Кога започнувам дискусии како оваа, обично зборувам опширно за одржливоста затоа што многу луѓе не знаат што е тоа. Ова е толпа што знае што е тоа, па би сакал само да направам едноминутно сумирање. Важи? Значи останете со мене. Ќе одиме навистина брзо, знаете? Пополнете во празнините. Па, знаете, одржливост, мала планета. Така? Претставете си ја малата Земја, вртејќи се околу Сонцето. Знаете, пред околу 1 милион години, неколку мајмуни паднале од дрвјата, станаа малку паметни, почнаа да употребуваат огин, ја измислија печатарската преса, направија, багаж со тркала на него. И, знаете, го изградија општеството во кое живееме. За несреќа, додека ова општество е, без сомнеж, најпросперитетното и најдинамичното кое светот го создал, има некои големи, големи пропусти.
Еден од нив е тоа што секое општество има еколошки отпечаток. Има износ на влијание на планетата кое е мерливо. Колку работи поминуваат низ вашиот живот, колку отпад е оставен зад вас. И ние, во овој момент, во нашето општество, имаме навистина драматично неодржливо ниво на ова. Ние трошиме околу пет планети. Ако секој на планетата живееше како нас, би ни биле потребни пет, шест, седум, некои луѓе дури велат 10 планети за да успееме. Јасно е дека немаме 10 планети. Повторно, значи, ментално, визуелирајте, 10 планети, една планета, 10 планети, една планета. Така? Го немаме тоа. Значи тоа е еден проблем.
Вториот проблем е тоа што планетата што ја имаме е користена потполно запостаувачки. Така? Луѓето од Северна Америка, како мене самиот, знаете, ние сме во суштина ненаситни свињи, и јадеме сешто. И тогаш, доаѓате најдоле до луѓето што живеат во Азичко-Пацифичкиот регион, или уште повеќе, Африка. И луѓето едноставно немаат доволно да преживеат. Ова предизвикува секаков вид на тензии, секаков вид на динамики кои се длабоко вознемирувачки. И повеќе и повеќе луѓе се на пат. Така? Ова е како ќе изгледа планетата за околу 20 години. Ќе биде доста натрупано место, најмалку осум милијарди луѓе.
За да бидат работите уште потешки, ова е многу млада планета. Една третина од луѓето на оваа планета се деца. И тие деца растат на комплетно поинаков начин од нивните родители, без разлика каде живеат. Тие се изложени на оваа идеја за нашето опшетство, за нашиот напредок. И тие можеби нема да сакаат да живеат баш како нас. Можеби нема да сакаат да бидат американци, или британци, или германци, или јужно африканци, но тие сакаат нивна верзија на живот кој е понапреден, подинамичен, и попривлечен. И сите овие работи се комбинираат да создадат огромна количина на притисок врз планетата. И ако не можеме да најдеме начин да се справиме со тој притисок, ќе се најдеме повеќе и повеќе и побрзо соочувајќи се со ситуации кои се едноставно незамисливи.
Секој во оваа соба слушнал за најлош-случај сценаријата. Нема да одам во тоа. Но, ќе го поставам прашањето, која е алтернативата? И би сакал да кажам дека, во моментот, алтернативата е несфатлива. Знаете, на една страна го имаме незамисливото, а на другата страна го имаме несфатливото. Ние се уште не знаеме како да изградиме општество кое одржливо за животната средина, кое може да се сподели со сите на планетата, кое промовира стабилност и демократија и човечки права, и кое е достижно во временската рамка која е неопходна за да се надминат предизвиците со кои се соочуваме. Ние уште не знаеме како да го постигнеме тоа.
