Овде сум за да зборувам за чудото и мистеријата наречено свесен ум. Чудото се однесува на фактот дека ние сите се разбудивме ова утро и со самото тоа доживеавме неверојатен повраток на нашиот свесен ум. Си ги вративме умовите со целосно чувство за себе и целосно чувство за нашето постоење, но и покрај тоа ретко кога размислуваме за ова чудо. Ние треба, всушност, бидејќи без немање на оваа можност за свесни умови, ќе немавме било какво знаење за нашето човештво; ќе немавме било какво знаење за светот. Ќе немавме болки, но исто така и радости. Ќе немавме пристап до љубов или до способноста да создаваме. И се разбира, Скот Фицџералд е познат по изјавата која гласи "тој што ја создал свесноста има многу за што да биде обвинет." Но исто така заборавил дека без свесноста, би немал пристап до вистинска среќа и дури можноста за трансцеденција.
Толку за чудото, сега за мистеријата. Ова е мистерија која навистина е тешко да биде расветлена. Уште во почетокот на филозофијата и сигурно низ историјата на неврологијата, ова било една мистерија која секогаш избегнувала расветлување, и била проследена со големи контраверзи. Всушност има многу луѓе кои сметаат дека дури не смееме да ја допираме; треба само да ја оставиме, не треба да ја решаваме. Не верувам во тоа, и мислам дека ситуацијата се менува. Ќе биде смешно да тврдиме дека знаеме како ја создаваме свесноста во нашите мозоци, но со сигурност можеме да почнеме со приближување кон прашањето, и можеме да почнеме да ја гледаме формата на решението.
Уште една работа што ни оди во прилог е фактот дека имаме технологии за снимање кои ни овозможуваат да влеземе внатре во мозокот и да бидеме во можност, на пример, да го правиме ова што го гледате сега. Ова се слики кои доаѓаат од лабораторијата на Хана Дамасио, и кои ви покажуваат жив мозок, т.е. реконструкцијата на тој мозок. И ова е личност која е жива. Ова не е личност што е проучувана за време на аутопсија. Дури -- и ова е нешто навистина зачудувачко -- следно што ќе ви покажам е што е тоа што се случува под површината на мозокот т.е. сега го гледате живиот мозок и вистинските врски, вистинските патишта. Значи сите тие обоени линии кореспондираат на збирови од аксони, влакната кои ги спојуваат клеточните тела со синапсите. Жал ми е што ќе ве разочарам, синапсите не се обоени. Но, како и да е, тие се таму. Боите се кодови за насоката, за тоа дали е од назад кон напред или обратно.
Што претставува свесноста? Што претставува свесниот ум? Можеме да тргнеме од едноставно гледиште и да речеме, свесноста е она што губиме кога ќе заспиеме длабоко без да сонуваме, или она што губиме кога сме под анестезија, и таа е она што повторно добиваме кога ќе се разбудиме од спиење или од анестезија. Но каква е поточно таа работа што ја губиме под анестезија, или кога сме во длабоко заспани? Пред сè, тоа е умот, кој пак е тек на ментални слики. Исто така овде спаѓаат сликите кои можат да бидат сензорни обрасци, визуелни, какви што имате токму сега кога ме гледате мене и бината, или аудиторни звуци, какви што имате додека ги слушате моите зборови. Тој тек на ментални слики е умот.
Но, постои нешто друго што сите ние во оваа просторија го доживуваме. Ние не сме пасивни емитувачи на визуелни или аудиторни или тактилни слики. Ние имаме себства. Ние имаме Јас кое што е автоматски присутно во нашите умови во овој момент. Ние ги поседуваме нашите умови. Ние имаме чувство дека секој од нас го доживува ова -- а, не личноста што седи до вас. Отуука за да имате свесен ум, вие имате себство внатре во свесниот ум. Значи свесниот ум е ум кој поседува себство. Себството придонесува за субјективната перспектива на умот, а ние сме целсоно свесни тогаш кога сме само-свесни. Оттука, она што треба да знаеме за да се зафатиме со оваа мистерија е, број еден, на кој начин се раѓа умот во мозокот, и, број два, како се формираат себствата.
