Follow TED
Be the first to know about new TEDTalks, TED news and other announcements.
Click on any phrase to play the video from that point.
Ќе ви пуштам краток видео клип.
Видео:50,000 фунти. На 5ти Декември 1985, шише од 1787 Лафит беше продадено за 105,000 фунти -- 9 пати повеќе од претходниот светски рекорд. Г-дин Форбс. Купувач беше Кип Форбс, син на еден од најбоемските милионери на 20иот век. Оригиналниот сопственик на шишето се испостави дека е еден од најголемите вински ентузијасти на 18иот век. Шато Лафит е едно од најдобрите вина во светот, принцот во секоја винска визба.
Бенџамин Валас : Ова беше речиси целиот видеоматријал кој постои околу настан кој ја отпочна најдолготрајната мистерија во модерниот свет на виното. Мистеријата постоеше поради господинот кој се викаше Харди Роденсток. Во 1985, тој им најави на неговите пријатели од светот на виното дека му се случило неверојатно откритие. Некои работници во Париз пробиле низ ѕид, и наишле на скриена визба за вино -- под претпоставка дека се на Томас Џеферсон. 1787, 1784 Не сакаше да го открие точниот број на шишиња, и не сакаше да открие каде точно е зградата ниту кој бил сопственикот на зградата. Мистеријата опстојуваше околу 20 години.
Конечно почна да се открива во 2005 поради овој човек. Бил Коч е милијардер од Флорида кој поседува 4 од Џеферсоновите шишиња, и почна да станува сомничав. И на крајот заврши со потрошени повеќе од милион долари и најмување на екс-ФБИ и екс-Скотланд Јард агенти за да дојдат до дното на мистеријата. Сега има многу докази дека Харди Роденсток е измамник, и дека Џеферсоновите шишиња биле лажни.
Но за тие 20 години, неверојатен број на навистина еминентни и докажани личности од светот на виното беа вовлечени во орбитата на овие шишиња. Мислам дека сакаа да веруваат во тоа дека најскапото шише вино на светот мора да е најдоброто шише вино на светот, мора да е најреткото шише вино на светот. Почнав се повеќе , на некој воајеристички начин да се интересирам за ова прашање, знаете, зошто луѓето ги даваат овие луди суми на пари не само за вино туку и за многу други работи, и дали тие живеат подобар живот од мојот ?
Така, решив да се впуштам во предизвик. Со огромна подршка на списанието за кое пишувам понекогаш, решив да ги пробам најдобрите, или најскапите, или највосхитуваните работи во повеќе категори, што беше многу неблагодарен предизвик, како што си претставувате.
Ова беше првиот. Многу од Кобе Говедското месо кое го гледате во САД не е вистинско. Можеби потекнува од Вагју говеда, но тоа не е од оригиналната, Апалачка Хјого префектура во Јапонија. Има само неколку места во САД каде може да пробате вистинско Кобе, и едно од нив е во ресторанот на Волфганг Пак, CUT, во Лос Анџелес. Отидов таму, и го нарачав 225 грамскиот стек за 160 долари. И кога пристигна, беше малечок. И јас бев вџашен. Бев, 160 долари за ова ?! И тогаш го пробав, и посакав да беше помал, бидејќи Кобе говедското е толку богато. Личи на паштета од патка -- дури не личи на стек. И речиси да не го дојадов. Многу бев среќен кога успеав да го изедам.
Сега, фотографот кој ги правеше сликите за проектов од некоја причина го постави своето куче да позира во нив, и затоа ќе го гледате истиов лик кој ќе се повторува. Ова, претпоставувам , ви кажува дека не мислев дека е вредно за цената.
Бели тартуфи. Една од најскапите луксузни храни по тежина на светот. За да го пробам ова, отидов во ресторанот на Марио Батали во Менхетн -- Дел Посто. Келнерот, знате, дојде со топче бела тартуфа и со мало ренде,и го изренда на моите тестенини и рече, знаете, „Дали господинот би сакал тартуфи ?“ Шармот на белите тартуфи е во нивната арома. Не е во нивниот вкус. Не е во нивната текстура. Тоа е во нивниот мирис. Овие бисерни снегулки кога ќе паднат на тестенините, тој прекрасен мирис на лешник, печурки се издигна. После 10 секунди се изгуби. И ми останаа само грдите снегулки на мојата тестенина, знаете, нивната улога пројде, и се плашам дека и ова истотака беше разочарување за мене. Имаше неколку -- неколку од овие работи беа разочарување.
Да. Списанието не сакаше да плати за да одам овде.
Но ми направија тура. И овој апартман е 4,300 квадратни фити. има поглед од 360 степени. има 4 балкони. и беше дизајниран од архитектот И.М Пеи. Доаѓа со сопствен Ролс Ројс и возач. има сопстевена визба за вино од која можете слободно да пиете. Кога ми ја правеа турата, имаше вклучено и малку Опус Оне, што ми беше мило да го видам. 30,000 долари за една вечер во хотелот.