Значи, што е Worldchanging? Па, Worldchanging можете да го замислите како на еден вид новинска агенција за незамисливата иднина. Знаете, тоа што ние го правиме е потрага по примери на алатки, модели и идеи, кои, ако се применат нашироко, можат да ја променат ситуацијата. Така? Многу пати, кога држам ваков говор, зборувам за работи што секој во оваа соба, јас сум сигурен веќе слушнале за нив, да, ама повеќето луѓе не се слушнале. Па мислев денеска да направам ништо малку поразлично, и да зборувам за тоа што ние го бараме, наместо да зборувам, знаете, ќе ви дадам неколку испробани и проверени примери. Ќе зборувам за нештата што ние ги истражуваме. Ќе ви овозможам да ѕирнете во нашата уредничка тетратка. И знаејќи дека имам 13 минути да го сторам тоа, ова ќе биде малку набрзина. Па, не знам, само останете со мене. Важи?
Најпрво, по што трагаме? Голем Зелен град. Еден од најголемите средства што ги имаме во развиениот свет за менување на влијанието што го имаме врз планетата е менувањето на начинот на кој живееме во градовите. Ние веќе сме урбана планета, што е особено точно во развиениот свет. И луѓето кои живеат во развиениот свет се воглавно многу напредни, и затоа користат многу работи. Ако можеме да ја смениме динамиката, со тоа што како прво ќе градиме градови што се погусто населени и попригодни за живеење... Еве, за пример, е Ванкувер, што ако не сте биле таму, морате да одите и да го посетите. Тоа е неверојатен град. И тие веќе работат на густина, нова густина, подобра од веројатно било кој друг на планетата моментално. Тие всушност успеваат да ги наговорат луѓето од Северна Америка да не возат коли, што е навистина одлична работа. Значи имате густина. Ама исто имате управување со развојот. Оставате настрана што е природно да си биде природно.
Ова е во Портланд. Ова е вистинско уредување. Земјата таму ќе остане пасиште постојано. Тие го ограничиле градот со линија. Природа, град. Ништо не се менува. Кога еднаш ќе ги направиш овие работи, можеш да почнеш со секакви инвестиции. Можеш да почнеш да градиш проекти како, транзитни системи што всушност работат на превоз на луѓе, на ефективен и разумно удобен начин. Така? Можеш да почнеш да ги менуваш своите градби. Ова е Бедингтон Нула Енергија Градба во Лондон, што е една од најзелените згради во светот. Тоа е неверојатно место. Ние сме способни сега да градиме градби што си ја произведуваат сета потребна електрична енергија, што ја рециклираат повеќето од нивната вода, што се многу поудобни од стандардните згради, користат целосно природна светлина, итн, и со текот на времето чинат помалку. Зелени покриви. Бил МекДоноу ја покри таа тема вчера вечер, па јас нема многу да се задржам на тоа.
Но, кога еднаш имаш луѓе што живеат релативно близу еден до друг, една од работите што можеш да ги направиш е -- како што информациските технологии се развиваат -- можеш да воведеш паметни места. Можеш да почнеш да знаеш каде се нештата. Кога знаеш каде се нештата, станува многу полесно да ги споделиш. На ваков начин, нивното користење е поефикасно. Така еден одличен пример се клубовите за делење на коли, што стануваат навистина популарни во САД, се веќе популарни на многу места во Европа, и се одличен пример. Ако сте некој кој вози, еднаш неделно, дали навистина имате потреба да поседувате автомобил?
Друга работа што информатичката технологија ни овозможува е да почнеме со изнаоѓање начини како да користиме помалку нешта со тоа што ќе знаеме, и ќе ја надгледуваме количината што ја користиме. Еве електричен кабел што свети посилно кога трошите повеќе енергија, што е навистина одличен концепт, иако јас мислам дека би требало да работи обратно, да биде посветол што помалку енергија користиш. Но, знаете, има уште поедноставен начин. Би можеле само да ги преименуваме нештата. Прекинувачот за светло на кој пишува на една страна, поплава од светлина, а на другата, исклучено. И начинот на кој ги дизајнираме нештата исто така може да се смени. Ова е био-морфиска зграда. Нејзината форма е инспирирана од животот. Многу од овие згради се неверојатно убави, и исто така многу поефективни. Ова е пример на био-мимикрија, што е нешто што ние навистина почнуваме да го гледаме почесто. Во овој случај, имаме дизајн во вид на школка кој бил употребен да се создаде нов вид на издувен вентилатор, кој е значително поефективен. Има многу вакви работи што се случуваат, навистина е забележливо. Ве охрабрувам да погледате на Worldchanging ако сте заинтересирани. Ние почнуваме да покриваме вакви случувања се повеќе и повеќе. Постои, исто така нео-биолошки дизајн, каде се повеќе и повеќе го користиме самиот живот за животните процеси да станат дел од нашата индустрија. Па ова, на пример, е алга која генерира водород. Имаме потенцијален модел, модел којшто го разгледуваме за тоа како да ги земеме градовите во кои повеќето од нас живеат, и да ги претвориме во Светли Зелени градови.
