Би сакала да споделам со вас едно откритие кое што го открив пред неколку месеци додека пишував колумна за италијанското издание на списанието Wired. Секогаш го имам мојот речник од синоними при рака кога пишувам нешто, но веќе бев завршила со пишувањето на мојата колумна, кога сватив дека никогаш во мојот живот не сум го барала зборот „неспособен„ за да видам што ќе пронајдам.
Дозволете ми да ви прочитам што вели. „Неспособен„ - придавка: „осакатен, беспомошен, уништен, угасен, оштетен, ранет, дефицитарен, дефектен, хендикепиран, изморен, истрошен, ослабен, импотентен, кастриран, парализиран, хендикепиран сенилен, болен, завршен,уништен, исцрпен, изморен, скршен, исклучен, исто така види под: повреден, бескорисен и слаб. Антоними: здрав, силен, способен Му го читав ова на глас на еден пријател и во почеток се смеев беше толку смешно, но просто одеднаш се почуствував смелена и останав без глас, и морав да застанам и да се смирам од емоционалниот шок и од ударот предизвикан од нападноста на овие зборови.
Знаете, секако, дека ова беше мојот стар речник на синоними. Мислам дека тоа морало да биде некое старо издание, зарем не. Но, всушност, беше издание од почетоците на 1980 кога тргнував во основно училиште и формирав идеја за самата себеси надвор од фамилијарниот круг како и во однос на останатите деца и светот во мојата околина. И секако, фала му на Господа што не користев речник на сининими во тоа време. Сакам да кажам, по оваа дефиниција, изгледаше како да сум се родила во свет што некого како мене го перцепира без никакви позитивни особини, а јас денес сум всушност славна заради можностите и возбудливите искуства што животот ми ги донесе.
Па, веднаш отидов да барам во изданието он лајн од 2009, очекувајќи да најдам некоја ревизија достоинствена да се земе предвид. Еве ја најновата верзија на овој збор. За жал, не е многу подобра. Двата последни збора што се наведени како “Блиски Антоними“ се особено загрижувачки, „комплетен“ и „здрав.“
Значи, не се работи само за зборовите, туку за она што мислиме за луѓето кога им се обраќаме со овие зборови Се работи за вредностите кои стојат зад зборовите и како ги претставуваме тие вредности. Нашиот јазик се одразува врз нашиот начин на размислување и врз нашиот поглед на светот и на другите луѓе. Всушност, многу антички општества, вклучувајќи ги и Грците и Римјаните, верувале дека усното изговарање на клетви е многу моќно, бидејќи изговарањето на нешто наглас прави тоа да постои. Па, која е реалноста што сакаме да направиме да постои, личност што е ограничена, или личност со можности? Од обична навика, едно обична работа како давање надимак некому, на некое дете, може да ја згасне и пригуши неговата моќ. Наместо тоа, не би сакале ли да отвориме нови можности за нив?
Една таква личност која мене ми отвори можности беше мојот доктор од детството во институтот А.И. Dupont во Wilmington, Delaware. Неговото име е Dr. Pizzutillo. Американец од италијанско потекло чие име навидум беше многу тешко за изговарање за повеќето од американците, па затоа користеше замо Dr. P. И Dr. P. секогаш користеше шарени лептир машни и имаше совршена предиспозиција за работа со деца.
Целото време што го поминав во таа болница ми беше пријатно со исклучок на моите сесии на физиотерапија. Морав да правам, како ми се чинеа, безброј повторувања на вежби со тие дебели еластични траки-- со различни бои-- знаете, за да се зајакнат мускулите на моите нозе. И ги мразев тие траки повеќе од било што друго. Ги мразев, им измислував имиња. Ги мразев. И, знаете, јас веќе преговарав кога имав само 5 години, со Dr. P. за да се извлечам од правењето на тие вежби, без успех, се разбира. И, еден ден, тој дојде на мојата терапија истоштувачки и неумоливи, тие вежби-- и ми рече, „Браво, Aimee, ти си била многу силно девојче, многу моќно, полека да не скинеш некоја трака. Но, кога ќе ја скинеш ќе ти дадам сто долари.“
Тоа секако беше еден мал трик на Dr. P. за да ме наговори да ги правам вежбите кои не сакав да ги правам заради можноста да бидам најбогатото девојче од салата на вториот спрат, но она што тој всушност го направи за мене беше трансформацијата на еден секојдневен настан кој беше ужасен во едно искуство што ветуваше. И морам да се прашам денес, до која мерка неговата визија и неговата декларација за мене како силно и моќно девојче и даде форма на мојата лична визија за мене како личност инхерентно силна, моќна и атлетска во подалечната иднина.
