Return to the talk Return to talk

Transcript

Select language

Translated by ALEKSANDAR MITEVSKI
Reviewed by Charlie Psy

0:15 Денеска имам само едно барање. Ве молам, не ми кажувајте дека сум нормална.

0:22 Сега сакам да ви ги претставам моите браќа. Реми е 22 години, висок и многу згоден. Тој е нем, но радоста ви ја пренесува на начин што и најдобрите оратори би му завиделе. Реми знае што е љубов. Тој ја споделува безусловно, и им ја дарува на сите. Тој не е алчен. Не гледа боја на кожа. Не му е гајле за верските разлики, и пазете го ова: Никогаш нема кажано лага. Кога пее песни од нашето детство, користејќи зборови на кои ниту јас не можам да се сетам, ме потсетува на една работа: на тоа колку малку знаеме за умот, и колку прекрасно би морало да биде непознатото.

1:11 Семјуел има 16 г. Висок е. Многу е згоден. Ја има најбеспрекорната меморија. Која сепак се однесува на поединости. Тој не се сеќава на тоа дали ми ја украл чоколадата, но за секоја песна од мојот ајПод, тој се сеќава на годината кога била издадена, на разговорите што сме ги имале кога бил 4 години, на тоа кога ми се измочал на раката за време на првата епизода од Телетабиси, и на роденденот на Лејди Гага.

1:39 Зарем не звучат неверојатно? Но повеќето луѓе не се согласуваат. И всушност, бидејќи нивните умови не се вклопуваат во она што општеството смета дека е нормално, тие честопати се заобиколени или неразбрани.

1:53 Но она што ме поттикна, и ми даде внатрешна сила беше тоа што, иако ситуацијата е ваква, иако на нив не гледаат како на обични луѓе, ова би можело да значи само една работа: дека тие се неверојатни -- аутистични и неверојатни.

2:12 Сега, за вас, на кои можеби помалку ви е познат терминот "аутизам," тоа е сложено мозочно нарушување кое ја засега друштвената комуникација, учењето и понекогаш физичките вештини. Кај секоја индивидуа се манифестира различно, па затоа и Реми многу се разликува од Сем. А низ целиот свет, на секои 20 минути, по една нова личност е дијагностицирана со аутизам, и иако е едно од најбрзо растечките развојни нарушувања во светот, сè уште не се знае ниту причината, ниту пак лекот.

2:42 Не ми текнува кога прв пат го сретнав аутизмот, ама не можам да се сетам ниту на ден без него. Имав само три години кога во мојот живот се појави брат ми, и бев многу возбудена од тоа што имав ново битие во мојот живот. И откако поминаа неколку месеци, сфатив дека тој е поразличен. Врескаше многу. Не сакаше да си игра како другите бебиња, и всушност, воопшто не беше заинтересиран за мене. Реми живееше и царуваше во свој свет, со негови правила и наоѓаше задоволство во најмалите работи, како што се редење на коли низ собата, зјапајќи во машината за алишта и јадејќи сè што ќе му налеташе. И како што растеше, стануваше се поразличен, а разликите станаа поочигледни. И покрај нападите на бес, фрустрацијата и сеприсутната хиперактивност, сепак имаше нешто навистина уникатно: чиста и невина природа, момче кое го гледа светот без предрасуди, човек кој никогаш не излажал. Неверојатно.

3:53 Не можам да речам дека немаше одредени тешки моменти во моето семејство, моменти кога посакував тие едноставно да бидат како мене. Но тогаш ќе ми текнеше за работите на кои тие ме научија, за индивидуалноста, комуникацијата и љубовта, и тогаш сфаќам дека ова се работи кои не би сакала да ги заменам со нормалноста. Нормалноста ја занемарува убавината која ни ја даваат разликите, а фактот дека сме различни не значи дека некој од нас вреди помалку. Едноставно значи дека можеме да вредиме на различни начини. И ако би можела да им кажам само една работа на Реми, на Сем и на вас, тоа би било дека не мора да бидете нормални. Можете да бидете неверојатни. Бидејќи аутистични или не, разликите кои ги имаме -- Ние имаме дар! Секој во нас има дар, и со сета искреност, потрагата по нормалност е најголемото жртвување на потенцијалот. Можноста за воздигнување, за напредок и за промена умира во моментот кога ќе се обидеме да станеме како некој друг.

5:06 Ве молам -- не ми кажувајте дека сум нормална. Ви благодарам. (Аплауз) (Аплауз)