Но, за жал, повеќето од луѓето на планетата не живеат во градовите во кои ние живееме. Тие живеат во мега градовите кои се појавуваат во светот во развој. И има статистика што често ја користам, која вели дека додаваме град Сиетл секои четири дена, град со големината на Сиетл на планетата секои четири дена. Држев говор пред околу два месеца, и овој човек, кој работел за Обединетите Нации, дојде до мене и беше навистина вознемирен, и ми кажа, види, ти си го разбрал тоа сосема погрешно, тоа е сосема погрешно. Тоа е секои седум дена. Значи, додаваме град со големината на Сиетл секои седум дена, и повеќето од тие градови изгледаат повеќе како ова отколку како градот во кој Вие или јас живееме. Повеќето од тие градови растат неверојатно бргу. Тие немаат постоечка инфраструктура, имаат огромен број на луѓе кои се борат со сиромаштија, и огромен број на луѓе кои се обидуваат да разберат како да работат на нови начини. Така?
Значи што ни е потребно за да можеме да ги трансформираме во земјите во развој мега-градовите во Светли Зелени мега-градови? Па, првата работа што ни е потребна, потребен ни се скокови во развојот. И ова е една работа што ја бараме насекаде. Идејата зад скоковите во развојот е дека ако си ти личност, или земја, која е заглавена во ситуација кадешто ги немаш алатките и технологиите што ти се потребни, нема причина за да инвестираш во технологиите од последната генерација. Така? Дека ти си во многу подобра положба, скоро универзално, барајќи евтина или локално применлива верзија на најновата технологија. Тоа може да го забележиме во светот на мобилните телефони. Така? Насекаде низ светот во развој, луѓето одат директно на мобилни телефони, прескокнувајќи ја целата етапа со фиксните линии. Ако има фиксни линии во многу градови во светот во развој, тие се вообичаено навистина лоши системи што се често се расипуваат, и чинат огромни суми на пари. Така? Така да, на мене ми се навистина допаѓа оваа слика овде. Особено ми се допаѓа Ганешот во позадината, кој зборува на мобилен телефон. Гледаме дека мобилните телефони се повеќе се пробиваат во општеството. Сите ние слушнавме се за ова оваа недела, па нема да кажам многу повеќе, освен тоа дека она што е вистина за мобилните телефони важи за сите видови на технологии.
Втората работа се алатките за соработка, дали тоа се системи за соработка, или системи на интелектуална сопственост кои охрабруваат соработка. Така? Кога постои слободна можност за луѓето слободно да работат заедно и да иновираат, добиваш различни видови на решенија. И тие решенија се достапни на различен начин на луѓе што немаат капитал. Така? Па, знаете, имаме опен сорс софтвер, имаме Creative Commons и други видови на Copyleft решенија. Така? И тие работи водат то нешта како ова. Ова е Телецентро во Сао Паоло. Ова е прилично голем програм кој користи бесплатен и опен сорс софтвер, евтин и модифициран хардвер, и во суштина напуштени згради -- кој организира неколку социјални центри каде луѓето можат да дојдат, да добијат брз интернет пристап, и да научат компјутерски вештини бесплатно. Четвртина милион луѓе секоја година ги користат овие центри во Сао Паоло. И тие четвртина милион луѓе се едни од најсиромашните луѓе во Сао Паоло. На мене посебно ми се допаѓа малиот Линукс пингвин во позадината.
