Return to the talk Return to talk

Transcript

Select language

Translated by к.меланија *
Reviewed by Charlie Psy

0:11 Пред три години, стоев околу 90тина метри од нуклерниот реактор бр.4 на Чернобил. Мојот Гајгеров бројач, кој мери радијација побудалуваше, и колку поблиску бев, толку пофренетичен и избезумен стануваше. Господи...

0:29 Јас бев таму известувајќи за 25 годишнината од најлошата светска нуклеарна несреќа, и како што можете да забележите од моето лице, неволно, но со добра причина, затоа што нуклеарниот оган кој горел 11 денови во 1986та, ослободил 400 пати повеќе радијација отколку бомбата фрлена врз Хирошима, додека саркофагот, кој го прекрива реакторот бр.4 кој бил непромислено изграден пред 27 години, сега стои испукан и за’рѓан испуштајќи радијација.

1:00 Така, јас снимав. Само сакав да ја завршам работата и да излезам што побрзо од таму. Но тогаш, погледнав во далечината и видов како излегува чад од една селска куќичка, и си велам: „Кој би можел да живее тука?“ Мислам, после сè - почвата, водата и воздухот во Чернобил се помеѓу најконтаминираните на Земјата, додека реакторот стои на средината од регулираната зона на исклучување, или пак, мртвата зона, која што претставува нуклеарно-полициска држава, опкружена со погранични чувари. Бројачот морате постојано да го имате, да го притискате, морате да имате владин телохранител, а, постојат и драконски правила за радијацијата и постојано набљудување на контаминацијата. Поентата е во тоа што, ниту едно човечко суштество не би требало да живее во близина на таа мртва зона. Но, живее.

1:47 Излегува дека, една невообичаена заедница од околу 200 луѓе живее во внатрешноста на таа зона. Тие се нарекуваат само-населеници. И речиси сите се жени, со оглед на тоа дека животниот век на мажите е пократок, делумно како резултат на прекумерната употреба на алкохол, цигари, ако не и радијација. Стотици илјади луѓе биле евакуирани за време на несреќата, но, не секој ја прифатил таа судбина. Жените во зоната, сега во своите 70ти и 80ти, се последните преживеани од групата која им пркоси на овластените органи, при што, се чини при здрав разум, се вратиле во домовите на нивните предци во внатрешноста на зоната. Тие го направиле тоа нелегално. Како што една жена му рекла на еден војник кој се обидувал да ја евакуира по втор пат, „Застрелај ме и ископај ми го гробот. Во спротивно, си одам дома.“

2:33 Зошто би се вратиле на таа мртва почва? Мислам, зарем не биле свесни за ризиците или пак, биле доволно луди да ги игнорираат? Или можеби и двете? Работата е во тоа што тие ги гледаат своите животи и ризиците со кои се соочуваат на целосно поинаков начин.

2:46 Сега околу Чернобил има опустошени села, страшно тивки, чудно шармантни, идилични, целосно контаминирани. Многу од нив биле уништени во времето на несреќата, но, неколку се вака оставени, како тивки белези на трагедијата. Други имаат по неколку жители во нив, една или две „бабушки“ или „баби“, што се руски и украински збор за „баба“. Некое друго село може да има шест или седум жители. Така, ова ја претставува невообичаената демографска зона - сите заедно изолирани.

3:20 И кога се пробив до тој зачаден оџак кој го видов од далечината, ја забележав Хана Заворотња, и се запознав со неа. Таа е само-прогласен градоначалник на селото Капавати, чие население брои 8 жители. (Смеа) Кога ја прашав за очигледното, таа ми рече: „Радијацијата не е тоа што ме плаши. Туку гладта.“