Ова е еден пример како возрасните на позиција на моќ можат да ја поттикнат мочта на едно дете. Но, во дефинициите што претходно ги видовме од речникот, нашиот јазик не ни дозволува да пораснеме во реалноста која ја посакуваме, со можност да се гледаме себеси како способни. Нашиот јазик не оди во чекор со промените во нашето општество, од кои многу се должат на напредокот на технологијата. Секако, од медицинска гледна точка, моите нозе, ласерската операција за подобрување на видот, замената со колено и колкови направени од титаниум за постарите, кои им овозможуваат на луѓето да ги користат во целост своите способности и да се движат повеќе од ограничувањата што природата им ги наметнала, а да не ги ни спомнуваме социјалните мрежи, кои им овозможуваат на луѓето да создадат сопствен идентитет, барајќи сопствени описи на самите себеси, на тој начин што можат да постанат дел од глобалните групи кои сами ги бираат. Значи, можеби технилогијата сега ни го открива појасно она што од секогаш било вистина, дека секоја личност има нешто особено и моќно да му понуди на нашето општество, и дека човечката способност за адаптација е нашата најголема доблест.
Човечката способност за адаптација е нешто интересно, бидејќи луѓето континуирано сакале да разговараат со мене во врска со надминувањето на недостатокот, и ќе признаам нешто. Оваа фраза никогаш не ми била разбирлива и секогаш сум се чуствувала нелагодно обидувајќи се да одговорам на прашањата на луѓето во врска со ова и мислам дека сега почнувам да сваќам зошто. Имплицитно во оваа фраза за надминување на недостатокот се наоѓа идејата дека успехот, или среќата се случуваат на онаа страна од предизвикувачкото искуство неповредени или необележани од искуството, како да моите животни успеси се случиле благодарение на способностите за избегнување или заобиколување на наводните тешкотии од цел еден живот со штеки и протези или на она што други личности го гледаат како моја неспособност. Но, всушност, ние сме променети. Обележани сме, се разбира, од предизвикот, физички, емоционален, или комбиниран. И ќе сугерирам дека ова е нешто добро. Недостатокот не е пречка што треба да ја заобиколиме за да можеме да го продолжиме нашиот живот. Тој е дел од нашиот живот. И се обидувам да мислам на ова како на моја сенка. Понекогаш ја гледам како огромна, понекогаш е скоро неприметна, но секогаш е со мене. И, секако, не се обидувам да го намалам влијанието, тежината, од борбата на еден човек.
Во животот постојат недостатокот и предизвикот, и тоа е многу реално и се однесува на секоја личност, но прашањето не е дали ќе се соочите со проблемот или не, туку како ќе се соочите со него. Значи, нашата одговорност не е само да ги заштитиме оние кои ги сакаме од повреди и хендикеп туку да ги подготвиме и како би се соочиле со него. И им правиме лоша услуга на нашите деца кога ги правиме да се чуствуваат дека не се спремни да се адаптираат. Има една важна разлика помеѓу објективниот медицински факт дека нозете ми се ампутирани и субјективното мислење на општеството за тоа дали сум хендикепирана. И, искрено, единствениот вистински и конзистентен хендикеп со кој сум морала да се соочам е што светот секогаш мисли дека јас можам да бидам опишана со тие дефиниции.
Во нашата желба да ги заштитиме оние кои ги сакаме давајќи им тешка и сурова вистина за нивната медицинска прогноза или прогноза за квалитетот на живот што ги очекува, треба да се осигураме дека не ја ставаме првата цигла на ѕид кој на крајот некого ќе онеспособи. Можеби постоечкиот модел да се гледа само она што нечини на тебе и како да се поправи, кај некои личности предизвикува поголем хендикеп отколку самото нешто што нечини.
Не третирајќи ја личноста како целосна, не признавајќи ја нејзината потенцијална сила, создаваме друга болест на површината на природната борба што таа ја води. Ние всушност го оценуваме колку е тој вреден за нашето општество. Значи треба да ја испитаме патологијата и да го увидиме рангот на човечките способности. И, уште поважно, има една асоцијација помеѓу она што го нарекуваме недостаток и нашата најголема креативна способност. Значи дека не се работи за обезвреднување, или негирање на овие напори како нешто што сакаме да избегнеме или скриеме под тепихот, туку, наместо тоа, да ги препознаеме тие можности спакувани во недостатокот. Значи, можеби идејата што сакам да ја искажам не е толку во надминување на проблемот, колку што е во нашето отварање кон него, да се прегрне, да се бори со него, за да се употреби термин од професионалното борење, можеби, дури, да се танцува со него. И, можеби ако гледаме на недостатокот како на нешто природно, конзистентно и корисно, ќе бидеме помалку засегнати од неговото присуство.
