Follow TED
Be the first to know about new TEDTalks, TED news and other announcements.
Click on any phrase to play the video from that point.
Па, добро утро дами и господа. Моето име е Арт Бенџамин и јас сум „матемагионичар“. Тоа значи дека ги комбинирам мојата љубов кон математиката и магијата за да го правам она што јас го нарекувам „матемагија“. Но пред да започнам, имам едно кратко прашање за публиката. Случајно, дали можеби некој ова утро со себе понесе дигитрон? Сериозно, ако имате дигитрон со себе, кренете ја раката, кренете ја раката.
Мислам дека... вие кренавте рака? Донесете го, Донесете го. Некој друг? Гледам, гледам некој во позадината. Вие господине, тоа се тројца, А некој од оваа страна? Во ред, вие таму кај преминот. Вие четворица со вашите дигитрони ќе сакате ли, ве молам, да дојдете овде на сцената. Ајде да ги поздравиме овие доброволци со еден аплауз.
Во ред. Сега, бидејќи јас немав можност да ги испробам вашите дигитрони, морам да се осигурам дека сите тие функционираат правилно. Молам некој да започне така што ќе ни каже еден двоцифрен број. Може еден двоцифрен број?
АБ: 22. И уште еден двоцифрен број, господине?
Помножете го 22 со 47 и треба да добиете 1,034, во спротивно дигитроните не ви функционираат правилно. Дали секој од вас доби 1,034? 1,034?
АБ: 594. Ајде да им дадеме на овие тројца голем аплауз.
Дали би сакале да пробате со постандарден дигитрон, за секој случај? Во ред, супер. Сакам да пробам нешто -- Приметувам дека на некои од вас им требаше време за да дојдат до решението. Тоа е во ред. Ќе ви кажам пократка постапка за множење која ќе биде побрза од дигитроните. Постои нешто што се вика квадрат од бројот, а кое повеќето од нас знаеме дека се добива кога го множиме бројот сам со себе. На пример, пет на квадрат ќе биде?
АБ: 25. Сега, Начинот на кој можеме да квадрираме на повеќето дигитрони -- дозволете да ви демонстрирам со овој -- да го земеме, на пример, бројот 5, притискаме „множење“ а потоа „еднакво“, и на повеќето дигитрони ќе го добиете квадратот. На некои од овие постари RPN дигитрони, постои посебна наредба „х на квадрат“, која ќе ви овозможи дури и побрзо пресметување. Она што сега ќе се обидам да го направам е да квадрирам, на памет, четири двоцифрени броја побрзо отколку што тие можат да пресметаат на нивните дигитрони, дури и ако го користат скратениот метод. Ќе го користам сега вториот ред, и ќе изберам четири од вас -- еден, два, три, четири -- секој нека каже по еден двоцифрен број, и ако го квадрирате првиот број, и ако го квадрирате вториот, третиот и четвртиот, јас ќе се обидам да се натпреварувам со вас. Во ред? Брзо -- двоцифрен број ве молам.
АБ: 59 на квадрат, ОК, и конечно?
АБ: 93 на квадрат. Ќе ги кажете ли вашите одговори , ве молам?
Дозволете ми со ова да одам чекор понатаму. Овој пат ќе се обидам да квадрирам трицифрени броеви. Ова нема ни да го запишувам -- едноставно ќе ги кажувам на глас како што ќе ми бидат кажувани бројките. Било кој, кон кого ќе покажам, нека каже на глас троцифрен број. Било кој од вас нека го потврди одговорот. Само дадете некој знак дека одговорот е точен. Трицифрен број господине, да?
Да? Добро. Друг, друг троцифрен број -- (Аплауз) -- друг троцифрен број, господине?
АБ: 457 на квадрат е 205,849 АБ: 205,849? Да? Во ред, друг, друг троцифрен број, господине?
Публиката: 321. АБ: 321 е 103,041. 103,041. Да? Уште еден троцифрен број ве молам.
Публиката: Ох, 722. АБ: 722 е 500 -- ох, ова е тежок број. Дали е 513,284?
Да? Ох, уште еден, уште еден троцифрен број ве молам.
Публика: 162. - 162 на квадрат е 26,244. Ви благодарам многу.
Дозволете ми да се обидам со ова да одам чекор понатаму.
Сега ќе се обидам да квадрирам четирицифрен број. Сега не морате да се брзате со ова; нема да можам да бидам побрз од вас, но ќе се обидам да дадам точен одговор. За да воведеме уште малку случајност, ајде да го искористиме сега четвртиот ред, да речеме еден, два, три, четири. Ако секој од вас каже по една бројка од нула до девет, ќе добиеме четирицифрен број кој јас ќе го квадрирам.
Публиката: Осум. АБ: Осум. - 9758, за ова ќе ми треба малку повеќе време, па бидете трпеливи. - 95,218,564?
Сега, ќе се обидам да квадрирам петоцифрен број -- и можам -- но за жал повеќето дигитрони не можат.