Првиот проблем е релативно лесен -- воопшто не е лесен -- но е нешто на што неврологијата постепено му се пристапувала. Прилично е јасно дека, за да направиме умови, треба да конструираме нервни мапи. Замислете мрежа, како оваа што ви ја покажувам сега, и сега замислете, внатре во таа мрежа, дводимензионална табела, замислете неврони. И замислете билборд, дигитален билборд, во кој имате елементи кои се палат и гасат. И во зависност од како ќе ја креирате шемата на активирање или неактивирање на дигиталните елементи т.е. неуралните елементи во мрежата, ќе бидете во можност да направите мапа. Ова што ви прикажувам е визуелна мапа, меѓутоа ова важи за секој вид на мапа -- аудиторна, на пример, со звучни фрекфенции, или мапите кои ги конструираме со нашата кожа кога допираме одреден предмет.
Сега да се вратам на поентата за тоа колку е тесна -- поврзаноста помеѓу мрежата неврони и топографската распределеност на невронската активност со нашето ментално доживување -- Ќе ви раскажам лична приказна. Доколку си го покријам левото око -- Зборувам само за себе, не и за вас -- ако си го покријам левото око, погледнам во мрежата -- слична на оваа што ви ја прикажав. Се е убаво, фино и под прав агол. Меѓутоа пред некое време, открив дека ако си го покријам левото око, јас гледам нешто вакво. Ќе погледнам во мрежата и ќе видам свиткување на работ од моето централно-лево поле.
Многу чудно -- го анализирав ова некое време. Меѓутоа неодамна, со помош на еден офталмолог мој пријател, Кармен Пулијафито, кој создаде ласерски скенер за ретината, го открив следното. Доколку си ја скенирам ретината хоризонтално, како што гледате сега на сликата, го добивам следното. На десната страна, ретината е перфектно симетрична. Гледате надолу кон фовеата каде што почнува оптичкиот нерв. Но, на левата ретина имам нерамнина, која што е означена со црвената стрелка. Под оваа нерамнина се наоѓа една мала циста. И токму таа го предизвикува искривувањето на мојата визуелна слика.
Само размислете за ова: имате мрежа на неврони, и сега имате чиста механичка промена на местото на мрежата, и со тоа добивате искривување на менталното доживување. Ова зборува за тесната поврзаност на вашето ментално доживување со активноста на невроните од ретината, која што е дел од мозокот лоциран во окото, т.е. дел од визуелниот кортекс. Од ретината сигналите одат во визуелниот кортекс. Мозокот врши значително дополнување на информациите што доаѓаат од ретината. На сликата овде, гледате различни острови на региони во мозокот кои создаваат слики. Зеленото на пример, е одговорно за тактилните информации, или синото кое кореспондира на звучните информации.
Друго нешто што е важно е дека тие региони одговорни за создавање на перцепцијата претставени овде на сликата, потоа испраќаат сигнали кон овој виолетов океан што го гледате наоколу, а тоа е асоцијативниот кортекс, кој прави записи за активноста на тие острови одговорни за создавање на перцепцијата. Она што е убавото е дека можете да ја повикате меморијата, од тој асоцијативен кортекс, со цел како би ги создале истите слики во истите тие региони одговорни за перцепцијата. Само помислете колку e економичен и мрзелив мозокот. Одредени области се одговорни за перцепција и создавање на слики. Истовремено тие се истите области што се користат за создавање на слики кога се повикуваме на информации од меморијата.
Досега мистеријата за свесниот ум почна полека да се намалува бидејќи имаме генерално знаење за процесот на создавање на овие слики. Но, што е со чувството за себе? Нерешливиот проблем е себството. Долго време, луѓето не сакале ни да се занимаваат со него, и велеле, "Како можете да ја имате оваа референтна точка, и стабилност, што е потребна за одржување на континуитетот на себствата од ден во ден?" Размислував за решение на овој проблем. Тоа е следното. Ние создаваме мозочни мапи за внатрешноста на телото и ги користиме истите како референтна точка за сите други мапи.
