Return to the talk Return to talk

Transcript

Select language

Translated by Charlie Psy
Reviewed by ALEKSANDAR MITEVSKI

0:12 (Подводна бучава)

0:19 Ова видео беше снимено во водната лабораторија која се наоѓа шест и пол километри од брегот на Кеј Ларго, околу 18 метри под морската површина. NASA ја користи оваа екстремна средина за да ги тренира астронаутите и акванаутите, и минатата година, нè поканија да им се придружиме. Сите слики се снимени од нашиот отворен ДПВ, којшто е робот изграден во нашата гаража.

0:43 ДПВ означува Далечински Управувано Возило, што значи дека малиот робот ни испраќа видео во живо преку ултра-тенкиот кабел назад во компјутерот горе. Достапен е за сите, што значи дека ги објавуваме и споделуваме онлајн сите документи во врска со дизајнот и сите кодови, овозможувајќи му на било кој да го подобри или да го смени дизајнот. Направен е воглавно од користени делови и чини околу 1,000 пати поефтино отколку возилото користено од Џејмс Камерон за истражување на Титаник. Значи овие роботи не се нови. Постојат со децении. Научниците ги користат за истражување на океаните. Нафтените и компаниите за гас ги користат за истражување и конструкција. Она што ние направивме не е уникатно. Уникатно е како го направивме.

1:31 Сакам накратко да ви раскажам како почна сè. Пред неколку години, мојот пријател Ерик и јас сакавме да истражиме една подводна пештера во подножјето на планината Сиера. Слушнавме една приказна за изгубено злато од некоја кражба за време на Златната Треска, и сакавме да отидеме таму. За жал, немавме пари и немавме никакви алатки за да го направиме тоа. Најпрвин Ерик имаше идеја за некаков робот, но ги немавме сите потребни делови, па затоа го направивме она што сите би го направиле: побаравме помош од Интернет. Поточно, направивме вебстрана, openROV.com, на која ги споделивме нашите намери и планови. Првите неколку месеци, на форумите водевме дискусија само јас и Ерик, но наскоро, почнавме да добиваме фидбек од креатори и хобисти, и најпосле од едни професионални океански инжинери кои ни дадоа предлози како да постапиме. Продолживме да работиме. Научивме многу. Го развивавме прототипот, и најпосле, одлучивме да одиме во пештерата. Бевме подготвени.

2:25 До тој момент, нашата мала експедиција веќе стана позната, и бевме забележани од Њујорк Тајмс. Еден куп луѓе почнаа да ни бараат комплети за да можат да си направат свое Далечински Управувано Возило.

2:36 Затоа одлучивме да го ставиме проектот на Kickstarter, и кога го направивме тоа, ги добивме потребните донации во рок од два часа, и наеднаш, имавме пари за да направиме комплети. Но потоа моравме да научиме како да ги направиме. Мислам, моравме да учиме сериско производство. Брзо увидовме дека нашата гаража не е доволно голема за нашата растечка операција. Но успеавме да ги направиме сите комплети, благодарение на TechShop, кои ни беа од голема помош, и ги испративме комплетите насекаде низ светот, токму пред минатогодишниот Божиќ, значи пред неколку месеци. Но веќе почнавме да добиваме видео и фотографии од секаде низ светот, вклучувајќи ја и оваа снимка од под ледот на Антарктикот. Дознавме дека пингвините сакаат роботи. (Смеа)

3:20 Дизајните сè уште ги објавуваме онлајн, и ги поттикнуваме сите да си направат свој робот. Ова беше единствениот начин за да го направиме ова. Бидејќи е слободно достапен, ја направиме R&D дистрибутивната мрежа, и напредуваме побрзо од било која приватна компанија. Но самиот робот е само половина од приказната. Вистинскиот потенцијал, долгорочниот потенцијал, лежи во заедницата на океански истражувачи "DIY," која расте насекаде низ светот. До какво откритие ќе дојдеме доколку имаме илјадници вакви направи во морињата?

3:52 Веројатно сите се прашувате за пештерата. Го најдовте златото? Не најдовме никакво злато, но сепак откривме нешто многу повредно. Видовме какви ќе бидат идните океански истражувања. Истражувања кои нема да бидат дел само од светот на Џејмс Камерун, туку нешто во што сите ние ќе учествуваме. Подводен свет кој сите заедно ќе го истражуваме.

4:14 Ви благодарам.

4:16 (Аплауз)