Оваа година го славиме двестотиот роденден на Charles Darwin и поминаа 150 години откако пишуваше за еволуцијата мислам дека Дарвин илустрираше една вистина за карактерот на човекот. Да парафразирам, не се најјаките видови тие кои преживуваат, нити се најинтелигентните, туку се оние кои најдобро се адаптираат на промените. Конфликтот е генеза на стварањето. Од трудот на Дарвин, освен другото, можеме да заклучиме дека човечката способност за преживување и просперитет е поттикната од борбата на човечкиот дух преку конфликтот и трансформацијата. Значи, повторно, трансформацијата, адаптацијата, е нашата најголема човечка способност И, можеби, додека не бидеме тестирани, не знаеме од што сме направени. Можеби тоа е она што недостатокот ни го пружа, чуство за „себеси“, чуство за сопствената сила.. Значи, можеме да си дадеме подарок самите себеси. Да го замислиме недостатокот како нешто повеќе од обично мачење. Можеби можеме да го видиме како промена. Недостатокот е всушност промена на која сеуште не сме се прилагодиле.
Мислам дека најголемиот проблем кој самите себе си го имаме создадено е таа идеја за што е нормално. Што е тоа нормален човек? Не постои таков. Постои најчесто. Постои типично. Не постои нормално. И дали би сакале да ја запознаете таа сиромашна, монотона личност кога таква би постоела? (Смеење) Мислам дека не. Ако можеме да ја промениме оваа парадигма на постигнување нормалност во онаа која се однесува на можностите или потенцијалот, дури и со малку ризик, можеме да ја ослободиме силата на голем број на деца, и да ги повикаме да низ своите несекојдневни и вредни способности допринесат за заедницата.
Антрополозите ни зборуваат дека нешто што ние како човечки суштества секогаш бараме од членовите на заедницата е да бидат од корист, да бидат способни да допринесат. Постои доказ дека неандерталците пред 60.000 години ги носеле своите постари членови и оние со сериозни фичички повреди, и можеби затоа што животното искуство за опстанок на овие луѓе се покажало вредно за заедницата: тие не гледале на овие луѓе како на скршени и бескорисни: тие се сметани за посебни и вредни.
Пред неколку години, бев на пазар во градот во кој пораснав во таа црвена зона на Североисточна Пенсилванија, и стоев над куп домати. Беше лето. Носев шорц. Слушнав глас на човек зад мене кој вели, „Па добро, зар тоа не е Aimee Mullins." И јас се свртувам, гледам постар човек. Немам појма кој е тој.
Реков, „Извините господине, дали ние се познаваме? Не се сеќавам дека сум ве запознала.“
Тој рече, „Па добро и не можиш да се сеќаваш дека си ме запознала. Мислам, кога се запознававме јас те извлекував од матката на твојата мајка.“ (Смеење) О, тој човек. И, но секако, всушност, сватив.
Тој човек беше dr. Kean, човекот кој го познавав само преку кажувањата на мојата мајка за тој ден, затоа што секако, во свој типичен стил, стигнав на својот роденден со две недели закаснување. И така, гинекологот на мојата мајка отиде на одмор, па човекот кој го изврши породувањето им беше потполно непознат на моите родители. И, бидејќи сум родена без лисна коска, и имав свртени стапала и пар ножни прсти на ова стапало и пар на ова другото, тој мораше да биде доносителот, овој старец мораше да биде доносителот на лошите вести.
Ми рече, „Морав да им ја дадам оваа прогноза на твоите родители дека ти никогаш нема да проодиш, и дека никогаш нема да го имаш оној вид на подвижност што го имаат другите деца или некоја независност во животот, и ти оттогаш секогаш ме правеше лажго.“ (Смеење) (Аплауз)
Прекрасна работа е што рече дека собирал исечоци од весник во текот на целото мое детство, било да се работело за одликување за правопис во второ одделение основно училиште, марш со девојките скаути, како што знаете, парадата Halloween, кога добив стипендија за колеџ, или било која моја спортска победа, и тој тоа го користел и го интегрирал во предавањата за редовните студенти, студенти по медицина на медицинските школи Hahnemann и Hershey. И го нарекол овој дел од предавањата Фактор X , потенцијалите на човековата волја. Ниту една прогноза не може да објасни колку ова може да биде силно како показател за квалитетот на нечиј живот. И dr. Kean продолжи да ми зборува, рече, „Во моето искуство, доколку повеќе пати не е поинаку речено, и дури ако му е дадена само мала поддршка, и ако е препуштено само на себе, детето ќе успее.“
Видете, dr. Kean ја направи таа промена во мислењето. Тој сватил дека постои разлика помеѓу медицинската состојба и она што некој со неа може да направи. И во текот на времето имаше промена во моето мислење, за тоа, да сте ме прашале кога имав 15 години, јас би ги заменила протезите со нозе од коски и месо, ни секунда не би се мислела. Тогаш копнеев за тој вид на нормалност. Ако денеска ме прашате, не сум толку сигурна. А тоа е заради искуството што го имав СО нив, а не заради искуствата кои ги имав и покрај нив. И, можеби, оваа промена во мене се случила затоа што сум била во допир со повеќе луѓе кои отворија врата за мене отколку со оние кои ме попречувале и фрлале сенки на мене.