осум-цифрен капацитет -- нели го мразите тоа? Па, откако го достигнавме лимитот на нашите дигитрони -- што рековте? Дали вашиот оди понатаму --
Дали вашиот оди со повеќе бројки? Ох -- вашиот пресметува?
Првиот маж: Мислам дека јас би можел.
АБ: Ќе разговараме подоцна. Во меѓувреме, дозволете ми да го завршам првиот дел од мојот настап со нешто потешко. Ајде да го земеме најголемиот број на таблата овде, 8649. Ќе сакате ли да го внесете во вашите дигитрони? И наместо да го квадрирате, овој пат сакам овој број да го помножите со било кој друг троцифрен број, но не ми кажувајте со кој број сте множеле -- само помножете го со било кој троцифрен број. Значи би требало да имате за одговор или шестоцифрен или веројатно седмоцифрен број. Колку бројки имате, шест или седум?
АБ: Седум. Дали постои некој возможен начин јас да знам кои се седумте бројки кои ги имате? Кажете „Не“.
Добро. Тогаш јас ќе се обидам да го направам невозможното -- или барем неверојатното. Сега сакам секој од вас да ми каже било кои шест од вашите седум бројки, било кои шест од нив, по било кој редослед сакате.
Еден по еден број, а јас ќе се обидам да погодам кој број ви преостанал. Значи, почнуваме со вашиот седмоцифрен број, ве молам кажете било кои шест од нив.
Првата жена: Еден, ОК, 197042.
Првата жена: Да. АБ: Добро, ОК, тоа е еден. Имате седмоцифрен број, кажете било кои шест од нив ве молам.
АБ: Мислам дека слушнав само пет бројки. Јас -- чекам -- 44875 -- дали го пропуштивте бројот 6?
Втората жена: Да. АБ: Исто како неа, ОК. Вие имате седмоцифрен број -- кажете било кои шест од нив јасно и гласно.
АБ: Мислам дека го пропуштивте бројот 3? Тоа се три. Веројатноста дека сум ги погодувал овие четири бројки наместо да ги пресметувам е еден на 10 000 ; 10 на четврта ОК, било кои шест од нив. Ве молам овој пат навистина да ги измешате.
АБ: Дали го пропуштивте бројот 7? И ајде да им дадеме на овие четворица голем аплауз. Ви благодарам многу. За мојот следен број -- (Смеа) додека јас ментално ги полнам батериите, имам едно прашање за публиката. Дали случајно, некој овде го знае денот од неделата на кој е роден? Ако мислите дека го знаете својот роденден, кренете рака. Ајде да видиме, да почнеме со -- ајде да почнеме прво со господинот, ОК господине, најнапред, која година беше тоа? Затоа почнав прво со господин. Која година?
Публиката: Ноември. АБ: Ноември кој?
АБ: 23-ти -- дали тогаш беше Понеделник? Публиката: Да. Да, добро. Некој друг? Кој друг би сакал -- гледате нема -- не гледам жените да креваат рака. ОК, па -- ајде вие, која година?
Публиката: 1949. АБ: 1949, а месец?
Публиката: Октомври. АБ: Октомври кој?
АБ: Петти -- дали тогаш беше среда? Да, моја -- Сега ќе одам со задните редови, може ли вие? Кажете, која година? Публиката: 1959.
АБ: Кој Февруари? Публиката: Шести.
АБ: Шести -- дали беше тогаш петок? Публиката: Да. Добро, ајде личноста позади неа? Кажете -- кажете -- која година беше тоа?
Публиката: 1947. АБ: 1947, а месец?
Публиката: Седми. АБ: Седми -- дали тоа беше среда?
Има ли некој кој би сакал да го знае денот од неделата кога бил роден? Можеме и така. Се разбира, јас би можел да го измислам одговорот, а вие нема да знаете, затоа јас дојдов подготвен. Донесов со мене една книга со календари. Има податоци се до далечната 1800-та, бидејќи никогаш не се знае.
Не гледав намерно во вас, господине -- вие едноставно седевте тука. Како и да е, Крис, можеш да ми помогнеш овде, ако немаш против. Ова е книга со календари, и јас ќе прашам -- кој беше тој што сакаше да си го знае денот на раѓањето? Вие господине? ОК. Најнапред, која година беше тоа?
АБ: ’66 -- го вртиме календарот на 1966 -- а кој месец?
Публиката: Април. АБ: Кој Април?
Публиката: 17-ти. АБ: 17-ти -- верувам дека беше Недела. Можеш ли да потврдиш Крис?
Крис Андерсон: Да. АБ: Во ред, ОК. Ќе ти кажам нешто Крис: додека ја имаш таа книга пред тебе, направи ми услуга, заврти кај некоја година надвор од 1900, или кај 1800-тите или кај 2000-тите -- тоа би бил многу поголем предизвик за мене. Која година, Крис, би сакал?
АБ: 1824, ОК. - А кој месец? КА: Јуни.
АБ: Шести -- дали беше Недела?
КА: Да беше. АБ: И беше облачно. Добро, ти благодарам многу.