Да ви кажам за тоа како дојдов до ова решение. Размислував дека, за да имате референтна точка што се вика себство -- Мене, Јас во сопственото процесирање -- треба да имаме нешто што е стабилно, нешто што не се менува многу од ден во ден. Ние имаме единствено тело. Имаме едно тело, не две, не три. Од тука почнува сè. Постои само една референтна точка, а тоа е телото. Меѓутоа, телото има многу делови, и нештата се развиваат со различна брзина, тие имаат различна големина и различни луѓе, меѓутоа не е таков случајот со внатрешноста. Нештата што се поврзани со она што е познато како наша внатрешна средина -- на пример, целото управување на хемијата во нашето тело е, всушност, одржувана на исто ниво од ден во ден поради една многу добра причина. Доколку отстапувате премногу од параметрите кои се во средината помеѓу границите кои овозможуваат преживување, тогаш ќе развиете болест или ќе умрете. Значи ние имаме вграден систем во нашите животи кој што овозможува некаков вид на континуитет. Сакам да го нарекувам речиси безгранична истост од ден во ден. Доколку ја немате таа физиолошка истост, или ќе се разболите или ќе умрете. Тоа е уште еден елемент што придонесува за континуитетот.
И последната работа е дека постои многу тесна поврзаност помеѓу мозочната регулацијата на нашето тело и самото тело, која што се разликува од другите видови на повзраност. На пример, јас создавам слики од вас, но, не постои никаква физиолошка врска помеѓу сликите што ги имам за вас како публика и мојот мозок. Како и да е, има тесна, постојано одржувана врска помеѓу мозочните делови одговорни за регулација на телото и самото тело.
Еве како изгледа. Погледнете го овој регион. Ова е мозочното стебло помеѓу церебралниот кортекс и 'рбетниот мозок. Тоа е регионот што ќе ви го означам сега а во кој се наоѓаат сите направи за регулирање на телото. Овој дел е толку многу специфичен, на пример, доколку го погледнете делот обоен во црвено во горниот дел од мозочното стебло, доколку се оштети тој дел како резултат на инфаркт, на пример, тогаш паѓате во кома или во вегетативна состојба, која што е сосотојба во којашто вашиот ум изчезнува, т.е. изчезнува вашата свесност. Она што всушност се случува тогаш е губење на основата за себе-доживувањето, т.е. повеќе немате пристап до никакво чувство за вашето постоење, и, всушност, може да се јават слики, кои се формираат во церебралниот кортекс, освен што вие нема да знаете дека се таму. Всушност ќе ја изгубите свесноста доколку ви се оштети тој црвен дел од мозочното стебло.
Но, доколку истото се случи со зелениот дел од мозочното стебло, тогаш нема таков ефект. Ова зборува за специфичноста. Доколку ја оштетите зелената компонента, од мозочното стебло, а се случува често, тогаш добивате целосна парализа, но вашиот свесен ум е зачуван. Чувствувате, знаете, имате целосно свесен ум за кој дознаваме многу индиректно. Ова е ужасна состојба. Не би сакале да ја видите. Луѓето се, всушност, заробени во нивните тела, но истовремено имаат ум. Имаше еден многу интересен филм, еден од ретко добрите филмови направени за ваква состојба, од страна на Џулиан Шнабел пред неколку години за еден пациент во таква состојба.
Ќе ви покажам една слика. Ветувам дека нема да зборувам за ова, ова е само за да ве исплашам. Само за да ви кажам дека во црвениот дел од мозочното стебло, има, да поедноставам, сите тие мали квадратчиња кореспондираат на модулите кои всушност ги прават мозочните мапи за различните аспекти од нашата внатрешност, различните аспекти од нашето тело. Тие се исклучиво топографски и се исклучиво меѓусебно поврзани во рекурзивна шема. Токму оваа тесна поврзаност помеѓу мозочното стебло и телото верувам -- можеби и грешам, но не мислам дека грешам -- го овозможува мапирањето на телото кое што обезбедува основа за себството кое што пак доаѓа во форма на чувства -- примордиални чувства.
Каква слика гледаме овде? Погледнете во "церебралниот кортекс", погледнете во "мозочното стебло", погледнете во "телото", и ја добивате меѓусебната поврзаност во која мозочното стебло ја обезбедува основата за себството во многу тесна поврзаност со телото. Го имате церебралниот кортекс кој е одговорен за спектаклот на нашите умови кои се преполни со слики кои се пак, всушност, содржина на нашите умови и на кои што најмногу им обрнуваме внимание, онака како што треба, бидејќи тоа е филмот што ни се мота низ нашите умови. Меѓутоа погледнете на стрелките. Не се тука само за изглед. Тие ја прикажуваат оваа многу тесна интеракција. Не можете да имате свесен ум доколку ја немате интеракцијата помеѓу церебралниот кортекс и мозочното стебло. Не можете да имате свесен ум доколку ја немате интеракцијата помеѓу мозочното стебло и телото.