3:42 Морате да запомните, овие жени ги имаат преживеано најлошите злосторства на 20от век. Наметнатиот глад од Сталин во 1930те, Голодоморот, кој уби милиони Украинци; тие се соочиле и со Нацистите во ’40те, кои дошле за да уништуваат, палат, силуваат; па всушност, многу од овие жени биле носени во Германија на принудна работа. И кога после две децении од Советското владеење се случил Чернобил, тие немале волја да бегаат од невидливиот непријател. Така се вратиле во нивните селца, каде им е кажано дека набрзо ќе се разболат и ќе умрат, но, според нивното размислување, пет среќни години се подобри отколку 10 години поминати во згради во Киевските предградија, одделени од гробовите на своите мајки, татковци и бебиња, шепотот на крилјата на штрковите во пролетните попладниња. За нив, контаминацијата на средината не е најлошата работа. Излегува дека ова важи и за некои други видови. Дивата свиња, рисот, лосот - сите тие се вратиле во овој регион, каде постојат доста реални, доста негативни ефекти од радијацијата, опустошен заради масовниот егзодус на луѓето. Сега излегува дека мртвата зона е полна со живот.

4:58 И тука постои еден вид на херојска отпорност, еден чист прагматизам на оние кои го започнуваат својот ден во 5 часот наутро, извлекувајќи вода од бунарите, а го завршуваат на полноќ, смирено удирајќи ја кофата со стап за да ги исплашат дивите свињи кои им ги уништуваат компирите, каде нивното единствено друштво е капката домашна водка. Кај нив ќе забележите една пркосност. „Ни рекоа дека нозете ќе нè болат, и така е. Па што?“ Мислам, што е со нивното здравје? Придобивките од тешкото, физичко живеење, во средина која е отруена од сложениот, малку разбран непријател - радијацијата. Toa e неверојатно тешко да се разбере. Здравствените истражувања во регионот се конфликтни и стресни. Светската здравствена организација на крајот забележала околу 4000 смртни случаи како последица на Чернобил. „Гринпис“ и некои други организации ја искачуваат таа бројка на десетици илјади. Сега сите се сложуваат дека појавата на тироидниот рак е доста висока, и дека евакуираните луѓе од Чернобил патат од траума како и сите други раселени луѓе: повисоко ниво на анксиозност, депресија, алкохолизам, невработеност и најважно - нарушени општествени мрежи.

6:14 Сега, како и многумина од вас, и јас се имам селено можеби 20, 25 пати во мојот живот. Домот претставува преоден концепт. Имам воспоставено подлабока врска со мојот лаптоп отколку со некое парче земја. Затоа ни е тешко да разбереме, но домот претставува еден цел универзум за селската бабушка, додека врската со земјата е забележителна. И можеби затоа што овие украински жени биле образовани во Советско време, каде ги учеле руските поети, афоризмите за овие идеи постојано се слизнуваат од нивните усти.

6:50 „Ако заминеш - умираш.“

6:53 „На тие кои заминаа сега им е полошо. Умираат од тага.“

6:57 „Татковината е татковина. Никогаш нема да ја напуштам.“

7:01 Тоа што звучи како судбина, мека судбина, всушност, можеби е факт, затоа што изненадувачката вистина - мислам, не постојат истражувања, но се чини дека вистината е дека овие жени, кои се вратиле во нивните домови и живееле на една од најрадиоактивните почви на Земјата во последните 27 години, всушност ги имаат надживеано нивните роднини кои прифатиле да се отселат, според некои проценки - и за цели 10 години.

7:27 Како е ова можно? Еве една теорија: Можно ли е, врските со почвата на предците, меките варијабли отсликани во нивните афоризми, всушност да влијаат на долговечноста? Моќта на татковината која е толку основна за тој дел од светот се чини дека ја ублажува болката. Домот и заедницата се силите кои ѝ се спротивставуваат дури и на радијацијата.

7:52 Сега, со или без радијација, овие жени се наоѓаат на залезот од нивните животи. Во следната деценија, човечките жители на оваа зона ќе ги нема, а таа ќе се претвори во диво, радиоактивно место, полно само со животни, а повремено и со храбри, збунети научници. Но духот и постоењето на бабушките, чиј број е преполовен во овие три години од кога ги познавам, ќе нè остават со нови, моќни прикази за кои ќе размислуваме и со кои ќе се бориме, прикази за релативната природа на ризикот, за поврзаноста со домот и неговата трансформативна моќ и за неверојатниот мевлем наречен упорност и само-одлучност.

8:38 Ви благодарам.

8:40 (Аплауз)