Значи едно од нештата до кои ова води е еден вид на јужна културна експлозија. И едно од нештата за кои ние во Worldchaning сме навистина заинтересирани се начините на кои југот се ре-идентификува, и се ре-категоризира на начини што имаат се помалку и помалку врска со повеќето од нас во оваа просторија. Значи не е, знаете, Боливуд не е само одговор на Холивуд. Така? Знаете, бразилската музичка цена не е само одговор на големите ѕвезди. Креира нешто ново. Има нови работи кои се случуваат. Има комуникација помеѓу нив. И, знаете, се добиваат неверојатни работи. Како на пример, не знам дали некој од Вас го видел филмот "City of God"? Да, тоа е одличен филм ако го немате видено. И целиот е за ова прашање, на многу уметнички и недиректен начин.
Има други радикални примери каде што можноста да се користат културни алатки се шири. Ова се луѓе кои само што биле посетени од страна на Интернет мобилната библиотека во Уганда. И тие ги мавтаат нивните први книги во воздухот, што, јас мислам дека е навистина интересна слика. Исто така ја имате можноста за луѓето да почнат да се собираат заедно и да дејствуваат лично во политички и граѓански цели. На начини кои ги немаме видено претходно. И како што слушнавме вчера вечер, како што слушнавме порано неделава, тие се апсолутно, фундаментално витални за способноста да создадат нови решенија, како што ние мораме да создадеме нови политички реалности.
И јас би рекол дека ние мораме да создадеме нови политички реалности, не само во места како Индија, Авганистан, Кенија, Пакистан, било каде, но и тука дома исто така. Друг свет е возможен. И на некој начин големото мото за движењето на анти-глобализација. Така? Ние го модификуваме тоа многу. Зборуваме за тоа како друг свет не само што е возможен, туку е веќе тука. Дека не е само да ние на некој начин замислиме дека има голема, нејасна можност таму некаде, туку треба да почнеме и да дејствуваме малку повеќе на таа можност. Ние треба да почнеме да правиме работи како Лула, Претседателот на Бразил. Колку луѓе знаеја за Лула пред денес? Добро, не многу, многу подобро од просечната толпа, можам да ви го кажам тоа. Значи Лула, тој е полн со проблеми, полн со контрадикции, но една од работите што тој ги прави е, тој застапува идеја дека како се однесуваме во меѓународните релации кои комплетно го менуваат погледот од северно-јужен дијалог во целосно нов начин на глобална соработка. Јас би ги следел идните идеи на овој човек.
Друг пример на оваа на некој начин втора супер сила е растот на овие игри што се како ги ние викаме сериозна игра. Ние набљудуваме многу од ова. Се шири насекаде. Ова е од извадок од "A Force More Powerfull". Ова е мал извадок. "Сила Посилна" е видео игра што, додека ја играш, те учи како да учествуваш во ненасилна побуна и промена на режим. Еве уште една. Ова е од игра што се вика "Силата на Храната", што е игра која ги учи децата како да управуваат со бегалски камп. Овие се работи кои придонесуваат на многу динамичен начин за огромен пораст во, посебно во светот во развој, во интересот и страста на луѓето за демократија. Ние добиваме толку малку вести за светот во развој, што често забораваме деке има буквално милиони луѓе таму што се борат да ги сменат работите да бидад пофер, послободни, подемократски и помалку корумпирани. И, знаете, ние не ги слушаме тие приказни доволно. Но се случува насекаде, и овие алатки се дел од тоа што ги прави возможни.
Сега кога ќе ги додадеш сите овие работи заедно, кога ќе ги дадеш сите скокови во технологијата и новите видови на алатки, знаете, втората супер сила итн., што добивате? Па, многу брзо, добивате Светла Зелена иднина за светот во развој. Добивате, на пример, ширење на зелена енергија насекаде низ светот. Добивате -- ова е зграда во Хидеарабад, Индија. Ова е најзелената зграда во светот. Добивате основни решенија, работи што работат за луѓето што немаат капитал или имаат ограничен пристап. Добивате босоноги соларни инженери што носат соларни панели во одалечените планини. Добивате пристап до далечна медицина. Овие се индиски медицински сестри што учат како да користат персонални дигитални асистенти да пристапат до бази на податоци штосодржат информации до кои тие немаат пристап од дома. Добивате нови алатки за луѓето во светот во развој. Овие се ЛЕД светла што им помагаат на отприлика една милијарда луѓе, за кои падот на ноќта значи мрак, да имаат нови начини на работење. Овие се фрижидери на кои не им е потребна електрична енергија, тие се сад во сад дизајн.