Друго што е интересно е дека мозочното стебло кое го поседуваме го поседуваат и други различни видови. Кај другите 'рбетници, дизајнот на мозочното стебло е многу сличен на нашиот, што е пак една од причините поради која мислам дека тие видови имаат свесни умови како и ние. Само што нивните не се толку богати како нашите, бидејќи тие немаат церебрален кортекс како нас. Тука лежи разликата. Јас силно се спротиставувам на идејата дека свесноста треба да се смета како голем продукт на церебралниот кортекс. Тој е одговорен единствено за богатството на умот а не за самиот факт дека имаме себство на кое можеме да се повикаме за нашата егзистенција, и за тоа дека имаме чувство за индивидуалност.
Има три нивоа на себе-доживување што треба да ги разгледаме прото-ниво, јадрено-ниво и автобиографско ниво. Првите две ги споделуваме со многу, многу други видови, и тие всушност произлегуваат воглавно од мозочното стебло и од оној колку-толку присутен кортекс во тие видови. Автобиографското себство e, а кое го поседуваат и некои видови, мислам. Китовите и приматите исто така имаат автобиографско себство до одредено ниво. И сечие куче по дома има автобиграфско себство до одредено нив. Но, новоста се наоѓа овде.
Автобиографското себство е изградено врз основа на минатите сеќавања и сеќавањата за плановите што сме ги направиле; тоа е преживеаното минато и очекуваната иднина. Автобиграфското себство поттикнало развој на богата меморија, размислување, имагинација, креативност и јазик. Од тоа пак произлегле инструментите на културата -- религиите, правдата трговијата, уметностите, науката, технологијата. И токму во таа култура добиваме -- ова е новост -- нешто што не е целосно одредено од нашата билогија. Туку е развиено во културите. Развиено во колективи на човечки битија. Ова е, се разбира, културата каде што сме создале нешто што јас сакам да го нарекувам социо-културна регулација.
И на крај, со право можете да прашате, зошто е важно ова? Зошто е важно дали е мозочното стебло или церебралниот кортекс и како е направено? Три причини. Прво, љубопитност. Приматите се екстремно љубопитни -- а луѓето најмногу од сите. Доколку сме заинтересирани, на пример, во фактот дека анти-гравитацијата ги одвлекува галаксиите подалеку од Земјата, зошто да не бидеме заинтересирани за тоа што се случува внатре во човечките битија?
Второ, разбирање на општеството и културата. Треба да гледаме како општеството и културата се градат преку оваа социо-културална регулација која сеуште трае. И последно, медицина. Да не забораваме дека едни од најтешките болести на човештвото се болестите како депресијата, Алцхајмеровата болест, зависноста од дроги. Размислете за инфарктите што можат да ви го уништат умот или да ве направат несвесни. Немате молитви за ефикасно третирање на овие болести немате начин кој би бил едноставен доколку не знаете како фунционира сето ова. Ова е многу добра причина покрај љубопитноста за да го оправдаме она што го правиме, и да го оправдаме интересот што го имаме за нашите мозоци.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Секое утро се будиме и повторно си ја враќаме свесноста -- тоа е неверојатен факт -- но што всушност ни се враќа? Неврологот Антонио Дамасио го користи ова едноставно прашање за да ни покаже како нашите мозоци го создаваат нашето себе-доживување.
Antonio Damasio's research in neuroscience has shown that emotions play a central role in social cognition and decision-making. His work has had a major influence on current understanding of the neural systems, which underlie memory, language, consciousness. Full bio »
Translated into Macedonian by ALEKSANDAR MITEVSKI
Reviewed by Zvezdana Moneva
Comments? Please email the translators above.
21:48 Posted: Apr 2007
Views 1,310,886 | Comments 340
19:25 Posted: Sep 2010
Views 602,825 | Comments 405
15:21 Posted: Nov 2011
Views 708,880 | Comments 92
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.