Видите, се што навистина ви треба е една личност која ќе ви ја открие вашата посебна моќ и вие летате. Ако некому можете да му дадете клуч од неговите посебни моќи, човековиот дух е толку рецептивен, ако тоа можете да го направите и да отворите врата за некого во одлучувачкиот момент, вие го едуцирате во најдобрата смисла. Вие ги учите самите себеси да си отворат врата. Всушност, точното значење на зборот „едуцира“ потекнува од коренот на зборот „извлекува“ Тоа значи, да се изнесе на видело она што е внатре, да се извлече потенцијал. Така повторно, кој потенцијал сакаме да го извлечиме?
Имаше едно истражување на случај од 1960 во Британија, со учениците од основните школи и гимназијалците. Тие се викаат проби на проток. Ние овде во САД ги викаме пратење. Учениците се поделени на групи А, Б, Ц, Д, итн. Така да учениците А имаат најтешка наставна програма, најдобри наставници итн. Значи, тие земаа, то текот на тромесечјето, ученици од Д нивото и им дале програма А, им рекле дека тие се А и дека се паметни. И на крајот од ова тромесечје, тие имале резултати од нивото А.
И, секако, тажната страна на ова истражување, е дека ги земале учениците А и им рекле дека се Д. И она што се случило на крајот од тромесечјето. Некои сеуште се мотале по школото, а некои го напуштиле. Суштинското значење на ова истражување е дека наставниците се излажани. Наставниците не знаеле дека е извршена промена. Едноставно им е кажано ова се ученици А, ова се ученици Д. И тие на тој начин ги учеле и ги третирале.
Така да мислам дека единствената неспособност е скршениот дух, духот кој е скршен нема надеж. Не ја гледа убавината. Не ја поседува природната, детската радозналост и внатрешната способност за имагинација. Ако наместо тоа, можеме да го охрабриме човечкиот дух да одржува надеж, да гледа убавина во себе и другите, да биде љубопитен и имагинативен, тогаш ние навистина добро ја користиме нашата сила. кога духот ги има тие квалитети, во состојба сме да креираме нови реалности и нови начини на постоење.
Сакам да ви оставам една песна чиј автор е персискиот поет од четиринаесеттиот век по име Хафиз за која ми раскажуваше мојот пријател Jacques Dembois. А песната се вика „Бог кој само четири зборови знае.“ „Секое дете го запознало Бог, не Богот на имињата, ниту Богот на неможностите, туку Бог кој само четири зборови знае и секогаш ги повторува, кој вели - дојдете да заиграте со мене“ Дојдете да заиграте со мене.
You can share this video by copying this HTML to your clipboard and pasting into your blog or web page. This video will play with subtitles.
You either have JavaScript turned off or have an old version of the Adobe Flash Player. To view this rating widget you
need to get the latest Flash player.
If your browser allows only "trusted sites" to execute Javascript, you should add the "googleapis.com" domain to your whitelist to allow our Flash detection to work properly.
Got an idea, question, or debate inspired by this talk? Start a TED Conversation.
Речникот на синоними може да го истовети „онеспособен“ со синоними како „бескорисен“ и „сакат“, но иновативната атлетичарка Aimee Mullins има намера да го редефинира тој збор. Пркосејќи му на ваквиот пристап, таа покажува како недостатокот - во нејзиниот случај, раѓајќи се без потколеница - всушност ја отвара вратата на човечкиот потенцијал.
A record-breaker at the Paralympic Games in 1996, Aimee Mullins has built a career as a model, actor and advocate for women, sports and the next generation of prosthetics. Full bio »
Translated into Macedonian by Emilia Larrachea
Reviewed by Dragan Bocevski
Comments? Please email the translators above.
22:25 Posted: Jan 2009
Views 553,408 | Comments 61
09:58 Posted: Mar 2009
Views 1,496,585 | Comments 185
18:03 Posted: Oct 2006
Views 282,054 | Comments 48
Just follow the guidelines outlined under our Creative Commons license.
This comment will be attributed to . Not ? Sign Out.