И добивате решенија за водата. Водата е еден од најтешките проблеми. Ова е дизајн за собирање на дождовница што е супер евтина и е достапна на луѓето во светот во развој. Ова е дизајн за дестилирање вода користејќи сончева светлина. Ова е собирач на магла, кој, ако живеете во влажна, област како џунгла, ќе дестилира вода од воздухот што е чиста и пивка. Еве начин за транспортирање вода. Јас го обожавам ова, знаете -- мислам носењето вода е тешко, и некој само се појави со идејата па, што ако го тркалаш. Така? Мислам, одличен дизајн е. Ова е неверојатен пронајдок, цевка за живот. Во суштина можеш да шмукаш било каква вода низ ова и ќе стане пивка додека да стигне до твоите усни. Па, знаете, луѓето што се во очајни незгоди може да го користат ова. Ова е еден од моите омилени Worldchanging нешта на сите времиња. Ова е рингишпил измислен од компанијата Раундабоут (Roundabout), што пумпа вода како што децата си играат. Сериозно - дајте му аплауз на ова, навистина е одлично. И истата работа е вистинита за луѓе кои се во апсолутна криза. Така?
Очекуваме да имаме повеќе од 200 милиони бегалци до 2020 година поради климатските промени и политичка нестабилност. Како да им помогнеме не луѓе во оваа состојба? Па, има секакви видови на неверојатни нови хуманитарни дизајни што се развиваат со соработка насекаде на планетата. Некои од тие дизајни вклучуваат модели за глумење, како што се нови модели за предавање во села во центарот на бегалски кампови. Нови модели за педагогија за раселените. И имаме нови алатки. Ова е едно од моите апсолутни омилени нешта било каде. Дали некој знае што е ова?
Точно, ова е цвеќе-детектор за нагазни мини. Ако живееш во едно од местата каде што отприлика половина милијарда неевидентирани мини се распослани, можеш да ги фрлиш овие семиња во полето. Како што растат, ќе растат околу мините, нивните корења ќе ги детектираат хемикалиите во нив, и каде што цвеќињата се црвени не стапнуваш. Да, значи семињата може да Ви го спасат животот. Знаете?
Јас го сакам исто така затоа што мене ми изгледа дека примерот, алатките што ги користиме да го смениме светот, мораат да бидат убави самите по себе. Знаете, дека не е само доволно да се преживее. Мораме да направиме нешто подобро од тоа што го имаме. И јас мислам дека ќе направиме. Само да привршам, во бесмртните зборови на Х.Г. Велс, Јас мислам дека подобри нешта се на пат. Јас мислам дека, всушност, дека “целото минато е само почеток на почеток. Сето тоа што човечката мисла постигнала е само сон пред разбудувањето.“ Јас се надевам дека ова ќе се покаже како вистина. Луѓето во оваа соба ми даваат повеќе доверба од било кога дека ќе се покаже како вистина.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation, or join one of these:
Основачот на Worldchanging.com, Алекс Стефен дискутира дека намалувањето на човековото загадување на природата е неопходно токму сега, кога западниот потрошувачки животен стил се шири во земјите во развој.
Alex Steffen explores our planet's future, telling powerful, inspiring stories about the hard choices facing humanity ... and our opportunity to create a much better tomorrow. Full bio »
Translated into Macedonian by Novica Lazarevski
Reviewed by Dragan Bocevski
Comments? Please email the translators above.
20:05 Posted: Apr 2007
Views 732,843 | Comments 102
23:19 Posted: Apr 2007
Views 638,974 | Comments 97
17:43 Posted: May 2008
Views 462,260 | Comments 54
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.