Ова е сапун што е направен од сребрени наночестички, кои имаат антибактериски карактеристики. Го измив лицето ова утро кога се спремав за говорот. И, знаете, малку скокоткаше и мирисаше добро, но морам да кажам дека никој овде не ми даде комплимент за чистината на моето лице денес.
Но исто така, никој не ми даде комплимент за фармерките што ги носам. За овие GQ ги претстави во пролетната колекција -- и ги поседувам овие -- но ќе ви кажам, не само што не добив комплимент од никој од вас, немам добиено комплимент од никој во месеците откако ги купив и носев овие. Не мислам дека добивањето комплимент треба да е тест за вредноста на нештата, но мислам во случај на моден детал, или дел од облека, тоа е разумна оценка. Без разлика, многу работа е извршена на фармерките. направени се од рачно собиран органски памук од Зимбабве кој е специјално преден и потоа рачно потопен во природно индиго 24 пати. Но нема комплименти.
Армандо Мани е поранешен филмаџија кој произведува маслиново масло од маслинка која расте само на една падина во Тоскана. И вложува многу труд да го заштити маслиновото масло од оксидирање и светлина. користи тесни шишиња, стаклото е обоено, и го дополнува со инертен гас над маслото. и всушност -- штом ќе испрати пратка од шишиња, регуларно прави молекуларна анализа и ги поставува резултатите онлајн, за да можете да одите онлајн и да го најдете вашиот број на пратка и да видите точно како се развиваат фенолите. и , знаете, да ја одредите свежината. Направивме тест на ова масло со 20 луѓе и 5 други маслинови масла. Имаше убав вкус. Имаше интересен вкус. Беше многу зелено, и со многу бибер. но на тестот, испадна последно. Маслиновото масло што беше прво беше шише од Whole Foods 365 маслиново масло кое оксидираше покрај мојата рингла 6 месеци.
Повторувачка тема е дека многу од овие работи се од Јапонија -- Како што ќе забележите.
Не играм голф, така што не можев да ги пробам во реалност овие, но интервјуирав човек кој ги поседува. Дури и луѓето кои ги продаваат палките -- ќе кажат дека овие имаат жлебови по четири оски кои ја минимизираат загубата на брзина и заради тоа овозможуваат подалечни удари -- но знаат да кажат, видете, не добивате перформанси вредни 57,000 долари од овие палки. Плаќате за брендот и сјајот, затоа што тие се обложени со злато и платина. Човекот кој го интервјуирав и кој ги поседува рече дека му причиниле многу задоволство, па...
Ах да, ги знаете овие ? Ова е кафе направено на многу необичен начин. Лувакот е азиски цивет кој живее на палми. тоа е мачка која живее на дрвја, и навечер се симнува и оди по плантажите за кафе. И очигледно е многу пребирлива во јадењето, се фокусира само на најзрелите зрна кафе. И тогаш ензим кој се наоѓа во нејзиниот дигестивен тракт се внесува во зрната, и луѓе чија работа воопшто не е за завидување го пребаруваат изметот шетајќи низ шумата прибирајќи ги, знаете, резултатите и ги процесираат во кафе -- Иако можете да го купите и во оригиналната не процесирана форма. Точно
во Јапонија се прават луди работи со тоалетните шољи.
Сега има нова Тоалетна шоља со МP3 свирач на неа. Има една со вграден парфем. Има една која всушност ја анализира содржината на шољата и ги испраќа резултатите преку електронска порака на доктор. нешто како домашен медицински центар -- и тоа е насоката во која се движи Јапонската тоалетна технологија. Оваа ги нема сите можни функционалности, но од чисто функцонална страна е речиси најдобра -- Неорест 600. И за да ја пробам -- не можев да добијам на заем, но отидов во салонот на производителот, Тото, во Менхетн, и имаат купатило во салонот каде може да го пробате, што и направив. Потполно е автоматизирано -- кога му се доближувате, седиштето се подига. Седиштето е претходно загреано . Има воден млаз кој ве мие. има воздушен млаз кој ве суши. Кога ќе станете, само пушта вода. капакот се затвора, и само се чисти. Не само што е технолошки скок напред, но исто така верувам дека е и културен скок напред. мислам, без раце, без тоалетна хартија. И сакам едно од нив.
Еве уште едно нешто кое не можев да го добијам на заем. Том Круз наводно поседува ваков кревет. Има мала плочка на едниот крај каде, знаете, е изгравирано името на секој купувач.
За да го пробаме ова, производителот на мене и мојата сопруга ни дозволи да преспиеме во нивниот продажен салон во Менхетн. Светлата влегуваат од улицата, и моравме да најмиме чувар и сите тие работи. Но како и да е, имавме прекрасен сон. А минуваме една третина од животот во кревет. Не мислам дека е толку лоша зделка.
