа, „Предлагаме сменете го со Панда.“ (Смеа) (Аплауз)
Па кога се дозна во Данска дека всушност сакаме да го преместиме националниот монумент, Националната Народна Партија се побуни против тоа. Се обидоа да стават закон против поместувањето на Сирената. За првпат бев поканет да зборувам на Националниот Парламент. Беше доста интересно бидејќи утрото од 9 до 11 зборуваа за пакетот мерки против економската криза колку милијарди да се инвестираат да се спаси Данската економија. и тогаш во 11 часот запреа со дискусија за овие ситни прашања. и од 11 до 13 дебатираа дали треба или не да се прати Сирената во Кина. (Смеа) (Аплауз)
Но да заклучам, ако сакате да ја видите Сирената од Мај до Декември следната година, не доаѓајте во Копенхаген. Бидејќи таа ќе биде во Шангај. Ако сепак дојдете во Копенхаген веројатно ќе видите инсталација од Аи Веивеи, Кинески уметник. Но ако Кинеската влада интервенира може да биде и панда. (Смеа)
Втората приказна што сакам да ви ја кажам, всушност почнува во мојата куќа. Ова е мојот стан. Ова е погледот од мојот стан. Преку овој пејсаж од триаголни балкони кои нашиот клиент ги нарече Леонардо ДиКаприо балкони. И тие го формираат овој вертикален двор. Каде, на убав летен ден, можете да се запознаете со сите ваши соседи во вертикален радиус од 10 метри. Оваа куќа е на некој начин дисторзија на квадар. Пробувајќи преку цик цак формата да се осигураме дека сите станови гледаат под прав агол кон пејсажот, наместо еден кон друг.
До скоро ова беше погледот од мојот стан. Се додека нашиот клиент не ја купи соседната локација. И рече дека ќе изгради блок од станови близу до до структура за паркирање. И помисливме, наместо да направиме традиционален распорд на станови, кои гледаат право во досаден блок од автомобили, зошто да не ги претвориме становите во станови со високи кровови, и да ги поставиме на подиум од коли
и бидејќи Копенхаген е комплетно рамен, ако сакате да имате убава падина која гледа на југ, во основа треба да си ја направите сами. Тогаш го исековме волуменот, за да не го затвориме погледот од мојот стан. (Смеа) И во основа паркингот го опфаќа длабокиот простор под становите.
И високо на сонце, имате нешто како единечен слој на станови, кои ги комбинираат сите убавини на приградскиот живот, како куќа со градина но со еден вид поглед на метрополата, и со длабоко урбана локација. Oва е нашиот прв архитектонски модел. Ова е воздушна слика направена минатото лето. Во основа становите го покриваат паркингот. Се пристапуваат преку овој дијагонален лифт. Тоа е всушност продукт од Швајцарија. Бидејќи во Швајцарија имаат природна потреба од дијагонални лифтови. (Смеа)
А фасадата на паркингот, сакавме да овозможи паркингот природно да се вентилира. Затоа требаше да ја перфорираме. И откривме дека со контролирање на големината на дупките ние можеме всушност да ја претвориме целата фасада во гигантска, природно вентилирана, растерирана слика. И бидејќи постојано му се обраќавме на проектов како Планината, го вработивме Јапанскиот фотограф на Хималите да ни даде прекрасна слика од Монт Еверест, правејќи ја целата зграда уметничко дело од 3000 квадратни метри. (Аплауз)
Така ако одите низ паркингот, низ коридорите, тоа е речиси како патување во паралелен универзум на коли и бои, во оваа јужно-ориентирана урбана оаза. Дрвото од вашиот стан продолжува надвор претворајќи се во фасади. Ако одите малку подлабоко се претвора во зелена градина. и сета дождовница која паѓа на Планината всушност се собира. И постои автоматски систем на наводнување кој осигурува дека овој вид на пејсаж од градини за една или две години ќе се трансформира во Камбоџанска урнатина, комплетно прекриена со зеленило.
Така Планината е нашиот прв изграден пример на она што сакаме да го викаме архитектонска алхемија. Ова идеја е дека всушност можете да креирате, ако не злато, тогаш барем дополнителна вредност со мешање на традиционални состојки, како нормални станови и нормален паркинг, и во овој случај да им нудите на луѓето шанса да не мора да бираат меѓу живот со градина или живот во градот. Тие може да ги имаат и двете.