Но би сакал сега да завршам повикувајќи се на нешто од почетокот на презентацијата. Имаше овде еден господин кој имаше дигитрон кој пресметува до 10 цифри. Каде е, ќе станете ли, дечкото со 10-цифри? ОК, можете ли накратко да станете, само да видам каде сте. Ок, ох, ОК -- и вие имате дигитрон со 10 цифри, господине? ОК, она што ќе се обидам и ќе го направам сега, е да квадрирам на памет петоцифрен број за што е потребен дигитрон со 10 цифри. Но за да ја направам мојата работа поинтересна за вас, како и за мене, ќе го решавам овој проблем размислувајќи на глас. Така да вие всушност, ќе можете да слушнете што се случува во мојот ум додека јас ја правам големата пресметка.
Сега, ќе морам да му се извинам на нашиот магионичар Ленарт Грин. Знам дека ние како магионичари не би требало да ги откриваме нашите тајни, но јас не се плашам од тоа дека луѓето ќе почнат да го изведуваат моето шоу од следната недела, па -- мислам дека сме ОК. Па, да видиме, да земеме -- да земеме луѓе од различни редови, почнувајќи од вас. Ќе добијам пет бројки: еден, два, три, четири -- ох, овој ред веќе беше. Ајде да го земеме претходниот ред, почнувајќи од вас господине: еден, два, три, четири, пет. Кажете по една бројка -- тоа ќе биде петтоцифрен број кој јас ќе се обидам да го квадрирам. Почнете.
Публиката: Три. АБ: Три. - 57, 683. на квадрат. Бљак.
Да ви објаснам како ќе го решам овој проблем. Ќе го разделам проблемот на три дела. Ќе го ставам 57,000 на квадрат, плус 683 на квадрат, плус 57,000 помножено со 683 помножено со два. Пресметајте ги сите овие бројки заедно, и со малку среќа, ќе дојдете до одговорот. Сега, да резимираме. Ви благодарам. Уште нешто да ви објаснам -- -- знам ова би можело да ви користи, нели? Додека пресметувам, можеби ќе слушнете некои зборови, кои не се бројки, како доаѓаат во текот на пресметувањето. Да ви објаснам што е тоа. Тоа е фонетски код, мнемоничка техника која ја користам, а со која можам да ги претворам бројките во зборови. Ги помнам како зборови, а подоцна повторно ги претворам во бројки. Знам дека звучи комплицирано; но не е -- Само не сакам да мислите дека гледате нешто од филмот „Дождовниот човек“.
Дефинтивно има ред во оваа моја лудост -- дефинитивно, дефинитивно. Извинете.
Ако сакате подоцна да разговарате со мене за ADHD, можеме за тоа подоцна. Во ред -- на крај, една последна инструкција, за моите судии со калкулаторите -- ОК, знаете кои сте -- има барем 50 проценти шанса дека овде ќе направам грешка. Ако направам, не ми кажувајте која е грешката; само речете „блиску си“, или нешто слично, а јас ќе се обидам и ќе го најдам одговорот -- а тоа ќе биде многу забавно ако се случи. Во случај ако погодам, немојте тоа да го криете, ОК?
Бидете сигурни сите да дознаат дека сум дал точен одговор, бидејќи ова е мојот голем завршеток, ОК. Па, да не одолговлекуваме повеќе, да почнеме. Јас ќе почнам со проблемот од средината, со 57 помножено со 683. Сега, 57 помножено со 68 е 3,400, плус 476 е 3876, тоа е 38,760 плус 171, 38,760 плус 171 е 38,931. 38,931; дуплирано тоа е 77,862. - 77,862 станува „колаче“ и „фисија“, cookie fission е 77,822. Тоа изгледа точно, ќе продолжам. Колаче фисија, ОК. Понатаму, ќе го квадрирам 57, а тоа е 3,249, па можам да кажам, три милијарди. Земете го 249 и додадете го на колаче, 249, упс, гледам дека ќе има пренос -- 249 -- додади го тоа на колаче, 250 плус 77, е 327 милиони -- фисија, фисија, OK, конечно, го квадрираме 683, тоа е 700 помножено со 666, плус 17 на квадрат е 466,489, ми треба тоа побрзо, побрзо, земи го 466, додади го на фисија, и добиваш, а да -- 328,489.
Ви благодарам многу. Се надевам дека уживавте во матемагијата. Ви благодарам.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Во овој енергичен настап, Артур Бенџамин се обидува да биде побрз од дигитронот при пресметувањето на квадрат од трицифрени броеви, да реши исклучително тешки равенки во глава и да погоди неколку родендени. Како го прави тоа? Тој ќе ви каже.
Mathematician and magician Arthur Benjamin combines his two passions in "Mathemagics," a mind-boggling presentation of lightning calculations and other feats of mathematical agility. Full bio »
Translated into Macedonian by Rozeta Pavlova
Reviewed by Marko Marcevski
Comments? Please email the translators above.
14:33 Posted: Apr 2007
Views 601,018 | Comments 77
19:49 Posted: Jul 2008
Views 3,507,145 | Comments 437
31:08 Posted: Aug 2008
Views 1,341,568 | Comments 85
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign out.