Ова беше забавно. Ова е најбрзата кола која е легално да се вози на патишатата во светот. и најскапата кола во производство. Ми дозволија да ја возам со придружник од фирмата, кој е професионален тркач со автомобили, и се возевме низ кањоните надвор од Лос Анџелес и по пацифичкиот крајбрежен автопат. И, знаете, кога ќе застаневме на семафор луѓето во соседните коли некако , ги климаа главите со почит. Беше вистина извонредно. Имаше прекрасно глатко возење. Повеќето од коли што ги возам, ако одам повеќе од 80 почнуваат да се тресат. Сменив лента на автопатот и возачот, придружникот, рече, „Знаете, возите со 110 милји на час.“ И навистина немав престава дека всушност бев еден од оние неподносливи луѓе кои понекогаш ги гледате како одат низ сообраќајот лево десно, бидејќи беше толку прекрасно. И да бев милијардер, ќе купев една.
Ова е сосема бесплатно видео коешто ќе ви го прикажам за некои од замките на напредната технологија. Ова е Том Круз како пристига на премиерата на „Невозможна Мисија III“ Кога ќе се обиде да ја отвори вратата, може да го наречете „Невозможна Мисија IV".
Имаше една работа до која никако не можев да дојдам, а тоа беше 1947 Шевал Бланк. Шевал Бланк од '47 е веројатно најмистифицираното вино на 20иот век. И Шевал Бланк е необичен вид на Бордо виното по тоа што има голем процент на гроздови од Каберне Франк. А 1947 е легендарна реколта, посебно од десниот брег на Бордо. и двете заедно, таа реколта и таа страна добија таква аура што евентуално придонесе да има речиси култен однос. Но веќе е 60 години старо. И нема многу останато. Она малку што е останато не знаете дали е вистинско -- се смета дека е едно од најфалсификуваните вина на светот. И не многу луѓе се заинтересирани да си ги отворат нивните останати едно до две шишиња за некојси новинар.
Така речиси се откажав пробувајќи да најдам едно шише од тоа вино. Се обидов со препродавачи, со аукционери, ама немаше резултат. И тогаш добив емаил од еден човек со име Бипин Десаи. Бипин Десаи е теоретски физичар од Универзитетот Риверсајд кој како што се испостави е главен организатор за пробувања на ретки вина, и ми рече, „имам закажано дегустирање во скоро време каде ќе сервираме Шевал Бланк“'. И требаше да бидат две вертикали -- ќе имаше 30 реколти од Шевал Бланк, и 30 реколти од Иквем. И тоа беше понуда што не се одбива. Отидов.
Траеше 3 дена, по 4 оброци. И на ручек во Саботата, ја отворивме '47. И знаете, ја имаа таа миризлива мекост, и малку мирисаше и на ленено масло. Потоа го пробав, и ја имаше таа карактеристична богатост како порто, што е карактеристика на ова вино -- заради што и потсеќа на порто на многу начини. Имаше луѓе на мојата маса кои мислеа дека е, знаете, фантастично. Имаше луѓе кои беа помалку импресионирани. А јас не бев којзнае колку импресиониран. И јас не -- можете да го наречете моето непце примитивно -- така да не значи многу ако не сум импресиониран, но не бев единствениот кој реагираше на тој начин. И не беше само на тоа вино. Сите вина кои ги послужија на ова пробување, ако ме послужеа на вечера, ќе беше, знаете, најпрекрасното винско искуство, вистински незаборавно. Но после испивање на 60 одлични вина во тие 3 дена, сите некако се замаглија во едно, и стана речиси напорно искуство.
И сакав да завршам со спомнување на многу интересна студија која излезе порано годинава од некои истражувачи во Стенфорд и Калтек. Тие им дале на испитаниците исто вино, но го обележале со различни цени. Многу луѓе , знаете, рекле дека го сакале повеќе поскапото вино -- иако било истото вино, но тие мислеле дека е различно она кое било поскапо. Но она што било неочекувано , што овие истажувачи го виделе дека МРИ снимката на мозокот на луѓето додека го пиеле виното, не само што тие рекле дека повеќе уживале во поскапото вино повеќе -- туку и нивниот мозок всушност регистирал дека доживува повеќе задоволство од истото вино , со самиот факт дека било обележано со повисока цена.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Може ли среќата да се купи? За да го дознае тоа Бенџамин Валас ги проба најскапите производи во светот, вклучувајќи шише од 1947 Шато Шевал Бланк, 250 грама говедско од Кобе и фамозното Kopi Luwak кафе. Неговата критика можеби ќе ве изненади.
Benjamin Wallace is a journalist and author of The Billionaire's Vinegar, the true story of the world's most expensive bottle of (possibly phony?) wine. He's been a contributor to GQ, Details, Salon and The Washington Post. Full bio »
Translated into Macedonian by Marko Marcevski
Reviewed by Zvezdana Moneva
Comments? Please email the translators above.
33:38 Posted: Dec 2008
Views 951,997 | Comments 154
20:24 Posted: Nov 2008
Views 403,712 | Comments 151
18:56 Posted: Aug 2006
Views 1,146,885 | Comments 107
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign out.