Како архитект навистина е тешко да се подготви агенда. Не може туку така да кажете дека сакате одржлив град во централна Азија. Затоа што тоа не е начинот на кој добивате средства. Секогаш треба да се адаптирате и импровизирате кон можностите и несреќите кои се случуваат и превирањата во светот.
Последниот пример е дека неодамна, како и минатото лето победивме на натпревар за дизајн на Нордиска национална банка. Ова е директорот на банката додека уште се смееше. (Смеа) Се наоѓаше во центарот на главниот град па бевме доста возбудени за оваа можност. За несреќа тоа беше националната банка на Исланд.
Во исто време всушност имавме и посетител, министер од Азербејџан кој дојде во нашата канцеларија. Го однесовме да ја види Планината. Тој многу се возбуди од оваа идеја и дека всушност може да градите планини со архитектурата. Бидејќи Азербејџан е познат како Алпите во Централна Азија. затоа не праша дали може да измислме урбанистички мастер план на остров надвор од главниот град кој би ја ре-креирал силуетата на седумте најважни планини во Азербејџан.
Се согласивме на проектот. И го направивме овој мал филм кој сакам да ви го покажам. Доста често правиме кратки филмови. Секогаш се расправаме околу музиката во филмот. Но во овој случај беше многу лесно да се избере песна. Во основа Баку е залив во облик на полумесечина кој гледа кон островот Зира, островот кој ние ги планиравме. Речиси како дијаграмот на нивното знаме. Нашата главна идеја беше да земеме примероци од седумте најзначајни планини од топографијата на Азербејџан. и да ги интерпретираме во урбани и архитектонски структури, вселливи за луѓето. Тогаш ги сместивме овие планини на островот, опркужувајќи ја централната зелена долина Речиси како Централ Парк во Њујорк.
Она што го прави интересно е дека островот сега е само парче пустина. Нема никаква вегетација. Нема вода. Нема енергија , нема ресурси. така го дизајниравме целиот остров како еден екосистем, користејќи ветер за да обезбеди енергија за одделите за десалинација, и користејќи ги термалните карактеристики на водата за греење и ладење на зградите. Целата вишок свежа вода се филтрира органски во пејсажот постепено трансформирајќи го пустиот остров во зелен, прекрасен пејсаж.
Така обично велиме дека урбаните средини нормапно се на штета на природата, во овој случај всушност создаваме природа. И зградите не само што предизвикувааат слики на планини. тие исто така функционираат како планини. Тие создаваат заштита од ветровите. Акумулираат соларна енергија. Акумулираат вода. Тие всушност го трансформираат целиот остров во единствен екосистем.
Доста скоро изготвивме урбанистички мастер план. Кој беше одобрен. И ова лето ги почнуваме конструкциските документи за првите две планини, на она што ќе биде првиот карбон-неутрален остров во Централна Азија. (Аплауз) Да , можеби да заокружам. Така на некој начин гледате како Планината во Копенхаген на некој начин еволуираше во Седум Врвови на Азербејџан. Со малку среќа и уште малку еволуција можеби по 10 години може да бидат 5те Планини на Марс. Ви благодарам. (Аплауз)
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Данскиот архитект Бјарке Ингелс прелетува преку фото/видео искомбинираните прикажни од неговите еко-блескави дизајни. Неговите градби не само што личат на природата -- тие ѝ се однесуваат како природата: го блокираат ветерот, собираат соларна енергија и креираат вџашувачки погледи.
Theory meets pragmatism meets optimism in Bjarke Ingels' architecture. His big-think approach is informed by a hands-on, ground-up understanding of the needs of a building's occupants and surroundings. Full bio »
Translated into Macedonian by Marko Marcevski
Reviewed by Zvezdana Moneva
Comments? Please email the translators above.
19:24 Posted: Oct 2008
Views 266,493 | Comments 52
18:36 Posted: Jul 2009
Views 432,503 | Comments 406
22:00 Posted: Jan 2008
Views 319,502 | Comments 40
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.